Дијаспора

ПРОМОЦИЈА НА ДЕЛА НА ДУШАН РИСТЕВСКИ – МАКЕДОН ВО ТОРОНТО (32)

3 copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

3 copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copyПубликацијата „Ченто“ од Душан Ристевски-Македон е оппечатена на македонски и англиски јазик, а е посветена на македонскиот национален  борец, деец, политичар и прв претседател на Президиумот на АСНОМ – Методија Андонов – Ченто, кој се именува и како прв претседател на Македонија, првата слободна македонска држава.

Таа е една од значајните публикации на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ и „Австралиско – македонскиот театар“ од Сиднеј, чиј рецензент е новинарката Фиданка Танаскова од Скопје, додека преводот на англиски јазик е на Ристо Стефов, од Канада.

На промоцијата на монодрамското дело „Ченто“, Славе Катин потенцираше дека  во изминатиот период од триесетина години, Македонците во Австралија направија успешни обиди на полето на театарот. Така, театарски групи од македонски доселеници и бројни Македонци родени на петтиот континент, од повеќе градови ширум Австралија презентираат интересни театарски претстави кои оставија видливи траги на полето на театарската уметност.

 Една од тие македонски театарски групи која успеа да ја отпечати публикацијата „Ченто“ и да ја претстави пред публиката е „Австралиско-македонскиот театар“ од Сиднеј. Овој театарски состав е формиран во 2007 година со цел да ја промовира македонската драмска и театарска уметност и да ги обединува луѓето со македонско потекло кои се активни и креативни во драмските, сценските, театарските продукции и творештвото.

Издавач на монодрамата „Ченто“ е „Македонското литературно друштво „Григор Прличев“од Сиднеј. Тоа е една од најзначајните македонски асоцијации во Сиднеј и пошироко во Австралија како прво литературно друштво од таков вид во дијаспората. Друштвото беше формирано на 31 март 1978 година од група ентузијасти и вљубеници во македонскиот мајчин јазик, литературата и културата, чиј прв претседател беше токму Душан Ристевски.

33 copy copy copy copyДрамското дело  „Последниот Македонец“, дело на познатиот драмски писател Душан Ристевски-Македон беше промовирана од Зоран Карапанчев, познат и признат активист во македонската заедница во Торонто.

Тој, меѓу другото рече дека публикацијата „Последниот Македонец“ е издание на Литературното друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј, ракописсо кој се потврдува нараснатиот научен интерес за пристап кон театарската уметност и кон историјата на македонскиот народ и Македонија, кој има посебно место кај иселениците од етничка Македонија, раселени по светот, особено на петтиот континент – Австралија. Ова дело се  осврнува на судбината, вистината и на историскиот развоен континуитет на македонскиот народ од етничка Македонија.

Драмскиот текст „Последниот Македонец” се јавува во овие немирни и судбоносни времиња за Република Македонија.. И како резултат на овие тешки историски моменти за Република Македонија, за Македонците во етничка Македонија, како и за македонското иселеништво ширум светот се случуваат различни дејствија.

Секако, за историско одбележување додека сето ова се случува во Република Македонија, треба да се одбележи дека во Сиднеј, Австралија се прикажува истоименото драмско остварување „Последниот Македонец” од драматургот, писателот, новинарот, публицистот и доблесниот патриот Душан Ристевски-Макед со врвните многубројни артисти од Австралиско-македонскиот театар од Сиднеј.

Инаку, Душан Ристевски – Македон е познато име, поет, драматург и афирматор на Македонците во Австралија. Автор е на шест стихозбирки, шеснаесет драми и монодрами (сите изведени од „Македонскиот театар“ од Сиднеј), а неговата поезија е застапена во повеќе антологии во Австралија, Македонија и Америка.

