Дијаспора

БИЗНИСМЕНОТ СТИВ ПЉАКАС И ПРОФ. МАЈКЛ А. ДИМИТРИ ПО ТРАГИТЕ НА АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ ДО ХИМАЛАИТЕ – ДЕЛ II (36)

8903 copy copy

8903 copy copy

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Стив Пљакас иформира дека на влезот во долината Калеш ги чекаше извонредна природна убавина. Изобилство реки што течат и исчезнуваат, овошни градини – главно кајсии, сливи и грозје. Во вегетацијата преовладуваат мали парцели, почва поредени во планинскиот масив на кој расте свеж зеленчук. Во регионот има две жетви годишно на иста почва. Но, и покрај тоа, опстанокот не им е сигурен, бидејќи недостасува земја погодна за обработување

Тргнавме во прошетка по главната улица. Имавме можност да разгледаме помали дуќанчиња каде што се продаваше сè што може да се замисли. Во еден ресторан испивме планински чај, пробавме лепиња ’чипати’, сплескано тркалезно лепче, што на Исток го нарекуваат пита. Бевме понудени со јогурт или како што јас го викам – киселкав крем, како и со извонредна порција краставички, јогурт и лук.

Следното утро заминавме за Читрал, град и долина со исто име. До Читрал требаше да поминеме уште стотина километри. Тоа е провинциски регион без сообраќајници или не такви какви што ние подразбираме под тој термин. Патот на многу места е блокиран со потоци, одрон на карпи и буици. Сега ми станува јасно зошто жителите останале да живеат во изолација.

Се искачивме на височина од 3.200 метри (10.500 стапки), беше студено и дуваше силен ветер и ако ви се случи да застанете на работ на провалијата, ветерот може лесно да ве турне в бездна. Застанавме да испиеме чај во друштвото на едно домаќинство кое живее и работи во овој далечен регион. Од нив купивме овчо сирење да ни се најде попат. Брзината со која се движевме не беше поголема од 10 до 20 километри на час.

Така бавно пристигнавме во долината Читрал. Таа навистина е прекрасна. Една река ја сече долината точно на половина. Луѓето се русокоси, со сини очи, меѓутоа, ве потсетувам дека меѓу „белите“ има и црномурести или како што тие себеси се нарекуваат – калеши.

Жално е, но, изолираните цивилизации не влијаат секогаш позитивно врз нивните соседи или пак врз цели региони. Сепак, доаѓа време кога тие ќе мора да прифатат промени, а со бранот на промени неповратно се изгубени невиноста и старите традиции. Јас и Мајкл стигнавме во Читрал токму навреме.

Преку ден ги запишував моите впечатоци според личното искуство. Рано следното утро, или да бидам уште попрецизен, на 29 јули 1995 година, заминавме од Читрал во друга долина – таканаречената долина Калеш.

Ни требаше два и пол часа возење по најнесигурен пат што може да се замисли. Но, всушност, тоа и не е пат. Ако не возевме џип, немаше да стигнеме далеку. Насекаде имаше одрони од камења, така што патот беше опасен. Во еден миг, нашиот возач – муслиман запраша дали можеме да застанеме за да се помоли. Се согласивме и го замоливме во молитвата да нè спомене и нас.

На патот кон долината Калеш, бевме запрени од едно униформирано лице кое нè запраша каде и зошто патуваме, побара да го кажеме бројот на пасошот и должината на нашиот престој. Нормално, моравме да му платиме. Ни кажа дека ова е гранично подрачје и дека населението не сака Пакистанци.

На влезот во долината Калеш нè чекаше извонредна природна убавина. Изобилство реки што течат и исчезнуваат, овошни градини – главно кајсии, сливи и грозје. Во вегетацијата преовладуваат мали парцели, почва поредени во планинскиот масив на кој расте свеж зеленчук. Во регионот има две жетви годишно на иста почва. Но, и покрај тоа, опстанокот не им е сигурен, бидејќи недостасува земја погодна за обработување.

За да добијат вакви површини, населението ќе треба, најпрвин, да ги отстрани карпите, да изгради хоризонтални бариери од камен за да се оневозможи ерозија на земјиштето со што ќе се овозможи свртување на почвата и потоа да се почне со процес на расадување.

И сега во овие услови ќе биде неопходно да бидат изградени аквадукти за наводнување  на почвата. Тој нè поведе до гробиштата и ни го опиша обичајот при закоп на мртвите. Додаде дека пред речиси 50 години тие ги поставувале ковчезите на површината на земјата. Ова било обичај усвоен од Авганистан, но од неодамна и повторно ги закопуваат мртвите во земјата. Момчето ни покажа место каде што се собираат за време на прославите.

8904

Девојче од Калешите во народна носија

Тоа е една градба од отворен тип, само со конструкција и кров. Просторот се користи во летата. Тоа е идеално место за танц и бендисување. Исто така, забележавме многу дрворези и дрвени столбови. На еден ваков дрворез се наоѓаше македонското цвеќе здравец и покрај тоа што ова цвеќе го нема никаде во Калеш.

Заминавме во светилиштето. Се најдовме во една затворена одаја повторно украсена со резби на ѕидовите и со столбови, кои исто така имаа форма на изгрејсонцето, знаме на Александар.  Запрашавме на која религија тие ѝ припаѓаат, а тие ни одговорија дека веруваат во Господ и доколку човек прави добри дела во овој живот, во другиот живот ќе замине на прекрасно место, а доколку е злобен, ќе оди во пеколот и вечно ќе страда.

