Дијаспора

ТЕКСТОВИ ВО НОВИОТ БРОЈ НА СПИСАНИЕТО ОД СИДНЕЈ

5 copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

5 copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

Посебен просто во овој број на „Повод“ е посветен на текстот „Промоција на две книги од Иван Трпоски“ од Душан Ристевски-Македон. Во него се вели дека на 14 март во просториите на Македонскиот културен центар „Илинден“ во населбата Рогдел (Сиднеј), МЛД „Григор Прличев“ ја одржа промоцијата на книгите: „Од архивата на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ и „Исповед кон мајка ми Љуба“ од признатиот писател, поет Иван Трпоски.

Треба да се одбележи дека Иван Трпоски членува во МЛД „Григор Прличев“ од самиот почеток каде е и прогласен за почесен член. Покрај тоа што завзема функција на Библиотекар и Архивар, тој е во редакцијата на списанието „Повод“ кое елктронски се издава повеќе години. Тој е исто така и член во „Друштвото на писатели на Македонија“и на „Друштвото на новинари на Македонија“. Покрај тоа што е застапен во повеќе антологии и зборници во Австралија, Америка и Македонија, Трпоски е автор на повеќе поетски и прозни дела..

Во продолжение на списанието е даден текстот под наслов „Издавачката куќа Макавеј“ го објавила новиот роман „Волкот“од Константин Дораковски“ – дело во кое писателот се оддалечува од широките општествени и историски теми и длабоко навлегува во индивидуалната човечка психа. Дипломатот Константин Дораковски ја отвора вечната дилема за природата на доброто и злото во човекот, градејќи ја приказната околу ликот Велјан, млад човек чија внатрешна борба меѓу светлината и темнината прераснува болна и мошне емотивна лична одисеја.

Исто така во овој број на „Повод“ е претставен текстот на една од најпознатите македонски литературни творци од Австралија, Гордана Димовска, под наслов „9 Годишни-цата од постоењето на МЛД „Ванчо Николески„ и промоција на стихозбирката „Шарени дијаманти“, што се одржа на 21 февруари 2026 година. Тогаш Maкедонското литературно друштво “Ванчо Николески” од Квинбијан прославуваше 9 години од своето формирање.

Во продолжение Душан Ристевски-Македон го презентира текстот под наслов „Д-р Васил Тулевски прогласен за почесен член на Литературното друштво „Григор Прличев“ во Сиднеј“. Во текстот, меѓу другото се вели дека покрај медицината и шахот негово хоби е рецитирање поетски творби и учење јазици. Инаку, покрај македонски и англиски, д-р Тулевски течно зборува француски, шпански, руски, српски и бугарски јазик. По пензионирањето го изучува и добро владее со индонезискиот јазик. Редовно членува во Литературното друштво „Григор Прличев“ од самиот почеток и редовно ги финансира активностите на истото. Д-р Тулевски е голем филантроп и тој е најголемиот финансиер за издавање македонска литература во Австралија.

Исто така, авторот на овој текст Славе Катин го презентира текстот под наслов „Македонска нација “(1971-1990) – Минхен и (2009-2026) во Македонија“.Гласилото „Маке–донска нација” беше регистрирано како независно списание за општествени прашања и култура, како двомесечник и се печатеше во Минхен. Првиот број е отпечатен на 30 јануари 1971 година (како двомесечник за јануари— февруари), во почетните броеви како незавионо гласило, а потоа како орган на „Движењето за ослободување и обединување на Македонија“ (ДООМ) и на „Народноослободителниот фронт на Македонија“ (НОФМ). Денес како Веб-портал „Македонска нација”.mk претставува вистинска нацонална трибина, во која учествуваат сите оние Македонци или Македонки, кои сакаат да работат за доброто и среќата на својата нација и етничка Македонија.

Гордана Димовска, го објавува текстот „Платформата за изучување на македонскиот јак за возрасни“. Тоа е дел на јазичната платформа Language Trainers во Мелбурн, која ja започна својата мисија во 2004 година, со цел да им помогне на учениците од целиот свет да учат јазици.

Во продолжение Александар Донски пишува за големиот двоен меѓународен успех на позната штипска оперска пеачка м-р Виолета Арсовска, која на International Youth Music Competitions во Атланта, САД, во конкуренција со пејачи од 23 држави од целиот свет, таа освои прва награда и беше прогласена за „Апсолутен победник“ за изведбата на „Марика мома убава“ од Томислав Зографски во пијано придружба од Трајче Роглев.

