Дијаспора

СТИВ ПЉАКАС И НЕГОВАТА ПОСВЕТЕНОСТ НА МАКЕДОНИЈА (38)

5435

5435

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Да се пишува за минатото и сегашноста за Егејска Македонија, за поделена Македонија е одговорна задача, но истовремено причинува големо задоволство. Тоа е причина што често се вели дека Македонија е најубавата земја на Балканот, а егејскиот дел на Македонија е срцевината на таа македонска убавина. И не случајно, зашто на тие простори некогаш било седиштето на македонската држава на Филип и Александар Македонски и на бројни знајни и незнајни јунаци. Ете зошто нивните потомци блеснуваат на хоризонтите на македонската иселеничка галаксија, со харизма каква што можат да имаат само ѕвездите на македонското небо.

Според зборовите на Стив Пљакас: „Мајката природа на Егејска Македонија ѝ подарила богатство од убавини и атрактивности. Во исто време, историјата ѝ оставила непроценливи траги од значајни настани. Затоа Македонците од Егејска Македонија каде и да се во родниот крај или надвор од него, се радуваат со сето тоа што го има во сите делови на поделена Македонија, се гордеат и го чуваат таквото богатство за идните генерации.

Егејска Македонија е земјата со чие име уште во античките времиња се означувала малата покраина во непосредна близина на Пела – престолнината на античкото Македонско Царство. Во тоа време Македонија го опфаќала просторот меѓу денешното исушено Пазарско Езеро и долниот тек на реката Вардар.

Но, со проширувањето на границите на Македонското Царство, постепено пораснала и областа означена со името Македонија, која античките Македонци ја делеле на Горна и Долна Македонија, пред сè, заради нејзините географски карактеристики на просторот. Сепак, таквата поделба на Македонија има политичко, културно, воено и административно значење“, вели Стив.

Инаку, Македонија како географски регион го зафаќа средишниот дел на Балканскиот Полуостров, просторот што на север е заграден со планините: Шар Планина, Скопска Црна Гора, Козјак, Осогово и Рила, а на југ со реката Бистрица и брегот на Егејското Море, до утоката на реката Места. Бигла и вододелниците на младонабраните планини Кораб, Јабланица, Грамос и Пинд ја заградуваат Македонија од запад, а од исток реката Места и западните делови на Родопските Планини. Во овие граници Македонија зафаќа простор од 67.741,2 квадратни километри.

Долна Македонија, пак, за разлика од Горна Македонија, е претежно рамничарска земја. Таа на југ ја ограничуваат водите на Егејско Море, на југозапад водите на Термајскиот Залив и Перијанските Планини, на запад планините Вермион, Ворас и Пајко, на север планинските масиви на Балкан, а на исток ридестата разделница меѓу долините на реките Вардар и Струма. Реката Вардар ја дели Долна Македонија на источна и западна; западната половина на Долна Македонија физички и географски е карактеристична по централната рамнина создадена од наносите на реките Вардар, Бистрица, Лудијас и Галикос.

Оваа плодна земја (со површина од околу 1.500 квадратни километри) на југ ја ограничуваат водите на Термајскиот Залив, на југозапад планините на Перија, на запад планината Вермион, на север планината Пајко, а на исток реката Вардар.

Денес, Егејска Македонија опфаќа голем дел од Долна Македонија. Од вкупната површина на Македонија, егејскиот дел на Македонија зафаќа 34.153 квадратни километри, половин од цела Македонија. На север се граничи со Вардарска и Пиринска Македонија, како што се денешните граници на Грција спрема север, на запад со Албанија и Епир, од кои ја делат планините Иван и Пинд. На југ граничната линија достига до Тесалија, од која се разделува со планините Камвунија, Перија и Олимп и се мие од Егејското Море, а на исток досега до реката Места.

Стив Пљакас го има речено следното: „Карактеристиките на релјефот на Егејска Македонија се состојат во тоа што планините ја делат земјата на многубројни мали и големи низини и котлини, со голем број реки и езера. Според денешната администрација на Грција, Егејска Македонија е поделена на следните окрузи: Костурски, Кожански, Лерински, Воденски, Кукушки, Солунски, Серски, Драмски, Кавалски и Халкидиски округ.

Македонија е историско и географско подрачје чие име потекнува од памтивека. Таа е спомната како земја на неколку места и во Библијата и многумина патеписци ја имаат доживеано како библиска земја.

