Дијаспора

За сликарството во црквата Св. Никола во Виндзор, Канада дело на Глигор Стефанов

sv-nikola-kanada

Осмислувањето на сликарската програма и осликувањето на црквата Св. Никола во Виндзор претставува монументално дело и најголем уметнички потфат во Виндзор и областа Есекс по бројот на композиции и насликани фигури. На осмислувањето и сликарската изведба веќе петнаесет години, во две досега реализирани сликарски фази, работи иконографското студио ARTSOME, предводено од уметникот Глигор Стефанов.

sv-nikola-kanada

Концепциски и Технички особености

Една од клучните карактеристики која ја прави црквата Св. Никола во Виндзор автентична меѓу православните цркви, е тоа што внатрешниот простор е конципиран како еден вид периметрално развиен иконостас кој го затвора целиот простор во полн круг околу наосот и ја покрива целокупната ѕидна површина.

sv-nikola-kanada-1

Ваквото решение на внатрешното украсување на просторот е концепциски, но и технички предодредено. Поради невозможноста да се слика директно на ѕидната површина сликаните претстави се интересно осмислени и изведени како икони на дрвени панел плочи обложени со платно, сместени во златни релјефни рамки. На нив се претставени релјефно изведени серафими како еден доминантен повторувачки елемент, идејно заснован на раскошните икони со опков, но и на богатата копаничарска традиција. Иако овие елементи се со нагласена декоративна функција за постигнување повпечатлива визуелност, не ја нарушуваат општата канонска поставеност во декорирањето на внатрешноста на православната црква.

Привлекува внимание и впечатливиот начин на изведба на ореолите во ѕидната декорација. Имено, тие се изработени од дрво, со позлата, со нагласена пластичност и сјај, симболизирајќи ја светлината како надворешна манифестација на длабоката духовност и сведоштво за Божествената Светлина.

Сликарска програма (Свод – Јужен – Северен)

Во пространиот наос на црквата Св. Никола во Виндзор, сликарството кое е изведено во две фази, следи двозонска диспозиција во насока исток-запад по должината на јужниот и северниот ѕид, прилагодувајќи се на висината на еднобродната архитектонската концепција на црквата.

На централниот дел на благо засводената таваница доминира допојасниот лик на Исус Христос Седржител во медалјон.

sv-nikola-kanada-2

Распоредот на сцените во втората зона е невообичаен и делумно отстапува од долговековното канонско прикажување, одредено според случувањата во евангелските текстови. На јужниот ѕид е направен избор од десет новозаветни сцени кои оформуваат една редуцирана варијанта на Великите празници, со посебен акцент на Распетието. На северниот ѕид, пак, се комбинирани десет сцени од неколку циклуси (Апокрифниот живот и Акатистот на Пресвета Богородица, како и Старозаветни теми).

Меѓу сцените во втората зона на северниот ѕид се издвојува и композицијата Собор на македонските светители, непозната во православната сликарска традиција и прва од ваков вид. Овде Глигор Стефанов, надградувајќи ја претставата на Седмочислениците која претставува инспирација и основа врз која е надградена оваа уникатна композиција, во една заедничка слика, на еден оригинален начин, ги соединува сите (23) значајни светители од нашата духовна, просветна и културна традиција меѓу кои се св. Кирил и св. Методиј, св. Климент и св. Наум, како и св. Злата Мегленска, св. Георгиј Кратовски, св. Нектариј Битолски. Македонските светители насликани според своите препознатливи физиономии, се групирани во два реда, а во горниот дел нив ги наткрилува фигурата на Богородица Платитера (Знамение).

sv-nikola-kanada-3

Во првата зона канонски предодредена за стоечките светители, на јужниот и северниот ѕид се насликани вкупно 34 фигури во природна големина. Меѓу нив се застапени претставници на сите светителски редови: архијереи, апостоли, пустиножители, свети воини, свети врачи, жени светителки, меѓу кои повторно се вклучени и некои од споменатите македонски светители, кои доминираат на јужниот ѕид.

Патронот св. Никола е два пати претставен, еднаш во цел раст на јужниот ѕид во првата зона, и уште еднаш пред влезот во црквата како централна допојасна фигура, придружен од Богородица и Христос кои му ги враќаат архиерејските достоинства.

