Дијаспора

ИЗДАНИЈА НА ДРУШТВОТО „ГРИГОР ПРЛИЧЕВ“ И „АВСТРАЛИСКО – МАКЕДОНСКИОТ ТЕАТАР“ (30)

6666

6666

На 19 октомври 2019 година, во просториите на Civic Theatre во Хрствил, предградие на Сиднеј, успешно се промовира книгата „Последниот Македонец“ од Душан Ристевски во издание на Литературното друштво „Григор Прличев“ и со финансиска поддршка од Австралиско македонскиот театар од Сиднеј. Промоцијата беше како дел од програмата на Фестивалот за уметност Discovery.

Програмата ја водеше Лара Мабеи од Македонскиот театар која накратко даде слика за работата на двете македонски организации, за авторот Душан Ристевски кој зад себе има издадено повеќе книги поезија и нашишано над 18 драмски дела сите ставени на сцена од АМТС.

Промоцијата ја направи познатиот македонски издавач и уредник Виктор Бивел кој направи содржајна анализа на драмата која го отсликува животот на еден Македонец во овие турболентни денови за Македонија. Осврнувајќи се на историските факти и желбата на соседите да го уништат коренот на Македонецот како и на надворешните сили кои ги интересира профитот, а не националното и културното чувство на луѓето.

Прашањето кое остана да лебди над присутните и на кое постојано ние сите треба да размислуваме: дали ние ќе бидеме последни Македонци поради коренот што сегашната предавничка влада ни го сечи? Или пак ќе се свестиме и сé ќе направиме за да опстоиме како нација во овој свет на турболетност каде посилниот го уништува послабиот.

Драмата „Баба бегалка – Grandma Elopes“ “, пак, премиерно се прикаже на 3 ноември 2019 гпдинаво во просториите на St George Bank Auditorium, Montgomery Street Kogarah во изведба на Австралиско македонскиот театар од Сиднеј и хорот Georges River Voices Choir. Во оваа драма се застапени не само актери од овој Театар туку актери како и вокалисти на овој австралиски хор. Ова е прв проект од ваков вид превземен од овој Театар, а на сцена настапија 25 артисти. Драмата ја корежираше авторот Душан Ристевски и Лара Мабеи од хорот Georges River Voices.

Македонската и австралјанската публика имаа можност да видат една квалитетна двојазична продукција: драма пропратена со традиционални македонски песни во хорска изведба. Не само квалитетот што беше на високо ниво туку и се види иноваторството кое се одвиваше на сцената како сплет на некоја добра хорска кореографија.

66667

Промоција на „Последниот Македонец“ во Сиднеј

Преку комичните сцени, авторот успеа не само да ја насмее, туку и да пренесе некои важни пораки од животот на сите тие што се наоѓаа на сцена (на луѓето од одминатите години) преку изведбата, дијалогот и наративот на Хелен, директорката на домот за старци

Исто така, Литературното друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј, на 13 ноември 2020 година одржа комеморација за поетот Панде Манојлов долгогодишен соработник и почесен член на Друштвото „Григор Прличев“.

Поради КОВИД рестрикциите бројот на присутните беше ограничен но повеќе членови испратија пораки со сочувство за поетот и страдалник, близок соработник со МЛД – кој имаше големо срце за Дијаспората која мошне добро ја познаваше и чувствуваше.

За животот и делото на Панде Манојлов зборуваа Душан Ристевски и Иван Трпоски кој исто така ја прочита последно објавената на ФБ песна „Болеста“, а за неговата поезија зборуваше Бранко Наумовски.

Во издание на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ и „Австралиско – македонскиот театар“ од Сиднеј,  на 31 јули 2020 година излезе од печат монодрамското дело „Ченто“(на македонски и англиски јазик) од познатиот македонски иселеник, познат и признат поет, драматург, автор на седум стихозбирки, 5 монодрами и 13 драми,  М-р Душан Ристевски – Македон. Ова монодрамско дело е посветено на страдалникот за обединета Македонија –  Методија Андонов – Ченто.

