Дијаспора

ПОСЕТИ НА СТИВ И ЛИЛИ НА СКОПЈЕ, ОХРИД, ЉУБОЈНО И ПУСТЕЦ (49)

1903 copy

1903 copy

Едно од патувањата на Стив Пљакас за Македонија беше заедничкото доаѓање со неговата сопруга Лили. Нивното долго патување беше од Торонто до Виена, а потоа  до Атина и оттаму до Солун и до нивните родни места, Зелениче и Желево, а потоа и во Лерин,  во егејскиот дел на Македонија.

Авторот на овие редови Славе Катин ги пречека на граничниот премин Меџитлија кај Битола. Во договорено време тие се појавија со таксито кај царинскиот дел каде беа пречекани. Средбата беше срдечна и  пријатна како меѓу драги долгогодишни семејни пријателии. Веднаш заминавме за Скопје каде останавме неколку дена. Притоа, Стив и Лили имаа бројни средби со  пријатели од Македонија, од кои поголемиот број биле во Канада и биле гости на семејството Пљакас.

Во текот на престојот во Скопје, за Стив Пљакас, секако, остана во пријатно сеќавање средбата со премиерот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски, која се одржа во вечерните часови во зградата на Владата. Во разговорите стана збор за голем број прашања и проблеми за признавањето на Република Македонија со уставното име, за избор на пратеници од Македонците во дијаспората, како и за други прашања од интерес за иднината на Македонија и македонскиот народ.

Другиот ден Стив имаше средба и разговори со поглаварот на МПЦ господин господин Стефан, со кој разменија мислење за условите, приликите и неприликите на црковното живеење на северноамериканскиот континент. Потоа Стив имаше средби со поранешните амбасадорите Денко Малевски, Сашко Насев и Љубен Тевдовски, со Тодор Петров, претседател на Светскиот семакедонски конгрес, во Џо Петрески во Матицата на иселениците од Македонија, а се сретна и со други личности.

Заедно со Лили го посетија Домот за деца без родители „11 Октомври“ во Скопје, каде подарија 2.500 канадски долари. Исто така, Стив и Лили приредија заедничка вечера со сите олимпијци и екипата што ги следеше македонските натпреварувачи  на Олимписките игри во Пекинг, каде тие беа едни од главните  спонзори. Во Пекинг, Стив беше среќникот кој го носеше македонското државно знаме пред натпреварувачите и беше најсреќниот Македонец во Кина.

По престојот во Скопје заедно со Стив, Лили и мојата сопруга Нада, заминавме за Охрид. Таму, меѓу другото, ги посетивме црквите „Света Софија“, „Свети Климент“ и „Свети Пантелејмон“ на Плаошник, како и Самоиловата тврдина каде гостите беа запознаени со историскиот развој на Охрид, како втор Ерусалим за православието. Исто така го посетивме манастирот „Свети Наум Охридски“ каде и имавме пријатни мигови на островот кај изворите.

Другиот ден заминавме за Љубојно, Преспа, каде останавме неколку дена. Таму ги посетивме вечните почивалишта на моите родители, Сандра и Јисиф кои беа пријатели со Стив и Лили во Торонто, како и гробовите на мојот дедо Алексо кој беше на печалба цели четириесет години во Детроит, како и на мојата баба Ката, по која го носам прекарот, односно презимето Катин. Потоа ги посетивме селата Брајчино, Наколец и Долно Дупени, за да го видат гостите „крајот на светот“ на границата кај Маркова Нога.

Другиот ден во утринските часови го напуштивме Љубојно и тргнавме за Отешево, а потоа заминавме за Мала Преспа. Ја преминавме македонско – албанската граница на преминот кај Стење. Од границата се упативме кон нашата дестинација – Пустец, кој се наоѓа во  Мала Преспа или Долна Преспа, како Преспанци ја нарекуваат оваа македонска област покрај југозападниот брег на Преспанското Езеро.

Целата област се состои од десетина села коишто се организирани во Општината Пустец. А, Пустец е најголемата населба во Мала Преспа, а истовремено е и седиште на општината, чиј градоначалник и сите членови на Советот на општината се етнички  Македонци.

Инаку, делот од Македонија познат како Мала Преспа, или Долна Преспа бил даден на Албанија по потпишувањето на Версајскиот „мировен“ договор во 1913 година. Со тој неправеден договор завршила поделбата на етничка Македонија меѓу новоформираните држави: Србија, Грција, Бугарија и Албанија потоа за да започне ерата на денационализација, присилна асимилација и иселување на македонскиот народ од своите вековни огништа.

До Втората светска војна судбината на македонскиот народ во основа била иста во сите делови на поделена и поробена Македонија. Врз македонското население се вршеле, а и денес во Бугарија и Елада (Грција) му се оспоруваат основните човечки права, и се врши асимилација, поделба и раселувања, но и духовно и физичко асимилирање. Од тие причини во некои краишта на етничка Македонија настанале крупни миграциски и етнички измени што имале катастрофални последици за македонското население.

