Дијаспора

ПОСТАВУВАЊЕ НА ЗНАЧАЈНИ ПРЕТСТАВИ ОД „АВСТРАЛИСКО – МАКЕДОНСКИОТ ТЕРАТАР“ (29)

111 copy copy copy copy copy copy copy copy copy

111 copy copy copy copy copy copy copy copy copy

На 20 мај 2016 година, а по повод 38 годишницата од формирањето на Литературното друштво „Григор Прличев“ во просториите на RSL Клубот во Рогдаел (Сиднеј) се одржа литературна средба при што се промовираа книгите: „Античко – Македонските историчари и нивните дела“ од Александар Донски и „Љубов и надеж“ од Ленче Целакоска Клекачкоска.

На средбата им се врачија наградите на писателите наградени со Прличева награда за поезија и проза за 2015 година: Наум Трајчевски од Квинбијан, Велика Блажевска и Марија Александрова од Сиднеј, Гроздан Јовановски од Њукастел и Емилија Жупаноска од Волонгонг. Наградата за најдобра издадена книга за 2015 година му се додели на Ристо Галевски за книгата „Спомени од Македонија.

За одбележување е дека во просториите на Културниот центар „Илинден“ во Сиднеј во септември 2016 година се одржа премиерата на драмата „Куферот“ од познатиот драматург Душан Ристевски во режија на Стефо Нанцу.

Драмата „Куферот“ е вистинско доживување да се гледа и да се следи изведбата на еден мошне професионален тим на актери кои во една заедничка хармонија го градеа „Куферот“ но и ги расветлуваа тајните една по една што се криеа во затворените души-куфери на сите карактери во оваа динамична полна со емоции драма. Емоциите на гледачите се испреплетени како што и животот некогаш знае да се испреплети: се смее и плаче од радост – се жали и смее од жалост.

Следните престави на „Куферот“ беа во Волонгонг на 14 мај во 19 часот во Македонскиот центар при Црквата Св Димитрија Солунски 8-14 Stewart St., во Сиднеј беа на 21 мај во просториите на Bankstown Polish Club, 11 East Terrace, Bankstown, во 19 часот како и на 28 мај во просториите на Македонскиот културен центар „Илинден“ во Рогдал со почеток во 19 часот

Исто така, треба да се одбележи дека да се забележи значајниот датум 31 март 2018 година, кога се навршија 40 години од постоењето на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ кое од самиот почеток покажа дека е главен фактор за промовирање на македонскиот јазик, литература, култура и нација во Австралија и кое завзеде водечка улога во разбудување свеста на Македонците дека само со почитување на својот јазик и културна позадина ќе можеме да опстоиме како нација не само во Австралија туку и во самата Македонија.

За таа јубилејна година членовите на Дрштвото изјавија дека во план имаат да се издадат повеќе наслови од членовите, Монографија од Друштвото, Архив на Друштвото како и Антологија со поезија од своите членови. Во таа јубилејна година, Македонската нација повторно се наде пред прагот на (себе) уништување. Поради тоа тие апелира до сите членови, дописни и почесни, да не престанат да се борат за македонскиот јазик, да не подлегнуваат на дневните политички слогани и партиски да се делат и уништуваат.

Како потврда на кажанато, на 4-ти мај 218 година, во просториите на Библиотеката „Григор Прличев“,Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ одржа пригодна комеморација пропратена со поезија по повод 115 годишнината од смртта на идеологот за самостојна Македонија, Гоце Делчев, и 4 годишнината од смртта на писателот и литературниот критичар проф. д-р Науме Радически, кој беше почесен член на Друштвото.

Исто така, за одбележување е што по повод 70 годишнината на егзодусот на Македонците и во пресрет на петтата средба на децата бегалци (избркани) од поробениот дел на Македонија, Литературното друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј во соработка со Австралиско македонскиот театар од Сиднеј, во 2018 година ја објавија монодрамата „Каменот од Роби“ од Душан Ристевски.

