Дијаспора

ПОСВЕТЕНОСТА НА ЧЕНТО И НА ФИДАНКА ТАНАСКОВА ВО СПИСАНИЕТО „ПОВОД’ БР. 56 ОД СИДНЕЈ (9)

21

21 22 copy

Списанието „Повод“ бр. 56 е наменето за литературата, културата, историјата и општествените прашања. Ова македонско информативно гласило, чиј главен и одговорен уредник е Душан Ристевски-Македон, а уредниците се Иван Трпоски и Мена Ристевска успешно го промовира македонскиот јазик, литературата, културата и македонската заедница во демократска и мултиетничка Австралија.

Бројот 56 за мај 2022 година на списанието „Повод“ на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј е посветен на двете дела „Методија Андонов-Ченто“  на македонски и на англиски јазик од позната новинарка Фиданка Танаскова, чиј превод на англиски јазик е на Ристо Стефов од Канада. Делата се посветени на страдалникот за обединета Македонија –  Методија Андонов – Ченто, македонскиот  национален борец, деец и политичар и прв претседател на Президиумот на АСНОМ – Ченто, кој се именува и како прв Претседател на Македонија.

Во воведот на овие дела се вели дека животна драма на Методија Андонов – Ченто во средината на минатиот век долго беше покриена со мистика, со заклучени архиви и тајновит молк. Тоа биле времиња, настани и сценарија, кога некои личности биле директно прозвани и сместени на листите на неподобните и предавниците, други биле спроведувани во занданите; а режисерите на тие настани и драми биле триумфални победници и добитници. 

Инаку, од пред триесетина изминати години од објавувањето на книгата насловена како „Методија Андонов Ченто“, во издание на Новинско издавачката куќа „Нова Македонија“ во Скопје, па до оваа 2022 година, кога во Сиднеј  делото излезе и на англиски јазик, што беше одамнешна намера и желба, значи, во изминатите три децении вистината излезе на виделина.

Конечно беше  рехабилитиран  првиот претседател на слободна Македонија. Одржан е научен симпозиум за неговиот живот и дело, подигнати се споменици во Скопје и Прилеп, одликуван е со орден на Република Македонија од претседателот на државата, а имаше и други манифестации во чест на  претседателот Ченто.

Инаку, од активностите на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј се дадени текстови за изданијата на делата „Методија Андонов-Ченто“ на македонски и на англиски јазик од познатата и призната новинарка Фиданка Танаскова, потоа текст за романот „Во потрага за белиот леб“ од романсиерката и поетеса Велика Џангалоска-Гатсис која живее и твори во Квинбијан, НЈВ (Австралија, за  книгата „Одмрзнати чувства“ од Оливера Јовановска, како и за стихозбирката  „Судбина во круг“ на Славица Ристеска: и  за делото „Поетски мозаик“ од Гордана Димовска.

Треба да се потенцира дека едно од позначајните македонски гласила што во Австралија излегуваше подолго време беше списанието “Повод”. Тоа е прво македонско списание за литература и култура на овој континент и единствено од ваков вид меѓу иселеништвото. Излегуваше како орган на Македонското литературно друштво “Григор Прличев” од Сиднеј, формирано на 31 март 1978 година во Сиднеј.

23

Првиот број на списанието “Повод” излезе на 15 јуни 1978 година на четири страници со формат 30 х 21 см., додека наредните пет броеви со иста форма имаат зголемен број страници чиј број се движи од 12 до 18. Од шестиот број списанието ја менува и формата и квалитетот на хартијата и излегува на 23 страници, на мал формат 22 х 16 см, а неколку броеви се печатени од 28, до 40 страници. Во периодот од околу 14 години се отпечатени 54 броеви.

Во почетокот на бројот 56 од мај 2022 година на списанието „Повод“ е даден дел од активностите на Австралиско-македонскиот театар од Сиднеј. Во текстот се вели дека тој е добротворна општествена организација формирана во 2007 година со цел да ја промовира драмската и театарската уметност.

Главните цели на оваа организација се да ги зближи луѓето од македонско потекло кои се активни и креативни во сценски продукции, драма, театар, музика, филм, креативно пишување и играње; да ја промовира заедницата преку театарско, филмско и фестивалско творештво; да им помогне на интерпретатори, артисти, глумци и на оние кои работаат на доброволна основа; да ги поттикне македонските режисери, глумци, писатели и дизајнери во презентирање на годишна уметничка програма.