54355

Сите кои ја опишале Македонија во поодминатата и поновата историја, се фасцинирани од неа. Затоа се вели дека Македонија е земја на премрежја, но и земја на убавина, земја на мистерии, каде народот на своите плеќи почувствувал освојувања, империи, промени и бројни непријателски јареми. Меѓутоа, таа ја задржала својата волшебност и своето име.

Од времето на Александар Македонски, преку владеењето на Рим и Византија и преку големите миграции на Славјаните на југ, Македонија била раскрсница на различни цивилизации, култури, ре-лигии, јазици и народи. Во текот на овој долг и богат временски период, само два народа имаат право да се наречат дека се дел од идентитетот на земјата, а тоа се античките Македонци и Македонците денес“.

Почнувајќи од IV век па наваму христијанството како религија преовладува на овие простори. Тоа го потврдуваат археолошките откритија и бројните христијански цркви, епископалните катедрали, базиликите, крстилниците и другите сакрални објекти со големи димензии, кои покажуваат дека христијанството длабоко се закоренило и добро се организирало во Македонија од самиот почеток па до денес.

Пред доаѓањето на Турците во XIV век, Македонија била земја во преродба, со фасцинантна уметност, богата средновековна литература, еден симбол на цивилизацијата. Меѓутоа, отоманските Турци го уназадиле временското движење и затоа почнала долга борба за опстанок.

Така, во духот на ограбувањата на отоманските Турци, исламизацијата, ширена долго време, суровиот феудален систем, нивните најразлични завојувачки походи, тешкотиите и страдањата предизвикани од тоа, ќе остават длабок и болен белег на духовниот пејзаж на Македонија, правејќи ја предворје каде што се вкрстуваат Западот со Истокот.

Балканските војни ќе го означат ослободувањето на Македонија од турскиот јарем, но тие ќе ја обележат трагичната поделба на Македонија од страна на Грција, Бугарија и Србија а подоцна и од Албанија, поради што ќе следат уште погруби состојби и дискриминација врз македонскиот народ. Најголемата катастрофа на XX век – Втората светска војна, на Македонија и го донесе Вториот Илинден и одлуките од АСНОМ, со кои се остварија вековните стремежи – создавањето на македонската држава.

Имено, преку активното учество во антифашистичката борба за време на Втората светска војна, Македонците стекнаа слобода и тоа само во еден дел од својата територија, Вардарска Македонија, која ќе се конституира како Народна Република Македонија, подоцна Социјалистичка Република Македонија, а од 1991 година Република Македонија.

Конечно, на крајот од вториот милениум се случи Третиот Илинден, кога Република Македонија стана независна, самостојна и суверена држава која го гради својот независен демократски развој.

Продолжува

slavek 1 copy copy copy copy copy copy copy copy

Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Дијаспора

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

Македонците во Њујорк го кренаа знамето среде дожд и невреме за 35 години независност

Можат да се обидуваат да нè избришат. Но, и во еден ваков бурен и мрачен ден… ние сме тука. Над сто Македонци и пријатели на Македонија се собраа во срцето на Њујорк, покажувајќи дека љубовта кон татковината е посилна од дождот и невремето. На 26 септември 2026 година, и покрај дождот и силното невреме што […]

Никола Тесла – светски научник чии пронајдоци ја променија модерната цивилизација

Големиот научник Никола Тесла се почитува и слави и во Хрватска и во Србија и во Соединетите Американски Држави и во целиот свет. Тоа го потврдуваат современите проучувачи на ликот и делото на Никола Тесла, кои го нарекуваат “Човекот што го измислил дваесеттиот век“ и “светецот – заштитник на модерниот електрицитет.“ Никола Тесла беше научник, […]

Вратени 16.952 текста објавувани од 2009 до 2026 година на порталот „Македонска нација“

Зачуван е најголемиот дел од богатата архива на порталот — текстовите повторно се достапни за читателите, а со нови материјали продолжуваме да го збогатуваме македонското историско и културно наследство. Во април 2026 година порталот „Македонска нација“ стана недостапен. Не знаеме со сигурност дали стануваше збор за хакерски напад или за друг проблем. За да продолжиме […]

Браќа и сестри Македонци, каде и да сте!

Оваа порака доаѓа од вашата татковина – од Македонија. Од земја со древна историја, богата култура и дух што никогаш не се откажал. Вашата врска со Македонија е крвна, духовна и семејна. Таа тече низ јазикот што го зборуваме, писмото што го пишуваме, песните што ги пееме и спомените што ги носиме со себе. Тоа е […]

To top