Дијаспора

Заради правилно информирање и во името на Вистината

clip_image003

Слушнавме и прочитавме во медиумите разни верзии и толкувања на неодамнешните  настани во Сиднеј,  Австралија. Во некои од медиумите прилично реално беше претставена правата слика, но во некои беа искажани многу невистини, обвинувања и беа наполно погрешно презентирани случувањата.

clip_image003

Заради тоа, ви се обраќаме со надеж дека ќе бидеме  правилно  разбрани и доколку имало грешка ќе биде исправенa.  Текстот го пишуваме со единствена цел, народот јасно да ја знае вистинската слика на теренот и овој настан.  Исто така, најучтиво сакаме да ги замолиме сите медиумски куќи, да ја бараат информацијата на вистинскотo место, од Kабинетот на МПЦЕАНЗ, и да не дозволуваат брзоплето да примаат секакви  непроверени  и  претходно  осмислени  дезинформации  за да не ги претворат нивните мeдиуми во „трачерски  озборувања“  или  „жолт  печат“.

clip_image005

Ние сме црква и нам должността и совеста ни наложуваат  да ја говориме  вистината, за разлика од оние што се на „другата“ страна, кои за жал не бираат средства, начини и зборови во понижување на  достоинството  на верниците, свештенството и архиерејот,  односно Црквата. Знаеме дека на 3-ти Март годинава, судијата Бреретон, по близу 15 години започнатиот суд, пресуди во корист на МПЦ Епархија за Австралија и Нов Зеланд.

Меѓу другото,  беше  донесена  одлука,  надлежниот  Архиереј, Митрополитот Петар, заедно со канонски поставениот од него парохиски свештеник Митко Митрев, на кои од извршниот одрбор на асоцијацијата  именувана  Македонска православна заедница (МПО) црква „Cв. Петка“ во Рокдаел, Сиднеј, им беше забрането да  влегуваат  и  вршат  богослужби  во црквата, сега  слободно да можат да влегуваат и ги вршат сите  потребни богослужби  и непречено  да ја извршуваат  мисијата  на  црквата.

Во саботата на 17 Март беше закажана и првата богослужба, која заради сквернавењето на храмот од страна на расчинетите свештеници и отпадниците, требаше да се преосвети. На службата, иако никаде не беше објавено, се собра мноштво Mакедонски верен народ од сета Епархија за Австралија и Нов Зеланд. Имаше луѓе од Мелбурн, Бризбен, Њу Кастл, Волонгонг, Порт Кембла, Перт, Камбера, Квимбиен  и  се разбира  најмногу  ги  имаше  од  домашниот  Сиднеј. Иако се работи за растојание и од илјадници километри, тоа не ги спречи овие верни  Македонци  да  дојдат  на  овој убав, свечен и историски чин со што покажаа  колку   им  значи  црквата  и  нејзиното  единство. На нивните лица и во нивните  молитви  тоа  лесно  можеше  секој да го прочита оти искрено се надеваат дека полека ќе се расплетува одамна замрсеното клопче и како што и подоцна Владиката Петар во Неговата беседа, истакна: Ќе биде, еден “Пастир“ и едно “стадо“.

clip_image004_0000

Но за жал, имаше и такви како Игор Александров, кои не се согласуваат со одлуката на Cудот и им смета ова единство на нашиот народ овде, па организирано преку новините, социјалните мрежи, медиумите и СМС пораки, повикуваа „со мирен протест“ да му покажат непослушност на надлежниот Архиереј, Владиката  Петар  со  образложение  дека  „тие  не  го  сакаат“.

Меѓутоа, Бог е голем и мисли на Својата црква, па испрати дожд во раните утрински  часови  додека  се  извршуваше  Службата  на  преосветувањето  и подоцна првата литургија во преосветениот  храм  на Св. Петка во Рокдаел,  Сиднеј.  Службата  се  одвиваше  непречено,  иако  по  барање  на  извршниот  одбор  на  Асоцијацијата  на  обезбедувањето, професиионално  ангажиранo од нивна страна им беше наложено да оневозможат фотографирање. Сепак, иако најпрво беше „забрането“ фотографирањето за  јавноста,  за  потоа да го „забранат“  и  фотографирањето  за  приватни  цели.  Сепак  тоа  не  се  спроведe, затоа  што  тоа  е  неразбирливо  и  особено  во  денешно  време,  кога  секој  си  има  свој  личен  фотоапарат  и  сака  да  си  го  овековечи  овој  историски  настан.

