Дијаспора

МАКЕДОНИЈА – СВЕТЛАТА ТОЧКА ЗА СТИВ ПЉАКАС (39)

121

121

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Според Стив Пљакас треба да се нагласи следното: „Националниот состав на населението во Егејска Македонија има претрпено големи етнички промени, особено по Балканските војни и поделбата на Македонија. До Балканските војни македонското население во Егејска Македонија било најбројно. Македонците под грчка власт биле и сè уште се изложени на асимилаторска тортура и присилна емиграција, со единствена цел да се измени етничкиот состав на Македонија.

Меѓутоа, Македонците не само што постоеле, постојат, туку и ќе постојат, зашто не е лесно да се искорени еден народ, таму каде што живеел со векови и покрај сите мерки на насилство и денационализација.

На Македонците им давале најразлични национални имиња, настојувајќи негативно да се влијае врз нивната свест, наречувајќи ги: Словени, каури, рисјани, македонски Словени, Македослави, Славомакедонци, Бугари, бугарски Словени, македонски Бугари, Срби, Јужносрбијанци, Грци, македонски Грци, гркомани, бугарофони, славофони.

Но, како и да биле нарекувани, тие биле и си останале Македонци, а сите имиња со кои Македонците биле нарекувани поради историските, општествените и политичките услови, можат и треба да се асптрахираат, бидејќи тоа се само многу имиња за еден ист поим, кој означува еден напатен, разделен народ со трагична судбина, народ којшто може да се сретне насекаде по светот.

Македонскиот народ, според своите карактеристики и обичаи, јазично и етнички и е туѓ на Грција. Од тие причини грчката буржоазија од првиот момент кога ја проширила својата власт над Егејска Македонија, изградила политика на физичко истребување на македонскиот народ и менување на етничкиот состав во своја корист. Тоа го прифатила како основно средство, уште повеќе што обилните материјални средства дотогаш вложувани преку Патријаршијата и училиштата во Македонија, не го дале бараниот резултат.

Грчката буржоазија, со цел да го избрише секој белег што потсетува на македонскиот карактер на Егејска Македонија, во ноември 1926 година донела Закон за замена на македонските топоними со грчки имиња на селата и градовите, називите на планините, полињата, реките итн. Тој Закон е објавен во службениот весник на грчката влада “Elimeristis kivemiseos” бр. 332 од 21 ноември 1926 година, а во истиот весник бр. 346, објавени се новите грчки имиња“, заклучува овој човек од Егејска Македонија.

Таму, во Егејска Македонија, се наоѓа селото Зелениче, родното место на Стив Пљакас, каде тој како дете поминал пријатни и тажни времиња. Таму денес владее национално и политичко ропство, таму грчките националисти и шовинисти прават големи заложби да го обезличат македонскиот национален дух и да го уништат и длабоко да го закопаат богатото историско и културно минато на македонскиот народ од Егејска Македонија

Потресните приказни за присилата на 28.000 деца, на возраст од 2 до 15 години, во 1948 година кога беа разделени од родителите, допреа до многу срца. Самите страдалници раскажуваа за патувањата до југословенската граница исцрпени, уплашени, гладни и жедни, многумина и болни.

Од средбата во Скопје беше упатено барање до Атина и таа, како останатиот цивилизиран свет, да ги тргне рампите кои ги спушти за Македонците родени во Егејска Македонија. Да ги тргне разноразните методи на присила и закани и апсурдните изговори, само да не им биде дозволено на Македонците да појдат во своите родни места

Една од посетите на Лили и Стив Пљакас на Република Македонија беше во 1988 година, а поводот беше,  Првата светска средба на децата прогонети од родниот праг во Егејска Македонија во 1948 година.

Стив како претседател на организацијата „Обединети Македонци” од Торонто, заедно со Лили беа добредојдени и драги учесници на големата свеченост по повод јубилејот од голготата на македонските чеда од грчкиот режим.

Всушнот, тоа беше ден на разделените и преживеаните. Кога од сите страни на светот пристигнаа сонародници кои како деца не биле поштедени од монархофашистичката суровост. Многумина од нив не се виделе никогаш повеќе откако заминале од своите родни места пред четириесет години и биле распрснати по белосветските дестинации на спасот и надежта. Секој  со својата судбина, секој со својата приказна.

