Дијаспора

ПРОМОЦИЈА НА ДВЕ КНИГИ ОД ИВАН ТРПОСКИ ВО СИДНЕЈ

Sidnej 3

Sidnej 3

На 14 март во просториите на Македонскиот културен центар „Илинден“ во населбата Рогдаел (Сиднеј), Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј ја одржа промоцијата на книгите: Од архивата на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ и Исповед кон мајка ми Љуба од интернационално признатиот писател, поет и публицист ИВАН ТРПОСКИ.

На промоцијата присуствуваа стотина посетители, љубители на пишаниот збор од градовите Сиднеј, Вулунгонг и Њукастел. Поздравна реч даде претседателот на МЛД „Григор Прличев“ Душан Ристевски кој исто ги запозна присутните со животот и делото на поетот Трпоски. Потоа професорката  Катарина Ципушева даде опсижен извештај за вредноста на двете дела кои се од огромна вредност за македонската литература во Дијаспората и Македонија.

Првото издание на Од архивата на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ се објави во 2023 година по повод 45 годишницата на МЛД „Григор Прличев“ и истата се промовира во МАНУ од претседсателот на истата установа академик проф. д-р Љупчо Коцарев и проф. д-р Елка Јачева Улчар. На 660 страници авторот Трпоски презентира богат архивски материјал за работата на Друштвото и истиот макотрпно го собираше и работеше повеќе од четири децении. Промовираното дело во Сиднеј беше второ дополнително издание и истото финансирано од повеќе организации, членови на Друштвото и помагатели – љубители на македонската литература и култура од Сиднеј.

Автобиографското дело Исповед кон мајка ми Љуба се издадеминатата година од Друштвото „Григор Прличев“ со финансиска поткрепа на семејството Трпоски. Истото се промовира минатата година во Охрид во НУБ „Григор Прличев“ од проф. д-р Виолета Ачкоска. Книгата е посветена на мајката на Иван, Љуба, и е двојазично издание кое обилува со семејни фотографии. Преводот на англиски јазик е на Ристо Стефов од Канада.

По повод промоцијата, авторот Трпоски и Литературното друштво, добија посебни честитки од претседателот на Републикла Македонија Гордана Силјановска-Давкова,  директорот на агенцијата за иселеништво од Македонија, Горан Ангелов, Живко Грозданоски, претседател на ДПМ, Марјан Гијовски, од Државниот архив на Македонија, директорот на НУБ „Григор Прличев“ од Охрид, Христина Трпеска, професор Виолета Ачкоска, претседателот на Литературното друштво „Кочо Рацин“ од Мелбурн, Гордана Димовска, долгогодишните соработници и новинари Фиданка Танаскова, Славе Николовски Катин, Оливера Јовановска, Милчо Јованоски. Исто така се добија честитки и од премиерот на НЈВ Chris Minns и министерот за мултикултура во НЈВ, Steve Kamper .

Sidnej 2

Инаку, Трпоски членува во Литературното друштво „Григор Прличев“ од самиот почеток каде е и прогласен за почесен член. Покрај тоа што завзема функција на Библиотекар и Архивар, тој е во редакцијата на списанието „Повод“ кое елктронски се издава повеќе години. Тој е исто член во Друштвото на писатели на Македонија и во Друштвото на новинари на Македонија.

Покрај тоа што е застапен во повеќе антологии и зборници во Австралија, Америка и Македонија, Трпоски е автор на повеќе поетски и прозни дела како:

„Површински корења“, „Големиот брод“, „Оковано море“, „Преселба на запад“, поемата „Тодорка“, „Свитило“, „Меѓу две огништа“, „Немирни ветрови“, „Љубовна имагинација“, „Зад синиот бран“, „Угрејсонце во мојот сон“ (на македонски и англиски јазик), на патописите: „По патот на сонцето во Македонија“ и „Македонија моја татковина“. Исто така тој е автор на книгата „Македонски демонстрации во Австралија“ и на биографскиот запис „Спасе Трпоски – живот и дело“, книгата со записи „Македонија не те заборавме“, автобиографијата „Ова е мојот живот“ и на двете горенаведени книги.

