Дијаспора

СПИСАНИЕТО „ПОВОД“ БР. 62 Е ПОСВЕТЕНО НА ПОЗНАТИ ПОЕТИ ОД КАНАДА И АВТРАЛИЈА И ГОРАН МАСЛИНКОВСКИ (15)

333

333

Бројот 62 на списанието „Повод“ за јули 2023 година содржи значајни прилози кои се однесуваат на активностите на членовите на Македонскителитературни друштв “Браќа Миладиновци“ од Торонто и  „Григор Прличев“ од Сиднеј, чиј главен и одговорен уредник е Душан Ристевски-Македон, а уредници се Иван Трпоски и Мена Ристевска, со соработници од Австралија и Македонија.

Списанието „Повод 62“ е посветено на познатиот поет од Австрслија Горан Маслинковски, потоа на на академикот Љупчо Коцарев, претседател на Македонската академија на науките и уметностите од 2020 год, и на Литературното друштво „Ванчо Николески“ од Квинбијан, кое преку своите дела гордо го носи неговото име и го афирмира македонскиот јазик и литература, како и на други личности и интересни текстови од литературата, културата и општестевениот живот.

Новиот број на списанието „Повод 62“ на насловната страница ја содржи фотографијата на поетот Горан Маслинковски, чија поезија повеќе пати е наградувана на конкурсот за „Прличева награда“ на Литературното друштво „Григор Прличев“. Со поезија застапен е во зборниците / антологии: „Видици“ (1984), „Поетски иселенички меридијани“ (1996), „Коти на копнеж и страст“ (2003), “Macedonian Poetry in Australia” (1996), “Reunion” (2003), „Ѕуница“ (2018). Автор е на збирките поезија: „Збогување“(1987), „Сонот на јавето“ (1992) и „Шумска свадба“ (1992).

Во почетокот на списанието одреден простор му е посветен  на творештвото на битолчанецот Божин М. Андоновски кој е застапен во списанието со неколку поетски остваруваља.

33 copy

Во текстови за македонските поети од Торонто, авторот на овие редови, Славе Катин ги претстави литературните творци од Литературното друштво „Браќа Миладиновци“ од Торонто, Канада, поетесата Вера Вржовска – Петреска и Зоран Kарапанчев, претседателот на Литературното друштвото „Браќа Миладиновци“ од Торонто. 

Инаку, поетесата Вера Вржовска – Петреска беше првиот организатор на на Друштвото во 1987 година, а повеќе пати била и е во раководните структури на Друштвото, како и сегашниот претседател на Друштвото Зоран Карапанччев, со цел да се прошири врската на македонските асоцијации насекаде во ветот, кои треба да започнат поголеми и побогати соработки со цел за зачувувањето на македонска вистина и етничка Македонија.

Во текстот за  Вера Вржовска-Петревска се вели дека таа е позната и призната македонска поетеса која живее во Торонто. Пишува носталгична и патриотска поезија на македонски и на англиски јазик. Таа е автор на стихозбирките: „Далечни корени“ 1996 „My Broken Heart“ („Моето скршено срце“), 2018. и “Брајчино – Моите корени, мојата Преспа“ 2021. Таа има објавено своја поезија во голем број информативни гласила во Канада и Македонија, а особено во публикациите на Литературното друштво „Браќа Миладиновци“ од Торонто.

За сето време на своето живеење, пак, Зоран Kарапанчев членува во црковната комуна при Македонската православна црква “Св.Климент Охридски” каде бил член на управниот одбор и редовно помага со своите фото и видео сервиси, како и со администрирање на црковната Facebook страна. Зоран Карапанчев е претседател на Литературното друштво „Браќа Миладиновци“, кое работи во состав на Македонската православна црква „Свети Климент Охридски“ во Торонто, Канада.

Посебно место во творештвото на Зоран Карапанчев е, секако, неговата стихозбирка „Недопрени мечти“.Тоа е прво негово поетско дело кое ги отвори портите за натамошната дејнот на овој познат и признат македонски иселеник во Торонто. Промоцијата на ова негово прво дело кое претставува убав пример на една збирка поезија, проследени со бројни фотографии, се одржа во Клубот МКЦ во Скопје на 09.јуни 2019 година.

