Дијаспора

КАНАДА – ВТОРАТА ТАТКОВИНА КАКО СУДБИНА НА БРОЈНИ МАКЕДОНЦИ (27)

905

905

„ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА“ СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Меѓутоа, во политичкиот живот во новите средини и општества, македонските доселеници осетно заостануваат зад другите етнички групи, а тоа е случај и со другите иселеници од балканските земји. Сепак, нивните постигнувања на економски, духовен, образовен, културен и спортски план, сè повеќе придонесуваат тие да не бидат третирани како граѓани од втор ред, туку како интегрален и важен фактор во новите средини во дијаспората, особено во мултиетничките општества како што е Канада“.

Првите форми на собирање меѓу македонските иселеници датираат од времето на масовното доаѓање во новите средини, кога со себе ја носат својата култура, јазик, традициите, религијата и обичаите. Како резултат на тоа, уште на почетокот се формирале заемнопомошни, културни, црковни асоцијации и друг вид друштва.

Тие имале за цел да ја зачуваат македонската култура, обичаите и верските традиции, да обезбедуваат материјална помош на социјално загрозените Македонци, како и да собираат средства за изградба на цркви, училишта и други објекти во новите средини и во нивните родни места, во Македонија“, вели Стив Пљакас.

Најголем број Македонци во поранешниот Советски Сојуз, дошле во текот на Граѓанската војна во Грција и тие се населиле во кавкаските региони. Само во Ташкент и околните места во периодот од 1949 година, бројот на Македонците од Беломорска Македонија изнесувал околу 7-8.000 луѓе. Тој број подоцна рапидно се намалил поради големиот број повратници во Грција, Македонија и во други земји.

Денес во поранешните источно-европски земји: Романија, Унгарија, Чешка и Словачка, Полска, Украина, Русија и други земји живеат неколку илјади Македонци претежно од егејскиот дел на Македонија. Исто така, има и бројни доселеници од мешани бракови на Македонци од сите делови на Македонија.

Покрај прекуокеанските земји, Европската унија и некои други земји, Република Хрватска и Република Словенија, се земји каде што на Македонците им се гарантирани сите права како национално малцинство. Тие се земји каде што владите, преку материјална и финансиска помош, го помагаат развојот на малцинствата за афирмација на нивните национални, културни и јазични вредности.

Со тоа Македонците служат како мост за развивање на пријателството помеѓу Хрватска и Словенија, со Македонија, афирмирајќи ги, на тој начин, двете држави како демократски и граѓански земји.

9056 

Нијагарските водопади

Судбината на Македонците во Србија и Црна Гора е слична, ако не и идентична со онаа на Македонците во Хрватска и Словенија. Тука, поради проблемот со Српската православна црква, Македонците немаат свои духовни храмови, туку се организираат во културно-уметнички друштва и други асоцијации.

„Има Македонци кои живеат и во Пакистан и кои сметаат дека се потомци од војските и генералите на Александар Македонски (Велики)“. Тоа го потврдивме со Мајкл Китли.  „Имено, на Хималаите, во источниот дел на Пакистан, има племе кое се разликува од другите. Тие луѓе се високи и руси по боја.

Имаат своја автономна територија која тие ја нарекуваат Ханза, или Ханза-кут, зборуваат бурошаски јазик и се чувствуваат како Македонци. Нивното знаме е црвено и со сонце кое има осум златни краци. Речиси неодамна го примиле исламот, но ги задржале старите македонски традиции.

Исто така, Македонци има и во Израел, чија судбина е слична како на сите Евреи. Макотрпниот живот, целокупните состојби, силната љубов кон својата вера, народ, земја, минато и иднина, направи и од Македонците и од Евреите да формираат свои суверени и независни држави.

