Дијаспора

ДЕЛ ОД ВИСТИНИТЕ ЗА ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА И МАКЕДОНСКИОТ НАРОД (29)

31111235

31111235

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Стив Пљакас е човек кој многу чита и е многу информиран. Во една пригода тој рече дека една од најголемите христијански заповеди гласи: „Сакај го ближниот како што се сакаш себе си“. Меѓутоа, веднаш додаде дека, оваа заповед не се однесувала на времето на Филип Македонски, особено после битката кај Хиронеја (Хајронеја). За жал, оттогаш, од условно речено Првиот Илинден за Македонците до денес, постои антагонизам меѓу Македонците и Грците.

Стив Пљакас вели дека и во литературата е запишано дека, меѓу овие два различни народа и по култура и по јазик, обичаи, боја и по ген, има и омраза и љубов, и верба и борба, омаложување и соработка, и лоши и задни мисли кон ближниот, а, во исто време се негира сè што се поседува, и сето тоа само продолжува да трае на свој начин, за жал кај овие два соседни и христијански народа – грчкиот и македонскиот.

Дел од оваа вистина сè уште е присутен дури и сега, и многу видови на живот на соседот понекогаш влијаат на иднината на соживотот, бидејќи се фрла темна светлина врз животните патеки, за тие да се претворат во своевидни лавиринти на апсурдот.

За да го потврдиме горното ќе започнеме со фактот  дека во овој момент Егејска Македонија опфаќа голем дел од јужна Македонија и дека во неа, националниот состав на населението претрпел големи етнички промени, особено по Балканските војни и поделбата на Македонија, особено по Ѓраѓанската војна во Грција.

Против Македонците под грчка власт сè уште, континуирано, се води асимилаторска, измачувачка политика и принудно истребување, со единствена цел, да се промени етничкиот состав на Егејска Македонија. Ова продолжува без престан, бидејќи македонскиот народ, според своите обичаи, лингвистички, генетски, етнички, фолклорни, национални и други карактеристики и белези.се разликува од грчкиот измешан народ.

Од тие причини, од првиот момент кога грчката буржоазија започна да ја шири својата моќ над Егејска Македонија, таа има воспоставено брутална политика на физичко истребување на македонскиот народ и промена на етничкиот состав во своја корист.

Така, со намера да ги избрише сите можни траги што потсетуваат на македонскиот карактер во Егејска Македонија, грчката буржоазија, меѓу другото,  усвои закон со кој во ноември 1926 година ги промени македонските со грчки имиња на сите села и градови, лични имиња, планини, полиња, топоними, реки…. Сè што потсетуваше на Македонија и македонскиот народ.

Според Стив Пљакас за време на Граѓанската војна во Грција, во периодот 1946-1949 година, се продолжи со егзодусот на голем број Македонци и припадници на Грчката комунистичка партија. Уште оттогаш, според разните режимски сценарија, Македонците биле сметани како потенцијално неверници кон грчката држава.

311112356

Македонците во дијаспората

Затоа, на 1 октомври 1947година со декрет беше усвоен Закон за одземање на правото на државјанство, што беше проследено со мерки за нивно протерување од  нивните родни места кои се наоѓаат во тогашна Северна Грција, а денес најгласна Македонија, но, се разбира со „грчки карактер“.

Исто така, е факт, кој влезе во црните анали на стариот континент  дека за време на Граѓанската војна во Грција, околу 30.000 деца на возраст од 2 до 14 години, од кои поголемиот дел Македонци, беа протерани во тогашна Југославија и други источно-европски земји.

Во тоа време, повеќе од 50.000 Македонци беа принудени да емигрираат поради тешката и сурова одмазда на која припадниците на македонското национално малцинство беа подложени. Податоците велат дека повеќе од 17.000 починале во Северна Грција.

Продолжува

1SlaveK2 copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Дијаспора

Семакедонска средба на 14 ноември во Штип

Традиционалната Семакедонска средба годинава ќе се одржи на 14 ноември 2026 година, сабота, со почеток во 12:00 часот, во хотелот „Оаза“ во Штип. Организатори на средбата се Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија „Мирка Гинова“ од Штип и Сојузот на здруженијата на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија „МАКЕДОН“. За […]

Македонија и Македонците ширум светот, поврзани под едно сонце

Обединетата македонска дијаспора (ОМД) ги повикува Македонците ширум светот да се вклучат во „МК Конект“ – платформата на волонтери-дописници на Македонската радио-телевизија и Агенцијата за иселеништво. Платформата произлезе од меморандумот за заемна соработка меѓу двете институции, со цел посилно поврзување на македонските иселеници со татковината. ОМД со гордост ја поддржува иницијативата и го поздравува нејзиниот […]

„Заветна“ — песна за нераскинливата врска со Македонија

Постојат песни во кои љубовта кон татковината се изразува како ветување. Таква е „Заветна“, во изведба на Пепи Бафтировски, со музика на Миле Барбаровски и текст на Георги Барбаровски — песна за страдањето, истрајноста и длабоката поврзаност на човекот со македонската земја. Уште во почетните стихови се навестуваат обидите Македонија да биде премолчена, сокриена и […]

Македонската дијаспора е нераскинлив дел од татковината и партнер во градењето на нејзината иднина

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска во Солинген, Сојузна Република Германија, заедно со членови на Извршниот комитет, присуствуваше на Третата конференција на задграничните комитети на ВМРО-ДПМНЕ. Пред присутните делегати, Мицкоски ги претстави актуелните состојби во Македонија, економските резултати, инфраструктурните инвестиции и предизвиците со кои се соочува државата во услови на глобални енергетски и економски неизвесности. […]

„Повод“ – македонски глас од Сиднеј што ја поврзува дијаспората со татковината

Фиданка Танаскова Најновиот, 79. број на списанието на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј, Австралија носи богат мозаик од книжевни осврти, културни настани и иселенички сведоштва, во служба на македонскиот јазик, култура и идентитет. Списанието „Повод“, едно од најреномираните македонски иселенички гласила во светот,  што го издава Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј, […]

„Т’га за југ“ — песна за секое македонско срце далеку од дома

„Т’га за југ“ од Константин Миладинов е длабоко лична исповед за копнежот по родниот крај. Во неа, далечината се чувствува како студ во душата, а споменот на татковината носи светлина и топлина. Наспроти мракот, маглите и мразовите стојат Охрид, Струга, езерото и родните предели — места во кои поетот чувствува дека припаѓа. Желбата да добие […]

„Чувари на верата и македонскиот идеал“ – во Мелбурн одбележан Денот на македонската револуционерна борба

Со панихида, положување цвеќе пред споменикот на Гоце Делчев и културна програма, македонската заедница оддаде почит на националните дејци и на архиепископот Ангелариј. Под мотото „Чувари на верата и македонскиот идеал“, Македонската православна општина за Мелбурн и Викторија на 24 октомври го одбележа Денот на македонската револуционерна борба – 23 Октомври. На настанот беше одбележана […]

Крис Петровски – од Битола до Холивуд

Актерот со македонски корени ја продолжува филмската приказна на својот роден град и ги охрабрува младите да веруваат во сопствениот талент. Кога ќе се спомене Битола, првите асоцијации се Градот на конзулите, браќата Манаки, филмот, театарот и препознатливата боемска култура. Но, културното богатство на еден град не се мери само со неговото минато. Неговата вистинска […]

To top