Дијаспора

ИСЕЛУВАЊЕТО ВО КАНАДА КАКО СУДБИНА НА МАКЕДОНЦИТЕ (26)

62

62

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Развојниот пат на македонското иселеништво во основа се совпаѓал со развојот на настаните на Балканот и уште повеќе во зависност од тоа како се движеле настаните околу Македонија. Како резултат на тоа преселничките печалбарски движења на Македонците и нивниот интензитет биле условени, пред сè, од тешките економски услови за живеење и работа, а во многу помалку случаи и од причини што имаат национално-политички карактер.

Тешките, лоши, често и невозможни услови за живеење и постојаната борба за опстанок присилиле голем број Македонци да се определат, покрај другото, и за печалбарството, е запишано во во публикацијата „Македонците во Соединетите Американски Држави и Канада”, „Македонска искра“, 2002, 1- 380 (на македонски и на англиски јазик, од авторот на овие редови.

Печалбарството, односно преселувањето, од Македонија во Соединетите Американски Држави и Канада било карактеристично за традиционално иселеничките краишта: Леринско, Битолско, Преспанско, Костурско, Охридско, Воденско, Прилепско, Струшко, Солунско, Тетовско и други делови на Македонија.

Иселеничките движења од овие краишта се засилиле по Илинденското востание во 1903 година, а особено иселувањето било изразено по балканските војни и по Првата светска војна, кои наместо слобода од петвековното ропство, на Македонците им донеле тројна поделба, угнетување, асимилација, денационализација и физичко уништување, што ги спроведувале порано ослободените соседи, Бугарија, Кралството Југославија, Грција и Албанија.

Она што се случувало во минатото во периодт од неколку векови, по Првата светска војна, за релативно кратко време во одделни делови на Македонија настанале крупни миграциски движења и етнички измени кои имале катастрофални последици за македонското население.

Така, според Специјалната комисија на Обединетите нации за Балканот, во Извештајот од 13 мај 1949 година, од Егејска Македонија, меѓу кои и семејствата на Стив и Лили Пљакас се иселиле вкупно 232.000 Македонци, а на нивно место грчките власти доселиле и ја колонизирале Егејска Македонија со бегалци од Мала Азија.

Карактеристичен бил и периодот по 1960 година. Тогаш со отворањето на Социјалистичка Федеративна Република Југославија кон светот и со вклучувањето во меѓународната поделба на трудот, паралелно со создавањето на аграрно население во градовите и со либерализацијата на политиката за одење на работа во други земји, дошло до иселување на поголем број работници и интелектуалци од тогашна Социјалистичка Република Македонија на северноамериканскиот континент.

623

Преселнички движења од Македонија кон светот се присутни и денес, меѓутоа нивниот интензитет е различен, зависно од економско-политичкиот момент во Македонија, на Балканот и во светот.

Некои пореални процени зборуваат дека од средината на XIX век до денес од сите делови на Македонија, во разни земји во светот се преселиле повеќе од еден милион Македонци.

Во отсуство на целосни статистички и други податоци, мошне е тешко реално да се утврди точниот број, меѓутоа, се проценува дека во Соединетите Американски Држави, Канада и во Австралија живеат околу 500 илјади македонски доселеници, од кои околу 150.000 во Соединетите Американски Држави, приближно 150.000 во Канада, и повеќе од 200.000 во Австралија и Нов Зеланд.

Се проценува дека во Европа и во други земји живеат повеќе од 150.000 македонски иселеници. Околу 50.000 доселеници со македонско потекло живеат во Јужна Америка, Египет, Велика Британија, Јужна Африка и во источноевропските земји, како и во Турција, каде има повеќе од 300.000 Македонци – муслимани и етнички Турци од Македонија.

Според Стив Пљакас, во минатото македонските печалбари, а потоа и иселениците претежно биле од селските средини, кои се наоѓале во потешка економска состојба, со понизок степен на образование и со ниски стручни квалификации, за разлика од денешните доселеници кои, претежно, се со високо образование и стручно оспособени.

Оттука, главната цел на иселувањето била обезбедување на основната егзистенција и создавање материјални резерви за семејството. Мал број иселеници го напуштиле родниот крај поради политички причини, како и од традицијата за одење во друга земја.

