Дијаспора

АНТИЧКИТЕ МАКЕДОНСКИ КОРЕНИ НА ХИМАЛАИТЕ ПРЕНЕСЕНИ ОД РАЗЛИЧНИ ИЗВОРИ (34)

1321 copy

1321 copy

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Според книгата на Канаѓанецот Џон Тобе „Народот Ханза”, во уставот на таа хималајска држава пишува дека Калешите се потомци на Александар Македонски и неговите генерали. Знамето им е црвено, со златно сонце со осум зраци. Во поново време прифатиле исламска религија, но си ги чуваат своите стари традиции. Стив Пљакас и Мајкл А. Димитри на патувањето во Пакистан наишле на интересна симболика – сонце и розета од цвеќето здравец. Инаку, цвеќето здравец се наоѓа во кругот во средината на сонцето на златниот ковчег од Кутлеш (Вергина – Палатица) и е придружен елемент, речиси, насекаде во Македонија заедно со сонцата

 Според текстот во „Нова Македонија“, објавен на 2 октомври 1995 година, а се однесува на патувањето на Стив Пљакас, меѓу другото, се вели дека на Хималаите, во најисточниот дел од Пакистан, живее племе кое се разликува од сите наоколу. Тие се високи и русокоси. Имаат своја автономна држава која ја нарекуваат Ханза или Најза-кут, а говорат бурошаски јазик и се сметаат себеси за Македонци, потомци на Александар.

За нив македонската јавност за првпат дозна во 1992 година преку контакта емисија на МТВ. Македонците од Австралија, Америка и Канада веќе подолго време пројавуваат интерес за нив и летово беше испратена извидувачка екипа да прибере првични податоци на самото место.

Според книгата на Канаѓанецот Џон Тобе „Народот Ханза”, во уставот на таа хималајска држава пишува дека се потомци на Александар Македонски и неговите генерали. Знамето им е црвено, со златно сонце со осум зраци. Во поново време прифатиле исламска религија, но си ги чуваат своите стари традиции.

Во книгата „Дневникот на полковникот Лоример“, издадена во Норвешка во 1934 година, се наоѓа извесен фонд зборови на тој народ. Германскиот експерт за санскрит д-р Херман Бергер, во 1935 година објави студија во која за јазикот на народот Ханза, бурошаскиот јазик, вели дека според мелодичноста наликува на баскискиот јазик.

Баскискиот јазик, пак, има акцент на третиот слог од десно налево, исто како македонскиот јазик, а д-р Олга Луковиќ-Пјановиќ, по триесетгодишна работа на Сорбона, напиша дека Баскијците „говорат српски“, подразбирајќи ја под тоа Цвијиќевата теза од 1937 година, дека најархаични зборови има во „српскиот“ јазик од околината на Велес.

Д-р Херман Бергер ја исклучи можноста за сличност на тој јазик со грчкиот. Од пред извесно време во Австралија м-р Илија Чашуле ги проучува зборовите од „Дневникот на полковник Лоример“. Притоа има издвоено околу 200 зборови кои ги групира, главно, како македонски, извесен дел влашки, малку албански и сосема ретко грчки.

Д-р Лидија Славеска, пак, утврди многу повеќе сличности на мноштво од тие зборови според етимолошка анализа. Илија Чашуле, на пример, укажува дека има зборови кои се зачувани единствено во сегашниот македонски јазик со исто значење: ’рмбам, барам…

Според кажувањата на Македонците од Торонто, Џон Тобе собрал близу 1.000 зборови кои ги разбирале Македонците. Меѓутоа, при обидот да ги презентира во Атина пред дваесеттина години како нов доказ за потеклото на Александар Македонски според неговиот јазик зачуван кај потомците на Хималаите, тој не се вратил од Грција каде што „ненадејно“ починал дента кога требало да го презентира својот труд.

Меѓу Македонците на Хималаите престојуваше телевизиска екипа од Шведска која во 1982 година прикажа емисија во која Македонците од Шведска препознаа македонско оро, музика, инструменти и носии. Во 1988 година шведската телевизија прикажа нов филм (со компарација) „Folken frum Balkane“ во кој е направена паралела меѓу снименото на Хималаите и снименото во Македонија, во Истибања, Кочанско, со локалното фолклорно друштво. Сличностите биле за вчудоневидување.

Во месец јули 1995 година на сопствен трошок прва македонска екипа отиде меѓу луѓето што се сметаат себеси за потомци на Македонците на Александар Македонски. Собраниот  снимен материјал допрва треба да се проучи од фолклористи, лингвисти и други стручњаци од други области за потоа, по потреба , да се испрати специјализирана експедиција.

Првата импресија од патеписот на Стив Пљакас предизвикува интересирање. На пример, за синооките и русокоси на Хималаите со компарација во изворите. Македонците во античко време во изворите се опишани како русокоси и високи (Плутарх, Квинт Куртиј Руф). Самиот Александар имал руса коса, златеста и едно сино око, а неговиот војсководец Еригеј имал, речиси, бела коса.

1322
Игри на Калешите

Во описот од Куртиј Руф пред навлегувањето во Индија, Македонците се опишани така што неколку тамошни народи не им стигнувале до рамениците, што е релативен поим. Антрополошките мерења на коските на Пеонците во Република Македонија говорат за релативно високи луѓе за тоа време (161-171 см, па и повеќе).