Делото „Ченто“ (на македонски и на англиски јазик)  на м-р Душан Ристевски-Македон е посветено на македонскиот национален борец, деец и политичар и прв претседател на Президиумот нс САНОМ – Методија Андонов – Ченто, кој се именува и како прв Претседател на Македонија. Тоа е една од значајните публикации на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ и Австралиско – македонскиот театар од Сиднеј, чиј рецензент е новинарката Фиданка Танаскова, додека преводот на англиски јазик е на Ристо Стефов.

Според зборовите на познатиот и признат македонски иселеник од Австралија, Душан Ристевски испирација за ова театарско дело му бил мотивот што: Методија Андонов – Ченто бил претседател на привремената македонска влада за време на Втората светска војна кога Македонија беше окупирана од фашистите и монархофашистите на Германија, Бугарија, Италија и Грција и што тој бил и прв претседател на македонската влада после формирањето на Република Македонија во составот на југословенската федерација.

Во издание на Македонското Литературно Друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј во јули 2020 година излезе од печат драмското дело „Празни надежи (Баба бегалка)“ од Душан Ристевски.

Драмата од плодниот и докажано квалитетен драмски писател и поет Душан Ристевски под наслов „Празни надежи (Баба бегалка)“ ни осветлува уште еден сегмент од животот на Македонците во Австралија, кој освен етнокултурниот аспект (мешаното зборување на македонски и англиски во рамките на едно исто семејство, животната филозофија зачинета со примеси од обете материјално-духовни култури и сл.), нуди и универзална повеќеслојна димензија релевантна за припадниците на сите народи, а тоа е судирот на генерации и карактери во семејната заедница и животните премрежја на лицата во трето доба.

Драмата е поделена на четири чина од кои четвртиот е само дополнување на третиот, додека трите чина се дијаметрално различни според суштината и амбиентот.

Оваа драма во 2019 година успешно беше прикажана во Сиднеј од страна на Австралиско-македонскиот театар, во режија на авторот Душан Ристевски (кому тоа беше прв самостоен режисерски проект). Во претставата во која беа прикажани последните три чина и која доживеа голем успех во тамошната јавност.

Продолжува

6b-slave copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Дијаспора

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

Македонците во Њујорк го кренаа знамето среде дожд и невреме за 35 години независност

Можат да се обидуваат да нè избришат. Но, и во еден ваков бурен и мрачен ден… ние сме тука. Над сто Македонци и пријатели на Македонија се собраа во срцето на Њујорк, покажувајќи дека љубовта кон татковината е посилна од дождот и невремето. На 26 септември 2026 година, и покрај дождот и силното невреме што […]

Никола Тесла – светски научник чии пронајдоци ја променија модерната цивилизација

Големиот научник Никола Тесла се почитува и слави и во Хрватска и во Србија и во Соединетите Американски Држави и во целиот свет. Тоа го потврдуваат современите проучувачи на ликот и делото на Никола Тесла, кои го нарекуваат “Човекот што го измислил дваесеттиот век“ и “светецот – заштитник на модерниот електрицитет.“ Никола Тесла беше научник, […]

Вратени 16.952 текста објавувани од 2009 до 2026 година на порталот „Македонска нација“

Зачуван е најголемиот дел од богатата архива на порталот — текстовите повторно се достапни за читателите, а со нови материјали продолжуваме да го збогатуваме македонското историско и културно наследство. Во април 2026 година порталот „Македонска нација“ стана недостапен. Не знаеме со сигурност дали стануваше збор за хакерски напад или за друг проблем. За да продолжиме […]

Браќа и сестри Македонци, каде и да сте!

Оваа порака доаѓа од вашата татковина – од Македонија. Од земја со древна историја, богата култура и дух што никогаш не се откажал. Вашата врска со Македонија е крвна, духовна и семејна. Таа тече низ јазикот што го зборуваме, писмото што го пишуваме, песните што ги пееме и спомените што ги носиме со себе. Тоа е […]

To top