Во овој број е поместен текстот за Џорџ Атанасоски од САД од Славе Катин во кој, меѓу другото, се вели дека тој во неговиот живот од 74 годиние е познат македонски бизнисмен, а е уште поголем хуманист, донатор на важни национални културни манифестации во Република Македонија и во прекуокеанските земји, каде живеат и работат многубројни Македонци. Тој дава сеопфатна економска и политичка анализа за состојбите во земјава и пошироко. Атанасоски заслужува  признание за сето она што го прави за Татковината, за Прилеп и за македонскиот народ.

Многу е интересен текстот на Виктор Бивел под наслов „ Децата на Граѓанската војна во Грција: бегалци и политиката на сеќавањето од Лоринг М. Данфорт и Рики Ван Бош“. Во него, меѓу другото се вели дека книгата прави неколку работи што повеќето други трудови за војната во Грција не ги прават, и токму за некои од тие клучни исчекори во начинот на кој размислуваме за војната и за децата ќе стане збор во книгата.

Душан Ристевски-Македон, пак, пишувво текстот „Македонското национално знаме под од грчките шовинисти“, пишува дека Македонските организации во Мелбурн разоча-рани од дискриминаторската политика одлучија да не настапуваат на Парадата на 9 март, со изговор дека знамето од Кутлеш е македонско национално знаме кое ги обединува и ги претставува сите Македонци од сите делови на Македонија.

Во продолжение Ристо Стефов го презентира текстот на англиски јазик под наслов „Окупација на Македонија“, во кој е забележано дека Македонците дадоа сѐ од себе и се бореа храбро до последниот војник, но дисциплинираната римска воена машинерија и нејзиниот стил на борба се покажаа како супериорен и битката беше изгубена. Тоа беше крај на Македонија и на македонската независност. Македонскиот крал Персеј беше одведен во Рим како воен заробеник, или, како што вели Питер Грин, „за да го украси триумфот на Паулус богат со богатство“.

.Во овој број на „Повод“ е поместен текстот „Во Австралиската војска од 17 век имало двајца капетани Македонци“! (Објавени неодамна пронајдените оригинални писма од царот на Светото Римско Царство Леополд Први од 17 век, со кои го зема под заштита македонскиот народ).

Исто така посебно внимание привлеку текстот за песната “Раѓањето на Александар Македонски” која била испеана во 1860-те години од страна на слепиот селанец Јован Михајлов, а запишана е од Стефан Верковиќ. Текстот на песната е многу долг — во документите што ја споменуваат има дури 263–306 стиха (во различни верзии) — што е типично за епски народни претстави за историјата и легендите за историските личности.

Во рубриката „Поети од Македонија“ е претставена Даниела Андоновска-Трајковска, родена на 3 февруари 1979, Битола, Република Македонија, која е наградувана поетеса, писателка, доктор на науки по педагогија од областа на методиките, универзитетска професорка на Педагошки факултет – Битола, книжевна критичарка, уредник на Списанието за култура – литература, драмска уметност, филм и издаваштво „Современи дијалози“, 

Пишува:СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Дијаспора

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

Македонците во Њујорк го кренаа знамето среде дожд и невреме за 35 години независност

Можат да се обидуваат да нè избришат. Но, и во еден ваков бурен и мрачен ден… ние сме тука. Над сто Македонци и пријатели на Македонија се собраа во срцето на Њујорк, покажувајќи дека љубовта кон татковината е посилна од дождот и невремето. На 26 септември 2026 година, и покрај дождот и силното невреме што […]

Никола Тесла – светски научник чии пронајдоци ја променија модерната цивилизација

Големиот научник Никола Тесла се почитува и слави и во Хрватска и во Србија и во Соединетите Американски Држави и во целиот свет. Тоа го потврдуваат современите проучувачи на ликот и делото на Никола Тесла, кои го нарекуваат “Човекот што го измислил дваесеттиот век“ и “светецот – заштитник на модерниот електрицитет.“ Никола Тесла беше научник, […]

Вратени 16.952 текста објавувани од 2009 до 2026 година на порталот „Македонска нација“

Зачуван е најголемиот дел од богатата архива на порталот — текстовите повторно се достапни за читателите, а со нови материјали продолжуваме да го збогатуваме македонското историско и културно наследство. Во април 2026 година порталот „Македонска нација“ стана недостапен. Не знаеме со сигурност дали стануваше збор за хакерски напад или за друг проблем. За да продолжиме […]

Браќа и сестри Македонци, каде и да сте!

Оваа порака доаѓа од вашата татковина – од Македонија. Од земја со древна историја, богата култура и дух што никогаш не се откажал. Вашата врска со Македонија е крвна, духовна и семејна. Таа тече низ јазикот што го зборуваме, писмото што го пишуваме, песните што ги пееме и спомените што ги носиме со себе. Тоа е […]

To top