Дијаспора

БИЗНИСМЕНОТ СТИВ ПЉАКАС И НЕГОВАТА СОПРУГА ДОНАТОРКАТА ЛИЛИ ВО МАЛА ПРЕСПА (50)

980 copy

980 copy

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Македонци, кои беа добронамерни, пријателски расположени и со љубов разговараа со гостите од Канада. Притоа бевме информирани дека според поголем број податоци, реалниот број на етнички Македонци и Македонците со исламска вероисповед во цела Албанија е оценет како поголем од 200.000 души. Нивната најголема концентрација е во пограничните региони на Гора, Голо Брдо и Мала Преспа. Исто така, постојат голем број Македонци кои живеат во Тирана (околу 20.000), Поградец, Корча, Каваје, Елбасан и други места.

Инаку, Албанија и Србија се соседни земји на Република Македонија кои го признаваат статусот на македонското етничко малцинство. Во Албанија уште од 1945 година во Мала Преспа има настава на мајчин македонски јазик во основното образование до петто одделение, за кое образование се издадени учебници од страна на државата.  

Исто така, во рамките на училиштето во Пустец постои и библиотека со огромен фонд книги на македонски јазик, каде и авторот на овие редови подарил неколку стотини.. Всушност, тоа е прв случај на официјална употреба на македонскиот мајчин јазик во Република Албанија.

При нашата посета бевме информирани дека постојат неколку организирани и активни здруженија и партија на Македонците во Албанија, но можностите за политичка активност се мали, бидејќи државата не дава финансиска поддршка на нивните организации. Меѓутоа, Македонците во Албанија прават големи усилби за самоорганизирање.

Така, меѓу другото, уште од 1993 година започна да излегува првото периодично списание на македонски јазик, „Мир“, а потоа и „Преспа“, и се појавија поголем број електронски портали а, исто така, во Корча беше пуштена во употреба и радио и телевизиска програма на македонски јазик.

За жал, позицијата на етничките Македонци во Албанија е далеку од онаа на етничките Албанци во Република Македонија. Додека во републиката етничките Албанци се и министри и пратеници во Собранието и нивната голема партија е коалициски владин партнер, Македонците во Албанија сè уште немаат можности за вистинско политичко учество. Во моментов, не постојат етнички македонски пратеници, а мал број од Македонците се застапени во институциите на државната власт и локалната самоуправа, во споредба со прекубројната застапеност на Албанците во администрацијата во Република Македонија.

При нашата посета се уверивме дека Мала Преспа, за жал, е еден од најсиромашните предели во Република Албанија. Таму албанските власти, а и Република Македонија „ги заборавиле“ своите обврски и го оставиле тој народ сам да се снаоѓа. Населението се занимава со риболов, земјоделство и сточарство, но во многу мал обем и во скромни услови.

По соборувањето на некогашниот сталинистички режим и отворањето на границите, повеќето жители се преориентирале кон трговија и печалба во Република Македонија и Грција а некои работат во поголемите албански градови, во Европската унија и во прекуокеанските земји, особено ги има во Торонто, каде имаат свое здружение.

Пустец е стожерот на Мала Преспа. Ова убаво македонско село е распространето вдолж ридот над самото Преспанско Езеро. Куќите се од камен, македонски, скромни, како и во многу преспански и други села. Сите зборуваат убав преспански македонски говор, на училиште четири години учат на мајчин македонски јазик, имаат амбуланта, земјоделска задруга, киносала, културен дом, неколку колонијални продавници, рибарска задруга, ја имаат прекрасната Македонска православна црква „Свети Архангел Михаил“ во центарот на ова градско село, како и голем број други институции.

Но, најважно е што имаат чист македонски дух и верба во иднината на македонската нација, на македонскиот јазик, на сè што е македонско. Пустец е единствена македонска општина и една од поголемите населби во Корчанскиот регион и најголемо македонско село во Албанија. А, таму во Долна Преспа се пее, се смее, се игра, се тагува и боледува на македонски мајчин јазик.

Општина Пустец во регистарот е запишана на македонски како Пустец и на албански Ликенас. Името на Пустец му било сменето во седумдесеттите години. Таквото преименување на Пустец го направил Хоџа Леши, тогашниот секретар на Комунистичката партија на Албанија. Меѓутоа, денес сите патокази и други јавни натписи се на македонски и на албански јазик во цела Мала Преспа.

Интересно е да се спомене дека грбот на општината го содржи древниот македонски симбол, сонцето од Кутлеш (Палатица – Виргина) со шеснаесет зраци над кое стои двојазичен натпис на македонски јазик Општина Пустец, а под него и на албански јазик.

9801

Црква „Свети Архангел Михаил“ во Пустец

Нашата посета на Мала Преспа ја завршивме со заедничкиот ручек во ресторанот во Зрновско, каде ни беше подготвен преспански крап и други преспански специјалитети. Таму се разговараше за многу прашања, проблеми и идни планови за подобро утре за Македонците во Мала Преспа и во цела Македонија. Притоа домаќинот Едмонд Темелко им укажа голема чест на Стив и Лили, кај кои во Канада тој бил срдечно примен на гости.

Инаку,за време ручекот гостите од Канада Лили и Стив Пљакас подарија за учениците, училиштето и младината на Пустец пет илјади долари. Авторот на овие редови, Славе Катин и неговата сопруга Нада, пак подарија сто учебници по македонски јазик за учениците од основното училиште.

