Дијаспора

ДР ВАСИЛ ТУЛЕВСКИ ПРОГЛАСЕН ЗА ПОЧЕСЕН ЧЛЕН ВО ЛИТЕРАТУРНОТО ДРУШТВО „ГРИГОР ПРЛИЧЕВ“ ВО СИДНЕЈ

Vasil

Vasil

Во почетокот на 2026 година, членовите на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј, одлучија познатиот филантроп, општественик и љубител на македонска литература, Др Васил Тулевски, да го прогласат за почесен член.

Др Васил Тулевски е роден во Скопје во 1939 година. Дипломира на Медицинскиот факултет во 1964 год со највисок просек во генерацијата. Една година работи како асистент на Катедрата за Микробиологија на Медицинскиот Факултет во Скопје. Во своја режија во 1966 година заминува за Англија на специјализација за интерна медицина и постана член во Royal College of Physicians. Извесно време се вработува во Британскиот медицински совет за истражување каде публикува повеќе научни трудови во Ланцет и други угледни медицински списанија. Потоа по покана на Washington University Medical School во St Louis, Missouri, работи две години.

Во 1973 год. се доселува во Сиднеј и една година работи како специјалист во болницата St Vincent и во 1975 год. отвора своја медицинска ординација во North Rock, а се пензионира во 2017 год. Исто така имаше приватна ординација специфично за Македонците во населбата Рогдаел од 1978 до 2002 год. Се ожени со Линет во 1968 год. со која има два сина и четири ќерки и е дедо на десет внуци.

Покрај семејните и професионалните должности активно се вклучува и во општествениот живот на македонската заедница. Др Тулевски беше првиот координатор (на таа функција беше 10 години) на македонската програма на државната радио станица 2ЕА која започна пред 50 години. Тој беше еден од иницијаторите за формирање на Македонската фондација во универзитетот Macquarie каде неколку децении се изучуваше македонскиот јазик. Како шахист, формира Шаховски клубови во населбите North Rocks и Parramatta и 20 години членува во Советот на Австралиската шаховска федерација и повеќе години заземал функција на благајник во Шаховската асоцијација на Нов Јужен Велс. Неговиот FIDE рангиран степен достигна над 2000 а ACF стапка достигна до 1800.

Негово хоби, покрај шахот, е рецитирање поетски творби и учење на јазици. Покрај македонски и англиски јазик, течно зборува француски, шпански, руски, српски и бугарски. После пензионирањето го изучува и добро владее со индонезискиот јазик. Редовно членува во Литературното друштво „Григор Прличев“ од самиот почеток и редовно ги финансира активностите на истото. Др Тулевски е најголемиот филантроп за издавање на македонска литература во Австралија.

Неговата омилена поема е „Вардар“

Тој си е долг секогаш толку

Колку што еднаш се истегнал

Од Вруток па до Солун и пресекол

Една Македонија.

Тој тече лудо, полезно, плавно,

здодевно зачудувачки,

Тој тече алтруистички.

Течам и јас и јас сум тек

Тек горнорек, тек недорек.

Пеам и си го знам Врутокот

Солунот не си го знам…

Ах убав Вардаре, покрај кој сум роден и убава Македонија

Јас излегов од неа но она нема излезено од мене!

6c-Dusan

Душан Ристевски

Најново од: Дијаспора

Семакедонска средба на 14 ноември во Штип

Традиционалната Семакедонска средба годинава ќе се одржи на 14 ноември 2026 година, сабота, со почеток во 12:00 часот, во хотелот „Оаза“ во Штип. Организатори на средбата се Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија „Мирка Гинова“ од Штип и Сојузот на здруженијата на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија „МАКЕДОН“. За […]

Македонија и Македонците ширум светот, поврзани под едно сонце

Обединетата македонска дијаспора (ОМД) ги повикува Македонците ширум светот да се вклучат во „МК Конект“ – платформата на волонтери-дописници на Македонската радио-телевизија и Агенцијата за иселеништво. Платформата произлезе од меморандумот за заемна соработка меѓу двете институции, со цел посилно поврзување на македонските иселеници со татковината. ОМД со гордост ја поддржува иницијативата и го поздравува нејзиниот […]

„Заветна“ — песна за нераскинливата врска со Македонија

Постојат песни во кои љубовта кон татковината се изразува како ветување. Таква е „Заветна“, во изведба на Пепи Бафтировски, со музика на Миле Барбаровски и текст на Георги Барбаровски — песна за страдањето, истрајноста и длабоката поврзаност на човекот со македонската земја. Уште во почетните стихови се навестуваат обидите Македонија да биде премолчена, сокриена и […]

Македонската дијаспора е нераскинлив дел од татковината и партнер во градењето на нејзината иднина

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска во Солинген, Сојузна Република Германија, заедно со членови на Извршниот комитет, присуствуваше на Третата конференција на задграничните комитети на ВМРО-ДПМНЕ. Пред присутните делегати, Мицкоски ги претстави актуелните состојби во Македонија, економските резултати, инфраструктурните инвестиции и предизвиците со кои се соочува државата во услови на глобални енергетски и економски неизвесности. […]

„Повод“ – македонски глас од Сиднеј што ја поврзува дијаспората со татковината

Фиданка Танаскова Најновиот, 79. број на списанието на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј, Австралија носи богат мозаик од книжевни осврти, културни настани и иселенички сведоштва, во служба на македонскиот јазик, култура и идентитет. Списанието „Повод“, едно од најреномираните македонски иселенички гласила во светот,  што го издава Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј, […]

„Т’га за југ“ — песна за секое македонско срце далеку од дома

„Т’га за југ“ од Константин Миладинов е длабоко лична исповед за копнежот по родниот крај. Во неа, далечината се чувствува како студ во душата, а споменот на татковината носи светлина и топлина. Наспроти мракот, маглите и мразовите стојат Охрид, Струга, езерото и родните предели — места во кои поетот чувствува дека припаѓа. Желбата да добие […]

„Чувари на верата и македонскиот идеал“ – во Мелбурн одбележан Денот на македонската револуционерна борба

Со панихида, положување цвеќе пред споменикот на Гоце Делчев и културна програма, македонската заедница оддаде почит на националните дејци и на архиепископот Ангелариј. Под мотото „Чувари на верата и македонскиот идеал“, Македонската православна општина за Мелбурн и Викторија на 24 октомври го одбележа Денот на македонската револуционерна борба – 23 Октомври. На настанот беше одбележана […]

Крис Петровски – од Битола до Холивуд

Актерот со македонски корени ја продолжува филмската приказна на својот роден град и ги охрабрува младите да веруваат во сопствениот талент. Кога ќе се спомене Битола, првите асоцијации се Градот на конзулите, браќата Манаки, филмот, театарот и препознатливата боемска култура. Но, културното богатство на еден град не се мери само со неговото минато. Неговата вистинска […]

To top