Трпоски е наградуван повеќе пати за својата литературна дејност како со Иселеничка Грамота од Матицата на Иселениците од Македонија, наградата „Стојан Христов“ од СВП и Златен клас за македонски вознес од Пелагониските културни средби од Битолското НД. За општествена дејност во Дијаспората од претседателот на Република Македонија Ѓорѓе Иванов доби Медал за заслуга за Македонија, медал за животно дело од Обединета македонска дијаспора, Александар Македонски за култура и уметност од македонскиот театар од Сиднеј и др. Исто е наградуван од македонски и австралиски институции со повеќе награди и признанија за неговото многудецениско работење во промовирање на македонскиот јазик и култура во Австралија.

Sidnej 1

Д.Р.-Македон

Најново од: Дијаспора

Семакедонска средба на 14 ноември во Штип

Традиционалната Семакедонска средба годинава ќе се одржи на 14 ноември 2026 година, сабота, со почеток во 12:00 часот, во хотелот „Оаза“ во Штип. Организатори на средбата се Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија „Мирка Гинова“ од Штип и Сојузот на здруженијата на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија „МАКЕДОН“. За […]

Македонија и Македонците ширум светот, поврзани под едно сонце

Обединетата македонска дијаспора (ОМД) ги повикува Македонците ширум светот да се вклучат во „МК Конект“ – платформата на волонтери-дописници на Македонската радио-телевизија и Агенцијата за иселеништво. Платформата произлезе од меморандумот за заемна соработка меѓу двете институции, со цел посилно поврзување на македонските иселеници со татковината. ОМД со гордост ја поддржува иницијативата и го поздравува нејзиниот […]

„Заветна“ — песна за нераскинливата врска со Македонија

Постојат песни во кои љубовта кон татковината се изразува како ветување. Таква е „Заветна“, во изведба на Пепи Бафтировски, со музика на Миле Барбаровски и текст на Георги Барбаровски — песна за страдањето, истрајноста и длабоката поврзаност на човекот со македонската земја. Уште во почетните стихови се навестуваат обидите Македонија да биде премолчена, сокриена и […]

Македонската дијаспора е нераскинлив дел од татковината и партнер во градењето на нејзината иднина

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска во Солинген, Сојузна Република Германија, заедно со членови на Извршниот комитет, присуствуваше на Третата конференција на задграничните комитети на ВМРО-ДПМНЕ. Пред присутните делегати, Мицкоски ги претстави актуелните состојби во Македонија, економските резултати, инфраструктурните инвестиции и предизвиците со кои се соочува државата во услови на глобални енергетски и економски неизвесности. […]

„Повод“ – македонски глас од Сиднеј што ја поврзува дијаспората со татковината

Фиданка Танаскова Најновиот, 79. број на списанието на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј, Австралија носи богат мозаик од книжевни осврти, културни настани и иселенички сведоштва, во служба на македонскиот јазик, култура и идентитет. Списанието „Повод“, едно од најреномираните македонски иселенички гласила во светот,  што го издава Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј, […]

„Т’га за југ“ — песна за секое македонско срце далеку од дома

„Т’га за југ“ од Константин Миладинов е длабоко лична исповед за копнежот по родниот крај. Во неа, далечината се чувствува како студ во душата, а споменот на татковината носи светлина и топлина. Наспроти мракот, маглите и мразовите стојат Охрид, Струга, езерото и родните предели — места во кои поетот чувствува дека припаѓа. Желбата да добие […]

„Чувари на верата и македонскиот идеал“ – во Мелбурн одбележан Денот на македонската револуционерна борба

Со панихида, положување цвеќе пред споменикот на Гоце Делчев и културна програма, македонската заедница оддаде почит на националните дејци и на архиепископот Ангелариј. Под мотото „Чувари на верата и македонскиот идеал“, Македонската православна општина за Мелбурн и Викторија на 24 октомври го одбележа Денот на македонската револуционерна борба – 23 Октомври. На настанот беше одбележана […]

Крис Петровски – од Битола до Холивуд

Актерот со македонски корени ја продолжува филмската приказна на својот роден град и ги охрабрува младите да веруваат во сопствениот талент. Кога ќе се спомене Битола, првите асоцијации се Градот на конзулите, браќата Манаки, филмот, театарот и препознатливата боемска култура. Но, културното богатство на еден град не се мери само со неговото минато. Неговата вистинска […]

To top