Дијаспора

СПИСАНИЕТО „ПОВОД 76“ ПОСВЕТЕНО НА ГЕРМАНСКО-МАКЕДОНСКИОТ АВТОР САВО КОСТАДИНОВСКИ

3 copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

3 copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

Македонското литературно друштво (МЛД) „Григор Прличев“ од Сиднеј го објави априлскиот бр. 76 од списанието „Повод“, кое е посветено на познатиот и признат македонски и германски поет, раскажувач, патописец, публицист, писател за деца и возрасни – Саво Костадиновски, кој е автор на 140 дела 

Новиот број на сисанието „Повод“ на насловната страница ја содржи фотографијата на поетот Саво Костадиновски од Германија. Според неговите биографски податоци, тој е роден на 30 мај 1950 година, во  Горно Ботуше, Македонски Брод. Од 1971 година живее и работи во Германија, а од 1973 во Келн. Има завршено (дописно) средно машинско техничко училиште при Работничкиот универзитет „Нов Белград“ во Белград и три степени висок степен за технички инженер, во Келн. Во 1973 година, тој pаботел и се школувал во градот Келн, Германија, каде го минува поголемиот дел од својот животен и работен век.

Публицистичките постигнувања на писателот и поетот Саво Костадиновски од поодамна се познати на иселеничката и на јавноста во Република Македонија, како и на германската читателска публика. Тој како Македонец во Германија е познат и признат не само во Келн каде што скоро 5 децении живее и твори, туку и пошироко во Германија.

Саво Костадиновски е еден од најистакнатите македонски автори во иселеништвото. Неговото обемно поетско  и прозно творештво брои околу 140 досега објавени книги поезија и проза за деца и возрасни. Како човек со два дома, еден во,Македонија и еден во Германија, тој е автор има 44 книги поезија и проза кои се објавени двојазично, на германски и на македонски јазик. Притоа, неговите дела наидоја на добар прием кај германските читатели.

Во овој број на „Повод“ е даден списокот на негови објавени дела и тоа: За деца и млади; Поетските книги за возрасни и Проза за деца и возрасни. Потоа се поместени следните негови песни: „Срцето на Татковината“ и песната „Кога пишувам песна за Македонија“, „Татковина“, „Ехото од Татковината“, „Македонија“, „Името Македонија“, „Тоа е Македонија„ и  „Низ огнот на историјата“ продолжение на овој број е даден интересен текст под наслов “Разговор со песмртниот поет Јован Котески“, во кој е забележана неговата инспирирација од книгата „Живожарица“, со тема од времето проведено во затвор, воедно и некоректноста на Европската Унија кон Македонија. Потоа се поместени неговите песни: „Светлината на вечниот сон“, „Јас сум историја“. „Идентитет“,  „Македонија – од славна империја до распаќе“ и песната „На Бадник во Порече“.

Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Дијаспора

Семакедонска средба на 14 ноември во Штип

Традиционалната Семакедонска средба годинава ќе се одржи на 14 ноември 2026 година, сабота, со почеток во 12:00 часот, во хотелот „Оаза“ во Штип. Организатори на средбата се Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија „Мирка Гинова“ од Штип и Сојузот на здруженијата на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија „МАКЕДОН“. За […]

Македонија и Македонците ширум светот, поврзани под едно сонце

Обединетата македонска дијаспора (ОМД) ги повикува Македонците ширум светот да се вклучат во „МК Конект“ – платформата на волонтери-дописници на Македонската радио-телевизија и Агенцијата за иселеништво. Платформата произлезе од меморандумот за заемна соработка меѓу двете институции, со цел посилно поврзување на македонските иселеници со татковината. ОМД со гордост ја поддржува иницијативата и го поздравува нејзиниот […]

„Заветна“ — песна за нераскинливата врска со Македонија

Постојат песни во кои љубовта кон татковината се изразува како ветување. Таква е „Заветна“, во изведба на Пепи Бафтировски, со музика на Миле Барбаровски и текст на Георги Барбаровски — песна за страдањето, истрајноста и длабоката поврзаност на човекот со македонската земја. Уште во почетните стихови се навестуваат обидите Македонија да биде премолчена, сокриена и […]

Македонската дијаспора е нераскинлив дел од татковината и партнер во градењето на нејзината иднина

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска во Солинген, Сојузна Република Германија, заедно со членови на Извршниот комитет, присуствуваше на Третата конференција на задграничните комитети на ВМРО-ДПМНЕ. Пред присутните делегати, Мицкоски ги претстави актуелните состојби во Македонија, економските резултати, инфраструктурните инвестиции и предизвиците со кои се соочува државата во услови на глобални енергетски и економски неизвесности. […]

„Повод“ – македонски глас од Сиднеј што ја поврзува дијаспората со татковината

Фиданка Танаскова Најновиот, 79. број на списанието на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј, Австралија носи богат мозаик од книжевни осврти, културни настани и иселенички сведоштва, во служба на македонскиот јазик, култура и идентитет. Списанието „Повод“, едно од најреномираните македонски иселенички гласила во светот,  што го издава Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј, […]

„Т’га за југ“ — песна за секое македонско срце далеку од дома

„Т’га за југ“ од Константин Миладинов е длабоко лична исповед за копнежот по родниот крај. Во неа, далечината се чувствува како студ во душата, а споменот на татковината носи светлина и топлина. Наспроти мракот, маглите и мразовите стојат Охрид, Струга, езерото и родните предели — места во кои поетот чувствува дека припаѓа. Желбата да добие […]

„Чувари на верата и македонскиот идеал“ – во Мелбурн одбележан Денот на македонската револуционерна борба

Со панихида, положување цвеќе пред споменикот на Гоце Делчев и културна програма, македонската заедница оддаде почит на националните дејци и на архиепископот Ангелариј. Под мотото „Чувари на верата и македонскиот идеал“, Македонската православна општина за Мелбурн и Викторија на 24 октомври го одбележа Денот на македонската револуционерна борба – 23 Октомври. На настанот беше одбележана […]

Крис Петровски – од Битола до Холивуд

Актерот со македонски корени ја продолжува филмската приказна на својот роден град и ги охрабрува младите да веруваат во сопствениот талент. Кога ќе се спомене Битола, првите асоцијации се Градот на конзулите, браќата Манаки, филмот, театарот и препознатливата боемска култура. Но, културното богатство на еден град не се мери само со неговото минато. Неговата вистинска […]

To top