Дијаспора

40 ГОДИНИ ОД ПОСТОЕЊЕТО НА МАКЕДОНСКОТО ЛИТЕРАТУРНО ДРУШТВО „ГРИГОР ПРЛИЧЕВ“ (6)

risteski2

risteski2

По повод 40-годишниот јубилеј на Македонското литературното друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј, Австралија, пак, во октомври 2018 година  излезе од печат антологијата под наслов „Ѕуница“ (Виножито), која содржи поетски дела на 25 македонски иселеници.

Исто така се организира и коктел по повод доделувањето на истакнатиот општественик и писател Иван Трпоски на Медал за заслуга за Македонија од претседателот на Македонија, Ѓорге Иванов, кои во слободното време се занимаваат со пишаниот збор, преку кој ја изразуваат силната љубов кон македонскиот јазик и кон својата дедовска земја – Македонија. Таа пред љубопит-ството на читателите донесува вистинско богатство од теми и мотиви, човечки и творечки идеи и идеали, разнородни поетики и естетски вредности.

За антологијата „Ѕуница“, која е отпечатена по повод 40-годишниот јубилеј, на членовите на Друштвото им беше понудено да земат учество со по десет песни. За учество се пријавија и се застапени 20 поети, плус се застапени пет починати поети со по една песна. Списокот на авторите е следниот:  Ристо Галевски, Бранко Наумовски, Иван Трпоски, Перо Дамчевски – Коцин, Гроздан Јовановски, Крсте Наумовски – Мечкар, Јорде Петровски, Горјан Маслинкоски, Љубица Поповска, Лилјана Тошеска, Наум Трајчески. Марија Арександрова, Душан Ристевски, Наум Пауноски, Виктор Бивел, Димче Џајкоски, Ленче Целакоска – Клекачкоска, Жаклина Михајлова, Славица Ристеска, Гордана Димовска, Јован Кокаловски, Вукосава Донева – Варколи, Никола Стоилковски, Спасе Трпоски и Нада Иванова.

На крајот од антологијата е поместен пригодниот текст на македонски и на англиски јази, во превод на Ристо Стефов, под наслов „Ѕуница меѓу два далечни брега“ од Васил Тоциновски, во кој, меѓу другото, се вели дека Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ во Сиднеј, Австралија е една од најзначајните и долговечни културни асоцијации на македонствување во светот.

Со единствената и возвишена одговорност пред пишаниот збор тие се македонска вековнина, идентитет и непокор, традиција и континуитет. Антологијата „Ѕуница“   е колективен труд што ги одбележува четирите десетолетија од втемелувањето на Друштвото чии етички и естетски вредности се значаен и непобитен историски аргумент. А пред него молчат и боговите, мудро прорекол народот.

Исто така е потенцирано дека за последните четириесет години Друштвото успешно секоја година ги одржува наградните конкурси за поезија и раскази како за возрасни така и за деца преку кои ги потикнува поетите и раскажувачите да творат; секоја година организира по неколку поетско-литературни средби за одбележување на годишнината на Друштвото како и за македонските национални денови „Илинден”, годишнините поврзани со поетот Григор Прличев и со апостолот Гоце Делчев, како и промовирање книги.

За одбележување е тоа што Друштвото беше активно вклучено трипати во координирање на Деновите на македонската култура во државата Нов Јужен Велс и двапати одржа Македонски филмски фестивал. Друштвото исто така успешно го издаваше своето списание „Повод” од кое се издадоа 54 броеви до 1990  година и 78 наслови на книги од различни жанрови на македонски и англиски јазик од самите членови.

Во Библиотеката, која е единствена од ваков вид во дијаспората, има повеќе од седум илјади наслови и истата поседува богат архив со материјали и изданија од македонската заедница во Австралија.

Во Друштвото и Библиотеката членуваат 320 редовни членови. Друштвото има соработници од повеќе градови во Австралија и во истото членуваат и извесен број почесните членови: Матеја Матевски, Славко Јаневски, Ѓорѓи Сталев, Блаже Конески, Илија Чашуле, Томас Шапкот, Реџинал Де Бреј, Стојан Ристески, Науме Радически, Анте Поповски, Славе Ѓорго Димоски, Разме Кумбароски, Блаже Ристовски, Јован Кокаловски, Александар Донски, Иван Трпоски, Душан Ристевски, Панде Манојлов, Раде Сиљан, Фиданка Танаскова, Трајче Кацаров, Славе Катин, Мартин Треневски, Ристо Стефов и Васил Тоциновски.

