Дијаспора

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

m1

m1

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Беше недела наутро, Господов ден кога го напуштивме нашиот дом во Љубојно, во Долна Преспа. Сонцето се наѕираше од кај Баба Планина, а Преспанското Езеро како да беше во летен сон, водата мируваше и само одвреме – навреме некоја од езерските птици предизвикуваше бранови. Ние брзавме кон север и се движевме по патот за Битола.

Тој истиот пат, од спротивната насока, кон југ е асфалтиран до Маркова Нога, каде неправедно завршува еден свет, а почнува друг на иста земја македонска. Таму од кај селата Раби и Герман, за жал, е затворениот, или „планиран“ граничен премин меѓу Република Македонија и Грција.

По еден час возење стасавме во Битола, градот на конзулите, како обично битолчани милуваат да кажат, а потоа преку селото Кравари брзо стасавме во Меџитлија на граничниот премин со Елада (Грција). Нашата цел на патувањето беше да ги посетиме селата Зелениче, родното место на Стив Пљакас и Желево, родното место на Лили Пљакас, а со тоа и градовите во егејска Македонија Лерин и Костур.

Инаку, патувањата за Егејска Македонија, во исто време претставуваат и предизвик и возбуда и задоволство и разочарување за посетителите на оваа несреќна и напатена македонска земја. Тоа веднаш се почувствува на граничниот премин. Брзо и без проблеми како што е вообичаено во светот го поминавме преминот на Меџитлија.

Меѓутоа, проблемите се јавија со грчките службеници. Имено, службеното лице ми зборуваше на грчки, а јас на англиски го замолив да зборуваме на светскиот јазик за комуницирање. Тогаш тој ми се обрати на македонски и ми рече: „Дека одиш“. Јас на брзина одговорив на македонски дека патуваме за Лерин и Костур.

Бидејќи не сум кажал дека патуваме за Флорина и Касторија, службеникот ми ги грабна документите и ми нареди да го отворам багажникот на џипот. Притоа, почна насекаде да буричка во џипот, каде имав неколку книги на македонски и монографијата за бизнисменот Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, завиткана во бела хартија, а која ја носевме како поклон на еден наш пријател од САД кој престојуваше во Лерин.

11 copy

Панорама на Лерин

Службеното лице ја скина опаковката на книгата и кога го виде сонцето од Кутлеш на корицата на монографијата, почна возбудено да ја прелистува. Непријатна гранична церемонија траеше повеќе од половина час Се собраа повеќе службени лица, гледаа, разговараа, размислуваа, се договараа, за на крајот да се смилуваа и да ни дозволат влез во Грција.

Го напуштивме граничниот премин и се упативме кон Лерин. Влеговме во селото Ники, односно Негочани и патувањето го продолживме кон Лерин, по патот кој минува низ Пелагонија, низ нејзиниот југозападен дел. А, таму поради познатите миграциски процеси и иселувањето на Македонците, голем дел од плодните површини се останати како неми споменици на времето.

Таму се сместени селата Света Петка, Клабучиште, Долно и Горно Клештино, Кладораби, Кабасница, Буф и др. Овие села се познати по тоа што од нив голем број Македонци започнале да заминуваат на печалба во прекуокеанските земји уште пред Првата светска војна, а особено тоа било изразено по Граѓанската војна. Таму, во новиот свет, далеку од својата родна земја, за среќа Македонците ја почувствуваа слободата, правдината и ги уживаат човековите права и слободи.

Поминавме поголем број македонски села и стасавме во Лерин, или како Грците го прекрстија Флорина, кој е главен град на Леринскиот округ. Тој е сместен на крајот од Пелагонија во Леринското Поле, каде со железничка пруга е поврзан со Битола и Солун. Лерин е на слична надморска височина како Битола на помалку од 700 метри. Лерин e град во Егејска Македонија што е сместен меѓу шумовитите планински врвови на планината Бигла.

Тој е трговски и административен центар на Леринската околија. Лерин е еснафски град. Тоа се гледа по бројните дуќани кои се душата на градот Тоа е поднебје во кое земјата е ровка, а околните богати шуми се користат за потребите на индустријата и во домаќинствата.

