Дијаспора

Драган Богдановски воспоставува контакти и соработка со Австралија, за формирање на ДПМНЕ, во Март 1990 година

janko-za-dragan-1

Пишува: Јанко ТОМОВ, Бризбен, Австралија

Во вакви услови на непостоење на силна и масовна национално-политичка организација со авторитетен водач, ние вистинските македонски патриоти работевме во секоја прилика да го развиваме македонскиот национален дух среде Македонците во емиграцијата. Така, на пример, во Перт, Тајната Народна Македонска Револуционерна Организација (ТНМРО) со своите ограноци “Група македонски патриоти” и “Тајна службена безбедност”, и покрај тоа што не беше масовна и не беше сосема “тајна”, направи низа конкретни иницијативи за развиванје на македонското национално чувство среде Македонците во Австралија, истовремено укажувајкји им на перспективите и на демокартската иднина на Македонците и на Маке донија.

janko-za-dragan-1

Се укажуваше и на штетната политика на раковод ството на СР Македонија и на слабостите на комунизмот воопшто. Во таа смисла имавме успех и во собиранјето членови за формиранјето на Поткомитетот за МЧП на Перт, Западна Австралија. Имено, за да привлечиме поголем број членови, ние пуштивме гласови дека за време на учеството на Светската средба на децата бегалци, што се одржа во Скопје во 1988 година, наводно била дадена дозвола кога ќе се вратат во Австралија да формираат поткомитети за човекови права.

Крсто Шкодров, кој имаше средба и разговор, по наше баранје, со Драган Богданов­ски, пред да оди за Македонија, која средба ја организира покојниот Костадин Диневски-Динката, на мошне дипломатски начин ја изведе целата процедура околу “помаганјето” во оформуванјето на Поткомитетот. Цело време ги бодревме и ги фалевме членовите од управата на Македонската општина за нивната решеност и патриотизам, да дозволат отворанје на поткомитет за МЧП за Западна Австралија.Така беше формиран овој поткомитет. Кога истиот зајакна и кога испрати своја многучлена делегација на Светскиот Македонски Конгрес во Аделаид, овој поткомитет почна отворено да им ги симнува маските на удбашите и отворено да укажува на неправилностите и подметнуванјата во нивната работа.

Во тоа време во весникот “Македонија” од Мелбурн, Панко Стамкоски објави апел до Македонците во Австралија за постигнуванје национално единство. Во таа статија тој се заложи за формиранје организација, која би била национално тело на Македонците од Австралија и даде предлог за оснивачки конгрес на една нова организација, која ќе се вика “Обединети Македонци”, исто како што се вика и организацијата во Канада и САД, со тоа што, покрај културно-просветната дејност, би се развивала и политичка дејност. Тоа произлегуваше од вистинските потреби на македонското иселеништво во Австралија, бидејкји почна да се губи довербата во ЦК за МЧП поради нивните финансиски махинации. Почнаа да се јавуваат клевети, навреди и меѓусебни напади, понекогаш и непотребно.

Во тоа време, во Сиднеј престана да излегува списанието “Глас на Македонците”, така што весникот “Македонија” стануваше се попопуларен, посебно кога во него се појавуваа написи и статии од Драган Богдановски, кој излезе од затвор и отиде во Берлин. Набргу и самиот се поврзав со Драган Богдановски, кому на 15.03.1990 му испратив поопширно писмо за нас во Западна Австралија.

Од Драган Богдановски добив брз одговор, пишуван на 18.04.1990. Писмото беше испратено од Витшје (Шведска). Писмото го приложувам во целост.

Витшје, 18 април 1990 год.

Почитуван сонародник Јанко Томов,

Вашето писмо заедно со другите материјали го добив. Многу ми е мило што ми се јавивте, зашто од Вашето писмо и особено од материјалите сфатив дека имам работа со еден интелигентен македонски патриот со кој ќе ми биде мило да соработувам за општото добро на македонската национална кауза.

