Дијаспора

ЗЕЛЕНИЧЕ, ЛЕРИНСКО – РОДНОТО МЕСТО НА СТИВ ПЉАКАС (19)

1isele

1isele

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

По непријатните моменти во Лерин се одлучивме да го продолжиме нашето патување во Егејот и да го посетиме родниот крај на Стив Пљакас. Така и сторивме. Откако го напуштивме Лерин, се упативме по новиот пат кој води кон Солун, градот што го доби името по сестрата на Александар Македонски, а го создал нејзиниот сопруг Касандар.

Одејќи по патот разговаравме за една наша посета на Солун, кој е убав приморски град, кој како трговски центар ги мами, па дури и ги заведува посетителите со својата убавина, медитеранската клима, околните песокливи плажи и бројни културно-историски споменици.

Тој е сместен на полуостровот Халкидики и е познат по бројните зелени површини, по Беас Куле, по солунските атентатори, по многуте други културни споменици, како и по манастирите на Света Гора, каде што дел од својот живот поминале и извесен број монаси од Република Македонија.

И не само Солун, со својата местоположба, трговија, крајбрежје и како  престолнина на Беломорска Македонија, туку и целата таа македонска земја е прекрасна. Така, започнувајќи од мистичната Пела – древната македонска престолнина – па преку божествените водопади на Воден, пејзажите на Костур, убавините на карпестите цркви и фрески по бреговите на Мала Преспа.

Таа питомина и широчина е збогатена и со зелените предели на планините разделени со границата, а меѓу нив, како бисер, патникот оддалеку ужива во сјајот на бројните македонски планини.

Затоа, античките Македонци токму во Пела, која е оддалечена стотина километри од Зелениче, родното место на Стив Пљакас, ја подигнале својата престолнина. Еден дел од Пела денес е достапен на посетителите, но огромен дел, како што велат и постарите жители на Постол (Пела), сè уште лежи под земјата.

Токму поради славата на древната престолнина на Филип и Александар Македонски, кои го посеаја македонското семе, во туристичките проспекти целиот тој регион Грците го нарекуваат Пела со главен град Воден (Едеса).

Секојдневно низ Пела минуваат голем број туристи, кои потоа со години ги носат спомените и мирисот на мермерот по кој чекорел големиот Филип Македонски и неговиот син Александар Македонски како водач на античките Македонци.

Брзо го напуштивме Лерин и тргнавме по патот кој води кон Воден, Пела кон Солун. Поминавме поголем број села и стасавме до Баница, но од западната страна. По новиот пат влеговме во ова големо македонско село, кое е ни село ни град. Дојдовме до центарот на Баница каде се изградени нови објекти, меѓу кои и еден хотел и се потсетивме и ги вративме убавите спомени на нашата посета од пред дваесеттина години.

1isele2

Зелениче

И овој пат ја вративме сликата за нашите пријатели во Торонто кои потекнуваат од Баница, а кои се гордеат со тоа што баничани биле први Македонци кои отвориле банка во Канада. Баница е село со многу убавини, но баничани ги красат и престиж и напредок, но и контроверзи.

Ја напуштивме Баница по патот што води од кај каменоломот и го продолживме патувањето по новиот пат со три ленти што се искачува на ридот и води кон Костур. По поминати десетина километри од Баница се приклучивме на стариот пат кој води право кон Ајтос.

Брзо стасавме во тоа големо и убаво македонско село, каде што, исто така, пред дваесетина години го посетивме ресторанот на нашите пријатели и соседи на нашите родители во Торонто. Тие како повратници од Канада отвориле кафеана во Ајтос, но од некакви причини, по неколку години ја затвориле кафеаната и пак се вратиле во Канада.

Се движевме по главната улица на Ајтос, каде застанавме и ѝ се обративме за помош на една млада дама –  кој пат води кон Зелениче. Таа зборуваше англиски, но кога виде од каде сме, започна да ни зборуваше на македонски јазик, на дијалектот од Леринско. Беше љубезна во разговорот и нè информира дека селото Зелениче е второ село кога се оди од Ајтос по патот за Костур. Срдечно ѝ‘ се заблагодаривме и го продолживме патувањето кон нашата цел.

Продолжува

1SlaveK2 copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Дијаспора

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

Македонците во Њујорк го кренаа знамето среде дожд и невреме за 35 години независност

Можат да се обидуваат да нè избришат. Но, и во еден ваков бурен и мрачен ден… ние сме тука. Над сто Македонци и пријатели на Македонија се собраа во срцето на Њујорк, покажувајќи дека љубовта кон татковината е посилна од дождот и невремето. На 26 септември 2026 година, и покрај дождот и силното невреме што […]

Никола Тесла – светски научник чии пронајдоци ја променија модерната цивилизација

Големиот научник Никола Тесла се почитува и слави и во Хрватска и во Србија и во Соединетите Американски Држави и во целиот свет. Тоа го потврдуваат современите проучувачи на ликот и делото на Никола Тесла, кои го нарекуваат “Човекот што го измислил дваесеттиот век“ и “светецот – заштитник на модерниот електрицитет.“ Никола Тесла беше научник, […]

Вратени 16.952 текста објавувани од 2009 до 2026 година на порталот „Македонска нација“

Зачуван е најголемиот дел од богатата архива на порталот — текстовите повторно се достапни за читателите, а со нови материјали продолжуваме да го збогатуваме македонското историско и културно наследство. Во април 2026 година порталот „Македонска нација“ стана недостапен. Не знаеме со сигурност дали стануваше збор за хакерски напад или за друг проблем. За да продолжиме […]

Браќа и сестри Македонци, каде и да сте!

Оваа порака доаѓа од вашата татковина – од Македонија. Од земја со древна историја, богата култура и дух што никогаш не се откажал. Вашата врска со Македонија е крвна, духовна и семејна. Таа тече низ јазикот што го зборуваме, писмото што го пишуваме, песните што ги пееме и спомените што ги носиме со себе. Тоа е […]

To top