Во Лерин живеат дваесетина илјади жители, од кои се смета дека значаен број е македонско население, а другите се православни Турци (Просвиги) и други православни народи од Кавкас и други места (Маџири). Притоа, треба да се нагласи дека   националната свест кај Македонците во Лерин и во цела Егејска Македонија е силна, а битката се води дома и пред меѓународните организации на Европа и Обединетите нации.

Продолжува

1SlaveK2 copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Дијаспора

Семакедонска средба на 14 ноември во Штип

Традиционалната Семакедонска средба годинава ќе се одржи на 14 ноември 2026 година, сабота, со почеток во 12:00 часот, во хотелот „Оаза“ во Штип. Организатори на средбата се Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија „Мирка Гинова“ од Штип и Сојузот на здруженијата на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија „МАКЕДОН“. За […]

Македонија и Македонците ширум светот, поврзани под едно сонце

Обединетата македонска дијаспора (ОМД) ги повикува Македонците ширум светот да се вклучат во „МК Конект“ – платформата на волонтери-дописници на Македонската радио-телевизија и Агенцијата за иселеништво. Платформата произлезе од меморандумот за заемна соработка меѓу двете институции, со цел посилно поврзување на македонските иселеници со татковината. ОМД со гордост ја поддржува иницијативата и го поздравува нејзиниот […]

„Заветна“ — песна за нераскинливата врска со Македонија

Постојат песни во кои љубовта кон татковината се изразува како ветување. Таква е „Заветна“, во изведба на Пепи Бафтировски, со музика на Миле Барбаровски и текст на Георги Барбаровски — песна за страдањето, истрајноста и длабоката поврзаност на човекот со македонската земја. Уште во почетните стихови се навестуваат обидите Македонија да биде премолчена, сокриена и […]

Македонската дијаспора е нераскинлив дел од татковината и партнер во градењето на нејзината иднина

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска во Солинген, Сојузна Република Германија, заедно со членови на Извршниот комитет, присуствуваше на Третата конференција на задграничните комитети на ВМРО-ДПМНЕ. Пред присутните делегати, Мицкоски ги претстави актуелните состојби во Македонија, економските резултати, инфраструктурните инвестиции и предизвиците со кои се соочува државата во услови на глобални енергетски и економски неизвесности. […]

„Повод“ – македонски глас од Сиднеј што ја поврзува дијаспората со татковината

Фиданка Танаскова Најновиот, 79. број на списанието на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј, Австралија носи богат мозаик од книжевни осврти, културни настани и иселенички сведоштва, во служба на македонскиот јазик, култура и идентитет. Списанието „Повод“, едно од најреномираните македонски иселенички гласила во светот,  што го издава Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј, […]

„Т’га за југ“ — песна за секое македонско срце далеку од дома

„Т’га за југ“ од Константин Миладинов е длабоко лична исповед за копнежот по родниот крај. Во неа, далечината се чувствува како студ во душата, а споменот на татковината носи светлина и топлина. Наспроти мракот, маглите и мразовите стојат Охрид, Струга, езерото и родните предели — места во кои поетот чувствува дека припаѓа. Желбата да добие […]

„Чувари на верата и македонскиот идеал“ – во Мелбурн одбележан Денот на македонската револуционерна борба

Со панихида, положување цвеќе пред споменикот на Гоце Делчев и културна програма, македонската заедница оддаде почит на националните дејци и на архиепископот Ангелариј. Под мотото „Чувари на верата и македонскиот идеал“, Македонската православна општина за Мелбурн и Викторија на 24 октомври го одбележа Денот на македонската револуционерна борба – 23 Октомври. На настанот беше одбележана […]

Крис Петровски – од Битола до Холивуд

Актерот со македонски корени ја продолжува филмската приказна на својот роден град и ги охрабрува младите да веруваат во сопствениот талент. Кога ќе се спомене Битола, првите асоцијации се Градот на конзулите, браќата Манаки, филмот, театарот и препознатливата боемска култура. Но, културното богатство на еден град не се мери само со неговото минато. Неговата вистинска […]

To top