Друштвото од самиот почеток активно беше вклучено во борбата за зачувување на македонскиот идентитет, јазикот, културата и историските постигнувања на Македонците. Друштвото даде иницијативи, во зависност од потребите на заедницата, да се формира Шаховска асоцијација, Драмска асоцијација за млади, Комитет за човекови права, Дебатен клуб, Клуб на ликовни уметници, Служба за социјална грижа, Социјално друштво за жени, Училишта по македонски јазик и Театар.

Во изминатите четириесет години Друштвото беше активно вклучено во организирање собири и протести и издавање повелби и резолуции за зачувување на македонскиот идентитет и нација и во борбата против шовинистичките држави кои го негираат постоењето на Македонците кои живеат во поробените делови на Македонија, како и до македонските влади кои за последните две и пол децени од независноста на Република Македонија многу малку придонесуваат за обединетоста на Македонците и зачувување на идентитетот на македонските иселениви во светот и на Македонците во другите делови на етничка Македонија.

risteski23Сиднеј

Меѓу значајните датуми за Македонците во Сиднеј е, секако, 31 март 2016 година кога се навршија 38 години од формирањето на Литературното друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј. По повод овот значаен јубилеј Извршниот одбор на Друштвото изнесе работен план за престојните две години со цел да се прослави во 2018 година 40 годишницата од постоењето. Се ипланира покрај издавањето на повеќе наслови од членовите, да се издадат книгите: Монографија  од Друштвото; Архивот на Друштвото како и Антологија со поезија од своите членови.

На седницата исто така се усвоија предлозите за прогласување на нови почесни членови и дописни членови кои активно го помогнувале Друштвото во еден подолг период. За почесни членови се прогласија: Раде Силјан, истакнат поет, книжевен критичар, преведувач и долгогодишен издавач; Панде Манојлов, истакнат поет, прозаист, критичар и новинар; Фиданка Танаскова, истакната новинарка и писателка.

За дописни членови, кои активно го промовираат Друштвото за последните пет години, се прогласија: Игор Павловски од Мелбурн; Наум Трајчески од Квинбијан; Гроздан Јовановски од Њукастел (сите од Австралија), потоа Радојка Трајанова од Скопје (Македонија); Лилјана Стоилковска – Андовска од Малме (Шведска); Саво Костадиновски од Келн (Германија); Милица Паулус од Минхен (Германија); Елизабета Петровска од Загреб (Хрватска); Ристо Стефов од Онтарио (Канада); Алексо Лозановски од Торонто (Канада); Михаил Серафиноф од Вашингтон (Америка).

По повод 25 годишницата од независноста на Република Македонија, Литературното друштво „Григор Прличев“ на 9 септември 2018 година организира средба со членовите при што со поезија посветена на независноста на Република Македонија се преставија поетите: Иван Трпоски, Перо Дамчевски-Коцин, Лилјана Тошеска, Душан Ристевски и Жаклина Михајлова.

Исто така се организира и коктел по повод доделувањето на истакнатиот општественик и писател Иван Трпоски на Медал за заслуга за Македонија од претседателот на Македонија, Ѓорге Иванов. Иста така Иван за време неговата посета во македонија доби признанија и благодарници за неговата макотрпна работа во промовирање на македонската култура од Агенцијата за иселеништво, Општината Охрид и Месната заедница на Волино.

На 20 мај 2016 година, а по повод 38 годишницата од формирањето на Литературното друштво „Григор Прличев“ во просториите на RSL Клубот во Рогдаел (Сиднеј) се одржа литературна средба при што се промовираа книгите: „Античко – Македонските историчари и нивните дела“ од Александар Донски и „Љубов и надеж“ од Ленче Целакоска Клекачкоска.

