Дијаспора

„АВСТРАЛИСКО – МАКЕДОНСКИОТ ТЕАТАР“ – ЗНАЧАЈНА КУЛТУРНА ИНСТИТУЦИЈА ВО АВСТРАЛИЈА (27)

2 copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

2 copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

Покрај списанието „Повод“, како дел на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ е, секако, Австралиско македонскиот театар од Сиднеј,кој е формиран на 23 мај 2007 година Тој во првите десетина години беше особено посветен на  театарското живеење на Македонците во Австралија, кое започна на почетокот на деведесеттите години од минатиот век во Сиднеј.

Тоа е тесно поврзано со името и делото на Благој (Бил) Нешковски, талентиран текстописец и уметник кој прерано го заврши својот живот. Неговите претстави беа играни во Сиднеј, Мелбурн, Вулунгонг и други градови ширум Австралија, како и на гостувањето воРеублика Македонија. Денес во Илавара постои Македонски театар што го носи неговото името.

Во период од триесетина години Македонците во Австралија направиле успешни обиди на полето на театарот. Така, театарски групи од македонски доселеници и бројни Македонци родени на петтиот континент, од повеќе градови ширум Австралија презентираа интересни театарски претстави кои оставија видливи траги на полето на театарската уметност.

Една од тие македонски театарски групи е, секако Австралиско-македонскиот театар.

Овој театарски состав е формиран во 2007 година со цел да ја промовира македонската драмска и театарска уметност и да ги обединува луѓето со македонско потекло кои се активни и креативни во драмски, сценски, театарски продукции и творештво.

Австралиско-македонскиот театар е познат и признат театарски состав на широко меѓу македонската и австралиската публика не само во Австралија, туку и со двете гостувањата во повеќе градови во Македонија ги освои симпатиите кај театарската публика и вљубениците во македонската иселеничката проблематика.

Меѓу бројните претстави на Австралиско-македонскиот театар се, секако,  претставите „Страв и срам“, „Мр Балкан“, „Стари и весели“, „Раскол“, „Остави ја свеќата да гори“, „Борење со мечка“ и „Ченто“.

Во оваа возбудлива претстава улогите ги толкуваат македонските иселеници: Васко Србиновски, Олга Николовска, Кире Тошевски, Тони Глигуровски, Соња Божиновска, Марија Кочовска, Митра Недановска-Нешковска, Николче Цветковски, Пеце Зенговски, Соња Зенговска и Александар Чакоски.

Драмата „Мр. Балкан“ е, исто така, психолошка драма, траги-комедија преку која се насликува емоционалната траума на македонската нација и се осветлува периодот во македонската историја кога невини деца присилно се иселувани од своите домови во Егејскиот дел на Македонија и потоа да бидат населени во источно-европските земји. 

23 copy copy copy

Членови на „Австралиско-македонскиот театар“

Настаните се случуваат за време на Граѓанската војна во Елада (Грција). Поради нивната македонска етничност, на овие деца не им беше дозволено да се вратат во своите домови. Само на оние кои присвоија грчки имиња и презимиња им беше дозволено да се вратат во родните места.

Оние кои не се откажаа од своето име одбивајки да се помират со оваа геноцидност, останаа во новите земји или се населија во Република Македонија, Австралија, САД, Канада. Ова е драма за македонската голгота, за траумата на триесетина илјади деца, судбина која ги следи до крајот на нивниот живот.

Со претставата „Мр.Балкан“ театарот забележа огромен успех при нивното гостување во Македонија каде одржаа претстави во осум градови во 2011 година. Продуцент на ова драмско дело е Зоран Лозевски, во режија на Стефан Нанцу, кој исто така играше во претставата покрај Васко Србиновски, Соња Зенговска, Татјана Тодоровска, Спасија Огненовска и Јован Ристевски.

Австралиско македонскиот театар од Сиднеј гостуваше по втор пат во Република Македонија во јуни 2014 година, со претставата „Борење со мечка“ од Душан Ристевски, во режија на Стефо Нанцу. Гостувањето бешее дел од поголемата турнеја низ неколку македонски градови итоа: Скопје, Велес, Штип, Струмица, Битола и во Прилеп, каде беше дел од 49-тиот Театарскиот фестивал „Војдан Чернодрински“.

Во претставата „Борење со мечка“ чија премиера за прв пат се одржа на македонски и англиски во Сиднеј, пред македонска театарска публика играа деветмина актери: Васко Србиновски, Ирена Вељанова, Никола Апостоловски, Валентина Апостоловска, Стефани Степановска, Јаворка Котеска, Самоил Митревски, Владо Сазданов и Мена Ристевска.

Со претставата „Мр.Балкан“ театарот забележа огромен успех при нивното гостување во Македонија каде одржаа претстави во осум градови во 2011 година.

Продуцент на ова драмско дело е Зоран Лозевски, во режија на Стефан Нанцу, кој исто така играше во претставата покрај Васко Србиновски, Соња Зенговска, Татјана Тодоровска, Спасија Огненовска и Јован Ристевски.

