Дијаспора

Нова театарска продукција на Австралиско македонскиот театар од Сиднеј: „КЛЕОПАТРА ОД КРАВАРИ“

111222333 copy

111222333 copy

Австралиско-македонската културна сцена добива нов силен театарски проект – премиерата на комедијата „Клеопатра од Кравари“, во продукција на Австралиско-македонски театар од Сиднеј.

Станува збор за динамична, оригинална театарска претстава која носи свеж хумор, современа енергија и препознатлив македонски дух. „Клеопатра од Кравари“ е подготвена со голема посветеност и страст од врвни актери од Сиднеј и Волонгонг, кои на сцената носат уникатна комбинација од талент, искуство и сценска харизма.

Претставата е авторско дело на наградуваниот драматург и режисер Душан Ристевски, кој со својот препознатлив стил создава комедија што ветува смеа, но и суптилна општествена критика. Со интересен наслов и уште поинтересна содржина, „Клеопатра од Кравари“ претставува духовита игра на контрасти меѓу локалното и глобалното, традицијата и модерното.

На сцената ќе настапи ѕвездена актерска екипа составена од: Гордана Милошевска, Самоил Митревски, Васко Србиновски, Марија Александрова, Марика Стојанова-Рок, Јордан Трпковски, Иван Конески, Даниел Најдоски и Рубин Нешкоски.

Со оваа продукција, Австралиско-македонскиот театар уште еднаш ја потврдува својата мисија – да ја негува и афирмира македонската култура и јазик надвор од татковината, поврзувајќи ги генерациите преку уметноста.

„Клеопатра од Кравари“ не е само претстава – таа е културен настан што ја слави креативноста, идентитетот и хуморот на Македонците ширум светот.

За повеќе информации и резервации:

Цена: $25 полна цена, за студенти и пензионери $20 

Со карти ќе можете да се снабдите на влезот пред преставите или за резервации и повеќе информации јавете се на:

0425231335 (Душан)

0411710760 (Васко)

0404892720 (Рубин)

или на и-маил
Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите

ROCKDALE

Macedonian Cultural Centre “Ilinden”

65 Railway Street Rockdale

8 Мај, петок во 7 часот

9 Мај, сабота во 7часот

ВANKSTOWN

Bankstown Polish Club

11 East Terrace Bankstown

10 Мај, недела во2 часот

WOLLONGONG

Croatian Catholic Centre

7-9 Bellevue Road Figtree

16 мај, сабота во 1 часот

16 мај, сабота во 7 часот

Најново од: Дијаспора

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

Македонците во Њујорк го кренаа знамето среде дожд и невреме за 35 години независност

Можат да се обидуваат да нè избришат. Но, и во еден ваков бурен и мрачен ден… ние сме тука. Над сто Македонци и пријатели на Македонија се собраа во срцето на Њујорк, покажувајќи дека љубовта кон татковината е посилна од дождот и невремето. На 26 септември 2026 година, и покрај дождот и силното невреме што […]

Никола Тесла – светски научник чии пронајдоци ја променија модерната цивилизација

Големиот научник Никола Тесла се почитува и слави и во Хрватска и во Србија и во Соединетите Американски Држави и во целиот свет. Тоа го потврдуваат современите проучувачи на ликот и делото на Никола Тесла, кои го нарекуваат “Човекот што го измислил дваесеттиот век“ и “светецот – заштитник на модерниот електрицитет.“ Никола Тесла беше научник, […]

Вратени 16.952 текста објавувани од 2009 до 2026 година на порталот „Македонска нација“

Зачуван е најголемиот дел од богатата архива на порталот — текстовите повторно се достапни за читателите, а со нови материјали продолжуваме да го збогатуваме македонското историско и културно наследство. Во април 2026 година порталот „Македонска нација“ стана недостапен. Не знаеме со сигурност дали стануваше збор за хакерски напад или за друг проблем. За да продолжиме […]

Браќа и сестри Македонци, каде и да сте!

Оваа порака доаѓа од вашата татковина – од Македонија. Од земја со древна историја, богата култура и дух што никогаш не се откажал. Вашата врска со Македонија е крвна, духовна и семејна. Таа тече низ јазикот што го зборуваме, писмото што го пишуваме, песните што ги пееме и спомените што ги носиме со себе. Тоа е […]

To top