Дијаспора

МАКЕДОНСКОТО НАЦИОНАЛНО ЗНАМЕ ПОД УДАР ОД ГРЧКИТЕ ШОВИНИСТИ

20260325 163702

20260325 163702

Македонската заедница од Мелбурн традиционално повеќе години настапува на Мултикултурниот фестивал „Мумба“ во Мелбурн, (кој траеше од 6-9 март во организација на Градската општина Мелбурн) но оваа година на некој им пречеше македонското национално знаме (16 кратното сонце од Кутлеш) и на организаторите, Федерација на македонските КУД во државата Викторија (ФОМКУД) им се даде ултиматум, да се настапи со државното знаме на Република Македонија инаку настапот ќе се забрани, божем дека не се „задоволувале критериумите“ на Фестивалот „Мумба“.

Македонските организации разочарани од дискриминаторската политика одлучија да не настапуваат на парадата на 9 март со изговор дека знамето од Кутлеш е македонско национално знаме кое ги обединува и претставува сите Македонци од сите делови на Македонија. Со тоа се прекина една традиција што траеше од 1960 година, а за тоа, организаторите на Фестивалот беа остро критикувани на социјалните мрежи, поготово што градоначалникот на Мелбурн Николас Рис е од грчко потекло и дека не смееше да му „потклекнува“ на притисоците на една заедница која е позната по своите шовинистички ставови кон Македонците.

Инаку на парадата учествуваа 35 културни групи, значително помал број од минатите години. Во некои извори се наведува дека интересот за настап на овој Фестивал значително е опаднат и дека Фестивалот го губи своето поранешно значење. Иако повеќе младинци од КУД „Никола Карев“, „Јане Сандански“, „Гоце Делчев“, „Светлост“, „Тоше“, „Александар македонски“, „Илинден“ неколку месеци заедно го координираа нивниот настап со цел достојно да се престави македонскиот фолклор, песна и култура, крајно се разочараа од политизирањето на Фестивалот поради жалбата на „една заедница“ (грчката, н.з.) да се забрани употребата на знамето.

Во Австралија, аловото знаме со 16-зрачното жолто сонце започна да се вее на многубројните протести уште во 80-тите години и со независноста на Република Македонија почна почесто да се вее во Македонија и истото постана државно знаме во 1992 година. Но по две години, поради притисоците на Грција, истото се измени но тоа остана непрекинато да се употребува во Дијаспората. Оваа одлука донесе растревоженост и омраза кон Владата на РМ која никогаш не се консултира со Дијаспората, и одлука донесена против вољата на Македонците. А Дијаспората е таа која постојано го брани македонскиот идентитет и често се соочува со вакви шовинистички испади.

Престседателот на ФОМКУД, Георги Ламбески, изјави за државната телевизија АВС дека употребата на знамето нема политичка цел. „Ѕвездата од Кутлеш е знаме на народот и симбол на целиот регион Македонија“, нагласувајќи дека македонската заедница има прво да го избере симболот со кој ќе настапи“.

Повеќе македонски организации испратија протесни писма до Градскиот совет на  Мелбурн за ваквата дискриминаторска одлука, меѓу кои и Литературното друштво „Григор Прличев“, Советот на македонската заедница од НЈВ и Светскиот македонски конгрес-Австралија.

Изјава на Светскиот македонски конгрес – Австралија: МАКЕДОНСКОТО 16-ЗРАЧНО СОНЦЕ Е ИЗРАЗ НА КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО

Светскиот македонски конгрес-Австралија (СМК-А) се спротистави на одлуката на градот мелбурн со која на македонската заедница ѝ се забранува да учествува на парадата на фестивалот „Мумба“ со знамето од Кутлеш.

Знамето со 16-зрачното сонце е историски и културен симбол на македонците ширум светот и не претставува политичка партија, движење или влада. Тоа е дел од нашето културно наследство. Македонската заедница учествува на парадата „Мумба“ уште од 1960-тите години, гордо преставувајќи го својот културен идентитет. Ваквото ограничување отстапува од долгогодишната практика и отвора прашања за доследност и еднаков третман. „Мумба“ се претставува како прослава на мултикултурниот карактер на Мелбурн. Како јавна институција, градот има обврска да ги почитува принципите на еднаквост и недискриминација, вклучително и одредбите од Законот за еднакви можности на Викторија.