Тие не се Пакистанци и нив воопшто не ги сакаат. Во нивниот храм видов знак на крст – тие овде не се молат, туку пеат и танцуваат. Кога ја завршивме нашата посета, седнавме да се одмориме и да јадеме. За време на оваа починка, дознавме дека од постарите сонародници и од туѓинци слушнале за Александар Македонски.

Исто така, им било кажано дека тие имаат сини очи и светол тен бидејќи се потомци на Александар Македонски. Во сите земји што ги освоил Александар, живееле Македонци. Ги запрашав дали знаат каде бил погребан Александар, а тие одговорија можеби во Багдад.

Секоја недела тие организираат танчарски вечери во различни села. Во долината Калеш се лоцирани три села. Истата вечер бевме поканети да присуствуваме на нивниот селски танц. Се разбира, ја прифативме поканата и во 21 часот отидовме во отворениот двор каде што единствено танцуваа девојките, на возраст од 8 до 16 години. Тие танцуваа како сите Македонци – со ороводец, рамо до рамо, со испружени раце. Помладите девојки се во центарот на орото, а постарите поназад. Мажите само набљудуваа.

Сите девојки беа облечени во народни носии, украсени со богат вез. Музичката придружба се состоеше од двајца тапанари кои додека удираа на тапаните во исто време и пееја. Девојките пееја и играа. Ми беше кажано дека мажите играат во текот на денот. Овој младешк вечерен  танц траеше до полноќ или до еден часот наутро.

Следниот ден само што се зазори, ние повторно се вративме во нивниот храм и покрај тоа што тие не го викаат така. Снимивме уште неколку фотографии, а потоа се упативме кон друга долина за да запознаеме нови луѓе. Меѓутоа, моравме да патуваме по истиот мошне лош пат. Тогаш се потсетив на филмот „Изгубени хоризонти“ во кој главните јунаци се бореа со снежната бура и вејавици, а ние се боревме со камења и вода во непознатите предели од далечната земја.

Продолжува

slavek 1 copy copy copy copy copy copy

Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Дијаспора

Семакедонска средба на 14 ноември во Штип

Традиционалната Семакедонска средба годинава ќе се одржи на 14 ноември 2026 година, сабота, со почеток во 12:00 часот, во хотелот „Оаза“ во Штип. Организатори на средбата се Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија „Мирка Гинова“ од Штип и Сојузот на здруженијата на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија „МАКЕДОН“. За […]

Македонија и Македонците ширум светот, поврзани под едно сонце

Обединетата македонска дијаспора (ОМД) ги повикува Македонците ширум светот да се вклучат во „МК Конект“ – платформата на волонтери-дописници на Македонската радио-телевизија и Агенцијата за иселеништво. Платформата произлезе од меморандумот за заемна соработка меѓу двете институции, со цел посилно поврзување на македонските иселеници со татковината. ОМД со гордост ја поддржува иницијативата и го поздравува нејзиниот […]

„Заветна“ — песна за нераскинливата врска со Македонија

Постојат песни во кои љубовта кон татковината се изразува како ветување. Таква е „Заветна“, во изведба на Пепи Бафтировски, со музика на Миле Барбаровски и текст на Георги Барбаровски — песна за страдањето, истрајноста и длабоката поврзаност на човекот со македонската земја. Уште во почетните стихови се навестуваат обидите Македонија да биде премолчена, сокриена и […]

Македонската дијаспора е нераскинлив дел од татковината и партнер во градењето на нејзината иднина

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска во Солинген, Сојузна Република Германија, заедно со членови на Извршниот комитет, присуствуваше на Третата конференција на задграничните комитети на ВМРО-ДПМНЕ. Пред присутните делегати, Мицкоски ги претстави актуелните состојби во Македонија, економските резултати, инфраструктурните инвестиции и предизвиците со кои се соочува државата во услови на глобални енергетски и економски неизвесности. […]

„Повод“ – македонски глас од Сиднеј што ја поврзува дијаспората со татковината

Фиданка Танаскова Најновиот, 79. број на списанието на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј, Австралија носи богат мозаик од книжевни осврти, културни настани и иселенички сведоштва, во служба на македонскиот јазик, култура и идентитет. Списанието „Повод“, едно од најреномираните македонски иселенички гласила во светот,  што го издава Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј, […]

„Т’га за југ“ — песна за секое македонско срце далеку од дома

„Т’га за југ“ од Константин Миладинов е длабоко лична исповед за копнежот по родниот крај. Во неа, далечината се чувствува како студ во душата, а споменот на татковината носи светлина и топлина. Наспроти мракот, маглите и мразовите стојат Охрид, Струга, езерото и родните предели — места во кои поетот чувствува дека припаѓа. Желбата да добие […]

„Чувари на верата и македонскиот идеал“ – во Мелбурн одбележан Денот на македонската револуционерна борба

Со панихида, положување цвеќе пред споменикот на Гоце Делчев и културна програма, македонската заедница оддаде почит на националните дејци и на архиепископот Ангелариј. Под мотото „Чувари на верата и македонскиот идеал“, Македонската православна општина за Мелбурн и Викторија на 24 октомври го одбележа Денот на македонската револуционерна борба – 23 Октомври. На настанот беше одбележана […]

Крис Петровски – од Битола до Холивуд

Актерот со македонски корени ја продолжува филмската приказна на својот роден град и ги охрабрува младите да веруваат во сопствениот талент. Кога ќе се спомене Битола, првите асоцијации се Градот на конзулите, браќата Манаки, филмот, театарот и препознатливата боемска култура. Но, културното богатство на еден град не се мери само со неговото минато. Неговата вистинска […]

To top