По Втората светска војна и ослободувањето на дел од етничка Македонија, се водела посебна грижа за Македонците кои живееле во соседните земји и тие да се воспитуваат и образуваат на својот мајчин македонски јазик. Тоа било изразено особено во периодот од 1945 до 1948 година кога Албанија побарала од тогашната југословенската влада да испрати учители за настава по македонски јазик во подрачјата во кои живеело македонско население.

Наставниот кадар, пред сè, бил потребен во селата Туминец, Пустец, Долна и Горна Горица, Глобочани, Шулин и Зрновско, кои се наоѓаат во Мала Преспа, а припаѓаат во корчанскиот регион, како и во селата Врбник и Церје во околијата Билиште, потоа во Лин, во поградечкиот регион и во други населени места.

Пристигнавме на пладне во Пустец. Веднаш се упативме кон општинската зграда каде бевме пречекани од градоначалникот Едмон Темелко и неговите соработници, кои љубезно не пречекаа. Притоа, Лили и Стив подарија 2.500 канадски долари, како помош на Македончињата во Мала Преспа. Исто така, ја посетивме и новата црква „Свети Архангел Михаил“ при што гостите од Канада подарија 1.000 долари за овој македонски духовен храм.

Продолжува

slavek 1 copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Дијаспора

Семакедонска средба на 14 ноември во Штип

Традиционалната Семакедонска средба годинава ќе се одржи на 14 ноември 2026 година, сабота, со почеток во 12:00 часот, во хотелот „Оаза“ во Штип. Организатори на средбата се Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија „Мирка Гинова“ од Штип и Сојузот на здруженијата на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија „МАКЕДОН“. За […]

Македонија и Македонците ширум светот, поврзани под едно сонце

Обединетата македонска дијаспора (ОМД) ги повикува Македонците ширум светот да се вклучат во „МК Конект“ – платформата на волонтери-дописници на Македонската радио-телевизија и Агенцијата за иселеништво. Платформата произлезе од меморандумот за заемна соработка меѓу двете институции, со цел посилно поврзување на македонските иселеници со татковината. ОМД со гордост ја поддржува иницијативата и го поздравува нејзиниот […]

„Заветна“ — песна за нераскинливата врска со Македонија

Постојат песни во кои љубовта кон татковината се изразува како ветување. Таква е „Заветна“, во изведба на Пепи Бафтировски, со музика на Миле Барбаровски и текст на Георги Барбаровски — песна за страдањето, истрајноста и длабоката поврзаност на човекот со македонската земја. Уште во почетните стихови се навестуваат обидите Македонија да биде премолчена, сокриена и […]

Македонската дијаспора е нераскинлив дел од татковината и партнер во градењето на нејзината иднина

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска во Солинген, Сојузна Република Германија, заедно со членови на Извршниот комитет, присуствуваше на Третата конференција на задграничните комитети на ВМРО-ДПМНЕ. Пред присутните делегати, Мицкоски ги претстави актуелните состојби во Македонија, економските резултати, инфраструктурните инвестиции и предизвиците со кои се соочува државата во услови на глобални енергетски и економски неизвесности. […]

„Повод“ – македонски глас од Сиднеј што ја поврзува дијаспората со татковината

Фиданка Танаскова Најновиот, 79. број на списанието на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј, Австралија носи богат мозаик од книжевни осврти, културни настани и иселенички сведоштва, во служба на македонскиот јазик, култура и идентитет. Списанието „Повод“, едно од најреномираните македонски иселенички гласила во светот,  што го издава Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј, […]

„Т’га за југ“ — песна за секое македонско срце далеку од дома

„Т’га за југ“ од Константин Миладинов е длабоко лична исповед за копнежот по родниот крај. Во неа, далечината се чувствува како студ во душата, а споменот на татковината носи светлина и топлина. Наспроти мракот, маглите и мразовите стојат Охрид, Струга, езерото и родните предели — места во кои поетот чувствува дека припаѓа. Желбата да добие […]

„Чувари на верата и македонскиот идеал“ – во Мелбурн одбележан Денот на македонската револуционерна борба

Со панихида, положување цвеќе пред споменикот на Гоце Делчев и културна програма, македонската заедница оддаде почит на националните дејци и на архиепископот Ангелариј. Под мотото „Чувари на верата и македонскиот идеал“, Македонската православна општина за Мелбурн и Викторија на 24 октомври го одбележа Денот на македонската револуционерна борба – 23 Октомври. На настанот беше одбележана […]

Крис Петровски – од Битола до Холивуд

Актерот со македонски корени ја продолжува филмската приказна на својот роден град и ги охрабрува младите да веруваат во сопствениот талент. Кога ќе се спомене Битола, првите асоцијации се Градот на конзулите, браќата Манаки, филмот, театарот и препознатливата боемска култура. Но, културното богатство на еден град не се мери само со неговото минато. Неговата вистинска […]

To top