Дијаспора

НЀ НАПУШТИ МАКЕДОНСКИОТ АКТИВИСТ ЉУПЧО ДУРТАНОСКИ

Ljupcho-Durtan-001

Ljupcho-Durtan-001

IN MEMORIAM

По кратко боледување, во 73-та година од животот во Леџвуд, Њу Џерси (САД) почина македонскиот активист Љупчо „Луј„ Дуртаноски.

Тој беше поранешен член на управниот одбор на МПЦО „Кирил и Методиј„ во Сидр Гроу (Њу Џерси) и донатор на бројни активности на Македонците во Соединетите американски држави и Канада.

Љупчо Дуртаноски беше роден во Кривогаштани на 2 август 1952 година како трето дете и најмлад син на Крсте и Спасија Дуртаноски. Емигрирал во САД во 1977 година и преку 40 години беше сопственик на градежната фирма Louie’s Construction.

DOOM - Kongres 2 copy

Бил член и активен поддржувач на македонските иселенички организации во зачувување на македонскиот национален идентитет. Имаше тесна соработка со Движењето за ослободување и обединување на Македонија (ДООМ) и Драган Богдановски, а дописничка канцеларија (редакција) на „Македонска нација„ за САД извесно време се наоѓаше во неговиот дом.

Како најатрактивно претставување на Македонија во Америка беше автомобилот од Љупчо Дуртаноски со регистарски таблички VMRO N°1 со кое тој ја посетуваше македонската заедница во САД и Канада и со истото возило беше дистрибуиран и весникот „Македонска нација„. Регистерските таблички VMRO N°1 денес се наоѓаат во Музејот на македонската борба за самостојност во Скопје, на масата пред Драган Богдановски, основачот на весникот „Македонска нација.

Погребната служба за Љупчо Дуртаноски се одржа денеска, понеделник, 8 септември 2025 година во 10.00 часот во македонската православна црква „Св.Кирил и Методиј„ во Сидр Гроу (1050 Pompton Ave., Cedar Grove, NJ 07009), а погребот на гробиштата Ист Риџелоун во Клифтон (East Ridgelawn Cemetery, Clifton, NJ 07014).

Почивај во мир и нека ти е вечен споменот.

Македонија никогаш нема да те заборави и ти благодари за сѐ што направи за неа.

„Роден на светлиот Илинден, 2 август – и погребан на денот на независноста на Македонија – 8 септември„

Последен поздрав до Љупчо Дуртаноски од редакцијата на „Македонска нација„ и искрено сочувство до неговото семејство, роднини и соработници.

Најново од: Дијаспора

Крис Петровски – од Битола до Холивуд

Актерот со македонски корени ја продолжува филмската приказна на својот роден град и ги охрабрува младите да веруваат во сопствениот талент. Кога ќе се спомене Битола, првите асоцијации се Градот на конзулите, браќата Манаки, филмот, театарот и препознатливата боемска култура. Но, културното богатство на еден град не се мери само со неговото минато. Неговата вистинска […]

ВО АВСТРАЛИЈА ЖИВЕЕ УШТЕ ЕДНА МАКЕДОНИЈА

Фиданка Танаскова   Во Скопје на 14 октомври промовирана антологијата со поезија „Илинден во нашите срца“ од членовите на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј Промотор на антологијата на овој свечен чин во Националната библиотека „Св. Климент Охридски“ на македонските поети од петтиот континент беше проф. д-р Виолета Ачкоска. Прекрасна октомвриско-роднокрајно-иселеничка промотивна вечер беше […]

Весникот „Македонија“ во Торонто – македонскиот збор далеку од татковината

На 15 октомври 1984 година во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Овој датум останува забележан во историјата на македонскиот иселенички печат и во настојувањата да се зачуваат јазикот, културата и врските со татковината. За Македонците што живееле илјадници километри од родниот крај, печатениот македонски збор имал особено […]

Академик Синиша Станковиќ – вљубеник во Охридското Езеро и Охрид

Животниот и развојниот пат на научникот од светски глас, биолог, еколог, револуционер и општественик, академикот проф. д-р Синиша Станковиќ, е тесно поврзан со изучувањето на Охридското Езеро, со Охрид и Македонија, со развојот на биолошките науки и со афирмацијата на научната мисла во македонското општество. Неговото име е поврзано и со постоењето и конституирањето на […]

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

To top