Дијаспора

ПРОФЕСОР Д-Р ВИОЛЕТА АЧКОСКА ПРОГЛАСЕНА ЗА ПОЧЕСЕН ЧЛЕН ВО ЛИТЕРАТУРНОТО ДРУШТВО „ГРИГОР ПРЛИЧЕВ“ ОД СИДНЕЈ

violeta

violeta

Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј на својот редовен состанок ја прифати номинацијата за прогласување на почесен член на проф. д-р Виолета Ачкоска.

Виолета Ачкоска е доктор по историски науки, универзитетски професор во пензија, најголем дел од својот работен век го поминала на  Филозофскиот факултет во Скопје, на Универзитот „Св. Кирил и Методиј“. Родена е во Охрид на 4 септември 1954 година. Во 1977 година дипломирала на Филозофскиот факултет во Скопје, група Историја. На истиот факултет магистрирала во 1988 и докторирала во 1993 година со темата: „Аграрот и селото во Македонија 1945-1955 година“.  

Во 1978 се вработила во Марксистичкиот центар „Мито Хаџи василев – Јасмин“ како стуручен соработник од областа на историјата. Во 1989 година преминува во Институтот за национална историја, најпрво како аситент, а по докторирањето стекнува степен научен соработник и самостоен научен советник. Десет години потоа се вработува како професор на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Институт за историја.

Досегашните објавени трудови на Виолета Ачкоска се однесуваат, главно на следниве научни области: Историја на Македонија и македонскиот народ, најнов век, при што поголемиот број посветила на социјалната историја, потоа на политичката историја  (меѓуетничките односи и репресијата во комунизмот), историјата на образованието и културната историја; Теорија – Методологијата на историската наука, Историја на историографијата, Методиката на наставата по историја.

Како професор на Филозофскиот факултет, во рамките на првиот и вториот степен на студии предавала повеќе предмети од политичката и економската историја на Македонија, Методиката на наставата по историја и Методологија.

Ачкоска е автор на околу 45 монографии, учебници, учебни помагала и други историографски изданија, автор на стотина научни статии, на 30 сценарија за документарни филмови, на неколку музејски концепции и на различни написи, фељтони, интервјуа итн. Со пишување поезија и проза се занимава од ученички денови. По нејзиното пензионирање, покрај истражувањата на најновата историја, објави 7 самостојни збирки поезија и е застапена во над 60 домашни и меѓународни групни изданија.

Како јавна личност, проф. д-р Виолета Ачкоска неколку децении е во првите редови во одбраната на македонското име, идентитет, јазик и историја, при што настапуваше на бројни трибини, митинзи и протести ширум Македонија со своја реч. Таа е присутна во јавноста со учество во различни медиуми.

Инаку проф. д-р Виолета Ачкоска е дваесет и седми почесен член во ова Друштво кое четириесет и седум години го штити и негува македонскиот јазик и култура во Австралија.

1Dusan copy

Душан Ристевски

Најново од: Дијаспора

Семакедонска средба на 14 ноември во Штип

Традиционалната Семакедонска средба годинава ќе се одржи на 14 ноември 2026 година, сабота, со почеток во 12:00 часот, во хотелот „Оаза“ во Штип. Организатори на средбата се Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија „Мирка Гинова“ од Штип и Сојузот на здруженијата на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија „МАКЕДОН“. За […]

Македонија и Македонците ширум светот, поврзани под едно сонце

Обединетата македонска дијаспора (ОМД) ги повикува Македонците ширум светот да се вклучат во „МК Конект“ – платформата на волонтери-дописници на Македонската радио-телевизија и Агенцијата за иселеништво. Платформата произлезе од меморандумот за заемна соработка меѓу двете институции, со цел посилно поврзување на македонските иселеници со татковината. ОМД со гордост ја поддржува иницијативата и го поздравува нејзиниот […]

„Заветна“ — песна за нераскинливата врска со Македонија

Постојат песни во кои љубовта кон татковината се изразува како ветување. Таква е „Заветна“, во изведба на Пепи Бафтировски, со музика на Миле Барбаровски и текст на Георги Барбаровски — песна за страдањето, истрајноста и длабоката поврзаност на човекот со македонската земја. Уште во почетните стихови се навестуваат обидите Македонија да биде премолчена, сокриена и […]

Македонската дијаспора е нераскинлив дел од татковината и партнер во градењето на нејзината иднина

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска во Солинген, Сојузна Република Германија, заедно со членови на Извршниот комитет, присуствуваше на Третата конференција на задграничните комитети на ВМРО-ДПМНЕ. Пред присутните делегати, Мицкоски ги претстави актуелните состојби во Македонија, економските резултати, инфраструктурните инвестиции и предизвиците со кои се соочува државата во услови на глобални енергетски и економски неизвесности. […]

„Повод“ – македонски глас од Сиднеј што ја поврзува дијаспората со татковината

Фиданка Танаскова Најновиот, 79. број на списанието на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј, Австралија носи богат мозаик од книжевни осврти, културни настани и иселенички сведоштва, во служба на македонскиот јазик, култура и идентитет. Списанието „Повод“, едно од најреномираните македонски иселенички гласила во светот,  што го издава Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј, […]

„Т’га за југ“ — песна за секое македонско срце далеку од дома

„Т’га за југ“ од Константин Миладинов е длабоко лична исповед за копнежот по родниот крај. Во неа, далечината се чувствува како студ во душата, а споменот на татковината носи светлина и топлина. Наспроти мракот, маглите и мразовите стојат Охрид, Струга, езерото и родните предели — места во кои поетот чувствува дека припаѓа. Желбата да добие […]

„Чувари на верата и македонскиот идеал“ – во Мелбурн одбележан Денот на македонската револуционерна борба

Со панихида, положување цвеќе пред споменикот на Гоце Делчев и културна програма, македонската заедница оддаде почит на националните дејци и на архиепископот Ангелариј. Под мотото „Чувари на верата и македонскиот идеал“, Македонската православна општина за Мелбурн и Викторија на 24 октомври го одбележа Денот на македонската револуционерна борба – 23 Октомври. На настанот беше одбележана […]

Крис Петровски – од Битола до Холивуд

Актерот со македонски корени ја продолжува филмската приказна на својот роден град и ги охрабрува младите да веруваат во сопствениот талент. Кога ќе се спомене Битола, првите асоцијации се Градот на конзулите, браќата Манаки, филмот, театарот и препознатливата боемска култура. Но, културното богатство на еден град не се мери само со неговото минато. Неговата вистинска […]

To top