Ви благодарам што ми благодарите за моите страданја при издржуванјето на затворската казна, но за тоа мое мачеништво, јас не барам од никого          благодарност, зашто тоа сум го поднесол јас како македонски патриот и борец. Уште кога се зафатив да работам за македонската ослободителна кауза јас бев свесен дека патот на борбата води и во затвор, па и вгроб. Искрено да ти кажам не жалам што одлежав 10 години и 7 месеци, зашто за мене и леженјето во затворот беше социјален вид борба – борба во која јунаците се калат. Денеска сметам дека моето леженје взатвор не било за джабе и дека тоа допрва ќе ги дава своите плодови.

Исто така не треба да ми се благодари за формирањето на Демократската Партија за Македонско Национално Единство, јас само со тоа си ја исполнив својата нацио­нална должност како Македонец. Формирањето на партијата го наметна самото време – го наметнаа новите демократски процеси, кои ја зафатија Југославија и целиот комунистички свет.

Што се однесува до моите усилби кои ги вложувам за обединување на сите македонски патриотски сили околу илинденскиот идеал на македонскиот народ и тоа е резултат на чесно и предано служење на македонската кауза. За среќа, до такво сознавање не сум дошол само јас, од Вашето пишување гледам дека и Вие сте дошле до истото сознавање, а се радувам што ние двајцата не сме сами. Идејата за обединување на македонските патриотски сили, ден низ ден станува се поактуелна и со заеднички напори, таа идеја може да се реализира.

Што се однесува до неразјаснетите работи околу ИВ Конгрес на ДООМ, кои уште ја замаглуваат политичката атмосфера во македонската емиграција, јас сум спремен да ги дадам јавно сите потребни објаснувања. На братот Шаринчето јас во писмо колку што можев му ги објаснив, но сметав дека тоа треба да го сторам и за пошироката македонска емигрантска јавност, како и за историјата, па за тоа на таа тема напишав цела книга, која сега ја печати Панко во Мелбурн и која наскоро треба да излезе од печат. Во книгата е објаснето дека јас сум киднапиран цел месец пред одржувањето на конгресот, дека конгресот кога се одржуваше јас бев во затвор во Југославија, дека сите изјави од мое име по конгресот се чиста манипулација на УДБА, која со тие фалсификати сакала да ја збуни и разбие македонската патриотска емиграција, особено ДООМ. Не бев само јас жртва на УДБ-а туку преку своите манипулации УДБА направи жртва и од чесните македонски патриоти, какви што беа раководителите на ДООМ во Австралија, тоа беа специјално Шаринчето(Михаил Шариновски-Солунски м.з.) и Ристо Ристевски. Но тоа беа брате Јанко само привремени успеси на УДБА, со моето затворање удбашите не успеаја да ги задушат патриотските стремежи на македонската емиграција и глупостите што ги правеше некогаш УДБА сега на неа и се одмаздуваат.

Очекувам со нетрпение да излезе мојата книга, па вие патриотите во Австралија да ја разберете правата вистина со она што се случуваше во ДООМ по удбашките удари.

Двете Ваши статии: “Идејно и организационо обединување на македонските патриоти” и “Размислување околу македонските човекови права” внимателно ги прочитав и многу сум задоволен од нив. Од статиите гледам дека Вие имате наполно слични погледи по македонските национални проблеми и тоа многу ме радува. Јас Ви предлагам статиите да му ги испратите на Панко да ги објави во “Македонија”, но ако немате ништо против, јас можам да ги отчукам на машина и да му ги испратам на братот Миле Илиевски да ги објави во “Македонска нација”. Тие можат да бидат објавени и во Вашиот Билтен на Комитетот за човекови права.

Вие ми пишувате дека сте објавиле статија во Панкова “Македонија”, за жал изгледа јас тој број од “Македонија” го немам добиено, зашто немам сретнато таква статија. Ако ја имате таа статија, копирајте ја, па ми ја испратете.