Во почетокот на списанието одреден простор му е посветен  на творештвото на битолчанецот Божин М. Андоновски кој е застапен во списанието со неколку поетски остваруваља.

Во продолжение во списанието е даден дел од текстот кој  На 5-ти мај 2023 година, во просторите од Македонскоата библиотека „Григор Прличев“ во Сиднеј, група членови од Друштво „Григор Прличев“ одржаа комеморација за 120 годишнината од смртта на македонскиот револуционер и борец за целокупна, слободна и независна држава Македонија,

Потоа е даден текст  од Македонската заедница и тоа за одбележувањето на 40-годишниот јубилеј на Охридското друштво „Св. Наум Охридски“ во кое се вели дека Татковината се сака со дело и за финансиската помош како за црквата „Света Злата Мегленска“ во Соботдко, Егејска Македонија.

Овој бој на списанието „Повод“ е збогатен со одлуката дека  академикот Љупчо Коцарев, е прогласен за почесен член на Македонското друшво „Григор Прличев“. 

Потоа  м-р Лилјана Стоилковска го претстави дело  под наслов „Слушниго срцето“ од Оливера Јовановска,  во која меѓудругото вели: „Љубовта е илузија со молба да не биде допрена кога е среќна и своја. Среќата за миг може да нé одмине – станувајќи „кралица“ на самотијата.“    

Во овој број на списанието има и текст од Фиданка Танаскова под наслов од Солубско до Воденско.  

Посебно место во списанието „Повод“ 62 е посветено на откривањето на бистата на македонскиот револуционер Драган Богдановски ( 1929-1998). Во текстот се вели дека на 10 Јуни пред седиштето на ВМРО ДПМНЕ во Скопје беше откриена биста на Македонскиот Револуционер Драган Богдановски (1929-1998) во присуство на нај високото раководство на ВМРО ДПМНЕ, неколку стотици почитувачи на неговото дело и блиски роднини.

Бистата ја открија Мане Јаковлески – Претседавач со Унијата на Ветерани и Трајче Трајковски претседател на ЗК на ВМРО ДПМНЕ од Перт Австралија, кој во пригодниот говор што го одржа, потсети на револуционерната дејност на Драган Богдановски во дијаспората и во Македонија.

Драган Богдановски потекнува од фамилија со патриотски корени (дедото на Драган е илинденец-комита во четата на Атанас Бабата). Основно училиште Драган завршува во родното село, а средно образование во Куманово и Битола. Во 1948 год. се запишува на факултет за Земјоделство и Шумарство во Белград, каде уште во третиот семестар од студиите се пројавува како иницијатор за формирање на „Македонски студентски клуб“, заради што одлежал 4 месеци во затвор. По излегувањето од затвор бил исклучен од факултетот, без право на упис на кој било факултет во Југославија.

По забраната да студира во Југославија, заедно со неколку студенти во 1950 год. кај Гевгелија илегално ја преминува границата со Грција, а истата година заминува за Јужна Америка (Аргентина и Бразил) каде престојува се до 1954 год. Од Јужна Америка заминува за Франција, каде во Париз се запишува на Сорбона на факултетот за политички науки и журналистика. 

За неговите страдања во затворот сведочат и неговите Мемоари собрани во книгата Дневникот на македонскиот маченик Драган Богдановски“, објавена од Задграничните комитети на ВМРО ДПМНЕ од Перт и Аделаида во Австралија, а помогната од чесни и искрени следбеници на Драган Богданоски. Финансиери за бистата се задграничните комитети на ВМРО ДПМНЕ од Перт и Аделаид од Австралија., се вели на кјајот од текстот.

Драган Богдановски почина на 31.05.1998 година во Копенхаген, Данска, на пат од Шведска за Берлин. Погребан е во присуство на фамилијата и најблиските во Куманово на 01.08.1998 год.

Исто така, посебно место во списанието е посвеенео на интервјуто со Тоде Мицковски од Сиднеј за манастирот во изградба посветен на Света Лидија – Македонска во битолското село Поешово

Оваа величествена градба се гради во централниот дел на селото, во непосредна близина на постоечката црква Св. Ѓорѓија Победоносец и по една слободна проценка, зафаќа површина од околу 40 м² и дворно место од околу 300 м²..