За одбележување е тоа што Македонците во Албанија на многу тежок начин успеале да ја регистрираат нивната политичка партија „Македонска алијанса за европска интеграција“. Тоа е голем настан за Македонците, бидејќи тие покажаа зрелост и гласаа за себе, нивната партија, и за нивниот претседател, почитуваниот градоначалник Едмонд Темелко и секретарот Васил Стерјовски. Со тоа тие му покажаа на албанското општество дека и тие се дел од него и дека ќе земат активно учество со справување на нерешените прашања во земјата.

Партијата прави силни обиди да развие проекти со странски фирми, амбасади, како и со Република Македонија, со цел да им се помогне на луѓето од Мала Преспа, тие да имаат пристоен и нормален животен стандард. Сите држави во светот знаат дека  Македонците во Мала Преспа се лојални граѓани на Албанија; тие плаќаат даноци и го почитуваат законот, а за возврат, бараат подобри услови за живот.

Партијата „Македонска алијанса за европска интеграција“ на локалните избори во Албанија кои се одржаа на 21 јуни 2015 година, освои едно градоначалничко место и девет советнички места. На 21 јуни македонската партија освои 3.641 глас. Во Општина Пустец по третпат градоначалник стана Едмонд Темелко. Со освоени  7 советнички места партијата ќе има свој советник и во Поградец и во Малиќ.

 реба да се нагласи дека Едмонд Темелко, заедно со секретарот Васил Стерјовски и другите членови, поддржани од бизнисменот Ѓорѓија-Џорџ Атанасовски од Соединетите Американски Држави, се едни од основачите на партијата „Македонска алијанса за европска интеграција“ и неуморни борци за правата на Македонците во Албанија и светот. Тие се во најтесна соработка и со Светскиот македонски конгрес, ОМО „Илинден“-Пирин “Виножито“ и други македонски национални организации и партии од  дијаспората и Република Македонија.

Продолжува

slavek 1 copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Дијаспора

Семакедонска средба на 14 ноември во Штип

Традиционалната Семакедонска средба годинава ќе се одржи на 14 ноември 2026 година, сабота, со почеток во 12:00 часот, во хотелот „Оаза“ во Штип. Организатори на средбата се Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија „Мирка Гинова“ од Штип и Сојузот на здруженијата на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија „МАКЕДОН“. За […]

Македонија и Македонците ширум светот, поврзани под едно сонце

Обединетата македонска дијаспора (ОМД) ги повикува Македонците ширум светот да се вклучат во „МК Конект“ – платформата на волонтери-дописници на Македонската радио-телевизија и Агенцијата за иселеништво. Платформата произлезе од меморандумот за заемна соработка меѓу двете институции, со цел посилно поврзување на македонските иселеници со татковината. ОМД со гордост ја поддржува иницијативата и го поздравува нејзиниот […]

„Заветна“ — песна за нераскинливата врска со Македонија

Постојат песни во кои љубовта кон татковината се изразува како ветување. Таква е „Заветна“, во изведба на Пепи Бафтировски, со музика на Миле Барбаровски и текст на Георги Барбаровски — песна за страдањето, истрајноста и длабоката поврзаност на човекот со македонската земја. Уште во почетните стихови се навестуваат обидите Македонија да биде премолчена, сокриена и […]

Македонската дијаспора е нераскинлив дел од татковината и партнер во градењето на нејзината иднина

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска во Солинген, Сојузна Република Германија, заедно со членови на Извршниот комитет, присуствуваше на Третата конференција на задграничните комитети на ВМРО-ДПМНЕ. Пред присутните делегати, Мицкоски ги претстави актуелните состојби во Македонија, економските резултати, инфраструктурните инвестиции и предизвиците со кои се соочува државата во услови на глобални енергетски и економски неизвесности. […]

„Повод“ – македонски глас од Сиднеј што ја поврзува дијаспората со татковината

Фиданка Танаскова Најновиот, 79. број на списанието на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј, Австралија носи богат мозаик од книжевни осврти, културни настани и иселенички сведоштва, во служба на македонскиот јазик, култура и идентитет. Списанието „Повод“, едно од најреномираните македонски иселенички гласила во светот,  што го издава Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј, […]

„Т’га за југ“ — песна за секое македонско срце далеку од дома

„Т’га за југ“ од Константин Миладинов е длабоко лична исповед за копнежот по родниот крај. Во неа, далечината се чувствува како студ во душата, а споменот на татковината носи светлина и топлина. Наспроти мракот, маглите и мразовите стојат Охрид, Струга, езерото и родните предели — места во кои поетот чувствува дека припаѓа. Желбата да добие […]

„Чувари на верата и македонскиот идеал“ – во Мелбурн одбележан Денот на македонската револуционерна борба

Со панихида, положување цвеќе пред споменикот на Гоце Делчев и културна програма, македонската заедница оддаде почит на националните дејци и на архиепископот Ангелариј. Под мотото „Чувари на верата и македонскиот идеал“, Македонската православна општина за Мелбурн и Викторија на 24 октомври го одбележа Денот на македонската револуционерна борба – 23 Октомври. На настанот беше одбележана […]

Крис Петровски – од Битола до Холивуд

Актерот со македонски корени ја продолжува филмската приказна на својот роден град и ги охрабрува младите да веруваат во сопствениот талент. Кога ќе се спомене Битола, првите асоцијации се Градот на конзулите, браќата Манаки, филмот, театарот и препознатливата боемска култура. Но, културното богатство на еден град не се мери само со неговото минато. Неговата вистинска […]

To top