Дијаспора

СЕЛОТО ЖЕЛЕВО, КОСТУРСКО – РОДНОТО МЕСТО НА ЛИЛИ ПЉАКАС (23)

22

22

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Селото Желево Желево е живописно планинско село сместено на патот Лерин-Костур. Таму, во планината Бигла, над селото, извира реката Бистрица што ја сече областа Корешта и се влева во Солунскиот Залив.

Тоа е чисто македонско село, кое е лоцирано на границата на Леринско-костурската општина, припаѓајќи административно кон Костур. Тоа е едно од најголемите села на овие простори. Желево е сместено во подножјето на планината Бигла и се наоѓа на надморска височина од околу илјада метри. Тоа отсекогаш било чисто македонска населба

Широкиот асфалтен пат што се искачува по ридот на северната страна на Костур, на само десетина километри, поточно откај патот што се дели за селото Д’мбени, продолжува кон Габреш, Дреновени и други села. Тие се македонски села, меѓутоа, најголем број од жителите се иселиле по Граѓанската војна. Сега тие се места каде се гледаат високите ѕидови на куќите со искршени прозорци и без покрив. Се јавува глетка што одава тага, страв и ужас.

Застанавме на патот и ги гледавме куќите во кои зјаеја отворени долапи и искршени балкони кои тагуваат за своите стопани. Од таа тажна слика на минувачот му се крева косата и посакува што побргу да ја заборави, да исчезне. Таму чувствувавме како отворените прозорци да нѐ поздравуваат и ни кажуваат дека во минатото овде имало живот, а ѕидовите од старите македонски куќи плачеа заедно со урнатините и со бучењето на реката што одѕвонуваше во дивината за да нѐ потсетат на војните на Грамос.

Од селото Габреш, од каде има бројни познати и признати бизнисмени како Стив Ставро, Џон Битов, Коста Ников и многу други, долго ја гледавме долината, потоа појдовме по патот кој води кон селото Желево, родното место на Лили Пљакас.

Селото Желево е чисто македонско село, кое е лоцирано на границата на Леринско-костурската општина, припаѓајќи административно кон Костур. Тоа е едно од најголемите села на овие простори. Желево е сместено во подножјето на планината Бигла и се наоѓа на надморска височина од околу илјада метри. Тоа отсекогаш било чисто македонска населба.

Меѓутоа, поради политичките и економските причини, голем број желевци се преселиле во прекуокеанските земји, Канада, Соединетите Американски Држави, Австралија и други европски земји по Илинденското востание и Првата светска војна, но особено по поразот на Демократската армија на Грција во Граѓанската војна.

Притоа, треба да се одбележи дека желевци биле активни со самото доаѓање во Канада. Според пишаните документи, уште во 1907 година тие го формирале благотворното друштво „Желево“ во Торонто.

Сегашното спомагателно братство „Желево“, пак,  било формирано на 1 октомври 1921 година. Тоа развило голем број активности, меѓу кои, во 1928 година била иницирана изградбата на познатиот Желевски дом.

223

Улица во Желево

Во 1929 година било создадено младинското друштво под име „Родина“. „Желевскиот дом“ бил повторно инициран во 1946 година и на 26 август истата година се купило место. Домот официјално е отворен на 10 јули 1948 година. Домот е сопственик на места за викендички, на голф игралишта и друг имот.

Интересно е да се одбележи дека во „Желевскиот дом“ се одржал состанокот на кој се одлучило да се изгради Македонската православна црква „Свети Климент Охридски“ во Торонто. За прв претседател на овој прв македонски храм во Канада беше избран познатиот македонски иселеник Спиро Сандер од Желево.

Кога се пишува за селото Желево треба да се нагласи дека тоа е живописно планинско село сместено на патот Лерин-Костур. Таму, во планината Бигла, над селото, извира реката Бистрица што ја сече областа Корешта и се влева во Солунскиот Залив.

Тоа е планинска река со мали водопади и пастрмки, чија вода се користи за наводнување на зелените и сочни ливади и плодните ниви од двете страни во подножјето на планината.

