Дијаспора

За Гордана Димовска МАКЕДОНИЈА е живот светост, иднина, верба, надеж,причина и повод за напред

Dona and Gordana

Dona and Gordana

За Гордана Димовска МАКЕДОНИЈА е живот светост, иднина, верба, надеж,причина и повод за напред

На 5 декември 2024 година во просториите на библиотеката во Мил Парк, Македонското литературно друштво Кочо Рацин од Мелбурн одржа промоција на книгата “За хероината Гордана Димовска“  – По стапките на Гоце, Јане, даме од Гордана Такец од Битола.

Cultural festival copyКнигата е посветена на ликот и делата, активностите на Гордана Димовска во Македонската заедница во Австралија.  Како активист и како писател – Гордана Димовска е забележана во јавноста и ова издавање на книга за нејзината 30 годишна активност во Австралија е за поздравување. Ова е еден вид на трајно признание кое ќе се чита и вреднува уште повеќе секоја година.  

Промотор во Мелбурн, беше драмската актерка Дона Димовски Кантаровски која рече: Ми претставува чест и задоволство да ве воведам во убавините на книгата која верувам ќе ви остави силен впечаток. Оваа книга е многу значајна за нас Македонците во светот, и е за пофалба тоа што Гордана Такец испиша роман за да не се заборават добрите дела и активности, да служи како инспирација на наредните генерации.

Книгата има 244 страници на кои Гордана Такец умешно испиша зборови како ѓердани, кои го украсуваат делото за Гордана Димовска. Пред да го започне првото поглавје таа пишува: Да се биде жена е голема привилегија затоа што ако си жена ти си се на оваа планета.

Несебичната љубов, копнеж кон родот свој, болка и тага за родната грутка таа голема и силно изразена македонштина ја открив, е нешто кое Гордана Такец го забележа и реши да го претвори во роман за Гордана Димовска. Гордана Такец е неуморен творец која доследно го продолжува патот на нејзиниот татко Димитар Димитриевски – Такец – кој остави бесценети дела за Битола.

Понатаму во книгата се вели: Гордана Димовска е еден чудесен лик но во исто време , личност со апсолутна едноставност, таа е публицист, поет, писател , уметник, таа е феномен за кој е сосема заслужна самата со се она што го работи, Таа твори и живее, Таа живее и твори, Таа е една од ретките уметници која трпеливо ја гради својата пирамида, камен по камен, издигнувајќи се до височините. Со својата долгогодишна работа таа остава значаен белег на самиот извор од каде започнува нејзиното патување низ поезијата и прозата. Во сите стихови и прозни записи преточена е мудроста на животот, слабостите на човекот, освестувањето на младоста, стожерот на постоењето. Работи водена од своите идеи  кои умее успешно да ги реализира.

Романот за Гордана Димовска е дело во кое ликот и нејзината креативност се запишани низ камерата на моето око и онака,како што јас ја доживувам како човек, уметник, поборник за заштита и опстој на македонскиот јазик и се што е македонско.

Group photo5

За Гордана Димовска МАКЕДОНИЈА е живот светост, иднина, верба, надеж,причина и повод за напред.

Таа компонента на нејзиниот лик силно влијаеше на авторката на книгата Гордана Такец и беше пресудно да почне да ја пишува книгата. Гордана Такец вели дека хероината во романот ја доживува како следбеник на делата на Гоце,Јане,Питу…и е горда на неа и на себе што умееше да ги согледа сите  квалитети кои беа инспирација да напише роман за една толку силна жена.

Таа е претставник на генерацијата автори со истакнат и признат стил, и единствена во мноштвото поети и писатели која се истакнува низ сопствениот личен начин на кој го преобразува прозниот и поетскиот простор во нашата книжевност.Таа на еден мошне самобитен начин со стил на докажан лиричар го оформува и толкува светот. Стиховите ги гради како чекори низ животните состојби, непосредно произлезени од реалноста.