Меѓутоа, кај последните неколку генерации, како и кај доселениците од поново време, особено од Република Македонија, ескалира појавата на иселување на лица со високо образовно, и со повисоко културно и социјално ниво, што условува нов структурален степен во македонската дијаспора. Така, меѓу нив има интелектуалци од различни сфери на различни области кои се афирмирани не само во македонски туку и во светски рамки.

Стив Пљакас вели: „Промените во економската, социјалната, образовната и квалификациската структура, паралелно со остварениот материјален потенцијал, условуваат и делумна трансформација на животните навики на македонските иселеници во дијаспората. Притоа, голем број Македонци, особено од егејскиот дел на Македонија се пробиле во повисокото општество во кое живеат.

Продолжува

1SlaveK2 copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Дијаспора

Семакедонска средба на 14 ноември во Штип

Традиционалната Семакедонска средба годинава ќе се одржи на 14 ноември 2026 година, сабота, со почеток во 12:00 часот, во хотелот „Оаза“ во Штип. Организатори на средбата се Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија „Мирка Гинова“ од Штип и Сојузот на здруженијата на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија „МАКЕДОН“. За […]

Македонија и Македонците ширум светот, поврзани под едно сонце

Обединетата македонска дијаспора (ОМД) ги повикува Македонците ширум светот да се вклучат во „МК Конект“ – платформата на волонтери-дописници на Македонската радио-телевизија и Агенцијата за иселеништво. Платформата произлезе од меморандумот за заемна соработка меѓу двете институции, со цел посилно поврзување на македонските иселеници со татковината. ОМД со гордост ја поддржува иницијативата и го поздравува нејзиниот […]

„Заветна“ — песна за нераскинливата врска со Македонија

Постојат песни во кои љубовта кон татковината се изразува како ветување. Таква е „Заветна“, во изведба на Пепи Бафтировски, со музика на Миле Барбаровски и текст на Георги Барбаровски — песна за страдањето, истрајноста и длабоката поврзаност на човекот со македонската земја. Уште во почетните стихови се навестуваат обидите Македонија да биде премолчена, сокриена и […]

Македонската дијаспора е нераскинлив дел од татковината и партнер во градењето на нејзината иднина

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска во Солинген, Сојузна Република Германија, заедно со членови на Извршниот комитет, присуствуваше на Третата конференција на задграничните комитети на ВМРО-ДПМНЕ. Пред присутните делегати, Мицкоски ги претстави актуелните состојби во Македонија, економските резултати, инфраструктурните инвестиции и предизвиците со кои се соочува државата во услови на глобални енергетски и економски неизвесности. […]

„Повод“ – македонски глас од Сиднеј што ја поврзува дијаспората со татковината

Фиданка Танаскова Најновиот, 79. број на списанието на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј, Австралија носи богат мозаик од книжевни осврти, културни настани и иселенички сведоштва, во служба на македонскиот јазик, култура и идентитет. Списанието „Повод“, едно од најреномираните македонски иселенички гласила во светот,  што го издава Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј, […]

„Т’га за југ“ — песна за секое македонско срце далеку од дома

„Т’га за југ“ од Константин Миладинов е длабоко лична исповед за копнежот по родниот крај. Во неа, далечината се чувствува како студ во душата, а споменот на татковината носи светлина и топлина. Наспроти мракот, маглите и мразовите стојат Охрид, Струга, езерото и родните предели — места во кои поетот чувствува дека припаѓа. Желбата да добие […]

„Чувари на верата и македонскиот идеал“ – во Мелбурн одбележан Денот на македонската револуционерна борба

Со панихида, положување цвеќе пред споменикот на Гоце Делчев и културна програма, македонската заедница оддаде почит на националните дејци и на архиепископот Ангелариј. Под мотото „Чувари на верата и македонскиот идеал“, Македонската православна општина за Мелбурн и Викторија на 24 октомври го одбележа Денот на македонската револуционерна борба – 23 Октомври. На настанот беше одбележана […]

Крис Петровски – од Битола до Холивуд

Актерот со македонски корени ја продолжува филмската приказна на својот роден град и ги охрабрува младите да веруваат во сопствениот талент. Кога ќе се спомене Битола, првите асоцијации се Градот на конзулите, браќата Манаки, филмот, театарот и препознатливата боемска култура. Но, културното богатство на еден град не се мери само со неговото минато. Неговата вистинска […]

To top