Стилски карактеристики

Од аспект на историјата на византиската уметност, неоспорен е фактот дека на територијата на Македонија, од каде што потекнува и Глигор Стефанов, врвните остварувања во традиционалната православна уметност не се реткост. Очигледно е неговото напојување од изворите на тоа величие, следејќи ги најдобрите и најбележити примери на византиското сликарство. Во осмислувањето на сцените, сликарот црпи инспирација од македонското културно-уметничко наследство, но и од целокупното византиско творештво, а како главен извор на инспирација се издвојува црквата Св. Богородица Перивлепта во Охрид (1295 година).

sv-nikola-kanada-4

Со потенцирање на елементите во композициите преку интезивноста на колоритот и разиграноста на линиите на облеката се нагласува драматичноста на бројните настани опишани во Евангелијата или апокрифните текстови.

Фигурите се предадени со издржани пропорции и со одлична цртачка вештина, со особено внимание во изведбата на деталите и колористичка ускладеност. Заднината е исполнета со темно сина боја, чија динамичност и експресивност укажува на драматичниот, искушенички или маченички живот на светителите, наспроти нивниот внатрешен мир и ред, изразени преку спокојството на ликовите.

Традицијата и современата уметност

До кој степен еден современ уметник, кој ја докажал и докажува својата творечка зрелост во современиот ликовен израз, може да се реализира себеси и своите замисли во рамки на една строга уметничка традиција која е теолошки предодредена? Токму ова прашање, кое не може да се постави во однос на епохите кои претходат на модерната, го прави потфатот на Глигор Стефанов многу специфичен.

Вредноста на еден православен сликарски ансамбл се заснова на неговата просторна концепција, т.е. теолошката заснованост на сликаните претстави и нивната сообразност и оправданост во смисла на просторната поставеност, потоа внатрешната композиција во рамки на поединечните сцени, поставеноста на фигурите и нивната внатрешната изразна снага, како и во стилските карактеристики.

sv-nikola-kanada-5

Тоа прашање е особено важно во продолжувањето на традицијата на православната црква која во вистинска смисла на зборот строго се држи до канонските определби и ја манифестира својата суштинска конзервативност и конзистентност, иако евидентни се извесни иконографски и стилски промени во текот на вековите.

Досегашното творештво на Глигор Стефанов покажува силно чувство за единственост и кохерентност во однос на изразувањето на идејата/содржината без разлика на изразот/формата во која истата се обликува, а тоа го потврдува и во црквата Св. Никола. Во сериозниот предизвик, имајќи ја предвид формална строгост на византиската уметност, како што и самиот уметник потврдува, покрај потребата да се одговори на традиционалните канонски и евангелски принципи е обединето целокупното негово уметничко искуство.

Авторот покажува не само техничка вештина, туку и длабоко разбирање на спецификите на византиското сликарство кои се теолошки засновани, покажува чувство за драматичноста на настаните и симболичната вредност на бојата и формата во рамките на византиската естетика.

Останува да се надеваме дека ова дело ќе опстои долго и ќе успее да ги инспирира верниците и сите добронамерници.

Владимир Јанчевски
Историчар на уметност

Најново од: Дијаспора

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

Македонците во Њујорк го кренаа знамето среде дожд и невреме за 35 години независност

Можат да се обидуваат да нè избришат. Но, и во еден ваков бурен и мрачен ден… ние сме тука. Над сто Македонци и пријатели на Македонија се собраа во срцето на Њујорк, покажувајќи дека љубовта кон татковината е посилна од дождот и невремето. На 26 септември 2026 година, и покрај дождот и силното невреме што […]

Никола Тесла – светски научник чии пронајдоци ја променија модерната цивилизација

Големиот научник Никола Тесла се почитува и слави и во Хрватска и во Србија и во Соединетите Американски Држави и во целиот свет. Тоа го потврдуваат современите проучувачи на ликот и делото на Никола Тесла, кои го нарекуваат “Човекот што го измислил дваесеттиот век“ и “светецот – заштитник на модерниот електрицитет.“ Никола Тесла беше научник, […]

Вратени 16.952 текста објавувани од 2009 до 2026 година на порталот „Македонска нација“

Зачуван е најголемиот дел од богатата архива на порталот — текстовите повторно се достапни за читателите, а со нови материјали продолжуваме да го збогатуваме македонското историско и културно наследство. Во април 2026 година порталот „Македонска нација“ стана недостапен. Не знаеме со сигурност дали стануваше збор за хакерски напад или за друг проблем. За да продолжиме […]

Браќа и сестри Македонци, каде и да сте!

Оваа порака доаѓа од вашата татковина – од Македонија. Од земја со древна историја, богата култура и дух што никогаш не се откажал. Вашата врска со Македонија е крвна, духовна и семејна. Таа тече низ јазикот што го зборуваме, писмото што го пишуваме, песните што ги пееме и спомените што ги носиме со себе. Тоа е […]

To top