Дијаспора

ПОГЛЕДИ НА СТИВ ПЉАКАС КОН ВИСТИНИТЕ ЗА ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА И МАКЕДОНСКИОТ НАРОД (28)

1124

1124

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Стив Пљакас вели дека дека, заповедта „Сакај го ближниот како што се сакаш себе си“.  не се однесувала на времето на Филип Македонски, особено после битката кај Хиронеја (Хајронеја). За жал, оттогаш, од условно речено Првиот Илинден за Македонците до денес, постои антагонизам меѓу Македонците и Грците.

И во литературата е запишано дека, меѓу овие два различни народа и по култура и по јазик, обичаи, боја и по ген, има и омраза и љубов, и верба и борба, омаложување и соработка, и лоши и задни мисли кон ближниот, а, во исто време се негира сè што се поседува, и сето тоа само продолжува да трае на свој начин, за жал кај овие два соседни и христијански народа – грчкиот и македонскиот. Стив вели дека Грците ги мразеле Македонците. Едноставно, сакале да ги снема засекогаш од државата. Да ги збришат од етничката мапа

Стив Пљакас се сеќава на безброј дејства од минатото и раскажува за тоа со извонредна речитост како тоа да се случило денес. Навраќајќи се на живото во Егејска Македонија, потоа за периодот во првите доселенички години, како и при соочувањето со новото и непознатото, раскажува на еден чудесен начин и со големо познавање на настаните, фактите, вистината, судбината, каде што ништо не  е препуштено и подзаборавено, туку сето тоа останало во неговата меморија.

Низ овие страници издвојуваме одделни настани и случувања кои го градат мозаикот на времето и вистината. Кога станува збор за главниот јунак во монографијата, Стив Пљакас, за неговата сопруга  и другите личности со него и до него, тогаш фактите говорат дека станува збор за еден вруток на неисцрпна енергија, а и за вруточно огледало на авторовиот  пристап поради автентичниот расказ и приказ на реалноста.

Инаку, соочувањето со суровата вистина, Стив го има уште во младите години, кога бил сведок на македонското партизанско „Движење за слобода” кое било родено во пазувите на македонските чеда и простори. Токму тоа движење, всушност, претставувало надеж за слобода, себеидентификација, за нивниот опстој во егејскиот дел на Македонија. Таму, каде што патриотизмот бил најсурово  казнуван, при што, не се бирале средства и начини од грчките режими за да се уништува секоја прогресивна и национална искра, мисла и акција во Беломорието.

1125

Стив вели дека Грците ги мразеле Македонците. Едноставно, сакале да ги снема засекогаш од државата. Да ги збришат од етничката мапа, поради што. нагласува дека имало три различни обвиненија против Македонците. Првото било да се биде комунист. Второто, да се биде Бугарин. И третото, кога се буричка во зеницата на окото – да се биде Македонец.

Сигурно дека по едно од овие три обвиненија можело да се најде за секого. И кога еднаш човек ќе биде во вителот на суровоста на грчките острови или казнуван  во затворите само поради тоа што барал правда и вистина, тогаш,  речиси, и да немало надеж за враќање дома.

Стив Пљакас, гледајќи ги маките на својот род, како дете копнеел да се приклучи на Движењето. Копнеел тоа да се случи што побргу. Меѓутоа, поради низата сплет на околности, веќе било доцна за него. Бидејќи до 1949 година завршува сè‘ што било со воените и слободарските предизвици. Гледал и слушал колку се тероризирани и малтретирани оние Македонци кои не сакале да прифатат да се погрчат, или да се откажат и заборават – кој им е македонскиот код, кој им е – македонскиот јазик.

Стравот бил голем, оти не се бирале средства и начини за да се казни напредната мисла, за да се уништи прогресивната идеја. Сурови биле методите. Дури  и под прозорци им доаѓале кодоши-агенти за да наслушнуваат дали во домовите се зборува македонскиот јазик, дали некој ќе запее македонска песна.