Мислам дека редовно пратите што станува сега во СРМ. Таму се создадоа досега десетина партии, за жал сите на врховистичка југословенска основа, зашто решава­њето на Македонското прашање го гледаат само во рамките на Југославија. ВМРО-ДПМНЕ е единствен исклучок, зашто таа се засновува на илинденската идеологија на маке­донскиот народ. Вчера имав телефонски разговор долу со Скопје, нашите соидејници и соборци ги собрале нужниот број потписи и избрале внатрешно раководство, така да сега ќе се обидат партијата да ја легализираат. Нашите таму се спремаат да излезат со своја листа на претстојните избори, кои ќе станат во август или во септември и ме викаат мене да се вратам во Македонија и да застанам на чело на партијата во предизборната борба. Доколку партијата законски биде одобрена, не ја исклучувам можноста да се вратам и да бидам со народот во борбата за илинденска Македонија.

Јас поднесов во австралиската амбасада во Стокхолм молба за виза за Австралија, но изгледа ништо нема да излезе од тоа, зашто кога се претставив во амбасадата, аташето за емиграцијата ја знаеше целата моја биографија и искажа страв дека ако влезам во Австралија, ќе сум го распалил македонскиот национален екстремизам, ќе сум организирал демонстрации, па и тероризам. Кој им дал на Австралијанците такви информации за мене, можам само да нагодувам, но дека тие биле душмани на македонската кауза, во тоа сум сигурен.

За мојата виза треба да реши австралиската влада, а кога ќе добијам одговор, не знам.

Е па, драг сонароднику Томов, уште еднаш ти заблагодарувам што ми се јави. Очекувам дека ќе се допишуваме редовно. Прими срдечни братски и борбени маке­донски поздрави.

Твој,
Драган Богдановски

Оваа врска се прошири и стана посодржајна, што помогна. подготовките за формиранје ограноци на ВМРО-ДПМНЕ во Австралија да се забрзаат и остварат.

Со праќанјето писмо до Драган Богдановски, на 15 март 1990 година, на истиот датум, ипратив писмо и до Панко Стамкоски. Тој беше одреден, од страна на Драган, за потпретседател на Кординативниот одбор. Панко го презеде целиот товар врз себе на новоформираната партија во дијаспората. Таа неблагодарна обврска се состоеше од печатење на значајни статии и други материјали поврзани со ВМРО-ДПМНЕ, кои ги пишуваше Драган, како и известувања, апели и организациони материјали, кои ги пишуваше самиот Панко и ги печатеше во неговиот весник “Македонија” од Мелбурн. Со Панко почнавме почесто да зборуваме телефонски. Еве ја оригиналната содржина на моето писмо до Панко, испратено од Перт (З.А.) на 15 март 1990 година.

15 март, 1990, Перт, З.А.

Почитуван Панко,

Помина малку време од нашиот телефонски разговор во врска со мојата согласност за член на новата Демократска партија.

Моите согледувања и согледувањата на моите другари, а со цел омасовување на новата партија ВМРО-ДПМНЕ, се сведоа на изработка на еден материјал под наслов: “Идејно и организационо обединување на македонските патриоти”. Преку оваа статија се бара братско помирување на секој поранешен и сегашен активист на Движенјето, како и неговите приврзаници.

Се апелира за реактивирање и акти­вирање со поголем ентузијазам и едномисленост во однос на илинденските идеали.

Врз основа на оваа статија, побаравме и поткрепувачка, или посебна соодветна статија од Драган Богдановски, преку која би апелирал до сите македонски патриоти и активисти на мегјусебно помирување и извинување во полза на општото дело. Исто така побаравме и некои објаснувања од времето на неговото затворање и одржувањето на ИВ конгрес.

Во прилог ти го испраќам материјалот за печатење во твојот весник “Македонија” и те молам и ти да напишеш посебен апел, во кој ќе треба да ставиш моја или твоја адреса, каде што треба да пристигнуваат предлозите за идното поврзуванје и меѓусебна соработка.

Со голем патриотски поздрав,

Јанко Томов, 3 Quorn st. Wembly Downs, W.A. 6019. Телефон (09) 3414165

*

Покрај писмената кореспонденција и телефонските договарања со Драган и со Панко, воспоставив соработка и со членот на Кординативниот одбор од Мелбурн Јонче Трајчевски.

