Дијаспора

МЛД “ВАНЧО НИКОЛЕСКИ“ ОД КВИНБИЈАН, АВСТРАЛИЈА ЈА АФИРМИРА МАКЕДОНИЈА

1123

1123

Деновиве, Младинското литературно друштво “Ванчо Николески” од Квинбeјан, далечна Австралија, со богата порограма посветена на патронот, прослави осмум години постоење.

Друштвото го води нашинецот од славна Дебрца, Наум Тарјчески, мој врсник, и двајцата во поодминати години, со тоа што е тој поастар од мене година дена со корисната активност.

Во преполнетата сала со љубители на македонскиот пишан збор, се слушаше песната и орото на КУД ” Разиграна Македонка” како и рецитирањето поезија создадена од нашиот  Ванчо Николески”.

Еден од симболите и нишаните на македонската државност, основоположникот на литературата за деца и млади. Авторот на клултниот роман “Волшебното самарче”,  на “Гоце Делче”, песната Мице, со која растевме ние во Македонија, но и во цела поранешна Југпославија, зашто Ванчо беше обврзна литература од Гевгелија до Јерсенице.

Јас посебно, затоа што чичко Ванчо беше тој што ми ја всади определбата кон пишување, ми јопредели проифесијата, ми беше и прв комшија, почитувач на моето семејство. Втоиот, ако не и првиот главен члик во “Волшебното Самарче”, од аспект на атифашисточката војана и револуцијата, е мојот дедо Агеле.

Во преполнетата сала во Квинсбејан, со публика удостоена и од нашата амбасадорка на петтио континет,во Камбера,  Биљана Стрефаноска,  Наум Трајчески, низ стиховите и пораките од  песната: Звездени вечери од Ванчо Николески и краткиот говор за  работата на друштвото, испрати порака, за тоа како треба да се  негуваат македонскиот јазик, кириличното писмо и сето тoа да се пренесува на помладите генерации.

Но и потсетување за тоа како треба да се сакаат и почитуваат Македонија, македнскиот јазик,културата и традицијатааво дијаспората , за што говореше нашата амбасадорка Стефаноска.

До доцна во ноќта, ечеа песни се играше  оро со членовите на ” КУД Разиграна Македонка”. Нормално,  програмата беше збогатена со читање поезија од Ванчо Николески од ученици ори Основното училиште “Караб” каде се изучува  македонскиот јазик, со ентузијазмот на учителката Сунчица Мирчевска.

Читаа и учениците од  Македонското училиште “Свети Климент Охридск” и од Канбера со учителката Лидија Трпеска.

Нашинката, Велика Џангаловска Гатсис,го промовираше  романот: “ЗЛОУПОТРЕБА НА ЉУБОВТА” низ речта на секретарот на литературно друштво “Ванчо Николески” Јовица Ѓоргоски .

Следува и  промоција на најновата книга “КЛУЧОТ ЗА ТРАЈНА ЉУБО”В од Снежана Џамбазова Попорданоска

Неверојатно е тоа, истовремено и поразително, што Македoнците,  оддалеку , како и оние од соседните земји, не учат, нас овде, како се сакаат и чувствуваат нишаните на државата.

Оние од Австралија, браќата од Албанија ( Васил Стерјовски), од Бугарија, од Канада.

Во првите години на овој век, во својство на личен птареник на тогашниот премиер Бранко Црвенкоски, патував за Торонто на прослава на радиостаница на македонски јазик, водена од Драгица Лапајкоска, наша, овдешна, по потекло оде Велгошти. Во Црквата, што е повеќе од тода,” Свети Климент Охридски”, за прв пат го запознав отец Царкњас, македонски активист и жртвеник од Грција, но и други Македонци кои ме воодушевија.

Тогаш, за “Утрински весник”, ја  напишав репортажа: “Македонија се гради и од Торонто, како што може да се разградува и во среде Скопје”.

Академик Божин Павловски ја презеде и ја објави во “Македонија денес”, во Мелбурн.

Што да напишам сега, освен: “Македонија се гради и од Квинсбејан, како што може да се разградува и во среде Скопје”.

Нашинците, таму,  го слават мојот прв комшија Ванчо Николески, родоначалникот на литературата за деца и млади во Македонија.

Јас седма година, со друштвото МАЦКОВО, го организирам Балкански поетски камп за млади “Ванчо Николески” , преку Друштвото за литература и култура МАЦКОВО.

Друштвото на писателите на Македонија , пред две години, не ја објави наградата за роман на годината за деца “Ванчо Николески, само поради внатрешните кавги и делби!!!

Министерството за култура ме помогна само три години (кога министри беа етнички Албанци!!!!),а четири ме одби, лани и годинава, последно, пак, со министри Македонци, со политичка припадност –  и од СДСМ и од ВМРО ДПМНЕ.