Оваа монодрама која премиерно беше прикажана во Сиднеј во февруари 2018 год. во изведба на Валентина Апостоловска и Антонио Нешковски. Во книгата „Каменот од Роби“ се поместени три верзии на монодрамата, на македонски литературен јазик, на лерински дијалект и на англиски јазик. Предговорот (историскиот преглед) е на Ристо Стефов а рецензијата на Трајче Кацаров.

Драмска продукција „Последниот Македонец“ во изведба на Австралиско македонскиот театар од Сиднеј е најново дело на Душан Ристевски. Оваа драма е најголемиот и најтешкиот проект што ова реномирана театарска група ја има превземено. Заангажирани се, покрај режисерот Стефо Нанцу, четиринаесет актери од Сиднеј и Волонгонг.

Самото има по себе покажува дека се работи за драмско дело преку кое гледачите ќе увидат дека македонската нација е пред уште една небиднина, пред прагот на уништување. Темата е доста чувствителна бидејќи се работи за сегашните збиднувања во Македонија, Европа и Австралија. Драмата е поделена во три дела: првиот дел се случува во Македонија и покажува која е причината и кој е кривецот за нашето уништување; вториот дел се одвива во Европа, за божемниот – хипотетичен влез во ЕУ од каде премногу очекуваме, а од каде најмалку сме ценети како луѓе и нација; третиот дел се одвива во Австралија каде Македонците доаѓаат не само како економски емигранти туку како бегалци на една нација и држава која веќе не постои.

1111 copy copy copy copy

Награда за Австралиско-македонскиот театар од претседателот Иванов

За активностите на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј беше значајно што во својата истоимена Библиотека на 8 февруари 2019 година ги одржа своите традиционални „Прличеви Беседи“.

Со рецитирање на извадоци од поемата „Сердарот“ се отворија Беседите и присутните се присетија на златноносецот Прличев кој иако поткупуван, клеветен и омаловажуван не им подлегна на Атињаните, не си го продаде својот македонски јазик ниту својата душа – тој остана во Македонија да го предава по училиштата, припрема граматика и преведува на мајчиниот македонски јазик.

По повод најсветлиот ден на македонскиот нарор –  Илинден, пак, Македонското Литературно Друштво „Григор Прличев“ во 2019 година испрати честитка до членовите на Друштвото. Во неа, меѓу другото се вели дека ние, членовите на Македонското литературно друштво “Григор Прличев” од Сиднеј, Австралија, ви испаќаме најсрдечни честитки по повод нашиот најсветол празник – двојниот Илинден.

Иако судбината не доведе овде, на десетици илјади километри далеку од родниот крај, ние никогаш не ја заборавивме нашата прва татковина Македонија, а тоа чувство што длабоко го носиме во душата, настојуваме преку пишаниот збор, преку дополнителната настава на мајчин македонски јазик и бројни фолклорни, црковни, театарски, културни и други активности  не само да го негуваме нашето македонско духовно и културно наслетсво, туку и да го презентираме и афирмираме во мултикултурното австралиско општество.

Апелираме до сите Македонци, каде и да се по светот: во САД, Канада, Европа, како и во поробените делови на Македонија: Мала Преспа, Егеј, Пирин, а се разбира и кај нас во Австралија што е можно посвечено и помасовно да го одбележиме двојниот Илинден пред се со оддавање на длабока почит кон сите оние што ги дадоа своите животи за идејата водилка на нашето постоење, за слободна и независна Македонија.

Исто така, Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј на 2-ри август 2019 година во своите простории одржа поетска средба посветена на Илинден и Илинденци.

На првиот дел од програмата протојереј Наум Деспотовски од Македонската православна црковна општина „Св. Кирил и Методиј“ одржа парастос за паднатите борци на двата Илиндени и за сите оние кои го дадоа својот живот за Македонија. Потоа следеше читање поезија посветена на Илинден и Илинденци од поетите Иван Трпоски, Лилјана Тошеска, Димче Џајкоски, Гроздан Јовановски, Перо Дамчевски-Коцин и Душан Ристевски.