На почетокот се изрецитираа две поеми од младите членови на МЛД Кочо Рацин, Коста и Јован Дамјановски. Роза Трајковска  прочита поздравно писмо и биографија од авторката Гордана Такец кои беа поздравени со аплаузи.

310701 copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

Најново од: Дијаспора

Семакедонска средба на 14 ноември во Штип

Традиционалната Семакедонска средба годинава ќе се одржи на 14 ноември 2026 година, сабота, со почеток во 12:00 часот, во хотелот „Оаза“ во Штип. Организатори на средбата се Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија „Мирка Гинова“ од Штип и Сојузот на здруженијата на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија „МАКЕДОН“. За […]

Македонија и Македонците ширум светот, поврзани под едно сонце

Обединетата македонска дијаспора (ОМД) ги повикува Македонците ширум светот да се вклучат во „МК Конект“ – платформата на волонтери-дописници на Македонската радио-телевизија и Агенцијата за иселеништво. Платформата произлезе од меморандумот за заемна соработка меѓу двете институции, со цел посилно поврзување на македонските иселеници со татковината. ОМД со гордост ја поддржува иницијативата и го поздравува нејзиниот […]

„Заветна“ — песна за нераскинливата врска со Македонија

Постојат песни во кои љубовта кон татковината се изразува како ветување. Таква е „Заветна“, во изведба на Пепи Бафтировски, со музика на Миле Барбаровски и текст на Георги Барбаровски — песна за страдањето, истрајноста и длабоката поврзаност на човекот со македонската земја. Уште во почетните стихови се навестуваат обидите Македонија да биде премолчена, сокриена и […]

Македонската дијаспора е нераскинлив дел од татковината и партнер во градењето на нејзината иднина

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска во Солинген, Сојузна Република Германија, заедно со членови на Извршниот комитет, присуствуваше на Третата конференција на задграничните комитети на ВМРО-ДПМНЕ. Пред присутните делегати, Мицкоски ги претстави актуелните состојби во Македонија, економските резултати, инфраструктурните инвестиции и предизвиците со кои се соочува државата во услови на глобални енергетски и економски неизвесности. […]

„Повод“ – македонски глас од Сиднеј што ја поврзува дијаспората со татковината

Фиданка Танаскова Најновиот, 79. број на списанието на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј, Австралија носи богат мозаик од книжевни осврти, културни настани и иселенички сведоштва, во служба на македонскиот јазик, култура и идентитет. Списанието „Повод“, едно од најреномираните македонски иселенички гласила во светот,  што го издава Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј, […]

„Т’га за југ“ — песна за секое македонско срце далеку од дома

„Т’га за југ“ од Константин Миладинов е длабоко лична исповед за копнежот по родниот крај. Во неа, далечината се чувствува како студ во душата, а споменот на татковината носи светлина и топлина. Наспроти мракот, маглите и мразовите стојат Охрид, Струга, езерото и родните предели — места во кои поетот чувствува дека припаѓа. Желбата да добие […]

„Чувари на верата и македонскиот идеал“ – во Мелбурн одбележан Денот на македонската револуционерна борба

Со панихида, положување цвеќе пред споменикот на Гоце Делчев и културна програма, македонската заедница оддаде почит на националните дејци и на архиепископот Ангелариј. Под мотото „Чувари на верата и македонскиот идеал“, Македонската православна општина за Мелбурн и Викторија на 24 октомври го одбележа Денот на македонската револуционерна борба – 23 Октомври. На настанот беше одбележана […]

Крис Петровски – од Битола до Холивуд

Актерот со македонски корени ја продолжува филмската приказна на својот роден град и ги охрабрува младите да веруваат во сопствениот талент. Кога ќе се спомене Битола, првите асоцијации се Градот на конзулите, браќата Манаки, филмот, театарот и препознатливата боемска култура. Но, културното богатство на еден град не се мери само со неговото минато. Неговата вистинска […]

To top