Дијаспора

НА СРЕДБАТА НА ДЕЦАТА ПРОГОНЕТИ ОД ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА ВО СКОПЈЕ ВО 1988 ГОДИНА (40)

5 copy copy copy copy copy copy copy copy

5 copy copy copy copy copy copy copy copy

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Од средбата во Скопје беше упатено барање до Атина и таа, како останатиот цивилизиран свет, да ги тргне рампите кои ги спушти за Македонците родени во Егејска Македонија. Да ги тргне разноразните методи на присила и закани и апсурдните изговори, само да не им биде дозволено на Македонците да појдат во своите родни места. Да си ги посетат домовите ако не им се пеплосани и опустошени. Да запалат свеќи на вечните почивалишта на блиските и во храмовите, ако не се изгорени.

А дека продолжува дискриминаторското и нецивилизирано однесување од страна на режимите во Атина, беше уште еден непобитен доказ кога на општо разочарување, од граничните премини кон Грција, беа вратени полните автобуси со Македонци, учесници на Светската средба во Скопје.

Имено, по завршувањето на првата средба на некогашните деца-бегалци, десетици и десетици од нив со канадски, американски, австралиски и разни европски пасоши, тргнаа кон границата за да ги посетат местата во кои се родиле и од каде беа протерани. Наидоа на затворена гранична рампа, беа вратени со некои апсурдни, штури трагикомични образложенија или без нив. Но, главно е, дека се вратени како непожелни, неподобни и како опасни елементи по безбедноста на Грција.

Тоа се вртеше во одговорите на границата што предизвика многу горчина, гнев, бескрајно чудење и солзи кај оние кои поминаа стотици и илјадници километри и отидоа со надеж дека граничната рампа нема да биде затворена. По таквата ситуација, огромен беше револтот и кај сите Македонци, како и кај многумина од светот што беа дојдени да ја следат средбата во Македонија, а кои ја знаат трагичната судбина, бидејќи беа добро информирани за илјадниците деца прогонети под воена закана.

И кога како малечки дечиња, голем број од нив во раце беа носени по долгите и тешки патеки кон Република Македонија, односно кон тогашната Југославија и други земји, и со една единствена цел – само за да бидат спасени од најлошото сценарио на грчките режими.

Колку ли биле трагични сцените кога децата биле одделувани од своите мајки и татковци, од своите најблиски: брат, сестра, дедо и баба и кога најблиските се откорнуваа од коренот свој. Сиот тој емоционален набој и сплетот на околности уште повеќе ги сплоти Македонците, па средбата беше манифестација на национално единство и своевиден семакедонски парламент, составен од пратеници од сите континенти и меридијани.

55 copy copy copy 

Дел од средбата на децата прогонети

Потресните приказни за присилата на 28.000 деца, на возраст од 2 до 15 години, во 1948 година кога беа разделени од родителите, допреа до многу срца. Самите страдалници раскажуваа за патувањата до југословенската граница исцрпени, уплашени, гладни и жедни, многумина и болни. Со влезот на македонска територија биле веднаш разместувани и упатувани во детски домови и разни прифатни центри и институции, не само во тогашна Југославија, туку и во Полска, Чехословачка, Русија, Романија, Унгарија, Бугарија и други земји.

Во историските анали останува дека Граѓанската војна во Грција (1946-49) го наметна проблемот со децата-бегалци што мораа да бидат спасувани пред налетот на монархо-фашистите, како и од бомбардирањата, гладот и болестите. Боси, слабо облечени, обземени со тага и болка во детската душа како ли пропешачиле толку многу километри низ планини и полиња, со цел да се  извлечат од канџите на смртта.

Прогонството засекогаш ја измени етничката структура во егејскиот дел на Македонија. Се поткопуваа  ли   темелите на идниот опстој, кога најмладата популација Македончиња, беа десеткувани. Илјадници неповратно заминаа, распрснати по светот. Голем број никогаш повеќе не се видоа, никогаш повеќе не се вратија. Судбината нив засекогаш ги раздели.

Таговни беа средбите во Скопје и другите градови кога едвај се препознаваа, а биле толку блиски или најсвои. Се гушеа од емоции во долгите прегратки споделувајќи ги братско-сестринските чувства. На изложбите на старите фотографии се бараа да се најдат каде се. Шетаа од слика до слика. Некои ќе се препознаеја, а други не. На свечената академија одекнаа силните пораки до светот, никогаш повеќе да не се повтори нешто слично, како тој што беше еден од најголемите егзодуси во современа Европа.

Првата средба на децата-бегалци на јубилејната годишнина одржана од 30 јуни до 3 јули 1988 година во Македонија, беше одлично изорганизирана од домаќините, како смотра на сплотеноста, припадноста и единството, каде и да се Македонците. Тоа беше еден од најмасовните собири на Македонци од сите делови и континенти одржани во Македонија. Всушност, тоа беше средба на децата-бегалци кои ја имаа судбината на откорнатите од родните огништа.

Некои не успеаја никогаш да добијат влез на грчките граници бидејќи биле ставени на црната листа како опасни за Грција.Целата атмосфера, многуте животни стории, многуте средби и другите манифестации длабоко допреа до чувствата на Стив и Лили Пљакас.

Продолжува

slavek 1 copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Дијаспора

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

Македонците во Њујорк го кренаа знамето среде дожд и невреме за 35 години независност

Можат да се обидуваат да нè избришат. Но, и во еден ваков бурен и мрачен ден… ние сме тука. Над сто Македонци и пријатели на Македонија се собраа во срцето на Њујорк, покажувајќи дека љубовта кон татковината е посилна од дождот и невремето. На 26 септември 2026 година, и покрај дождот и силното невреме што […]

Никола Тесла – светски научник чии пронајдоци ја променија модерната цивилизација

Големиот научник Никола Тесла се почитува и слави и во Хрватска и во Србија и во Соединетите Американски Држави и во целиот свет. Тоа го потврдуваат современите проучувачи на ликот и делото на Никола Тесла, кои го нарекуваат “Човекот што го измислил дваесеттиот век“ и “светецот – заштитник на модерниот електрицитет.“ Никола Тесла беше научник, […]

Вратени 16.952 текста објавувани од 2009 до 2026 година на порталот „Македонска нација“

Зачуван е најголемиот дел од богатата архива на порталот — текстовите повторно се достапни за читателите, а со нови материјали продолжуваме да го збогатуваме македонското историско и културно наследство. Во април 2026 година порталот „Македонска нација“ стана недостапен. Не знаеме со сигурност дали стануваше збор за хакерски напад или за друг проблем. За да продолжиме […]

Браќа и сестри Македонци, каде и да сте!

Оваа порака доаѓа од вашата татковина – од Македонија. Од земја со древна историја, богата култура и дух што никогаш не се откажал. Вашата врска со Македонија е крвна, духовна и семејна. Таа тече низ јазикот што го зборуваме, писмото што го пишуваме, песните што ги пееме и спомените што ги носиме со себе. Тоа е […]

To top