Еден од нив сум и јас кој од Евреите учи колку тешко, макотрпно и со многу пожртвуваност се формира држава; како уште потешко се стекнува слободата и, како сето тоа возвишено, со силна вера, со голема љубов и со најголема надеж треба да се брани, гради, чува и развива новосоздадената држава Република Македонија“, вели Стив Пљакас.

Продолжува

1SlaveK2 copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Дијаспора

Семакедонска средба на 14 ноември во Штип

Традиционалната Семакедонска средба годинава ќе се одржи на 14 ноември 2026 година, сабота, со почеток во 12:00 часот, во хотелот „Оаза“ во Штип. Организатори на средбата се Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија „Мирка Гинова“ од Штип и Сојузот на здруженијата на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија „МАКЕДОН“. За […]

Македонија и Македонците ширум светот, поврзани под едно сонце

Обединетата македонска дијаспора (ОМД) ги повикува Македонците ширум светот да се вклучат во „МК Конект“ – платформата на волонтери-дописници на Македонската радио-телевизија и Агенцијата за иселеништво. Платформата произлезе од меморандумот за заемна соработка меѓу двете институции, со цел посилно поврзување на македонските иселеници со татковината. ОМД со гордост ја поддржува иницијативата и го поздравува нејзиниот […]

„Заветна“ — песна за нераскинливата врска со Македонија

Постојат песни во кои љубовта кон татковината се изразува како ветување. Таква е „Заветна“, во изведба на Пепи Бафтировски, со музика на Миле Барбаровски и текст на Георги Барбаровски — песна за страдањето, истрајноста и длабоката поврзаност на човекот со македонската земја. Уште во почетните стихови се навестуваат обидите Македонија да биде премолчена, сокриена и […]

Македонската дијаспора е нераскинлив дел од татковината и партнер во градењето на нејзината иднина

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска во Солинген, Сојузна Република Германија, заедно со членови на Извршниот комитет, присуствуваше на Третата конференција на задграничните комитети на ВМРО-ДПМНЕ. Пред присутните делегати, Мицкоски ги претстави актуелните состојби во Македонија, економските резултати, инфраструктурните инвестиции и предизвиците со кои се соочува државата во услови на глобални енергетски и економски неизвесности. […]

„Повод“ – македонски глас од Сиднеј што ја поврзува дијаспората со татковината

Фиданка Танаскова Најновиот, 79. број на списанието на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј, Австралија носи богат мозаик од книжевни осврти, културни настани и иселенички сведоштва, во служба на македонскиот јазик, култура и идентитет. Списанието „Повод“, едно од најреномираните македонски иселенички гласила во светот,  што го издава Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј, […]

„Т’га за југ“ — песна за секое македонско срце далеку од дома

„Т’га за југ“ од Константин Миладинов е длабоко лична исповед за копнежот по родниот крај. Во неа, далечината се чувствува како студ во душата, а споменот на татковината носи светлина и топлина. Наспроти мракот, маглите и мразовите стојат Охрид, Струга, езерото и родните предели — места во кои поетот чувствува дека припаѓа. Желбата да добие […]

„Чувари на верата и македонскиот идеал“ – во Мелбурн одбележан Денот на македонската револуционерна борба

Со панихида, положување цвеќе пред споменикот на Гоце Делчев и културна програма, македонската заедница оддаде почит на националните дејци и на архиепископот Ангелариј. Под мотото „Чувари на верата и македонскиот идеал“, Македонската православна општина за Мелбурн и Викторија на 24 октомври го одбележа Денот на македонската револуционерна борба – 23 Октомври. На настанот беше одбележана […]

Крис Петровски – од Битола до Холивуд

Актерот со македонски корени ја продолжува филмската приказна на својот роден град и ги охрабрува младите да веруваат во сопствениот талент. Кога ќе се спомене Битола, првите асоцијации се Градот на конзулите, браќата Манаки, филмот, театарот и препознатливата боемска култура. Но, културното богатство на еден град не се мери само со неговото минато. Неговата вистинска […]

To top