Откако заврши Cветата Архиерејска Литургија во која учествуваа скоро сите свештеници (19) од  Епархијата и на која многу верници (приближно ¾ од присутните) кои со пост, молитва и исповед се причестија со Светите Тајни Христови и кога се мислеше дека се’ е  добро и наместо со радост да го напуштат храмот  за  пријдат  на  поставената  трпеза  на љубовта,  која се постави во црквата  Cвето  Христово Воскресение,  што  се  наоѓа  во  непосредна  близина  на оваа црква, верниците мораа со страв и претпазливост да поминуваат покрај неколкумина претходно  организирани постари лица и неколку крајно некултурни  помлади  жени  за  да  бидат  непотребно  изложувани  на  нивните гнасни  извици,  притисоци  и  навреди.

Најкритично  беше  во  моментите  кога  поминуваше  Владиката  Петар  и  кога заради  тоа  нивно  обезбедување  и  полицијата  која  што  во  меѓувреме  мораше да  дојде  за  професионално  да  ја  изврши  својата  служба,  кога  едно  или  две млади  момчиња  беа  испровоцирани  од  навредите  врз  нивниот  Владика  и  тие почнаа да викат: Да живее Владиката! Во суштина ова беше и предходно смиленото  сценарио  кое  преку  I  Phone  беше  искоординирано,  но  инцидент  не се  случи.

Владиката Петар, пак, во својата беседа истакна дека се доста поделби и недоразбирања.  Треба  да  си  простиме  еден  со  друг  и  најпрво  тој  лично побара  прошка  ако  згрешил  и  ги  повредил  со  нешто  и  посaка  сите  да  се обединат, односно  да  бидат  еден  “Пастир“  и  едно  “стадо“.  Потоа  следеа  клевети  дека  Владиката  Петар  изнајмил  негови  луѓе  да  го  обезбедуваат  и  да предизвикуваат  проблеми,  а  всушност,  тоа се  луѓе  кои  професионално  ја работат  таа  работа,  а  во  приватниот  живот  редовно  си  одат  во  црква… И уште  многу,  паушално  изречени  нешта  co  кои  ние  не  сакаме  и  да  ви  го одземаме  вниманието  и  времето.  Впрочем,  можете  да  ја  отворете  Eпархиската веб страница www.mpceanz.org.au и да ги погледнете сликите и линкот со произнесената  беседа  од  Неговото  Високо  Преосвештенство,  па пресудете сами.

Сфатете го ова писмо како најиcкрено и се надеваме дека правилно ќе не разберете  и  правилно  ќе  го  информирате  нашиот  Mакедонски  народ  со  што многу ќе придонесете за конечно разрешување на нашата и ваша заедничка болка,  поделбата  на  овој  народ  и  црква  и  повторно  сите  заедно  ќе  бидеме еден “Пастир“ и  едно “стадо.“

Искрено и со почит,

од канцеларијата на МПЦЕАНЗ

Најново од: Дијаспора

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

Македонците во Њујорк го кренаа знамето среде дожд и невреме за 35 години независност

Можат да се обидуваат да нè избришат. Но, и во еден ваков бурен и мрачен ден… ние сме тука. Над сто Македонци и пријатели на Македонија се собраа во срцето на Њујорк, покажувајќи дека љубовта кон татковината е посилна од дождот и невремето. На 26 септември 2026 година, и покрај дождот и силното невреме што […]

Никола Тесла – светски научник чии пронајдоци ја променија модерната цивилизација

Големиот научник Никола Тесла се почитува и слави и во Хрватска и во Србија и во Соединетите Американски Држави и во целиот свет. Тоа го потврдуваат современите проучувачи на ликот и делото на Никола Тесла, кои го нарекуваат “Човекот што го измислил дваесеттиот век“ и “светецот – заштитник на модерниот електрицитет.“ Никола Тесла беше научник, […]

Вратени 16.952 текста објавувани од 2009 до 2026 година на порталот „Македонска нација“

Зачуван е најголемиот дел од богатата архива на порталот — текстовите повторно се достапни за читателите, а со нови материјали продолжуваме да го збогатуваме македонското историско и културно наследство. Во април 2026 година порталот „Македонска нација“ стана недостапен. Не знаеме со сигурност дали стануваше збор за хакерски напад или за друг проблем. За да продолжиме […]

Браќа и сестри Македонци, каде и да сте!

Оваа порака доаѓа од вашата татковина – од Македонија. Од земја со древна историја, богата култура и дух што никогаш не се откажал. Вашата врска со Македонија е крвна, духовна и семејна. Таа тече низ јазикот што го зборуваме, писмото што го пишуваме, песните што ги пееме и спомените што ги носиме со себе. Тоа е […]

To top