Дијаспора

БИЗНИСМЕНОТ СТИВ ПЉАКАС И ПРОФ. МАЈКЛ А. ДИМИТРИ ПО ТРАГИТЕ НА АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ ДО ХИМАЛАИТЕ – ДЕЛ I (35)

11 copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

11 copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Во репортерскиот запис на Стив Пљакас од октомври 1995 година, се вели дека по тригодишно планирање, проучување и сонување за патувањето, конечно сонот стана реалност. На 25 јули 1995 година јас и Мајкл Китли, пристигнавме на аеродромот во Равалпинди, поранешен главен град на Пакистан. Беше околу девет часот наутро и паѓаше ситна роса. Не знаевме дека во тој дел од светот преовладува монсунската сезона. Чувствувавме дека сè е под контрола.

Имавме однапред платен билет од Пинди до Гилгит, кој е оддалечен 700 километри по воздушен пат. Побаравме такси и се упативме кон претставништвото на Пакистан Ерлајнс, каде што, на наше изненадување, дознавме дека сите летови за Гилгит или долината Читрал се откажани. Се обидовме да резервираме билети за следниот ден, но ни одговорија да ги посетиме следниот ден околу 11 часот.

Разочарани, го замоливме возачот да нè одведе во хотел.каде забележавме дека ниту во предворјето, а ниту, пак, на улиците немаше жени. Паметиме дека жените кои патуваа во авионот од Манчестер беа ноншалантно облечени, но како што се приближувавме кон нашата дестинација тие се пресоблекуваа во муслимански алишта и ставаа накит на себе од глава до пети. Мажите носеа широки вреќасти панталони и кошула или наметка од рамењата до потколената.

Првиот судир поради различните култури го доживеавме со менаџерот на хотелот. Побаравме соба за двајца, за која рече дека ќе чини 30 американски долари, но ни предложи, прво, да појадуваме додека во меѓувреме тие ја подготват собата. По појадокот, менаџерот ни кажа дека собата не е слободна, но ни понуди подобра за 38 американски долари која ја прифативме.

Откако се одморивме, решивме да прошетаме и да разгледаме наоколу. Улиците беа преполни, сообраќајот се одвиваше во сите насоки од возила, кочии што ги влечат коњи, велосипеди и луѓе кои се движат пеш, постоеше константен застој, но никој не предизвикуваше незгода и како никој да не му ослободува пат на другиот.

Насекаде имаше мали возила „сузуки”, но по улиците немаше питачи, иако стануваше збор за центарот на Пакистан. Ако заминете кон густо населениот југ, ќе забележите питачи и арамии. Луѓето беа мошне љубезни и сите беа облечени во исти алишта, потенцирам во исти. Насекаде само мажи, млади и стари, но не и жени.

Животниот стандард е многу низок, но за сите е исти, така што ниту еден не чувствува дека се разликува од другите. Верував дека единственото нешто што ќе нè спаси е што дома ги примивме сите вакцини. Работите не се многу чисти, а исто така не постои никаква помош од владата, додека образованието се помага само до трето одделение. Никаков алкохол не е дозволен, ниту, пак, некакви дроги. Тоа, едноставно, претставува илегална работа. Единствена дрога се цигарите и тие се користат дури со рекламирање.

Бидејќи знаевме дека аеродромот повторно е затворен следниот ден, најмивме приватно такси да нè одвезе до Гилгит. На околу 300 километри од автопатот, сообраќајот беше запрен. Излеговме да видиме за што се работи и на наше изненадување забележавме одрон од планината, додека патот беше затрупан со големи камења и кал. Ги запрашавме претставниците на армијата кога ќе биде расчистен патот и ни одговорија дека ќе бидат потребни барем два дена.

Ја зедов камерата и почнав да се однесувам како турист. Пределот беше спектакуларен, едноставно прекрасен. Високи планини извишени до небото, со надојдена река на дното од кањонот. Насекаде луѓе. Некои решија да минат покрај одронот и да продолжат кон нивните дестинации. Ние решивме да се вратиме назад.

Бевме бесни и многу, многу лути. Мислевме дека сме осудени. Се вративме во Пинди, но повторно немаше летови ниту, пак, слободен пат. Следниот ден, односно два дена подоцна, по појадокот се упативме кон пакистанската влада. Таму им раскажавме за целта на нашето патување. Претставникот беше мошне љубезен и ни кажа да не сметаме на летовите бидејќи дури и да се расчистат облаците, предност ќе имаат владините претставници затоа што летовите се откажани веќе една недела. Можеме да земеме џип за четворица или да останеме тука до крајот на одморот.

Добро беше што кај себе ги имавме картичките на „Виза“, иако плаќавме уште дваесет отсто за нивно користење, бидејќи немавме картички на „Американ експрес“, а тие не примаа други картички или туристички чекови. Зацртавме нов курс – наместо прво да ја посетиме долината Ханза, ќе одиме на запад кон долината Читрал и народот Калеши. Сметав дека тоа е одлична дестинација, бидејќи знаев многу за народот Калеши.

111 copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

Александар Македонски

Првиот интересен момент на патот кон долината Читрал ни го посочи возачот. Тоа беше патот што го изградил Александар Македонски и неговата армија. Патот водеше од Кабул, Авганистан, до Калкута, Индија. Застанавме да направиме неколку снимки и чекоревме по трагите на Александар Македонски. Се чувствував многу возбуден, бидејќи по 2300 години ние, јас и Мајкл Китли, сме првите Македонци кои се наоѓаат таму. Треба да го посетите местото за да ги почувствувате овие емоции.