Низ скопските улици, сали и музеи, во семејните кругови, во етерот на радиобрановите и на ТВ – програмите, насекаде допре гласот на вистината. Колку ли трогателни изјави можеа да се чујат, колку пораки беа испратени од македонските мајки, баби, синови, ќерки, татковци, дедовци и внуци, поради страшните последици од егзодусот. И по четириесет години останале длабоки траги на тага  и непребол во кревките души за изгубеното детство и младост, за проклетството на разделените.

Силен беше гласот на Македонците во осудата на сите зла од дискриминации, обесправеност, човекови и национални трагедии од теророт и геноцидот врз македонското население.

Колку ли пати можеше да се слушне мислата и гневот – за каква ли колевка на демократијата би можело да се зборува за Грција, кога таа не ги почитувала ниту основните човекови и национални права кои ги гарантираат меѓународните конвенции, закони и декларации. Пред сè, законите на Обединетите нации, хелсиншките документи, европските стандарди и другите права.

Продолжува

slavek 1 copy copy copy copy copy copy copy copy copy

Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Дијаспора

Семакедонска средба на 14 ноември во Штип

Традиционалната Семакедонска средба годинава ќе се одржи на 14 ноември 2026 година, сабота, со почеток во 12:00 часот, во хотелот „Оаза“ во Штип. Организатори на средбата се Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија „Мирка Гинова“ од Штип и Сојузот на здруженијата на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија „МАКЕДОН“. За […]

Македонија и Македонците ширум светот, поврзани под едно сонце

Обединетата македонска дијаспора (ОМД) ги повикува Македонците ширум светот да се вклучат во „МК Конект“ – платформата на волонтери-дописници на Македонската радио-телевизија и Агенцијата за иселеништво. Платформата произлезе од меморандумот за заемна соработка меѓу двете институции, со цел посилно поврзување на македонските иселеници со татковината. ОМД со гордост ја поддржува иницијативата и го поздравува нејзиниот […]

„Заветна“ — песна за нераскинливата врска со Македонија

Постојат песни во кои љубовта кон татковината се изразува како ветување. Таква е „Заветна“, во изведба на Пепи Бафтировски, со музика на Миле Барбаровски и текст на Георги Барбаровски — песна за страдањето, истрајноста и длабоката поврзаност на човекот со македонската земја. Уште во почетните стихови се навестуваат обидите Македонија да биде премолчена, сокриена и […]

Македонската дијаспора е нераскинлив дел од татковината и партнер во градењето на нејзината иднина

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска во Солинген, Сојузна Република Германија, заедно со членови на Извршниот комитет, присуствуваше на Третата конференција на задграничните комитети на ВМРО-ДПМНЕ. Пред присутните делегати, Мицкоски ги претстави актуелните состојби во Македонија, економските резултати, инфраструктурните инвестиции и предизвиците со кои се соочува државата во услови на глобални енергетски и економски неизвесности. […]

„Повод“ – македонски глас од Сиднеј што ја поврзува дијаспората со татковината

Фиданка Танаскова Најновиот, 79. број на списанието на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј, Австралија носи богат мозаик од книжевни осврти, културни настани и иселенички сведоштва, во служба на македонскиот јазик, култура и идентитет. Списанието „Повод“, едно од најреномираните македонски иселенички гласила во светот,  што го издава Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј, […]

„Т’га за југ“ — песна за секое македонско срце далеку од дома

„Т’га за југ“ од Константин Миладинов е длабоко лична исповед за копнежот по родниот крај. Во неа, далечината се чувствува како студ во душата, а споменот на татковината носи светлина и топлина. Наспроти мракот, маглите и мразовите стојат Охрид, Струга, езерото и родните предели — места во кои поетот чувствува дека припаѓа. Желбата да добие […]

„Чувари на верата и македонскиот идеал“ – во Мелбурн одбележан Денот на македонската револуционерна борба

Со панихида, положување цвеќе пред споменикот на Гоце Делчев и културна програма, македонската заедница оддаде почит на националните дејци и на архиепископот Ангелариј. Под мотото „Чувари на верата и македонскиот идеал“, Македонската православна општина за Мелбурн и Викторија на 24 октомври го одбележа Денот на македонската револуционерна борба – 23 Октомври. На настанот беше одбележана […]

Крис Петровски – од Битола до Холивуд

Актерот со македонски корени ја продолжува филмската приказна на својот роден град и ги охрабрува младите да веруваат во сопствениот талент. Кога ќе се спомене Битола, првите асоцијации се Градот на конзулите, браќата Манаки, филмот, театарот и препознатливата боемска култура. Но, културното богатство на еден град не се мери само со неговото минато. Неговата вистинска […]

To top