Исто така, тој е основоположник на Македонското литературно друштво „Григор Прличев” (1978), на списанието „Повод” (1978), на Австралиско-македонското добротворно друштво (1982) и на Австралиско-македонскиот театар (2007) од Сиднеј. Затоа, се смета дека Душан Ристевски – Македон е еден од најактивните и најценетите македонски општествени дејци во Австралија.

Продолжува

6b-slave copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Дијаспора

Семакедонска средба на 14 ноември во Штип

Традиционалната Семакедонска средба годинава ќе се одржи на 14 ноември 2026 година, сабота, со почеток во 12:00 часот, во хотелот „Оаза“ во Штип. Организатори на средбата се Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија „Мирка Гинова“ од Штип и Сојузот на здруженијата на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија „МАКЕДОН“. За […]

Македонија и Македонците ширум светот, поврзани под едно сонце

Обединетата македонска дијаспора (ОМД) ги повикува Македонците ширум светот да се вклучат во „МК Конект“ – платформата на волонтери-дописници на Македонската радио-телевизија и Агенцијата за иселеништво. Платформата произлезе од меморандумот за заемна соработка меѓу двете институции, со цел посилно поврзување на македонските иселеници со татковината. ОМД со гордост ја поддржува иницијативата и го поздравува нејзиниот […]

„Заветна“ — песна за нераскинливата врска со Македонија

Постојат песни во кои љубовта кон татковината се изразува како ветување. Таква е „Заветна“, во изведба на Пепи Бафтировски, со музика на Миле Барбаровски и текст на Георги Барбаровски — песна за страдањето, истрајноста и длабоката поврзаност на човекот со македонската земја. Уште во почетните стихови се навестуваат обидите Македонија да биде премолчена, сокриена и […]

Македонската дијаспора е нераскинлив дел од татковината и партнер во градењето на нејзината иднина

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска во Солинген, Сојузна Република Германија, заедно со членови на Извршниот комитет, присуствуваше на Третата конференција на задграничните комитети на ВМРО-ДПМНЕ. Пред присутните делегати, Мицкоски ги претстави актуелните состојби во Македонија, економските резултати, инфраструктурните инвестиции и предизвиците со кои се соочува државата во услови на глобални енергетски и економски неизвесности. […]

„Повод“ – македонски глас од Сиднеј што ја поврзува дијаспората со татковината

Фиданка Танаскова Најновиот, 79. број на списанието на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј, Австралија носи богат мозаик од книжевни осврти, културни настани и иселенички сведоштва, во служба на македонскиот јазик, култура и идентитет. Списанието „Повод“, едно од најреномираните македонски иселенички гласила во светот,  што го издава Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј, […]

„Т’га за југ“ — песна за секое македонско срце далеку од дома

„Т’га за југ“ од Константин Миладинов е длабоко лична исповед за копнежот по родниот крај. Во неа, далечината се чувствува како студ во душата, а споменот на татковината носи светлина и топлина. Наспроти мракот, маглите и мразовите стојат Охрид, Струга, езерото и родните предели — места во кои поетот чувствува дека припаѓа. Желбата да добие […]

„Чувари на верата и македонскиот идеал“ – во Мелбурн одбележан Денот на македонската револуционерна борба

Со панихида, положување цвеќе пред споменикот на Гоце Делчев и културна програма, македонската заедница оддаде почит на националните дејци и на архиепископот Ангелариј. Под мотото „Чувари на верата и македонскиот идеал“, Македонската православна општина за Мелбурн и Викторија на 24 октомври го одбележа Денот на македонската револуционерна борба – 23 Октомври. На настанот беше одбележана […]

Крис Петровски – од Битола до Холивуд

Актерот со македонски корени ја продолжува филмската приказна на својот роден град и ги охрабрува младите да веруваат во сопствениот талент. Кога ќе се спомене Битола, првите асоцијации се Градот на конзулите, браќата Манаки, филмот, театарот и препознатливата боемска култура. Но, културното богатство на еден град не се мери само со неговото минато. Неговата вистинска […]

To top