Јонче, веднаш по добивањето инструкции од Драган Богдановски ме извести, преку писмо од 4 мај 1990 година од ДПМНЕ (одделение за Австралија),околу обврските за зачленување во Координативниот Одбор на ДПМНЕ. Писмото беше наменето и за Михаил Шариновски и за Крсто Шкодров.

Најново од: Дијаспора

Македонските православни верници во Салцбург добија нова црковна општина

Со првата Света Архиерејска Литургија, отслужена по повод празникот Рождество на Пресвета Богородица, на 19 септември беше означен почетокот на организираниот црковен живот на македонските православни верници во Салцбург и околината. Новата црковна општина ќе дејствува во рамките на Македонската православна црква – Охридска архиепископија. Македонските православни верници во Салцбург и околината добија нова црковна […]

Реџиналд де Бреј – угледен славист, поет, научник и македонист

Д-р Реџиналд Артур де Бреј беше составувач на новиот „Македонско-англиски толковен речник“. При посетата на главниот град на Австралија во 1992 година, авторот на овие редови, Славе Катин, го посети и домот на професорот д-р Реџиналд Артур де Бреј, член на Македонската академија на науките и уметностите надвор од работниот состав и професор на Австралискиот […]

Патот до успехот на Македонецот Роб Спасевски од Мелбурн

Од врвен фудбалер до успешен фудбалски тренер – тоа е пат исполнет со талент, дисциплина, жртви, искуство и постојана желба за победа. Додека кариерата на теренот бара физичка подготвеност, инстинкт и фудбалска умешност, преминувањето на тренерската клупа носи нови предизвици: тактичко знаење, психолошка зрелост, способност за мотивирање и, пред сè, лидерство. Таков пат изодел Роб […]

Соопштение на Централниот совет на Македонците во Германија против актуелните антимакедонски напади во бугарскиот парламент

Берлин, 13 септември 2026 Централниот совет на Македонците во Германија (Zentralrat der Makedonen in Deutschland e.V.) најостро ги осудува најновите историско-ревизионистички и шовинистички изјави, како и официјалната парламентарна иницијатива на бугарскиот пратеник Костадин Костадинов, поднесена на 11 септември 2026 година. Под изговор на спортски настан, Костадин Костадинов ја искористи говорницата на Народното собрание на Република […]

Академик Виктор Фридман – американски лингвист и бранител на македонската вистина

Пријатели на Македонија Виктор Фридман е американски лингвист, славист, македонист, балканист, граматичар и социолингвист, еден од најпознатите балкански слависти во светот. Ученик на Збигњев Голомб, еден од основачите на американската македонистика, Фридман работи во рамките на функционалната структуралистичка теорија на јазикот. Тој е надворешен член на Македонската академија на науките и уметностите од 1994 година […]

Лиана Коњарски од Мелбурн – најдобра одбојкарка во Премиер 1 лигата на Викторија

Македонката Лиана Коњарски од Мелбурн постигна голем спортски успех во Австралија. Со својот клуб „Yarra Ranges Volleyball Club“ ја освои шампионската титула во женската Премиер 1 конкуренција, а нејзините одлични игри беа крунисани со две големи индивидуални признанија – за највреден играч (MVP) и за најдобар техничар (Best Setter) во лигата. Гордост и радост владеат […]

Дијаспората заборавени од историската слика за 8-ми септември

Идејата за самостојна Македонија не се роди непосредно пред референдумот во 1991 година. Таа долго живееше меѓу македонците во дијаспората, дури и кога јавното залагање за независност можеше да донесе прогон, затвор и уништен живот. По повод 8 Септември – Денот на независноста и 35-годишнината од создавањето на самостојната македонска држава, под покровителство на претседателката […]

Европратеничката Ирена Јовева – бранител на македонскиот јазик и македонскиот идентитет

Европската Унија е наднационален и меѓувладин сојуз на европски држави. Под ова име е основана во 1993 година, со Договорот за Европската Унија, познат како Договорот од Мастрихт. Сепак, голем број нејзини институции и механизми постоеле и претходно, врз основа на договорите што датираат уште од 1951 година. Активностите на Европската Унија опфаќаат бројни области […]

To top