Дијаспора

ПАРТИЈАТА „ВИНОЖИТО“ ОД ЛЕРИН И НЕЈЗИНАТА УЛОГА (18)

4321

4321

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Формирањето на партијата на Македонците „Виножито“ е голем чекор напред и постоење на едно јадро, чии членови лавовски се борат, а партијата  исклучително многу значи за зачувувањето на идентитетот и борбата за човекова правда и вистина. Затоа, Македонците во Егејска Македонија отвориле широки полиња на одржување на нивниот јазик, оро, песна, сметајќи дека меѓу народите треба да има натпревар во културата, за која непостојат граници.

Така, во последно време во егејскиот дел на Македонија продолжуваат уште повеличествено да се слават духовните и националните празници по македонските села и градови. Се прават свадби и венчавки со две рала тапани и многу сватови и стари обичаи кои се пренесуваат од генерација на генерација.

Само како пример ќе ја споменеме прославата (по стариот календар) на Илинден во селото Овчарани. Во ова македонско село во кое градоначалникот е Македонец се собираат и се веселат илјадници Македонци кои стануваат препознатливи по најголемото оро кое тие го вијат.

Во Нерет, во Воден во Соботско и на други места, исто така, народот се собира на свои слави. На овие свечености се собираат Македонците од Егејот, од Република Македонија и оние раселени по целиот свет, кои доаѓаат особено во летниот период да ги посетат дедовските корени и нивните вечни почивалишта. Тие сите се за развој на културата меѓу народите без граници.

Исто така, Македонците го имаат Домот на културата во Лерин кој уште опстојува со многу пречки и подметнувања од властите. Таму постои и Редакцијата на весникот „Зора“. Македонците имаат свои ресторани и хотели каде ечи македонска музика.  

За жал, во „демократска“ Елада на  Македонците сè уште и во XXI век  на пописите не им се дава право да можат да се изјаснуваат тоа што се во Егејска Македонија. Според многу податоци од Егејска Македонија има  повеќе од еден милион население, а сега во тој јужен дел на Македонија една половина се Македонци.

Грчката власт не го признава нивното постоење. Многу експерти од светот дошле и самите на лице место се увериле дека Македонците се во огромен број, со свој јазик, традиции, култура, религија, обичаи и, воопшто, со посебни национални обележја, поразлични од грчките, од туркменските.

Името на Лерин веројатно потекнува од зборот зелено, што се однесува на климата и вегетацијата на областа. Како град и област со доминантно македонско население, Лерин во историјата дал голем број македонски борци, револуционери и херои. Само во времето на Отоманската Империја, во Лерин и Леринско крстосувале повеќе македонски чети кои биле организирани и се бореле за слобода на сите народи.

Врз основа на леринскиот говор во 1925  година грчката влада под притисок на Лигата на народите ќе го изработи Букварот (Абецедарот) за учениците Македонци, кој по запалувањето на возот со кој, и покрај антимакедонските фашистички екстремистички побуни бил транспортиран. Тој Буквар е повторно издаден и промовиран во Солун и Атина во 2006 година.

Лерин и Леринско ќе дадат и голем број партизани и борци во ДАГ за време на Втората светска војна (1941 – 1945) и Граѓанската војна во Грција (1945 – 1949). Меѓутоа, македонското населени наместо да добие слобода, напротив тоа ќе доживее невиден терор, убиства, мачења и протерувања од своите огништа од страна на грчките власти.

Најкрвав настан ќе биде убиството со обезглавување на повеќе млади Македонци и Македонки, од страна на грчките монархофашистички сили и англиските војници, среде бел ден во центарот на Лерин. Денес е актуелна состојбата со земјиштето на кое се наоѓа масовната гробница со телата на Македонци и Грци – борци на Демократската армија на Грција кои загинале во битката за Лерин.

Целта на нашата посета на Лерин беше да се сретнеме со неколку наши пријатели, и пријатели на вистината кои како лингвисти од САД и Канада учествуваа на научната конференција „Македонија – на маргините на европската современост“, што се одржа од 16 до 19 јули 2015 година во Лерин.

Овој значаен научен собир на кој учествуваа познати и признати  научници од светот го организираше „Австралиско-македонскиот комитет за човекови права, ОМО Илинден – Пирин, Европската слободна алијанса и домаќинот „Виножито“.

Целта на овој мултидисциплинарен настан беше да даде суштински придонес кон разбирањето на современата македонска национална историја од различни академски перспективи, вклучувајќи социолошки, лингвистички, антрополошки и политички аспект.

Конференцијата во Лерин, во Грција беше  втора од ваков вид, по научниот собир кој беше одржан во 2013 година, на Универзитетот „Монаш“ во Мелбурн, Австралија, а со кој беше одбележана 100-годишнината од крајот на Втората балканска војна и поделбата на Македонија со Букурешкиот мировен договор.

43211

Македонско оро во Овчарани

Кога пристигнавме во Лерин, се движевме по една од главните улици и се одушевувавме на старата архитектура. Меѓутоа, наеднаш видовме голема група луѓе со знамиња и пароли, со музика, правејќи силна врева.

Незнаевме што се случува и бевме вџашени. Во тој момент ми пријде еден непознат човек и на македонски ми рече „Брачко, брзо бегај со џипот со скопска плаки, отие вие са фашисти и ќе те опере. Грчките фашисти се полоши од германските фашисти, зато врти кмо реката наугоре и бегај“.

