Дијаспора

Формирање на Поткомитет за Македонски Човекови права во Западна Австралија во 1989 година

janko-tomov

janko-tomov
Пишува: Јанко ТОМОВ, Бризбен, Австралија

Преку работата на ТНМРО во Западна Австра­лија, кога група ,Деца бегалци, заминаа за Македонија, каде се одржуваше прославата по повод 40-годишнината од егзодусот на децата бегалци во 1948 година, го задол­живме Крсто Шкодров да разговара со Драган Богда­новски. Покрај другото, прашанјето до Драган беше: дали Михаил Шариновски-Солунски можеме да го примиме во Движенјето во Западна Австралија. Тогаш ние планиравме да формираме Поткомитет за Македонски Човекови Пра­ва, како огранок на Комитетот за Човекови Права од Солун. Крсто Шкодров во Крушево, на Мечкин Камен, на Илинден 1988 година, се сретнал со Драган Богдановски, кој штотуку излегол од робија од Идризово. Во тој разговор Богдановски се изјаснил дека Солунски можеме да го примиме во нашите редови.

Значи, во случајот со Солунски, но и со други пое­динци, немав писмена документација со која би била потвр­дена некоја нивна позитивна или негативна дејност. Во прин­цип сум за простуванје на минатите грешки. Со прос­туванјето едни со други (посебно постарите активисти на движенјето) мислев дека кје можеме да се собериме околу личноста на Драган Богдановски, со што можевме да сметаме на создаванје силна национална партија, токму таква каква што му требаше на македонскиот народ, а тоа беше токму ДПМНЕ.

Во мојот разговор со Солунски, тој истакна дека на Драган Богдановски му испратил еднаш сто, а потоа уште двесте долари, со кои сакал да ја помогне партијата. Тој ми кажа и дека собрал десет илјади австралиски долари, од кои, тој лично дал шест илјади. Солунски ги дал овие долари на некој Македонец, по име Исајковски, кој, наместо да ги потроши за делото, со тие пари купил ресторан. Солунски предлагаше наши лугје од Движенјето да му побараат на Исајковски да врати сто илјади долари, затоа што сега толку чинел ресторанот, а парите да се дадат на ДПМНЕ. Солунски дури предложи за ова и писмено да го извести Драган Богдановски.

Михаил Шариновски – Солунски ми ги изнесе неговите за­с­луги за Движенјето.Ми кажа дека бил секретар на ДООМ во 1974 година. Понатаму, со двајца млади Ма­ке­донци од егејска Македонија (Воденско и Леринско), кои работеле за ДООМ, создал огранок на ДООМ под име­то “Вичо планина”. Ме потсети дека тој го оформил Ко­митетот за Македонски Човекови Права. Тој мислел дека името ДООМ треба да се напушти затоа што рево­луцио­нерното име на оваа организација можело да биде пречка за омасовуванје на Движенјето, на што посебно кје се спротивставиле грчката и југословенската тајна полиција. Во тоа време добил известуванје дека двајца Македонци , кои живееле во Австралија (Мелбурн) и кои се викале: Героги Велов и  Васил (Вик) Димитри зборувале за формиранје на Ко­митет за Македонски Човекови Права. Шариновски  требало да провери кои се тие лугје. Првата информација што ја добил од Србинов, била дека тие биле гркомани. Пона­таму, Шариновски ми кажа дека успеал некои од децата бегалци да ги поврзе со некој Димо, кој бил главен на УДБ-а во Битола, од кого побарале согласност да формираат Централен Комитет за Македонските Човекови Права во Солун. Така, тој мислел дека Димо од Битола кје помогне врз  основите на ДООМ да биде формирана нова организација во егејска Македонија, која кје биде со поу­мерени и поприфатливи  баранја. Ако организацијата се боре­ла само за човекови права, тогаш и СР Македонија кје пружила помош.  Понатаму, тој ме извести дека бил свикан нов состанок во Скопје, каде Стево од егејска Маке­донија, бил главен на претседателската функција на новофор­мираниот ЦК за МЧП. На состанокот во Скопје, Стево наеднаш неразумно побарал големо количество на оружје од Димо. Поради тоа, Димо издејствувал забрана Стево да  влегува во СР Македонија.

