Дијаспора

СПИСАНИЕТО „ПОВОД 59“ е посветен на литературното друштво „кочо рацин“ од мелбурн (12)

bb

bb

Новиот број на списанието „Повод“ е посветен на Кочо Рацин, чиј автор на првиот текс под маслов „Се поклонуваме кон неговото дело – Рацин за Македонија“ на познатиот автор Васил Тоциновски се вели дека нема доволно зборови да се искаже големината на нашиот патрон, Koста Апостолов Солев Рацин кој не беше само поет и борец, туку и прогресивен мислител, освновоположник на македонската современа поезија. 

За новиот број 59 на списанието „Повод“ за декември 2022 година може да се заклуќи дека е посветено на еден од најголемите предвоени македонски поети Кочо Рацин. Исто така, списанието е посветено и на членовите на Литературното друштво „Кочо Рацин“ од Мелбурн, Викторија, кои преку своите дела гордо го носат неговото име и ги афирмираат македонскиот јазик и литература и Македонија. 

Новиот број на списанието „Повод“ содржи одрен број значајни прилози кои се однесуваат на активностите на членовите на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“.од Сиднеј, чиј главен и одговорен уредник е Душан Ристевски-Македон, а уредниците се Иван Трпоски и Мена Ристевска, со соработници од Австралија и Македонија.

Инаку, Кочо Рацин беше роден на 22 декември 1908 во Велес, а според официјалната верзија за неговата смрт е забележано дека загинал во несреќен и неразјаснет случај во месноста Лопушник, во близина на партизанската печатница на Лопушник во Кичевско на 13 јуни 1943 година. Телото на Рацин било погребано во близина на Печатницата во Лопушник, од каде што, по ослободувањето, неговите посмртни останки се пренесени во Велес.

Кочо Рацин се смета за еден од најистакнатите интелектуалци што ги дала Македонија во периодот помеѓу двете светски војни, но и воопшто. Притиснат од сиромаштијата и потребата од работна рака во грнчарската работилница на татко му, во 1918 година е принуден да го напушти редовното школување и да стане грнчар.

Сепак, неговата желба за учење е голема и тој продолжува да се самообразува. Инаку, псевдонимот Рацин го зел од неговата сакана Рахилка Фирфова – Раца, а кратко време го користел и псевдонимот Невен Пејко, кој го зел од неговата втора љубов – Невенка Вуиќ.

Неговата стихозбирка на македонски јазик „Бели мугри“, издадена во Загреб во 1939 година до ден денес претставува вистинско поетско богатство кое го наследува и се восхитува секоја генерација Македонци. „Бели мугри“ е едно од најзначајните поетски дела во македонската современа литература.

Покрај стихозбирка „Бели мугри“, Кочо Рацин пишува и објавува неколку статии и трудови од областа на литературната критика, философијата и историјата.Така, напишал и повеќе значајни трудови од областа на историјата, филозофијата и литературната критика. Важно е да се нагласи и податокот дека Рацин е првиот Македонец што го проучувал богомилското движење, за кое напишал неколку трудови на таа тема.

Во портретот за Македонското литературно друштво „Кочо Рацин“ од Мелбурн, Викторија, меѓу другото се вели дека МЛД „Кочо Рацин“ започна со работа во 2014 година, но официјално се регистрира во 2016 година од поголем број Македонци, вљубеници во пишаниот збор, што искрено се чува во Македонската заедница на Мелбурн и пошироко.

Значајно е да се потенцира дека формирањето на Македонското литературно друштво „Кочо Рацин“ беше заедничката желба на иницијаторите, писатели и поети кои долги години се активни во Македонската заедница во Викторија и издаваат свои дела. Нивната мисија е да ги афирмираат литературните дела од македонски автори кои творат во Австралија.

За таа цел МЛД „Кочо Рацин“ од Мелбурн организира активности насочени кон поттикнување на писателите од македонско потекло да творат и да го збогатуваат фондот со книги на македонски јазик. Нивното мото е, „Сакај ја книгата, негувај го јазикот“ – без пишан материјал нема книга, а без книги нема надообразба нити доказ за постоење на еден јазик.