Му се заблагодаривме на непознатион, а благороден човек и набрзина свртивме кон улицата што води покрај реката и се упативме кон запад. Така, бегајќи од фашистичкиот налет отидовме до крајот на Лерин по патот кој води кон Арменско.

Марширањето на членови на фашистичката организација во Лерин кои се агресивни кон македонското население и негираат и уништуваат сè што е македонско, ми заличија на оние во Берлин.

Имено, во една посета на Берлин, во демократска Германија гледавме како се движат по една нова авенија агресивните германски фашисти, извикуваа фашистички пароли. Тоа марширање на фашистите во Берлин беше слично или идентично како на фашистите во Лерин, во „демократска“ Грција..

Наместо да ги почувствуваме убавините и топлината на народот и на прекрасната архитектура на Лерин, која е иста или слична како архитектурата во Кратово, Охрид, Ресен и други храдови, ние со страв размислувавме дури за враќање назад.

Така, застанавме на една ширинка покрај реката, а во непосредна близина на неколку преубави, веројатно викенд куќи, каде беше тешко да се најде некој намерник на патот или во околината. Некако успеавме да видиме еден човек кој работеше во една нива и кој не упати побрзо да се вратиме кон Лерин по горниот пат кој води кон Битола и кон Солун.

Брзо го напуштивме Лерин и без збор и без поздрав, со тага на душата и со големо разочарување што не се сретнавме со нашите пријатели со кои требаше да одиме во селото Овчарани да го прославиме Илинден. За жал, во состојба на страв, се упативме по патот кој беше во изградба и кој води кон селото Арменоро, а оттаму патувањето го продолживме кон Баница и кон нашата главна дестинација, селото Зелениче, родното место на Стив Пљакас.

Продолжува

1SlaveK2 copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Дијаспора

Семакедонска средба на 14 ноември во Штип

Традиционалната Семакедонска средба годинава ќе се одржи на 14 ноември 2026 година, сабота, со почеток во 12:00 часот, во хотелот „Оаза“ во Штип. Организатори на средбата се Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија „Мирка Гинова“ од Штип и Сојузот на здруженијата на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија „МАКЕДОН“. За […]

Македонија и Македонците ширум светот, поврзани под едно сонце

Обединетата македонска дијаспора (ОМД) ги повикува Македонците ширум светот да се вклучат во „МК Конект“ – платформата на волонтери-дописници на Македонската радио-телевизија и Агенцијата за иселеништво. Платформата произлезе од меморандумот за заемна соработка меѓу двете институции, со цел посилно поврзување на македонските иселеници со татковината. ОМД со гордост ја поддржува иницијативата и го поздравува нејзиниот […]

„Заветна“ — песна за нераскинливата врска со Македонија

Постојат песни во кои љубовта кон татковината се изразува како ветување. Таква е „Заветна“, во изведба на Пепи Бафтировски, со музика на Миле Барбаровски и текст на Георги Барбаровски — песна за страдањето, истрајноста и длабоката поврзаност на човекот со македонската земја. Уште во почетните стихови се навестуваат обидите Македонија да биде премолчена, сокриена и […]

Македонската дијаспора е нераскинлив дел од татковината и партнер во градењето на нејзината иднина

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска во Солинген, Сојузна Република Германија, заедно со членови на Извршниот комитет, присуствуваше на Третата конференција на задграничните комитети на ВМРО-ДПМНЕ. Пред присутните делегати, Мицкоски ги претстави актуелните состојби во Македонија, економските резултати, инфраструктурните инвестиции и предизвиците со кои се соочува државата во услови на глобални енергетски и економски неизвесности. […]

„Повод“ – македонски глас од Сиднеј што ја поврзува дијаспората со татковината

Фиданка Танаскова Најновиот, 79. број на списанието на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј, Австралија носи богат мозаик од книжевни осврти, културни настани и иселенички сведоштва, во служба на македонскиот јазик, култура и идентитет. Списанието „Повод“, едно од најреномираните македонски иселенички гласила во светот,  што го издава Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј, […]

„Т’га за југ“ — песна за секое македонско срце далеку од дома

„Т’га за југ“ од Константин Миладинов е длабоко лична исповед за копнежот по родниот крај. Во неа, далечината се чувствува како студ во душата, а споменот на татковината носи светлина и топлина. Наспроти мракот, маглите и мразовите стојат Охрид, Струга, езерото и родните предели — места во кои поетот чувствува дека припаѓа. Желбата да добие […]

„Чувари на верата и македонскиот идеал“ – во Мелбурн одбележан Денот на македонската револуционерна борба

Со панихида, положување цвеќе пред споменикот на Гоце Делчев и културна програма, македонската заедница оддаде почит на националните дејци и на архиепископот Ангелариј. Под мотото „Чувари на верата и македонскиот идеал“, Македонската православна општина за Мелбурн и Викторија на 24 октомври го одбележа Денот на македонската револуционерна борба – 23 Октомври. На настанот беше одбележана […]

Крис Петровски – од Битола до Холивуд

Актерот со македонски корени ја продолжува филмската приказна на својот роден град и ги охрабрува младите да веруваат во сопствениот талент. Кога ќе се спомене Битола, првите асоцијации се Градот на конзулите, браќата Манаки, филмот, театарот и препознатливата боемска култура. Но, културното богатство на еден град не се мери само со неговото минато. Неговата вистинска […]

To top