 Жал ми е што ова го пишувам вака, жал ми е што лугето (читајте – функционерите) ги делам по етничка основа, но пишувам факти, испраќам пораки.

Дај Боже да е проблемот во мене, ама, не е. Добивам образложенија како : “освои 49 бода, а се потребни 51”, или: “манифестацијата не ти е традиционална”!!!

 Лани, за прв пат, дојдоа деца од четирите дела на етничка Македонија, заедно со првите луѓе на македонските политички асоцијации и Албанија, Грција и Бугарија . Со нив се сретна претседателката Гордана Сиљаноска Дафкова, како што пред тоа пет години го правеше Стево Пендаровски.

Секоја година им испраќаше посебно Послание на учесниците. Силјаноска лани не го стори тоа, но, не затоа што не сакала, знае таа од Лавчани кој беше Ванчо Николески, но, затоа што барањето не и го дале советниците!!!

 Нека чита народот нека суди.

И овде во Македонија и насекаде по светот.

Пишува: Веле Митаноски

Најново од: Дијаспора

Семакедонска средба на 14 ноември во Штип

Традиционалната Семакедонска средба годинава ќе се одржи на 14 ноември 2026 година, сабота, со почеток во 12:00 часот, во хотелот „Оаза“ во Штип. Организатори на средбата се Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија „Мирка Гинова“ од Штип и Сојузот на здруженијата на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија „МАКЕДОН“. За […]

Македонија и Македонците ширум светот, поврзани под едно сонце

Обединетата македонска дијаспора (ОМД) ги повикува Македонците ширум светот да се вклучат во „МК Конект“ – платформата на волонтери-дописници на Македонската радио-телевизија и Агенцијата за иселеништво. Платформата произлезе од меморандумот за заемна соработка меѓу двете институции, со цел посилно поврзување на македонските иселеници со татковината. ОМД со гордост ја поддржува иницијативата и го поздравува нејзиниот […]

„Заветна“ — песна за нераскинливата врска со Македонија

Постојат песни во кои љубовта кон татковината се изразува како ветување. Таква е „Заветна“, во изведба на Пепи Бафтировски, со музика на Миле Барбаровски и текст на Георги Барбаровски — песна за страдањето, истрајноста и длабоката поврзаност на човекот со македонската земја. Уште во почетните стихови се навестуваат обидите Македонија да биде премолчена, сокриена и […]

Македонската дијаспора е нераскинлив дел од татковината и партнер во градењето на нејзината иднина

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска во Солинген, Сојузна Република Германија, заедно со членови на Извршниот комитет, присуствуваше на Третата конференција на задграничните комитети на ВМРО-ДПМНЕ. Пред присутните делегати, Мицкоски ги претстави актуелните состојби во Македонија, економските резултати, инфраструктурните инвестиции и предизвиците со кои се соочува државата во услови на глобални енергетски и економски неизвесности. […]

„Повод“ – македонски глас од Сиднеј што ја поврзува дијаспората со татковината

Фиданка Танаскова Најновиот, 79. број на списанието на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј, Австралија носи богат мозаик од книжевни осврти, културни настани и иселенички сведоштва, во служба на македонскиот јазик, култура и идентитет. Списанието „Повод“, едно од најреномираните македонски иселенички гласила во светот,  што го издава Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј, […]

„Т’га за југ“ — песна за секое македонско срце далеку од дома

„Т’га за југ“ од Константин Миладинов е длабоко лична исповед за копнежот по родниот крај. Во неа, далечината се чувствува како студ во душата, а споменот на татковината носи светлина и топлина. Наспроти мракот, маглите и мразовите стојат Охрид, Струга, езерото и родните предели — места во кои поетот чувствува дека припаѓа. Желбата да добие […]

„Чувари на верата и македонскиот идеал“ – во Мелбурн одбележан Денот на македонската револуционерна борба

Со панихида, положување цвеќе пред споменикот на Гоце Делчев и културна програма, македонската заедница оддаде почит на националните дејци и на архиепископот Ангелариј. Под мотото „Чувари на верата и македонскиот идеал“, Македонската православна општина за Мелбурн и Викторија на 24 октомври го одбележа Денот на македонската револуционерна борба – 23 Октомври. На настанот беше одбележана […]

Крис Петровски – од Битола до Холивуд

Актерот со македонски корени ја продолжува филмската приказна на својот роден град и ги охрабрува младите да веруваат во сопствениот талент. Кога ќе се спомене Битола, првите асоцијации се Градот на конзулите, браќата Манаки, филмот, театарот и препознатливата боемска култура. Но, културното богатство на еден град не се мери само со неговото минато. Неговата вистинска […]

To top