Австралиско македонскиот театар од Сиднеј гостуваше по втор пат во Република Македонија во јуни 2014 година, со претставата „Борење со мечка“ од Душан Ристевски, во режија на Стефо Нанцу. Гостувањето бешее дел од поголемата турнеја низ неколку македонски градови итоа: Скопје, Велес, Штип, Струмица, Битола и во Прилеп, каде беше дел од 49-тиот Театарскиот фестивал „Војдан Чернодрински“.

Во претставата „Борење со мечка“ чија премиера за прв пат се одржа на македонски и англиски во Сиднеј, пред македонска театарска публика играа деветмина актери: Васко Србиновски, Ирена Вељанова, Никола Апостоловски, Валентина Апостоловска, Стефани Степановска, Јаворка Котеска, Самоил Митревски, Владо Сазданов и Мена Ристевска.

Австралиско македонскиот театар од Сиднеј за период од десет години постави на сцена 13 оргинални продукции.

Со своите продукции гостувал во повеќе градови во Австралија, успешно оствари две турнеи во Република Македонија каде учествуваше и на театарскиот фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп.

После само една година од формирањето, се стави на сцена драмата „Страв и срам“ (2008), а потоа следеа драмите „Мр Балкан“ (2010); „Стари и весели“ (2011):„Раскоп“, (2012) „Борење со мечка“  (2013) „Ограда“ (2014); „Доктор жими мајка“ (2015); монодрамата „Ченто“ (2015): “Куферот“ (2016); „Баба се мажи“ (2016); монодрамата „Неда“ (2016); и „Неочекувана забава“ (2017).

Продолжува

6b-slave copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Дијаспора

Семакедонска средба на 14 ноември во Штип

Традиционалната Семакедонска средба годинава ќе се одржи на 14 ноември 2026 година, сабота, со почеток во 12:00 часот, во хотелот „Оаза“ во Штип. Организатори на средбата се Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија „Мирка Гинова“ од Штип и Сојузот на здруженијата на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија „МАКЕДОН“. За […]

Македонија и Македонците ширум светот, поврзани под едно сонце

Обединетата македонска дијаспора (ОМД) ги повикува Македонците ширум светот да се вклучат во „МК Конект“ – платформата на волонтери-дописници на Македонската радио-телевизија и Агенцијата за иселеништво. Платформата произлезе од меморандумот за заемна соработка меѓу двете институции, со цел посилно поврзување на македонските иселеници со татковината. ОМД со гордост ја поддржува иницијативата и го поздравува нејзиниот […]

„Заветна“ — песна за нераскинливата врска со Македонија

Постојат песни во кои љубовта кон татковината се изразува како ветување. Таква е „Заветна“, во изведба на Пепи Бафтировски, со музика на Миле Барбаровски и текст на Георги Барбаровски — песна за страдањето, истрајноста и длабоката поврзаност на човекот со македонската земја. Уште во почетните стихови се навестуваат обидите Македонија да биде премолчена, сокриена и […]

Македонската дијаспора е нераскинлив дел од татковината и партнер во градењето на нејзината иднина

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска во Солинген, Сојузна Република Германија, заедно со членови на Извршниот комитет, присуствуваше на Третата конференција на задграничните комитети на ВМРО-ДПМНЕ. Пред присутните делегати, Мицкоски ги претстави актуелните состојби во Македонија, економските резултати, инфраструктурните инвестиции и предизвиците со кои се соочува државата во услови на глобални енергетски и економски неизвесности. […]

„Повод“ – македонски глас од Сиднеј што ја поврзува дијаспората со татковината

Фиданка Танаскова Најновиот, 79. број на списанието на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј, Австралија носи богат мозаик од книжевни осврти, културни настани и иселенички сведоштва, во служба на македонскиот јазик, култура и идентитет. Списанието „Повод“, едно од најреномираните македонски иселенички гласила во светот,  што го издава Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј, […]

„Т’га за југ“ — песна за секое македонско срце далеку од дома

„Т’га за југ“ од Константин Миладинов е длабоко лична исповед за копнежот по родниот крај. Во неа, далечината се чувствува како студ во душата, а споменот на татковината носи светлина и топлина. Наспроти мракот, маглите и мразовите стојат Охрид, Струга, езерото и родните предели — места во кои поетот чувствува дека припаѓа. Желбата да добие […]

„Чувари на верата и македонскиот идеал“ – во Мелбурн одбележан Денот на македонската револуционерна борба

Со панихида, положување цвеќе пред споменикот на Гоце Делчев и културна програма, македонската заедница оддаде почит на националните дејци и на архиепископот Ангелариј. Под мотото „Чувари на верата и македонскиот идеал“, Македонската православна општина за Мелбурн и Викторија на 24 октомври го одбележа Денот на македонската револуционерна борба – 23 Октомври. На настанот беше одбележана […]

Крис Петровски – од Битола до Холивуд

Актерот со македонски корени ја продолжува филмската приказна на својот роден град и ги охрабрува младите да веруваат во сопствениот талент. Кога ќе се спомене Битола, првите асоцијации се Градот на конзулите, браќата Манаки, филмот, театарот и препознатливата боемска култура. Но, културното богатство на еден град не се мери само со неговото минато. Неговата вистинска […]

To top