Стив Пљакас и проф. Мајкл А. Димитри, чие потекло е од Егејска Македонија, на патувањето во Пакистан наишле на интересна симболика – сонце и розета од цвеќето здравец. Цвеќето здравец се наоѓа во кругот во средината на сонцето на златната касета со коските на Филип Македонски во Кутлеш (Вергина) и е придружен елемент, речиси, насекаде во Македонија заедно со сонцата. Тоа цвеќе во облик на типична македонска розета е, исто така, соларен симбол.

Со разни стилизации го има во магацините во музеите на Македонија во Скопје на најмалку 130 камени стели, но тие се затворени и непристапни за посетителите. Ората и танците кои ги виделе двајцата посетители, според описот на Пљакас, наликуваат на „тешкото” или на други ора снимени од шведската телевизија.

Во прилог на погоре наведеното, треба да се напомене дека во последните дваесетина години, голем број автори од Македонија и македонската дијаспора објавија бројни дела кои се однесуваат на античката историја на Македонија.

Така, пријателите на Стив Пљакос, академик Антоније Шкокљев-Дончо и Славе Николовски-Катин се автори на книгите „Придонесот на Македонија на светската цивилизација“, на македонски јазик, „Македонска искра“, Скопје 2004, 1-346, „Од Панонија до Егеј“, на македонски јазик, „Македонска искра“, Скопје 2007, 1-196, додека А. Шкокљев, С. Катин и Р. Стефов се автори на книгите „Македонија во античко време“, на англиски јазик, „Македонска искра“, Скопје 2010, 1-232, и на „Балканот и Македонија“, на англиски јазик „Контура“, Скопје, 2014, 1-306. Исто така, Славе Николовски-Катин го превел од англиски на македонски романот „Александар Велики (Македонски)“ од Урлих Вилкен, „Мисла“, 1988, 1-387.

Исто так, бизнисменот Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, пријател и соборец на Стив Пљакас е автор на книгата „Македонска империја“ 356 – 323 п.н.е, која претставува значаен придонес во расветлувањето на ликовите на Филип и Александар Македонски.

Продолжува

slavek 1 copy copy copy copy

Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Дијаспора

Семакедонска средба на 14 ноември во Штип

Традиционалната Семакедонска средба годинава ќе се одржи на 14 ноември 2026 година, сабота, со почеток во 12:00 часот, во хотелот „Оаза“ во Штип. Организатори на средбата се Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија „Мирка Гинова“ од Штип и Сојузот на здруженијата на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија „МАКЕДОН“. За […]

Македонија и Македонците ширум светот, поврзани под едно сонце

Обединетата македонска дијаспора (ОМД) ги повикува Македонците ширум светот да се вклучат во „МК Конект“ – платформата на волонтери-дописници на Македонската радио-телевизија и Агенцијата за иселеништво. Платформата произлезе од меморандумот за заемна соработка меѓу двете институции, со цел посилно поврзување на македонските иселеници со татковината. ОМД со гордост ја поддржува иницијативата и го поздравува нејзиниот […]

„Заветна“ — песна за нераскинливата врска со Македонија

Постојат песни во кои љубовта кон татковината се изразува како ветување. Таква е „Заветна“, во изведба на Пепи Бафтировски, со музика на Миле Барбаровски и текст на Георги Барбаровски — песна за страдањето, истрајноста и длабоката поврзаност на човекот со македонската земја. Уште во почетните стихови се навестуваат обидите Македонија да биде премолчена, сокриена и […]

Македонската дијаспора е нераскинлив дел од татковината и партнер во градењето на нејзината иднина

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска во Солинген, Сојузна Република Германија, заедно со членови на Извршниот комитет, присуствуваше на Третата конференција на задграничните комитети на ВМРО-ДПМНЕ. Пред присутните делегати, Мицкоски ги претстави актуелните состојби во Македонија, економските резултати, инфраструктурните инвестиции и предизвиците со кои се соочува државата во услови на глобални енергетски и економски неизвесности. […]

„Повод“ – македонски глас од Сиднеј што ја поврзува дијаспората со татковината

Фиданка Танаскова Најновиот, 79. број на списанието на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј, Австралија носи богат мозаик од книжевни осврти, културни настани и иселенички сведоштва, во служба на македонскиот јазик, култура и идентитет. Списанието „Повод“, едно од најреномираните македонски иселенички гласила во светот,  што го издава Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј, […]

„Т’га за југ“ — песна за секое македонско срце далеку од дома

„Т’га за југ“ од Константин Миладинов е длабоко лична исповед за копнежот по родниот крај. Во неа, далечината се чувствува како студ во душата, а споменот на татковината носи светлина и топлина. Наспроти мракот, маглите и мразовите стојат Охрид, Струга, езерото и родните предели — места во кои поетот чувствува дека припаѓа. Желбата да добие […]

„Чувари на верата и македонскиот идеал“ – во Мелбурн одбележан Денот на македонската револуционерна борба

Со панихида, положување цвеќе пред споменикот на Гоце Делчев и културна програма, македонската заедница оддаде почит на националните дејци и на архиепископот Ангелариј. Под мотото „Чувари на верата и македонскиот идеал“, Македонската православна општина за Мелбурн и Викторија на 24 октомври го одбележа Денот на македонската револуционерна борба – 23 Октомври. На настанот беше одбележана […]

Крис Петровски – од Битола до Холивуд

Актерот со македонски корени ја продолжува филмската приказна на својот роден град и ги охрабрува младите да веруваат во сопствениот талент. Кога ќе се спомене Битола, првите асоцијации се Градот на конзулите, браќата Манаки, филмот, театарот и препознатливата боемска култура. Но, културното богатство на еден град не се мери само со неговото минато. Неговата вистинска […]

To top