Заслужува внимание текстот на англискијазик на Виктор Бевил под наслов „ МАКЕДОНИЈА –КНИГИ, ГЕНОЦИД, ТАТКОВИНА,, СЕЛА (Дел2 ТАТКОВИНА) (MACEDONIA – BOOKS, GENOCIDE, HOMELAND, VILLAGES (Part 2- HOMELAND).

Продолжува

6b-slave copy copy copy copy copy copy copy

Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Дијаспора

Семакедонска средба на 14 ноември во Штип

Традиционалната Семакедонска средба годинава ќе се одржи на 14 ноември 2026 година, сабота, со почеток во 12:00 часот, во хотелот „Оаза“ во Штип. Организатори на средбата се Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија „Мирка Гинова“ од Штип и Сојузот на здруженијата на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија „МАКЕДОН“. За […]

Македонија и Македонците ширум светот, поврзани под едно сонце

Обединетата македонска дијаспора (ОМД) ги повикува Македонците ширум светот да се вклучат во „МК Конект“ – платформата на волонтери-дописници на Македонската радио-телевизија и Агенцијата за иселеништво. Платформата произлезе од меморандумот за заемна соработка меѓу двете институции, со цел посилно поврзување на македонските иселеници со татковината. ОМД со гордост ја поддржува иницијативата и го поздравува нејзиниот […]

„Заветна“ — песна за нераскинливата врска со Македонија

Постојат песни во кои љубовта кон татковината се изразува како ветување. Таква е „Заветна“, во изведба на Пепи Бафтировски, со музика на Миле Барбаровски и текст на Георги Барбаровски — песна за страдањето, истрајноста и длабоката поврзаност на човекот со македонската земја. Уште во почетните стихови се навестуваат обидите Македонија да биде премолчена, сокриена и […]

Македонската дијаспора е нераскинлив дел од татковината и партнер во градењето на нејзината иднина

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска во Солинген, Сојузна Република Германија, заедно со членови на Извршниот комитет, присуствуваше на Третата конференција на задграничните комитети на ВМРО-ДПМНЕ. Пред присутните делегати, Мицкоски ги претстави актуелните состојби во Македонија, економските резултати, инфраструктурните инвестиции и предизвиците со кои се соочува државата во услови на глобални енергетски и економски неизвесности. […]

„Повод“ – македонски глас од Сиднеј што ја поврзува дијаспората со татковината

Фиданка Танаскова Најновиот, 79. број на списанието на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј, Австралија носи богат мозаик од книжевни осврти, културни настани и иселенички сведоштва, во служба на македонскиот јазик, култура и идентитет. Списанието „Повод“, едно од најреномираните македонски иселенички гласила во светот,  што го издава Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј, […]

„Т’га за југ“ — песна за секое македонско срце далеку од дома

„Т’га за југ“ од Константин Миладинов е длабоко лична исповед за копнежот по родниот крај. Во неа, далечината се чувствува како студ во душата, а споменот на татковината носи светлина и топлина. Наспроти мракот, маглите и мразовите стојат Охрид, Струга, езерото и родните предели — места во кои поетот чувствува дека припаѓа. Желбата да добие […]

„Чувари на верата и македонскиот идеал“ – во Мелбурн одбележан Денот на македонската револуционерна борба

Со панихида, положување цвеќе пред споменикот на Гоце Делчев и културна програма, македонската заедница оддаде почит на националните дејци и на архиепископот Ангелариј. Под мотото „Чувари на верата и македонскиот идеал“, Македонската православна општина за Мелбурн и Викторија на 24 октомври го одбележа Денот на македонската револуционерна борба – 23 Октомври. На настанот беше одбележана […]

Крис Петровски – од Битола до Холивуд

Актерот со македонски корени ја продолжува филмската приказна на својот роден град и ги охрабрува младите да веруваат во сопствениот талент. Кога ќе се спомене Битола, првите асоцијации се Градот на конзулите, браќата Манаки, филмот, театарот и препознатливата боемска култура. Но, културното богатство на еден град не се мери само со неговото минато. Неговата вистинска […]

To top