Дијаспора

ДЕКЛАРАЦИЈА ОД СРЕДБАТА НА ДЕЦАТА-БЕГАЛЦИ ОД ЕГЕЈСКИОТ ДЕЛ НА МАКЕДОНИЈА УПАТЕНА ДО СВЕТСКАТА ЈАВНОСТ НА 1 ЈУЛИ 1988 ОД СКОПЈЕ – ДЕЛ II (16)

111 copy copy copy copy copy copy copy

11 copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Живееме во век во кој земјите и народите се определија односите меѓу себе да ги засноваат и да ги градат врз силата на правото, а не врз правото на силата! Затоа апелираме да се преземат и почитуваат сите права на македонското национално малцинство, правото на еднаквост пред законот, правото на заштита на македонскиот национален и духовен интегритет, правото на Македонците да го изучуваат својот мајчин јазик и сите други човечки права. Ние не сакаме да се повтори нашата судбина, ниту за едно дете на Земјината топка.

Ние не сме виновни што сме деца на загинати херои кои братски, еден до друг, се бореа со најпрогресивните синови на грчкиот народ против фашизмот и против носителите на злото и ужасот!

Националните малцинства што живеат на Балканот претставуваат богатство и историска шанса – низ културен натпревар на народите да се изградат цврсти темели на братска соработка и похумана човекова иднина. Свесни сме и уверени дека иднината на Балканот треба да се решава со соработка и разбирање, отвореност, комуникација и демократски слободен развој на народите и малцинствата во сите земји.

Денес целиот свет се менува и минува низ процес на ослободување и сестран подем. Ние се залагаме во тој свет на македонското малцинство да му се признаат најелементарните човекови права и достоинства.

Пред нас се покажуваат врвовите на едно величествено столетие во кое треба сите луѓе да живеат во среќно заедништво, без закани и терор, без понижување и прогони, во толеранција и љубов.

За триумфот на човештвото во векот во кој влегуваме неопходна е добра волја и напор: со помош на Меѓународната заедница и на сите прогресивни сили, ние сме уверени дека конечно ќе се избориме против сè она што ги разделува луѓето и народите, против сите видови неправди; ние веруваме во подобра и во посветла иднина.

111 copy copy copy copy copy copy copy copy

Во екот на грчката граѓанска војна во 1948 година, триесет и осум илјади деца беа евакуирани од нивните домови во планините во Северна Грција. Грчката Комунистичка партија пресели половина од нив во сиропиталиштата во Источна Европа, додека нивните противници во националната влада ги сместија останатите во детски домови во други места во Грција.

Точка на расправијата за време на Студената војна, оваа контроверзна епизода продолжува да ги подгрева тензиите помеѓу Грците и Македонците и во самото грчко општество. Лоринг М. Данфорт и Рики Ван Бошотен за прв пат овде презентираат сеопфатна студија за двете програми за евакуација и животите на децата кои што тие засекогаш ги трансформирале.

Собирајќи архивски записи, усни истории и податоци од етнографска теренска работа, авторите го анализираат процесот на евакуација, политичкиот конфликт околу него, воспитувањето на децата и нивните судбини како возрасни кои биле одвоени од нивните родители и нивната татковина.

Тие, исто така, им даваат можност да се изјаснат на седум деца-бегалци кои со горчина ги раскажуваат своите искуства од детството и херојските напори за изградба на нови животи во заедниците на дијаспората низ целиот свет. Еден многу потребен коректив на претходните историски извештаи, Децата од грчката Гараѓанска војна, исто така, бара испитување на трајните ефекти на раселувањето врз животот на децата бегалци.

Продолжува

1SlaveK2 copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Дијаспора

Семакедонска средба на 14 ноември во Штип

Традиционалната Семакедонска средба годинава ќе се одржи на 14 ноември 2026 година, сабота, со почеток во 12:00 часот, во хотелот „Оаза“ во Штип. Организатори на средбата се Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија „Мирка Гинова“ од Штип и Сојузот на здруженијата на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија „МАКЕДОН“. За […]

Македонија и Македонците ширум светот, поврзани под едно сонце

Обединетата македонска дијаспора (ОМД) ги повикува Македонците ширум светот да се вклучат во „МК Конект“ – платформата на волонтери-дописници на Македонската радио-телевизија и Агенцијата за иселеништво. Платформата произлезе од меморандумот за заемна соработка меѓу двете институции, со цел посилно поврзување на македонските иселеници со татковината. ОМД со гордост ја поддржува иницијативата и го поздравува нејзиниот […]

„Заветна“ — песна за нераскинливата врска со Македонија

Постојат песни во кои љубовта кон татковината се изразува како ветување. Таква е „Заветна“, во изведба на Пепи Бафтировски, со музика на Миле Барбаровски и текст на Георги Барбаровски — песна за страдањето, истрајноста и длабоката поврзаност на човекот со македонската земја. Уште во почетните стихови се навестуваат обидите Македонија да биде премолчена, сокриена и […]

Македонската дијаспора е нераскинлив дел од татковината и партнер во градењето на нејзината иднина

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска во Солинген, Сојузна Република Германија, заедно со членови на Извршниот комитет, присуствуваше на Третата конференција на задграничните комитети на ВМРО-ДПМНЕ. Пред присутните делегати, Мицкоски ги претстави актуелните состојби во Македонија, економските резултати, инфраструктурните инвестиции и предизвиците со кои се соочува државата во услови на глобални енергетски и економски неизвесности. […]

„Повод“ – македонски глас од Сиднеј што ја поврзува дијаспората со татковината

Фиданка Танаскова Најновиот, 79. број на списанието на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј, Австралија носи богат мозаик од книжевни осврти, културни настани и иселенички сведоштва, во служба на македонскиот јазик, култура и идентитет. Списанието „Повод“, едно од најреномираните македонски иселенички гласила во светот,  што го издава Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј, […]

„Т’га за југ“ — песна за секое македонско срце далеку од дома

„Т’га за југ“ од Константин Миладинов е длабоко лична исповед за копнежот по родниот крај. Во неа, далечината се чувствува како студ во душата, а споменот на татковината носи светлина и топлина. Наспроти мракот, маглите и мразовите стојат Охрид, Струга, езерото и родните предели — места во кои поетот чувствува дека припаѓа. Желбата да добие […]

„Чувари на верата и македонскиот идеал“ – во Мелбурн одбележан Денот на македонската револуционерна борба

Со панихида, положување цвеќе пред споменикот на Гоце Делчев и културна програма, македонската заедница оддаде почит на националните дејци и на архиепископот Ангелариј. Под мотото „Чувари на верата и македонскиот идеал“, Македонската православна општина за Мелбурн и Викторија на 24 октомври го одбележа Денот на македонската револуционерна борба – 23 Октомври. На настанот беше одбележана […]

Крис Петровски – од Битола до Холивуд

Актерот со македонски корени ја продолжува филмската приказна на својот роден град и ги охрабрува младите да веруваат во сопствениот талент. Кога ќе се спомене Битола, првите асоцијации се Градот на конзулите, браќата Манаки, филмот, театарот и препознатливата боемска култура. Но, културното богатство на еден град не се мери само со неговото минато. Неговата вистинска […]

To top