На влезот на селото се сретнавме со таблата на која на грчки и латиница пишува Андартикон. Инаку, Желево е големо македонско село и самостојна општина на Леринскиот округ. Расположено е покрај самиот пат што води од Костур за Преспа и другиот крак кон Лерин.

Според легендата старото село се наоѓало уште повисоко на планината на месноста Лазина. Селото е многу старо и се споменува во најстарите турски документи. Тоа одсекогаш било македонско и до денеска не претрпело никакви измени.

Продолжува

1SlaveK2 copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Дијаспора

Семакедонска средба на 14 ноември во Штип

Традиционалната Семакедонска средба годинава ќе се одржи на 14 ноември 2026 година, сабота, со почеток во 12:00 часот, во хотелот „Оаза“ во Штип. Организатори на средбата се Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија „Мирка Гинова“ од Штип и Сојузот на здруженијата на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија „МАКЕДОН“. За […]

Македонија и Македонците ширум светот, поврзани под едно сонце

Обединетата македонска дијаспора (ОМД) ги повикува Македонците ширум светот да се вклучат во „МК Конект“ – платформата на волонтери-дописници на Македонската радио-телевизија и Агенцијата за иселеништво. Платформата произлезе од меморандумот за заемна соработка меѓу двете институции, со цел посилно поврзување на македонските иселеници со татковината. ОМД со гордост ја поддржува иницијативата и го поздравува нејзиниот […]

„Заветна“ — песна за нераскинливата врска со Македонија

Постојат песни во кои љубовта кон татковината се изразува како ветување. Таква е „Заветна“, во изведба на Пепи Бафтировски, со музика на Миле Барбаровски и текст на Георги Барбаровски — песна за страдањето, истрајноста и длабоката поврзаност на човекот со македонската земја. Уште во почетните стихови се навестуваат обидите Македонија да биде премолчена, сокриена и […]

Македонската дијаспора е нераскинлив дел од татковината и партнер во градењето на нејзината иднина

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска во Солинген, Сојузна Република Германија, заедно со членови на Извршниот комитет, присуствуваше на Третата конференција на задграничните комитети на ВМРО-ДПМНЕ. Пред присутните делегати, Мицкоски ги претстави актуелните состојби во Македонија, економските резултати, инфраструктурните инвестиции и предизвиците со кои се соочува државата во услови на глобални енергетски и економски неизвесности. […]

„Повод“ – македонски глас од Сиднеј што ја поврзува дијаспората со татковината

Фиданка Танаскова Најновиот, 79. број на списанието на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј, Австралија носи богат мозаик од книжевни осврти, културни настани и иселенички сведоштва, во служба на македонскиот јазик, култура и идентитет. Списанието „Повод“, едно од најреномираните македонски иселенички гласила во светот,  што го издава Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј, […]

„Т’га за југ“ — песна за секое македонско срце далеку од дома

„Т’га за југ“ од Константин Миладинов е длабоко лична исповед за копнежот по родниот крај. Во неа, далечината се чувствува како студ во душата, а споменот на татковината носи светлина и топлина. Наспроти мракот, маглите и мразовите стојат Охрид, Струга, езерото и родните предели — места во кои поетот чувствува дека припаѓа. Желбата да добие […]

„Чувари на верата и македонскиот идеал“ – во Мелбурн одбележан Денот на македонската револуционерна борба

Со панихида, положување цвеќе пред споменикот на Гоце Делчев и културна програма, македонската заедница оддаде почит на националните дејци и на архиепископот Ангелариј. Под мотото „Чувари на верата и македонскиот идеал“, Македонската православна општина за Мелбурн и Викторија на 24 октомври го одбележа Денот на македонската револуционерна борба – 23 Октомври. На настанот беше одбележана […]

Крис Петровски – од Битола до Холивуд

Актерот со македонски корени ја продолжува филмската приказна на својот роден град и ги охрабрува младите да веруваат во сопствениот талент. Кога ќе се спомене Битола, првите асоцијации се Градот на конзулите, браќата Манаки, филмот, театарот и препознатливата боемска култура. Но, културното богатство на еден град не се мери само со неговото минато. Неговата вистинска […]

To top