Дијаспора

СТИВ ПЉАКАС ВО ПОСЕТА НА АНТИЧКИТЕ ЛОКАЛИТЕТИ: БОНЧЕ, СТИБЕРА, ХЕРАКЛЕЈА… (47)

324

324

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Го напуштивме Стоби и нашето патување го продолживме кон Дреновската лисура, каде од кај мостот кај Дреновската Река се искачивме по стариот антички пат направен од калдрма. За жал, овој локалитет сè уште не е испитан, но нашата љубопитност беше голема. Затоа се искачивме до еден стар каменолом за кој се претпоставува дека е од времето на Филип и Александар Македонски и бил значаен во тој период, бидејќи таму се режени убави камени фигури.

Потоа се искачивме до тесниот простор меѓу двата рида, каде се смета дека таму имало голема порта од каде почнувал некој друг свет. На тој простор наидовме на камени столбови прецизно изделкани и на основи за поставување на некакви статуи и други фигури. Имавме чувство дека некогаш на тој простор имало амфитеатар. Местото е свртено кон југ во полукруг и со широк видик кон јужната страна. Се искачивме на ридот и дојдовме до една рамнина која стрмно се спушташе кон клисурата. Оттаму гледавме голем дел од Дреновското и Тиквешкото Поле. Глетка што пленува и ги одмора очите.

Го напуштивме локалитетот кај Дреновската Клисура и го продолживме патот кон Припеп, а оттаму кон гробница во Старо Бонче​. Овој археолошки локалитет се вика Павла Чука и се наоѓа помеѓу селата Подмол и Бонче. Ние стасавме на овој локалитет во пладневните часови, затоа и имавме проблеми при искачувањет до гробницата, а потоа и до платото.

Инаку, гробница е од македонски тип, која според архитектонската концепција е единствена. Составена е од отворен дромос вклесан во карпа кој во вид на рампа се спушта во гробницата; потоа следува засводениот дел од дромосот со должина од 11 метри и висина од 3 метри. На почетокот на засводениот дромос од двете негови страни откриен е ѕид кој во вид на прстен ја опкружува целата гробница. Овој тип на свод на македонските гробници започнува да се применува во владеењето на Филип и Александар III Македонски.

​Од Бонче се упативме кон античкиот град Стибера – центарот на македонските кралеви во борбите против Илирите. Стибера се наоѓа по течението на Црна Река (Еригон) во непосредна близина на прилепското село Чепигово. Кога точно е изградена Стибера сè уште не е точно утврдено, но се претпоставува дека тоа било во времето на Филип II. Стибера е град во кој со археолошките ископувања се откриени најмногу антички скулптури зачувани во целост.

Стибера e еден од најголемите антички градови во Македонија а, истовремено и еден од најатрактивните антички градски населби. Со археолошките истражувања на овој локалитет пронајдена е цела една ризница од подвижен археолошки материјал, керамички садови, монети, мермерни споменици, плочи со натписи и голем број на мермерна пластика повеќе од триесет статуи и бисти на угледни граѓани од тоа време.

Тоа зборува дека со овие ископувања е откриен дел од градскиот бедем, бидејќи варварските пустошења на периферните делови на Римското Царство, кон крајот на III век, било причина голем број градови да бидат разрушени а меѓу нив и градот Стибера.

Од Стибера се вративме во Прилеп каде го оставивме нашиот пријател Мартин Треневски, а ние со Стив го продолживме патувањто кон Битола. Таму, во вечерните часови во хотелот „Епинал“, каде ние престојувавме, се сретнвме со неколку претставници на „Виножито“ од Лерин. Средбата траеше до доцна во ноќта, кога и се разговараше за сегашноста и иднината на Македонците во егејскиот дел на Македонија и нивните асоцијации.

Утредента ја разгледавме Битола, особено централниот дел и заминавме кон Хераклеја Линкенстис – градска населба од старомакедонско време  до средниот век. Според информациите што ги добивме седејќи во анфитеатарот, таа е основана кон средината на IV век пр. н.е. од страна на кралот Филип II Македонски, како важен стратегиски пункт. Таа се наоѓа на јужната периферија на градот Битола, во подножјето на планината Баба.

Името го носи според Херакле, митскиот јунак и родоначалник на македонската кралска династија Аргеади, додека епитетот Линкестис со значење „Линкестидска”, доаѓа од називот на регионот Линкестида во кој се наоѓал градот, а во кој живеело древното македонско племе Линкестиди. Сместена во плодната рамнина, од север заштитена од планината Баба, односно ридот Тумбе Кафе и реката Сива Вода на југ, Хераклеја опстојала и се развила во една значајна раскрсница на патот Виа Игнација.

3245 

Хераклеја

Исто така бевме информирани дека според пишаните извори, по освојувањето на Линкестида, Филип II ја подигнал тврдината преку која можел да контролира дел од кралството. Исто така постои податок според кој во почетокот на II век пр. н.е., за време на војните со Римјаните, македонскиот крал Филип V изградил неколку тврдини во пограничните области за да ја осигура границата на кралството.

Највисок степен на цивилизациски развој во времето на римското владеење градот доживеал во првите векови на новата ера, кога добива статус на колонија. Во овој период Хераклеја станува силен економско-политички центар со свој постојан римски намесник и со своја римска војска. Сето тоа се одразило врз изгледот на градот, така што во голема мерка била застапена римската архитектура, иако традиционалните влијанија и историските придобивки сè уште давале свој белег на градот.

