Дијаспора

СТИВ ПЉАКАС – ПРЕТСЕДАТЕЛ НА МПЦ „СВЕТИ КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ ОД ТОРОНТО (33)

avst5

avst5 avst56

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Стив раскажува за учеството  на македонските иселеници на Референдумот во Канада. Гласачките места биле отворени во Торонто и во Виндзор во црковните храмови „Свети Климент Охридски”, „Свети Илија” и „Свети Никола”, како и во паркот „Обединети Македонци”.  По пребројувањето на гласовите резултатот бил уште поимпозантен – 99 % биле за самостојна Македонија. Следеше меѓународната верификација. Признавањата од светот почнаа од Софија, па натаму Анкара, Москва…

Признавањата од светот продолжија. Многу беше битно што на наша страна застанаа и Соединетите Американски Држави. Обединетата македонска организација ги немала потребните американски линкови, па затоа, вели Стив Пљакас, стапиле во контакт со Македонската патриотска организација МПО од Гери, Индијана. Им сториле абер со зборовите: „Ако сте, како што тврдите, македонска организација, тогаш ајде да работиме заедно.”

– Ние подготвивме резолуција и се согласивме дека засилено ќе работиме на признавањето на нашата татковина, истакнува тој. Потписи на Резолуциајта ставаат двете организации – Стив Пљакас за Обединетата македонска организација од Канада и Иван Лебамов за Македонската патриотска организација од САД, стои регистрирано во аналите.

Од тој ден па натаму, значи од 8 септември, Владата на Република Македонија и македонскиот народ запловија по својот суверен, самостоен пат. А ние, вели Пљакас, продолживме и еве, до ден-денес, сите заедно работиме за доброто на Македонците, за доброто на македонската држава. Надежта умира последна. А ние се надеваме дека еден ден Македонија ќе биде обединета.

Секако, како тажен ден за нас беше, нагласува тој, во 1992 година кога Македонија ја предаде нашата историја и го смени знамето со сонце со шеснаесет зраци на кралот Филип и Александар Македонски. Знаеме под каква присила и уцена,  под какви околности беше сторено тоа.

Но, треба да се има предвид дека Македонија никогаш нема да се обедини без нашето знаме со сонцето. Се радуваме на новата, наша суверена држава, на Македонија, но мораме да се вратиме и да не ги заборавиме нашите корени во етничка Македонија.

avst567 

Св. Климент во Торонто

На почетокот на новото столетие, во 2000 година, во Македонската православна црква „Свети Климент Охридски“ во Торонто беше одржан еден од најзначајните избори. Така, соборниот храм „Свети Климент Охридски“ доби нова управа од 21 член. За претседател беше избран познатиот бизнисмен и донатор Стив Пљакас.

 Во состав на Управата беа избрани, и тоа, за потпретседатели: Бил Поповскии и Михајло Дика, за секретар Митко Роштанковски, помошник секретар д-р Енди Плуковски, а благајници Дени Глобочки и Иљо Шуклиновски. Освен Извршниот одбор, изгласани беа и 10 членови на Управата.

Новото раководство на чело со Стив Пљакас во својата Програма се залагаше за афирмација на македонската заедница во Торонто и пошироко, за заживување на активностите на сите постојни секции, формирање на Комитет за работа со младите, соработка со Синодот на МПЦ, интензивирање на информативната и образовната дејност, како и подготовка и печатење  на Правилникот на црквата „Свети Климент Охридски“.

Црквата на која Стив Пљакас беше претседател од 2000 до 2002 година е стожер на најголемиот број активности што Македонците ги развиваат во Торонто и пошироко и претставува мотив повеќе за изразување на љубовта и почитта кон родната земја Македонија. Црквата „Свети Климент Охридски“ е најголем центар на раселените од сите делови на Македонија. Таа е место на другарување на Македонците од седум до седумдесет и седум годишна возраст. Со други зборови, таа е македонски центар за поколенијата.

Продолжува

slavek 1 copy copy copy

Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Дијаспора

Семакедонска средба на 14 ноември во Штип

Традиционалната Семакедонска средба годинава ќе се одржи на 14 ноември 2026 година, сабота, со почеток во 12:00 часот, во хотелот „Оаза“ во Штип. Организатори на средбата се Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија „Мирка Гинова“ од Штип и Сојузот на здруженијата на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија „МАКЕДОН“. За […]

Македонија и Македонците ширум светот, поврзани под едно сонце

Обединетата македонска дијаспора (ОМД) ги повикува Македонците ширум светот да се вклучат во „МК Конект“ – платформата на волонтери-дописници на Македонската радио-телевизија и Агенцијата за иселеништво. Платформата произлезе од меморандумот за заемна соработка меѓу двете институции, со цел посилно поврзување на македонските иселеници со татковината. ОМД со гордост ја поддржува иницијативата и го поздравува нејзиниот […]

„Заветна“ — песна за нераскинливата врска со Македонија

Постојат песни во кои љубовта кон татковината се изразува како ветување. Таква е „Заветна“, во изведба на Пепи Бафтировски, со музика на Миле Барбаровски и текст на Георги Барбаровски — песна за страдањето, истрајноста и длабоката поврзаност на човекот со македонската земја. Уште во почетните стихови се навестуваат обидите Македонија да биде премолчена, сокриена и […]

Македонската дијаспора е нераскинлив дел од татковината и партнер во градењето на нејзината иднина

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска во Солинген, Сојузна Република Германија, заедно со членови на Извршниот комитет, присуствуваше на Третата конференција на задграничните комитети на ВМРО-ДПМНЕ. Пред присутните делегати, Мицкоски ги претстави актуелните состојби во Македонија, економските резултати, инфраструктурните инвестиции и предизвиците со кои се соочува државата во услови на глобални енергетски и економски неизвесности. […]

„Повод“ – македонски глас од Сиднеј што ја поврзува дијаспората со татковината

Фиданка Танаскова Најновиот, 79. број на списанието на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј, Австралија носи богат мозаик од книжевни осврти, културни настани и иселенички сведоштва, во служба на македонскиот јазик, култура и идентитет. Списанието „Повод“, едно од најреномираните македонски иселенички гласила во светот,  што го издава Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј, […]

„Т’га за југ“ — песна за секое македонско срце далеку од дома

„Т’га за југ“ од Константин Миладинов е длабоко лична исповед за копнежот по родниот крај. Во неа, далечината се чувствува како студ во душата, а споменот на татковината носи светлина и топлина. Наспроти мракот, маглите и мразовите стојат Охрид, Струга, езерото и родните предели — места во кои поетот чувствува дека припаѓа. Желбата да добие […]

„Чувари на верата и македонскиот идеал“ – во Мелбурн одбележан Денот на македонската револуционерна борба

Со панихида, положување цвеќе пред споменикот на Гоце Делчев и културна програма, македонската заедница оддаде почит на националните дејци и на архиепископот Ангелариј. Под мотото „Чувари на верата и македонскиот идеал“, Македонската православна општина за Мелбурн и Викторија на 24 октомври го одбележа Денот на македонската револуционерна борба – 23 Октомври. На настанот беше одбележана […]

Крис Петровски – од Битола до Холивуд

Актерот со македонски корени ја продолжува филмската приказна на својот роден град и ги охрабрува младите да веруваат во сопствениот талент. Кога ќе се спомене Битола, првите асоцијации се Градот на конзулите, браќата Манаки, филмот, театарот и препознатливата боемска култура. Но, културното богатство на еден град не се мери само со неговото минато. Неговата вистинска […]

To top