На средбата им се врачија наградите на писателите наградени со Прличева награда за поезија и проза за 2015 година: Наум Трајчевски од Квинбијан, Велика Блажевска и Марија Александрова од Сиднеј, Гроздан Јовановски од Њукастел и Емилија Жупаноска од Волонгонг. Наградата за најдобра издадена книга за 2015 година му се додели на Ристо Галевски за книгата „Спомени од Македонија.

Продолжува

slavek 1 copy copy copy copy copy copy copy copy  

Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Дијаспора

Македонските православни верници во Салцбург добија нова црковна општина

Со првата Света Архиерејска Литургија, отслужена по повод празникот Рождество на Пресвета Богородица, на 19 септември беше означен почетокот на организираниот црковен живот на македонските православни верници во Салцбург и околината. Новата црковна општина ќе дејствува во рамките на Македонската православна црква – Охридска архиепископија. Македонските православни верници во Салцбург и околината добија нова црковна […]

Реџиналд де Бреј – угледен славист, поет, научник и македонист

Д-р Реџиналд Артур де Бреј беше составувач на новиот „Македонско-англиски толковен речник“. При посетата на главниот град на Австралија во 1992 година, авторот на овие редови, Славе Катин, го посети и домот на професорот д-р Реџиналд Артур де Бреј, член на Македонската академија на науките и уметностите надвор од работниот состав и професор на Австралискиот […]

Патот до успехот на Македонецот Роб Спасевски од Мелбурн

Од врвен фудбалер до успешен фудбалски тренер – тоа е пат исполнет со талент, дисциплина, жртви, искуство и постојана желба за победа. Додека кариерата на теренот бара физичка подготвеност, инстинкт и фудбалска умешност, преминувањето на тренерската клупа носи нови предизвици: тактичко знаење, психолошка зрелост, способност за мотивирање и, пред сè, лидерство. Таков пат изодел Роб […]

Соопштение на Централниот совет на Македонците во Германија против актуелните антимакедонски напади во бугарскиот парламент

Берлин, 13 септември 2026 Централниот совет на Македонците во Германија (Zentralrat der Makedonen in Deutschland e.V.) најостро ги осудува најновите историско-ревизионистички и шовинистички изјави, како и официјалната парламентарна иницијатива на бугарскиот пратеник Костадин Костадинов, поднесена на 11 септември 2026 година. Под изговор на спортски настан, Костадин Костадинов ја искористи говорницата на Народното собрание на Република […]

Академик Виктор Фридман – американски лингвист и бранител на македонската вистина

Пријатели на Македонија Виктор Фридман е американски лингвист, славист, македонист, балканист, граматичар и социолингвист, еден од најпознатите балкански слависти во светот. Ученик на Збигњев Голомб, еден од основачите на американската македонистика, Фридман работи во рамките на функционалната структуралистичка теорија на јазикот. Тој е надворешен член на Македонската академија на науките и уметностите од 1994 година […]

Лиана Коњарски од Мелбурн – најдобра одбојкарка во Премиер 1 лигата на Викторија

Македонката Лиана Коњарски од Мелбурн постигна голем спортски успех во Австралија. Со својот клуб „Yarra Ranges Volleyball Club“ ја освои шампионската титула во женската Премиер 1 конкуренција, а нејзините одлични игри беа крунисани со две големи индивидуални признанија – за највреден играч (MVP) и за најдобар техничар (Best Setter) во лигата. Гордост и радост владеат […]

Дијаспората заборавени од историската слика за 8-ми септември

Идејата за самостојна Македонија не се роди непосредно пред референдумот во 1991 година. Таа долго живееше меѓу македонците во дијаспората, дури и кога јавното залагање за независност можеше да донесе прогон, затвор и уништен живот. По повод 8 Септември – Денот на независноста и 35-годишнината од создавањето на самостојната македонска држава, под покровителство на претседателката […]

Европратеничката Ирена Јовева – бранител на македонскиот јазик и македонскиот идентитет

Европската Унија е наднационален и меѓувладин сојуз на европски држави. Под ова име е основана во 1993 година, со Договорот за Европската Унија, познат како Договорот од Мастрихт. Сепак, голем број нејзини институции и механизми постоеле и претходно, врз основа на договорите што датираат уште од 1951 година. Активностите на Европската Унија опфаќаат бројни области […]

To top