Друштвото има свој блог на кој објавува песни, проза, соопштенија, статии, занимливости од светот на литературата. www.mldkocoracin.blogspot.com Тоа ги зачленува сите писатели, поети, а во исто време ги отвора вратите и на сите вљубеници на пишаниот збор. Има одлична соработка и многу од нив се членови и на Литературното друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј како и МЛД „Ванчо Николески“ од Квинбијан.

bbb
Во продолжение на бројот 59 се поместени бројни текстови од литературата и поезијата меѓу кои: расказот по наслов „Сон за Македонија“ од Гордана Димовска; извадокот од романот „Лавиринт на вистината“ од Оливера Јовановска, како и песни од Крсте Наумоски – Мечкар, Стеван Ацески, Љубица Пулески, Љупчо Крстевски, д-р Емил Попорданоски и Нове Младеновски. Исто така, се презентирани делови од книгите на д-р Снежана Џамбазова Попорданоска, Вера Георгиевска, Дона Димо вски-Кантаровски.

Исто така, се дадени освртот на Гордана Димовска и промоцијатан за книгите „Љубов по слика“ и „Велика“ од Јагода Здравеска-Котескакако,како и текстовите за одржаниот „Македонски фестивал на храната“ и за годишната приредба „Македонскиот јазик –приоритет“.

Во продолжение се поместени текстови од Александар Донски во врска со непознатите фотографии на Кочо Рацин и за краткиот експериментален филм од 1963 година кој е посветен на песната „Ленка“ од Коста Рацин. Исто така се поместени песни посветени на Кочо Рацин од Гроздан Јовановски, Оливера Јовановска, Иван Трпоски и Наум Пауноски.

Посебно место во овој број е посветен на текстот на Душан Ристевски-Македон за промоцијата на монографијата „Ова е мојот живот“ од Иван Трпески, одржана во Сиднеј. Во текстот, меѓу другото, се вели дека на 2 декември, во просториите на Македонскиот културен центар „Илинден“ на црквата „Св. Петка“ во населбата Рогдел (Сиднеј) беше промовиро најновото дело „Ова е мојот живот“ на истакнатиот и наградуван поет и писател Иван Трпоски. Промотор на монографијата беше истакнатиот општественик Др Васил Тулевски.

Монографското дело „Ова е мојот живот“ е отпечатено по повод 80-годишниот роденден на Трпоски, а го издаде Литературното друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј, а рецензент на книгата е проф. д-р Димитар Пандев. На промоцијата д-р Тулевски со најубави зборови го пофали делото кое го опфаќа животот на поетот Иван Трпоски, но и животот на неговото семејство како и животот и активностите на многу македонски општественици, поети и писатели во Австралија и Македонија со кои Трпоски се сретнувал и соработувал.

За активностите во Сиднеј Славица Ристеска пишува за „Матурската вечер во Сиднеј“, во текстот во кој се вели дека во неделата на 27 ноември во прекрасниот амбиент на Емпориум Ресептион во Банкстеон (Сиднеј) по 15-ти пат се одржа „Бал за поддршка на македонскиот јазик“, а воедно и матурска вечер за овогодишната генерација „Матуранти 2022“ за Нов Јужен Велс, како и текст за „Првиот македонски фестивал“.

Исто така, авторот на овој текст Славе Катин го презентира текстот за застапеноста на Душан Ристевски-Македон на Изложбата на издадени книги од членови на Македонското научно друштво од Битола. Меѓу другите членови на Изложбата беше застапен и Душан Ристевски-Македон, председателот на Литературното друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј, Австралија. Неговите дела „Творештвото на Славе Катин I и II издание“, „Каменот од Роби“, „Ченто“ и „Преполнета чаша“ беа претставени на Изложбата на издадени книги од членови на МНД-Битола.

Вториот текст на Славе Катин се однесува на негирањето на македонското малцинство во Бугарија, во кој, меѓу другото се вели дека причината за упорното негирање на Македонците во Бугарија доаѓа од бугарската националистичка догма дека нема, не може и не треба да има Македонци. Со тоа се потврдува стравот на Бугарите од признавање на историските факти за нацијата, јазикот, културата и сите други човекови и државни параметри нa Република Македонија, како и вистината за Македонците во Пиринска Македонија и ширум светот.

