Дијаспора

СООПШТЕНИЕ ДО МЕДИУМИТЕ ОД МАКЕДОНСКОТО ДВИЖЕЊЕЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА ОД КАНАДА ОД 1 ЈУЛИ 1988 ГОДИНА (42)

211

211

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Кон Декларацијата од свечениот Собир што се одржа на 1 јули 1988 година во салата на Скопскиот саем што беше упатена до светската јавност, ќе го поместиме Соопштението до медиумите од Македонското движење за човекови права од Канада во врска со браќањето од грчката граница на Стив Пљакас.

Еве  што пошува Бил Николов Македонско движење за човекови права на Канада. Стив Пљакас, добро познат етнички македонски активист од Канада, беше вратен од грчките погранични власти на границата меѓу Република Македонија и Грција. Господин Пљакас се обиде легално да ја премине границата на граничниот премин Ники (Меџитлија), на 6 јули 2002 година за да ја посети родната земја.

Грчките погранични власти го информираа господин Пљакас дека неговото име е на „Листа на неприфатливи“ за таа земја, иако не можеа да објаснат зошто. Официјалните лица му врачија на господинот Пљакас официјален документ со кој се потврдува дека неговото име е внесено во „Листата на неприфатливи“.

Ова не е прв пат на господин Пљакас да му се забрани влез во Грција. Првпат тоа се случи во 1992 година и оттогаш пет пати му е забранет влез во Грција, вклучувајќи ја и 1996 година, кога беше дел од придружбата на патувањето на  фолклорното друштво „Македонка“ од Торонто. Во таа пригода, на Лили Пљакас, сопруга на господинот Пљакас, и’ беше дозволено да влезе во Грција со фолклорната група, додека тој мораше да остане.

2111

Господин Стив Пљакас е роден на 2 јуни 1940, во селото Зелениче (Склитрон на грчки јазик), а во 1952 година законски емигрирал од Грција во Канада. Оттогаш, нему му е дозволено да го посети своето родно место само двапати.

Господин Пљакас верува дека е ставен на црната листа на Грција веднаш по станувањето активист за правата на етничките Македонци во Грција и секаде на други места. Имено, во 1988 година тој стана претседател на Организацијата „Обединети Македонци“ од Канада, организација која се залага за етничко, културно и духовно единство на сите етнички Македонци родени во етногеографската Македонија и нивните потомци.

Во последните две години, господин Пљакас беше и претседател на Македонската православна црква „Свети Климент Охридски“ во Торонто.

Господин Пљакас изјави: „Повикот за праведно постапување кон македонското малцинство во Грција не треба да биде кривично дело. Со ваквото однесување, Грција уште еднаш покажа дека е антитеза на демократска држава во која отворената размена на различни точки на гледишта е прифатена и охрабрувана. Овој вид на однесување „со крената рака ја прави Грција срам за Европската унија.“

Македонското движење за човекови права од Канада активно работи на прашањето за човековите права на Македонците од 1986 година. Тоа ја спроведува својата двојна улога на застапување и образование ширум Канада и на Балканот, меѓу другите активности, истакнувајќи случаи на злоупотреба на човековите права или прекршоци врз припадници на македонските малцинства во земјите на Балканот.

slavek 1 copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

Славе Катин

Најново од: Дијаспора

Семакедонска средба на 14 ноември во Штип

Традиционалната Семакедонска средба годинава ќе се одржи на 14 ноември 2026 година, сабота, со почеток во 12:00 часот, во хотелот „Оаза“ во Штип. Организатори на средбата се Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија „Мирка Гинова“ од Штип и Сојузот на здруженијата на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија „МАКЕДОН“. За […]

Македонија и Македонците ширум светот, поврзани под едно сонце

Обединетата македонска дијаспора (ОМД) ги повикува Македонците ширум светот да се вклучат во „МК Конект“ – платформата на волонтери-дописници на Македонската радио-телевизија и Агенцијата за иселеништво. Платформата произлезе од меморандумот за заемна соработка меѓу двете институции, со цел посилно поврзување на македонските иселеници со татковината. ОМД со гордост ја поддржува иницијативата и го поздравува нејзиниот […]

„Заветна“ — песна за нераскинливата врска со Македонија

Постојат песни во кои љубовта кон татковината се изразува како ветување. Таква е „Заветна“, во изведба на Пепи Бафтировски, со музика на Миле Барбаровски и текст на Георги Барбаровски — песна за страдањето, истрајноста и длабоката поврзаност на човекот со македонската земја. Уште во почетните стихови се навестуваат обидите Македонија да биде премолчена, сокриена и […]

Македонската дијаспора е нераскинлив дел од татковината и партнер во градењето на нејзината иднина

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска во Солинген, Сојузна Република Германија, заедно со членови на Извршниот комитет, присуствуваше на Третата конференција на задграничните комитети на ВМРО-ДПМНЕ. Пред присутните делегати, Мицкоски ги претстави актуелните состојби во Македонија, економските резултати, инфраструктурните инвестиции и предизвиците со кои се соочува државата во услови на глобални енергетски и економски неизвесности. […]

„Повод“ – македонски глас од Сиднеј што ја поврзува дијаспората со татковината

Фиданка Танаскова Најновиот, 79. број на списанието на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј, Австралија носи богат мозаик од книжевни осврти, културни настани и иселенички сведоштва, во служба на македонскиот јазик, култура и идентитет. Списанието „Повод“, едно од најреномираните македонски иселенички гласила во светот,  што го издава Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј, […]

„Т’га за југ“ — песна за секое македонско срце далеку од дома

„Т’га за југ“ од Константин Миладинов е длабоко лична исповед за копнежот по родниот крај. Во неа, далечината се чувствува како студ во душата, а споменот на татковината носи светлина и топлина. Наспроти мракот, маглите и мразовите стојат Охрид, Струга, езерото и родните предели — места во кои поетот чувствува дека припаѓа. Желбата да добие […]

„Чувари на верата и македонскиот идеал“ – во Мелбурн одбележан Денот на македонската револуционерна борба

Со панихида, положување цвеќе пред споменикот на Гоце Делчев и културна програма, македонската заедница оддаде почит на националните дејци и на архиепископот Ангелариј. Под мотото „Чувари на верата и македонскиот идеал“, Македонската православна општина за Мелбурн и Викторија на 24 октомври го одбележа Денот на македонската револуционерна борба – 23 Октомври. На настанот беше одбележана […]

Крис Петровски – од Битола до Холивуд

Актерот со македонски корени ја продолжува филмската приказна на својот роден град и ги охрабрува младите да веруваат во сопствениот талент. Кога ќе се спомене Битола, првите асоцијации се Градот на конзулите, браќата Манаки, филмот, театарот и препознатливата боемска култура. Но, културното богатство на еден град не се мери само со неговото минато. Неговата вистинска […]

To top