Дури и старите луѓе ги натерале да одат на курсеви и вечерни школи за да учат грчки. Но, Македонците храбро, издржливо и патриотски ги претпрпеле и мачеништавата и страдалништвото, ама не се откажале од своето, од македонското.

Продолжува

1SlaveK2 copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Дијаспора

Семакедонска средба на 14 ноември во Штип

Традиционалната Семакедонска средба годинава ќе се одржи на 14 ноември 2026 година, сабота, со почеток во 12:00 часот, во хотелот „Оаза“ во Штип. Организатори на средбата се Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија „Мирка Гинова“ од Штип и Сојузот на здруженијата на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија „МАКЕДОН“. За […]

Македонија и Македонците ширум светот, поврзани под едно сонце

Обединетата македонска дијаспора (ОМД) ги повикува Македонците ширум светот да се вклучат во „МК Конект“ – платформата на волонтери-дописници на Македонската радио-телевизија и Агенцијата за иселеништво. Платформата произлезе од меморандумот за заемна соработка меѓу двете институции, со цел посилно поврзување на македонските иселеници со татковината. ОМД со гордост ја поддржува иницијативата и го поздравува нејзиниот […]

„Заветна“ — песна за нераскинливата врска со Македонија

Постојат песни во кои љубовта кон татковината се изразува како ветување. Таква е „Заветна“, во изведба на Пепи Бафтировски, со музика на Миле Барбаровски и текст на Георги Барбаровски — песна за страдањето, истрајноста и длабоката поврзаност на човекот со македонската земја. Уште во почетните стихови се навестуваат обидите Македонија да биде премолчена, сокриена и […]

Македонската дијаспора е нераскинлив дел од татковината и партнер во градењето на нејзината иднина

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска во Солинген, Сојузна Република Германија, заедно со членови на Извршниот комитет, присуствуваше на Третата конференција на задграничните комитети на ВМРО-ДПМНЕ. Пред присутните делегати, Мицкоски ги претстави актуелните состојби во Македонија, економските резултати, инфраструктурните инвестиции и предизвиците со кои се соочува државата во услови на глобални енергетски и економски неизвесности. […]

„Повод“ – македонски глас од Сиднеј што ја поврзува дијаспората со татковината

Фиданка Танаскова Најновиот, 79. број на списанието на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј, Австралија носи богат мозаик од книжевни осврти, културни настани и иселенички сведоштва, во служба на македонскиот јазик, култура и идентитет. Списанието „Повод“, едно од најреномираните македонски иселенички гласила во светот,  што го издава Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј, […]

„Т’га за југ“ — песна за секое македонско срце далеку од дома

„Т’га за југ“ од Константин Миладинов е длабоко лична исповед за копнежот по родниот крај. Во неа, далечината се чувствува како студ во душата, а споменот на татковината носи светлина и топлина. Наспроти мракот, маглите и мразовите стојат Охрид, Струга, езерото и родните предели — места во кои поетот чувствува дека припаѓа. Желбата да добие […]

„Чувари на верата и македонскиот идеал“ – во Мелбурн одбележан Денот на македонската револуционерна борба

Со панихида, положување цвеќе пред споменикот на Гоце Делчев и културна програма, македонската заедница оддаде почит на националните дејци и на архиепископот Ангелариј. Под мотото „Чувари на верата и македонскиот идеал“, Македонската православна општина за Мелбурн и Викторија на 24 октомври го одбележа Денот на македонската револуционерна борба – 23 Октомври. На настанот беше одбележана […]

Крис Петровски – од Битола до Холивуд

Актерот со македонски корени ја продолжува филмската приказна на својот роден град и ги охрабрува младите да веруваат во сопствениот талент. Кога ќе се спомене Битола, првите асоцијации се Градот на конзулите, браќата Манаки, филмот, театарот и препознатливата боемска култура. Но, културното богатство на еден град не се мери само со неговото минато. Неговата вистинска […]

To top