Последниот текст во списанието „Повод“ бр. 59 е од свештеникот Владо Недески во црквата „Св. Петка“ во Рокдел и се однесува на Божиќ– раѓањето на Исус Христос, во кој е забележано дека Божик заедно со Велигден, се двата најголеми христијански празници кои знаменито се празнуваат или одбележуваат од македонскиот православен народ, но и воопшто од сите православни верници ширум светот. Божик е празник кој покрај длабоката христијанска суштина со себе носи и многу традиции кои го збогатуваат ликот на празникот, но и ја подржуваат самата суштина на празникот.

Продолжува

6b-slave copy copy copy  

Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Дијаспора

Македонските православни верници во Салцбург добија нова црковна општина

Со првата Света Архиерејска Литургија, отслужена по повод празникот Рождество на Пресвета Богородица, на 19 септември беше означен почетокот на организираниот црковен живот на македонските православни верници во Салцбург и околината. Новата црковна општина ќе дејствува во рамките на Македонската православна црква – Охридска архиепископија. Македонските православни верници во Салцбург и околината добија нова црковна […]

Реџиналд де Бреј – угледен славист, поет, научник и македонист

Д-р Реџиналд Артур де Бреј беше составувач на новиот „Македонско-англиски толковен речник“. При посетата на главниот град на Австралија во 1992 година, авторот на овие редови, Славе Катин, го посети и домот на професорот д-р Реџиналд Артур де Бреј, член на Македонската академија на науките и уметностите надвор од работниот состав и професор на Австралискиот […]

Патот до успехот на Македонецот Роб Спасевски од Мелбурн

Од врвен фудбалер до успешен фудбалски тренер – тоа е пат исполнет со талент, дисциплина, жртви, искуство и постојана желба за победа. Додека кариерата на теренот бара физичка подготвеност, инстинкт и фудбалска умешност, преминувањето на тренерската клупа носи нови предизвици: тактичко знаење, психолошка зрелост, способност за мотивирање и, пред сè, лидерство. Таков пат изодел Роб […]

Соопштение на Централниот совет на Македонците во Германија против актуелните антимакедонски напади во бугарскиот парламент

Берлин, 13 септември 2026 Централниот совет на Македонците во Германија (Zentralrat der Makedonen in Deutschland e.V.) најостро ги осудува најновите историско-ревизионистички и шовинистички изјави, како и официјалната парламентарна иницијатива на бугарскиот пратеник Костадин Костадинов, поднесена на 11 септември 2026 година. Под изговор на спортски настан, Костадин Костадинов ја искористи говорницата на Народното собрание на Република […]

Академик Виктор Фридман – американски лингвист и бранител на македонската вистина

Пријатели на Македонија Виктор Фридман е американски лингвист, славист, македонист, балканист, граматичар и социолингвист, еден од најпознатите балкански слависти во светот. Ученик на Збигњев Голомб, еден од основачите на американската македонистика, Фридман работи во рамките на функционалната структуралистичка теорија на јазикот. Тој е надворешен член на Македонската академија на науките и уметностите од 1994 година […]

Лиана Коњарски од Мелбурн – најдобра одбојкарка во Премиер 1 лигата на Викторија

Македонката Лиана Коњарски од Мелбурн постигна голем спортски успех во Австралија. Со својот клуб „Yarra Ranges Volleyball Club“ ја освои шампионската титула во женската Премиер 1 конкуренција, а нејзините одлични игри беа крунисани со две големи индивидуални признанија – за највреден играч (MVP) и за најдобар техничар (Best Setter) во лигата. Гордост и радост владеат […]

Дијаспората заборавени од историската слика за 8-ми септември

Идејата за самостојна Македонија не се роди непосредно пред референдумот во 1991 година. Таа долго живееше меѓу македонците во дијаспората, дури и кога јавното залагање за независност можеше да донесе прогон, затвор и уништен живот. По повод 8 Септември – Денот на независноста и 35-годишнината од создавањето на самостојната македонска држава, под покровителство на претседателката […]

Европратеничката Ирена Јовева – бранител на македонскиот јазик и македонскиот идентитет

Европската Унија е наднационален и меѓувладин сојуз на европски држави. Под ова име е основана во 1993 година, со Договорот за Европската Унија, познат како Договорот од Мастрихт. Сепак, голем број нејзини институции и механизми постоеле и претходно, врз основа на договорите што датираат уште од 1951 година. Активностите на Европската Унија опфаќаат бројни области […]

To top