Посебен простор во овој број е даден на текстот за македонскиот јазик на американскиот македонист, проф. д-р Виктор Фридман, кој долги години е шеф на Катедрата за јужнословенски јазици на чикашкиот универзитет и 30 години активно се бави со балканската лингвистика вели дека ставот и заклучокот на Бугарската академија на науките (БАН) дека македонскиот јазик не постои, односно е дијалект на бугарскиот јазик е враќање во времето на фашизмот!. Во продолжение е поместен текст за македонскиот јазик во училиштата во Викторија од Гордана Димовска, како и текст за македонското движење во Бугарија и за делото за Античките Македонци од познатиот македонски историчар и писател Александар Донски.

Во продолжение, меѓу другите, е даден текстот дека на 28 мај во просториите на Македонскиот спортски центар „Илинден“ во Рогдал, Прилепското социјално друштво „Методија Андонов Ченто“ од Сиднеј организира Донаторска хуманитарна вечер со цел донациите да ги употреби за помогнување на социјално загрозени лица во Прилеп. Потоа, текстот за Ѓорѓи Стојчевски кој повеќе од 50 години од животот го има посветено на македонската фолклорна музика, на гајдата.

Посебен простор е посветен на на Виктор Бивел од Сиднеј, познат автор кој со своето творештво го афирмираат македонскиот јазик и култура во странство. Советот на Пелагонските средби на чело со претседателот д-р Весна Калпаковска на својата седница на 17 мај 2022 година одлучи да му го додели признанието „Златен клас за македонски вознес“ на овој познат и признат австралиски Македонец, чиј корени му се во Егејска Македонија.

Исто ака е поместен и текстот за наградата на Пелагонските средби „Повелба за животно дело“ на публицистот Славе Катин за неговиот севкупен труд, дела, дострели и придонес во науката, културата, новинарството, религијата и општественото живеење.

За текстот за Фестивалот на новосоздадени македонски патриотски и родољубиви песни „Гоце фест 2022“, кој го чествува великанот Гоце Делчев, се вели дека годинава се одржа на 18-ти март во Домот на Армијата на Република Македонија (АРМ) во Скопје, во годината кога се одбележуваат 150 години од раѓањето на македонскиот великан и војвода. Потоа е даден текстот во кој според податоците на Австралиското биро за статистика во Австралија има 111.352 лица кои се декларирале со македонско етничко потекло. Според пописот од 2016 година, претставува зголемување од 12,782 лица.

Со право може да се заклучи дека списанието „Повод“ на  Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј е едно од најпрофесионалните гласила во македонското иселеништво, а сите горенаведени текстови го прават ова македонско информативно гласило да биде  огледало на Македонците во Австралија.

Продолжува

6b-slave

Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Дијаспора

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

Македонците во Њујорк го кренаа знамето среде дожд и невреме за 35 години независност

Можат да се обидуваат да нè избришат. Но, и во еден ваков бурен и мрачен ден… ние сме тука. Над сто Македонци и пријатели на Македонија се собраа во срцето на Њујорк, покажувајќи дека љубовта кон татковината е посилна од дождот и невремето. На 26 септември 2026 година, и покрај дождот и силното невреме што […]

Никола Тесла – светски научник чии пронајдоци ја променија модерната цивилизација

Големиот научник Никола Тесла се почитува и слави и во Хрватска и во Србија и во Соединетите Американски Држави и во целиот свет. Тоа го потврдуваат современите проучувачи на ликот и делото на Никола Тесла, кои го нарекуваат “Човекот што го измислил дваесеттиот век“ и “светецот – заштитник на модерниот електрицитет.“ Никола Тесла беше научник, […]

Вратени 16.952 текста објавувани од 2009 до 2026 година на порталот „Македонска нација“

Зачуван е најголемиот дел од богатата архива на порталот — текстовите повторно се достапни за читателите, а со нови материјали продолжуваме да го збогатуваме македонското историско и културно наследство. Во април 2026 година порталот „Македонска нација“ стана недостапен. Не знаеме со сигурност дали стануваше збор за хакерски напад или за друг проблем. За да продолжиме […]

Браќа и сестри Македонци, каде и да сте!

Оваа порака доаѓа од вашата татковина – од Македонија. Од земја со древна историја, богата култура и дух што никогаш не се откажал. Вашата врска со Македонија е крвна, духовна и семејна. Таа тече низ јазикот што го зборуваме, писмото што го пишуваме, песните што ги пееме и спомените што ги носиме со себе. Тоа е […]

To top