Дијаспора

АВСТРАЛИСКО МАКЕДОНСКИОТ ТЕАТАР ОД СИДНЕЈ СО НОВА ПРОДУКЦИЈА

Australian Macedonian Theatre - logo black

Australian Macedonian Theatre - logo blackАвстралиско македонскиот театар од Сиднеј на 14 декември го одржа својот традиционален крајногодишен пикник покрај обалата на Карс Парк во Сиднеј. Покрај пикникот збогатен со македонска скара се одржа и годишен состанок при што се сумираа резултатите од активностите на Театарот во 2025 година.

7664826789517503104

Театарот имаше плоден репертоар, покрај индивидуални настапи на самите членови на разновидни средби и фестивали, Театарот успешно ја стави на сцена драмата Преполнета чаша (Невидлив затвор) од Душан Ристевски во режија на Лила Мицевска. Улогите ги толкуваа Васко Србиновски, Гордана Милошевска, Самоил Митревски, Марија Александрова, Стефан Нешкоски, Рубинчо Нешкоски, Лила Мицевса и Душан Ристевски. Публиката за најдобра актерка ја избра Гордана Милошевска која ја доби наградата Александар Македонски за толкување на главната улога на Анета. Се одржаа пет престави во Сиднеј и Волонгонг каде неколку илјади Македонци имаа можност да ја видат најновата продукција на овој реномиран Театар кој делува во Сиднеј и Нов Јужен Велс приближно 20 години.

Се забележа дека од драмата Преполнета чаша се издаде ДВД како и книга во издание на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј.

Исто така членовите имаа можност да дискутираат за најновиот драмски проект што се планира да биде поставен на сцена во мај 2026 година. Се планира да се стави на сцена комедијата Клеопатра од Кравари од драматургот Душан Ристевски.

Честито на актерите и членовите на Театарот за уште една успешна година во промовирање на македонската театарска уметност во Австралија.

Душан Ристевски

Најново од: Дијаспора

Семакедонска средба на 14 ноември во Штип

Традиционалната Семакедонска средба годинава ќе се одржи на 14 ноември 2026 година, сабота, со почеток во 12:00 часот, во хотелот „Оаза“ во Штип. Организатори на средбата се Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија „Мирка Гинова“ од Штип и Сојузот на здруженијата на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија „МАКЕДОН“. За […]

Македонија и Македонците ширум светот, поврзани под едно сонце

Обединетата македонска дијаспора (ОМД) ги повикува Македонците ширум светот да се вклучат во „МК Конект“ – платформата на волонтери-дописници на Македонската радио-телевизија и Агенцијата за иселеништво. Платформата произлезе од меморандумот за заемна соработка меѓу двете институции, со цел посилно поврзување на македонските иселеници со татковината. ОМД со гордост ја поддржува иницијативата и го поздравува нејзиниот […]

„Заветна“ — песна за нераскинливата врска со Македонија

Постојат песни во кои љубовта кон татковината се изразува како ветување. Таква е „Заветна“, во изведба на Пепи Бафтировски, со музика на Миле Барбаровски и текст на Георги Барбаровски — песна за страдањето, истрајноста и длабоката поврзаност на човекот со македонската земја. Уште во почетните стихови се навестуваат обидите Македонија да биде премолчена, сокриена и […]

Македонската дијаспора е нераскинлив дел од татковината и партнер во градењето на нејзината иднина

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска во Солинген, Сојузна Република Германија, заедно со членови на Извршниот комитет, присуствуваше на Третата конференција на задграничните комитети на ВМРО-ДПМНЕ. Пред присутните делегати, Мицкоски ги претстави актуелните состојби во Македонија, економските резултати, инфраструктурните инвестиции и предизвиците со кои се соочува државата во услови на глобални енергетски и економски неизвесности. […]

„Повод“ – македонски глас од Сиднеј што ја поврзува дијаспората со татковината

Фиданка Танаскова Најновиот, 79. број на списанието на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј, Австралија носи богат мозаик од книжевни осврти, културни настани и иселенички сведоштва, во служба на македонскиот јазик, култура и идентитет. Списанието „Повод“, едно од најреномираните македонски иселенички гласила во светот,  што го издава Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј, […]

„Т’га за југ“ — песна за секое македонско срце далеку од дома

„Т’га за југ“ од Константин Миладинов е длабоко лична исповед за копнежот по родниот крај. Во неа, далечината се чувствува како студ во душата, а споменот на татковината носи светлина и топлина. Наспроти мракот, маглите и мразовите стојат Охрид, Струга, езерото и родните предели — места во кои поетот чувствува дека припаѓа. Желбата да добие […]

„Чувари на верата и македонскиот идеал“ – во Мелбурн одбележан Денот на македонската револуционерна борба

Со панихида, положување цвеќе пред споменикот на Гоце Делчев и културна програма, македонската заедница оддаде почит на националните дејци и на архиепископот Ангелариј. Под мотото „Чувари на верата и македонскиот идеал“, Македонската православна општина за Мелбурн и Викторија на 24 октомври го одбележа Денот на македонската револуционерна борба – 23 Октомври. На настанот беше одбележана […]

Крис Петровски – од Битола до Холивуд

Актерот со македонски корени ја продолжува филмската приказна на својот роден град и ги охрабрува младите да веруваат во сопствениот талент. Кога ќе се спомене Битола, првите асоцијации се Градот на конзулите, браќата Манаки, филмот, театарот и препознатливата боемска култура. Но, културното богатство на еден град не се мери само со неговото минато. Неговата вистинска […]

To top