СМК-А побара итно преиспитување на одлуката и ги повикува македонските организации да го изразат својот став. Македонската заедница со генерации придонесува во културниот и општествениот живот на Мелбурн, а почитувањето на тој придонес подразбира и почитување на нејзиното културно наследство. Еднаквиот мултикултурализам мора да важи за сите заедници.

Душан Ристевски-Македон

Најново од: Дијаспора

Семакедонска средба на 14 ноември во Штип

Традиционалната Семакедонска средба годинава ќе се одржи на 14 ноември 2026 година, сабота, со почеток во 12:00 часот, во хотелот „Оаза“ во Штип. Организатори на средбата се Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија „Мирка Гинова“ од Штип и Сојузот на здруженијата на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија „МАКЕДОН“. За […]

Македонија и Македонците ширум светот, поврзани под едно сонце

Обединетата македонска дијаспора (ОМД) ги повикува Македонците ширум светот да се вклучат во „МК Конект“ – платформата на волонтери-дописници на Македонската радио-телевизија и Агенцијата за иселеништво. Платформата произлезе од меморандумот за заемна соработка меѓу двете институции, со цел посилно поврзување на македонските иселеници со татковината. ОМД со гордост ја поддржува иницијативата и го поздравува нејзиниот […]

„Заветна“ — песна за нераскинливата врска со Македонија

Постојат песни во кои љубовта кон татковината се изразува како ветување. Таква е „Заветна“, во изведба на Пепи Бафтировски, со музика на Миле Барбаровски и текст на Георги Барбаровски — песна за страдањето, истрајноста и длабоката поврзаност на човекот со македонската земја. Уште во почетните стихови се навестуваат обидите Македонија да биде премолчена, сокриена и […]

Македонската дијаспора е нераскинлив дел од татковината и партнер во градењето на нејзината иднина

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска во Солинген, Сојузна Република Германија, заедно со членови на Извршниот комитет, присуствуваше на Третата конференција на задграничните комитети на ВМРО-ДПМНЕ. Пред присутните делегати, Мицкоски ги претстави актуелните состојби во Македонија, економските резултати, инфраструктурните инвестиции и предизвиците со кои се соочува државата во услови на глобални енергетски и економски неизвесности. […]

„Повод“ – македонски глас од Сиднеј што ја поврзува дијаспората со татковината

Фиданка Танаскова Најновиот, 79. број на списанието на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј, Австралија носи богат мозаик од книжевни осврти, културни настани и иселенички сведоштва, во служба на македонскиот јазик, култура и идентитет. Списанието „Повод“, едно од најреномираните македонски иселенички гласила во светот,  што го издава Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј, […]

„Т’га за југ“ — песна за секое македонско срце далеку од дома

„Т’га за југ“ од Константин Миладинов е длабоко лична исповед за копнежот по родниот крај. Во неа, далечината се чувствува како студ во душата, а споменот на татковината носи светлина и топлина. Наспроти мракот, маглите и мразовите стојат Охрид, Струга, езерото и родните предели — места во кои поетот чувствува дека припаѓа. Желбата да добие […]

„Чувари на верата и македонскиот идеал“ – во Мелбурн одбележан Денот на македонската револуционерна борба

Со панихида, положување цвеќе пред споменикот на Гоце Делчев и културна програма, македонската заедница оддаде почит на националните дејци и на архиепископот Ангелариј. Под мотото „Чувари на верата и македонскиот идеал“, Македонската православна општина за Мелбурн и Викторија на 24 октомври го одбележа Денот на македонската револуционерна борба – 23 Октомври. На настанот беше одбележана […]

Крис Петровски – од Битола до Холивуд

Актерот со македонски корени ја продолжува филмската приказна на својот роден град и ги охрабрува младите да веруваат во сопствениот талент. Кога ќе се спомене Битола, првите асоцијации се Градот на конзулите, браќата Манаки, филмот, театарот и препознатливата боемска култура. Но, културното богатство на еден град не се мери само со неговото минато. Неговата вистинска […]

To top