Солунски потоа му се јавил на Вик Димитри и го поврзал со Николовски, кој бил југословенски конзул во Сид­неј, а кој бил секретар во Матицата на иселениците на Маке­донија.

Членовите на ЦК на МЧП од Солун, пред да купат печатница, добиле подготвени материјали од Георги Велов и од Вик Димитри. Со нивното печатенје добиле инструкции  да ги шират по сите конзуларни претставништва во Грција  и во све­тот.

Солунски напишал писмо до активистите во егејска Македонија и му го дал на Вик Димитри за да им го испра­ти. Во писмото тој напишал дека тие избрзале со отворанјето на ЦК за МЧП во Солун.

Понатаму, Солунски на Стево му дал машина за печатенје,која Стево ја однел во егејска Македонија. Та­му отпечатиле три броја на “Македонска нација”. Мате­ријалите за овие три броја ги приготвил Солунски под измис­леното име Михаил Горноселски.  Солунски продолжи дека во 1985-1986 година,во Мелбурн почнало да излегува списа­ние како орган на ЦК на МЧП, со ново име: Поткомитет за МЧП од Мелбурн. Тогаш Солунски му кажал на Вик Димитри дека го продале македонството и го излажале народот.

Солунски ми кажа дека во 1982 година, се сретнал со секретарот на Европската Заедница, одговорен за човекови права, преку внукот на Гоце Делчев (Митко Делчев), кој бил избран во некоја германска партија.  Тој му рекол дека терминот “револуционерна организација” пречи, поради што, дошол до идеја организацијата да се преименува во Комитет за Македонски Човекови Права.

Јанко ТОМОВ, 1990 година ( Земено од книгата: Поткрепа од убавиот Перт, 2000 година, Австралија)

Најново од: Дијаспора

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

Македонците во Њујорк го кренаа знамето среде дожд и невреме за 35 години независност

Можат да се обидуваат да нè избришат. Но, и во еден ваков бурен и мрачен ден… ние сме тука. Над сто Македонци и пријатели на Македонија се собраа во срцето на Њујорк, покажувајќи дека љубовта кон татковината е посилна од дождот и невремето. На 26 септември 2026 година, и покрај дождот и силното невреме што […]

Никола Тесла – светски научник чии пронајдоци ја променија модерната цивилизација

Големиот научник Никола Тесла се почитува и слави и во Хрватска и во Србија и во Соединетите Американски Држави и во целиот свет. Тоа го потврдуваат современите проучувачи на ликот и делото на Никола Тесла, кои го нарекуваат “Човекот што го измислил дваесеттиот век“ и “светецот – заштитник на модерниот електрицитет.“ Никола Тесла беше научник, […]

Вратени 16.952 текста објавувани од 2009 до 2026 година на порталот „Македонска нација“

Зачуван е најголемиот дел од богатата архива на порталот — текстовите повторно се достапни за читателите, а со нови материјали продолжуваме да го збогатуваме македонското историско и културно наследство. Во април 2026 година порталот „Македонска нација“ стана недостапен. Не знаеме со сигурност дали стануваше збор за хакерски напад или за друг проблем. За да продолжиме […]

Браќа и сестри Македонци, каде и да сте!

Оваа порака доаѓа од вашата татковина – од Македонија. Од земја со древна историја, богата култура и дух што никогаш не се откажал. Вашата врска со Македонија е крвна, духовна и семејна. Таа тече низ јазикот што го зборуваме, писмото што го пишуваме, песните што ги пееме и спомените што ги носиме со себе. Тоа е […]

To top