Како што одевме понатаму, возачот повторно ни посочи една од тесните патеки по која одел Александар. Патеката носи име Малаканд, а на некои места е калдрмисана, но, во најголема должина не се пошироки од 130 сантиметри (четири стапки). Меѓутоа, и покрај сè, патиштата што ги изградила војската на Александар Македонски се навистина солидни.

Верувам дека Македонците се меѓу првите градители на патиштата, а во тоа време и немало друг начин за патување освен со друмски сообраќај што најмногу го користела војската. Голем дел на патеката сосема е руиниран и само кратки делови од патеката му одолеале на забот на времето.

Населението во тие региони е многу трудољубиво. Тие од планините прават прекрасни градини. Исто така, мрежата за наводнување што тие ја изградиле е нешто навистина несекојдневно. Секое место и секое домаќинство имаат донесено вода во своите дворови. Сето тоа е постигнато со помош на методите користени за промена на текот на реките и за изградба на аквадукти.

Ако подетално ги анализирате, ќе заклучите дека овие луѓе имаат карактеристични сини очи и руси коси. Физички, сосема се разликуваат од муслиманските Пакистанци и, всушност, мразат кога некој ќе ги нарече Пакистанци, бидејќи не се тоа. Мајкл и јас дури се шегувавме со нив како да ни се браќа. Како што денот се ближеше кон својот крај, решивме да ја поминеме ноќта во градот Дир. И во овој град можеше да се види голем број наши „браќа и сестри”.

Продолжува

slavek 1 copy copy copy copy copy

Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Дијаспора

Македонските православни верници во Салцбург добија нова црковна општина

Со првата Света Архиерејска Литургија, отслужена по повод празникот Рождество на Пресвета Богородица, на 19 септември беше означен почетокот на организираниот црковен живот на македонските православни верници во Салцбург и околината. Новата црковна општина ќе дејствува во рамките на Македонската православна црква – Охридска архиепископија. Македонските православни верници во Салцбург и околината добија нова црковна […]

Реџиналд де Бреј – угледен славист, поет, научник и македонист

Д-р Реџиналд Артур де Бреј беше составувач на новиот „Македонско-англиски толковен речник“. При посетата на главниот град на Австралија во 1992 година, авторот на овие редови, Славе Катин, го посети и домот на професорот д-р Реџиналд Артур де Бреј, член на Македонската академија на науките и уметностите надвор од работниот состав и професор на Австралискиот […]

Патот до успехот на Македонецот Роб Спасевски од Мелбурн

Од врвен фудбалер до успешен фудбалски тренер – тоа е пат исполнет со талент, дисциплина, жртви, искуство и постојана желба за победа. Додека кариерата на теренот бара физичка подготвеност, инстинкт и фудбалска умешност, преминувањето на тренерската клупа носи нови предизвици: тактичко знаење, психолошка зрелост, способност за мотивирање и, пред сè, лидерство. Таков пат изодел Роб […]

Соопштение на Централниот совет на Македонците во Германија против актуелните антимакедонски напади во бугарскиот парламент

Берлин, 13 септември 2026 Централниот совет на Македонците во Германија (Zentralrat der Makedonen in Deutschland e.V.) најостро ги осудува најновите историско-ревизионистички и шовинистички изјави, како и официјалната парламентарна иницијатива на бугарскиот пратеник Костадин Костадинов, поднесена на 11 септември 2026 година. Под изговор на спортски настан, Костадин Костадинов ја искористи говорницата на Народното собрание на Република […]

Академик Виктор Фридман – американски лингвист и бранител на македонската вистина

Пријатели на Македонија Виктор Фридман е американски лингвист, славист, македонист, балканист, граматичар и социолингвист, еден од најпознатите балкански слависти во светот. Ученик на Збигњев Голомб, еден од основачите на американската македонистика, Фридман работи во рамките на функционалната структуралистичка теорија на јазикот. Тој е надворешен член на Македонската академија на науките и уметностите од 1994 година […]

Лиана Коњарски од Мелбурн – најдобра одбојкарка во Премиер 1 лигата на Викторија

Македонката Лиана Коњарски од Мелбурн постигна голем спортски успех во Австралија. Со својот клуб „Yarra Ranges Volleyball Club“ ја освои шампионската титула во женската Премиер 1 конкуренција, а нејзините одлични игри беа крунисани со две големи индивидуални признанија – за највреден играч (MVP) и за најдобар техничар (Best Setter) во лигата. Гордост и радост владеат […]

Дијаспората заборавени од историската слика за 8-ми септември

Идејата за самостојна Македонија не се роди непосредно пред референдумот во 1991 година. Таа долго живееше меѓу македонците во дијаспората, дури и кога јавното залагање за независност можеше да донесе прогон, затвор и уништен живот. По повод 8 Септември – Денот на независноста и 35-годишнината од создавањето на самостојната македонска држава, под покровителство на претседателката […]

Европратеничката Ирена Јовева – бранител на македонскиот јазик и македонскиот идентитет

Европската Унија е наднационален и меѓувладин сојуз на европски држави. Под ова име е основана во 1993 година, со Договорот за Европската Унија, познат како Договорот од Мастрихт. Сепак, голем број нејзини институции и механизми постоеле и претходно, врз основа на договорите што датираат уште од 1951 година. Активностите на Европската Унија опфаќаат бројни области […]

To top