Од Хераклеја се упативме кон граничниот премин Меџитлија, со цел да го продолжиме патувањето кон Лерин, Зелениче, родното место на Стив Пљакас и оттаму кон Костур, каде требаше да посетиме некои локалитети од античкото македонско кралство.

Брзо ја поминавме границата на Република Македонија и се упативме кон преминот за Егејска Македонија. Таму ги предадовме нашите канаски пасоши и ни беше речено да чекаме. Чекањето беше предолго, па затоа прашавме за причините на чекањето и до кога ќе чекаме. Меѓутоа, одговор не добивме, бидејќи службениците ги контролирале нашите канадски патни исправи.

По четириесетина минути чекање на преминот ни беше речено дека авторот на овие редови Славе Катин може да влезе во Грција, додека на Стив Пљакас му  е забрането да влезе во неговата родна земја. По подолги разговори замоливме писмено да ни ги објаснат причините за забранетиот влез на Стив. Тоа службите го направија и, малку на груб и некултурен начин ни рекоја да се вратиме од каде што сме дошле.

Тргнавме кон преминот во Република Македонија, но разочарани и деградирани што Грција не ги почитува основните човекови права. Но, најмногу бевме незадоволни што оваа држава како членка на Европската унија не ги признава канадските документи. Затоа се одлучивме документот со кој му се забранува влез на Стив Пљакас во Грција да го испратиме до канадската амвасада и до „Канадско-македонскиот комитет за човекови права“. Потоа, без збор заминавме за Охрид.

Продолжува

slavek 1 copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Дијаспора

Семакедонска средба на 14 ноември во Штип

Традиционалната Семакедонска средба годинава ќе се одржи на 14 ноември 2026 година, сабота, со почеток во 12:00 часот, во хотелот „Оаза“ во Штип. Организатори на средбата се Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија „Мирка Гинова“ од Штип и Сојузот на здруженијата на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија „МАКЕДОН“. За […]

Македонија и Македонците ширум светот, поврзани под едно сонце

Обединетата македонска дијаспора (ОМД) ги повикува Македонците ширум светот да се вклучат во „МК Конект“ – платформата на волонтери-дописници на Македонската радио-телевизија и Агенцијата за иселеништво. Платформата произлезе од меморандумот за заемна соработка меѓу двете институции, со цел посилно поврзување на македонските иселеници со татковината. ОМД со гордост ја поддржува иницијативата и го поздравува нејзиниот […]

„Заветна“ — песна за нераскинливата врска со Македонија

Постојат песни во кои љубовта кон татковината се изразува како ветување. Таква е „Заветна“, во изведба на Пепи Бафтировски, со музика на Миле Барбаровски и текст на Георги Барбаровски — песна за страдањето, истрајноста и длабоката поврзаност на човекот со македонската земја. Уште во почетните стихови се навестуваат обидите Македонија да биде премолчена, сокриена и […]

Македонската дијаспора е нераскинлив дел од татковината и партнер во градењето на нејзината иднина

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска во Солинген, Сојузна Република Германија, заедно со членови на Извршниот комитет, присуствуваше на Третата конференција на задграничните комитети на ВМРО-ДПМНЕ. Пред присутните делегати, Мицкоски ги претстави актуелните состојби во Македонија, економските резултати, инфраструктурните инвестиции и предизвиците со кои се соочува државата во услови на глобални енергетски и економски неизвесности. […]

„Повод“ – македонски глас од Сиднеј што ја поврзува дијаспората со татковината

Фиданка Танаскова Најновиот, 79. број на списанието на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј, Австралија носи богат мозаик од книжевни осврти, културни настани и иселенички сведоштва, во служба на македонскиот јазик, култура и идентитет. Списанието „Повод“, едно од најреномираните македонски иселенички гласила во светот,  што го издава Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј, […]

„Т’га за југ“ — песна за секое македонско срце далеку од дома

„Т’га за југ“ од Константин Миладинов е длабоко лична исповед за копнежот по родниот крај. Во неа, далечината се чувствува како студ во душата, а споменот на татковината носи светлина и топлина. Наспроти мракот, маглите и мразовите стојат Охрид, Струга, езерото и родните предели — места во кои поетот чувствува дека припаѓа. Желбата да добие […]

„Чувари на верата и македонскиот идеал“ – во Мелбурн одбележан Денот на македонската револуционерна борба

Со панихида, положување цвеќе пред споменикот на Гоце Делчев и културна програма, македонската заедница оддаде почит на националните дејци и на архиепископот Ангелариј. Под мотото „Чувари на верата и македонскиот идеал“, Македонската православна општина за Мелбурн и Викторија на 24 октомври го одбележа Денот на македонската револуционерна борба – 23 Октомври. На настанот беше одбележана […]

Крис Петровски – од Битола до Холивуд

Актерот со македонски корени ја продолжува филмската приказна на својот роден град и ги охрабрува младите да веруваат во сопствениот талент. Кога ќе се спомене Битола, првите асоцијации се Градот на конзулите, браќата Манаки, филмот, театарот и препознатливата боемска култура. Но, културното богатство на еден град не се мери само со неговото минато. Неговата вистинска […]

To top