Дијаспора

Донацијата на 1001 книга за библиотеката „Гоце Делчев“во Штип

kukubajska

kukubajska

Поетесата д-р Марија Емилија Кукубајска, професор на универзитетот Гоце Делчев во Штип, денес, по повод 8ми Ноември, на своите сограѓани им подари 1001 книга од својата обемна фамилијарна библиотека. Оваа донација вредна 10.000 евра е посветена и на 20 годишнината од Независноста на Македонија како и на 5 годишнината од починувањето на младата американска писателка и хуманист од македонско потекло, Емилија Кукубајска (1979 – 2006).

Студирајки и работејки во повеќе земји во светот, заедно со својата сестрано едуцирана ќерка Емилија Кукубајска, д-р Кукубајска има пренесено во Штип огромна колекција на содржини за сите возрасни категории и степени на образование, од повеќе природни и општествени науки меѓу кои и културолошки, книжевни, историски, антрополошки, религиозни, музички и сликарски. Книгите се дел од колекцијата на невладината организација ЕМАРИ Штип, основана од Марија и Емилија Кукубајски во Вашингтон, 2004 година, со цел да се промовира Едукацијата за моралот и академските истражувања на историја на културата.

Годинешната хуманитарна донација на книги Марија Емилија Кукубајска ја остварува и како активност преку Лајонс Клуб Скопје 33, именувана: “За промовирање на образованието и културата со приближување на меѓународни идеи и истражувања кон моите сакани сограѓани од Штип“. Како член на Лајонс Интернешенел, Д-р Кукубајска годинава има донирано и експонати на националната установа “Музеј на македонската борба за државност и самостојност“ дел од кои се веќе изложени во музејот, во спомен на патриотската и космополитска фамилија: Александар, Радунка и Емилија Кукубајски.

На прашањето зошто се определи токму за оваа библиотека, Марија Кукубајска изјави:

Со градската библиотека ме сврзуваат почетоците на моето школување во родниот град. Оваа библиотека ме награди како ученик со најмногу прочитани книги во годината, а ми има доделено и награда за есеј по повод Месецот на книгата. Исто така, сметам дека фондот на книги дониран во оваа библиотека ќе биде достапен за најголем број читатели во градот, како поради локацијата на ова установа така и поради нејзината отвореност кон општата популација, бидејќи прекрасните книги на универзитетот Гоце Делчев се пред се достапни на селектиран профил од населението, студенти и наставно-научен кадар.

Марија Емилија Кукубајска нуди на библиотеката да донира опремување на посебна читална каде ќе бидат сместени подарените книги, странски списанија, памфлети и друг вид изданија и филмови.

За тоа зошто е одбран токму овој ден вели:

Празникот 8ми Ноември е посебно врежан во мојата рана биографија. На 23 годишна возраст, во 1973 година, општината Штип ми додели осмоноемвриска награда за неколку мои успеси во таа година, меќу кои и наградата на Млада Струга при Струшките вечери на поезијата за мојата книга стихови“Временија и Неоткрит“. Книгите не треба да постануваат трајна материјална сопственост на купувачот, туку треба да се пренесуваат во духовниот развој на човекот. Ако моја Емилија копнееше но не доживеа нејзините деца и внуци да уживаат во интелектуалното богатство на својата фамилија, тогаш таа и од небото ќе се радува кога македонските деца и младина ќе патуваат во бескрајните светови на мислата, за инспирација на инвентивноста, кон моќ на знаењето.

Најново од: Дијаспора

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

Македонците во Њујорк го кренаа знамето среде дожд и невреме за 35 години независност

Можат да се обидуваат да нè избришат. Но, и во еден ваков бурен и мрачен ден… ние сме тука. Над сто Македонци и пријатели на Македонија се собраа во срцето на Њујорк, покажувајќи дека љубовта кон татковината е посилна од дождот и невремето. На 26 септември 2026 година, и покрај дождот и силното невреме што […]

Никола Тесла – светски научник чии пронајдоци ја променија модерната цивилизација

Големиот научник Никола Тесла се почитува и слави и во Хрватска и во Србија и во Соединетите Американски Држави и во целиот свет. Тоа го потврдуваат современите проучувачи на ликот и делото на Никола Тесла, кои го нарекуваат “Човекот што го измислил дваесеттиот век“ и “светецот – заштитник на модерниот електрицитет.“ Никола Тесла беше научник, […]

Вратени 16.952 текста објавувани од 2009 до 2026 година на порталот „Македонска нација“

Зачуван е најголемиот дел од богатата архива на порталот — текстовите повторно се достапни за читателите, а со нови материјали продолжуваме да го збогатуваме македонското историско и културно наследство. Во април 2026 година порталот „Македонска нација“ стана недостапен. Не знаеме со сигурност дали стануваше збор за хакерски напад или за друг проблем. За да продолжиме […]

Браќа и сестри Македонци, каде и да сте!

Оваа порака доаѓа од вашата татковина – од Македонија. Од земја со древна историја, богата култура и дух што никогаш не се откажал. Вашата врска со Македонија е крвна, духовна и семејна. Таа тече низ јазикот што го зборуваме, писмото што го пишуваме, песните што ги пееме и спомените што ги носиме со себе. Тоа е […]

To top