Продолжува  

6b-slave copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Дијаспора

Семакедонска средба на 14 ноември во Штип

Традиционалната Семакедонска средба годинава ќе се одржи на 14 ноември 2026 година, сабота, со почеток во 12:00 часот, во хотелот „Оаза“ во Штип. Организатори на средбата се Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија „Мирка Гинова“ од Штип и Сојузот на здруженијата на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија „МАКЕДОН“. За […]

Македонија и Македонците ширум светот, поврзани под едно сонце

Обединетата македонска дијаспора (ОМД) ги повикува Македонците ширум светот да се вклучат во „МК Конект“ – платформата на волонтери-дописници на Македонската радио-телевизија и Агенцијата за иселеништво. Платформата произлезе од меморандумот за заемна соработка меѓу двете институции, со цел посилно поврзување на македонските иселеници со татковината. ОМД со гордост ја поддржува иницијативата и го поздравува нејзиниот […]

„Заветна“ — песна за нераскинливата врска со Македонија

Постојат песни во кои љубовта кон татковината се изразува како ветување. Таква е „Заветна“, во изведба на Пепи Бафтировски, со музика на Миле Барбаровски и текст на Георги Барбаровски — песна за страдањето, истрајноста и длабоката поврзаност на човекот со македонската земја. Уште во почетните стихови се навестуваат обидите Македонија да биде премолчена, сокриена и […]

Македонската дијаспора е нераскинлив дел од татковината и партнер во градењето на нејзината иднина

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска во Солинген, Сојузна Република Германија, заедно со членови на Извршниот комитет, присуствуваше на Третата конференција на задграничните комитети на ВМРО-ДПМНЕ. Пред присутните делегати, Мицкоски ги претстави актуелните состојби во Македонија, економските резултати, инфраструктурните инвестиции и предизвиците со кои се соочува државата во услови на глобални енергетски и економски неизвесности. […]

„Повод“ – македонски глас од Сиднеј што ја поврзува дијаспората со татковината

Фиданка Танаскова Најновиот, 79. број на списанието на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј, Австралија носи богат мозаик од книжевни осврти, културни настани и иселенички сведоштва, во служба на македонскиот јазик, култура и идентитет. Списанието „Повод“, едно од најреномираните македонски иселенички гласила во светот,  што го издава Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј, […]

„Т’га за југ“ — песна за секое македонско срце далеку од дома

„Т’га за југ“ од Константин Миладинов е длабоко лична исповед за копнежот по родниот крај. Во неа, далечината се чувствува како студ во душата, а споменот на татковината носи светлина и топлина. Наспроти мракот, маглите и мразовите стојат Охрид, Струга, езерото и родните предели — места во кои поетот чувствува дека припаѓа. Желбата да добие […]

„Чувари на верата и македонскиот идеал“ – во Мелбурн одбележан Денот на македонската револуционерна борба

Со панихида, положување цвеќе пред споменикот на Гоце Делчев и културна програма, македонската заедница оддаде почит на националните дејци и на архиепископот Ангелариј. Под мотото „Чувари на верата и македонскиот идеал“, Македонската православна општина за Мелбурн и Викторија на 24 октомври го одбележа Денот на македонската револуционерна борба – 23 Октомври. На настанот беше одбележана […]

Крис Петровски – од Битола до Холивуд

Актерот со македонски корени ја продолжува филмската приказна на својот роден град и ги охрабрува младите да веруваат во сопствениот талент. Кога ќе се спомене Битола, првите асоцијации се Градот на конзулите, браќата Манаки, филмот, театарот и препознатливата боемска култура. Но, културното богатство на еден град не се мери само со неговото минато. Неговата вистинска […]

To top