Дијаспора

Македонската Православна Црква “Свети Никола” во Ла Салле, Виндзор, Онтарио

gruevski-vindzdor

gruevski-vindzdor

На трети Септември 2012 лето Господово, Македонската Православна Црква “Свети Никола” во Ла Салле, Виндзор, Онтарио, беше домаќин на висока државна делегација од Република Македонија, предводена од Премиерот Никола Груевски. Премиерот Груевски придружен од министерот за привлекување на странски инвестиции Бил Павловски, Амбасадорите на Р. Македонија во Канада Љубин Тевдовскииво САД Зоран Јолевски, парламентарецот Владимир Ѓорѓев и директорот на Дирекцијата за технолошко индусријски развојни зони Виктор Мизо, беше дочекан во црковните простории од парохискиот свештеник Протоставрофор Д-р Александар Мустеников, претседателот на Црковниот Управен Одбор Томе Дамчески, претседателката на Женската секција Милица Апостоловска како и на голем број верници  родољубиви македонски иселеници.

Членовите на Управниот Одбор организираа получасовен коктел во салата “Филип Втори”,  на кој премиерот и членовите на делегацијата имаа можности да се сретнат со локални политичари, стопанственици, повеќемина македонци – сопственици на локални компании како и поранешни претседатели на црковно управни одбори и носители на активности во заедницата.

Во чест на Премиерот беше организиран свечен банкет во салата “Александар Македонски”, каде што добредојде му посакаа претседателот Томе Дамчески,градоначалникот на општината Ла Салле Кен Антаја, пратеникот во федералниот парламент од конзервативната партија Џеф  Ватсон, од име на Митрополитот Американско – Канадски г-дин Методиј поздравот го пренесе нашиот свештеник А. Мустеников.Секратарот на У. О. Славе Трпевски беше водител на церемонијата која се одвиваше во екслузивно свечено декориран амбиент збогатен со вкусната вечера на познатиот домашен куварски тим. На членовите од делегацијата им беа врачени спомен плакети и благодарници. Меѓу повеќето од 300 гости беа конзулот на Република Македонија во Торонто Драган Ѓорѓевски, генералниот менаџер на  Интерграм Сеатинг Мајк Магри, бизнисмени од Торонто, Детроит, Рочестер и други места.

Премиерот Груевски им се обрати на присутните со порака да останат единствени и да ги заборават меѓусобните разлики кога станува збор за доброто на Македонија и ги образложи постигнувањата, можностите за развој и инвестирање во Македонија, како и улогата на дијаспората во тие процеси.

Многумина од присутните лично го поздравија, поразговараа и се фотографираа со премиерот, некриејќи ја радоста и задоволството што Премиерот  и неговиот тим најдоа време во нивната кратка посета на овој континент да ја посетат и оваа Црковна Заедница.

Стефанов

Најново од: Дијаспора

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

Македонците во Њујорк го кренаа знамето среде дожд и невреме за 35 години независност

Можат да се обидуваат да нè избришат. Но, и во еден ваков бурен и мрачен ден… ние сме тука. Над сто Македонци и пријатели на Македонија се собраа во срцето на Њујорк, покажувајќи дека љубовта кон татковината е посилна од дождот и невремето. На 26 септември 2026 година, и покрај дождот и силното невреме што […]

Никола Тесла – светски научник чии пронајдоци ја променија модерната цивилизација

Големиот научник Никола Тесла се почитува и слави и во Хрватска и во Србија и во Соединетите Американски Држави и во целиот свет. Тоа го потврдуваат современите проучувачи на ликот и делото на Никола Тесла, кои го нарекуваат “Човекот што го измислил дваесеттиот век“ и “светецот – заштитник на модерниот електрицитет.“ Никола Тесла беше научник, […]

Вратени 16.952 текста објавувани од 2009 до 2026 година на порталот „Македонска нација“

Зачуван е најголемиот дел од богатата архива на порталот — текстовите повторно се достапни за читателите, а со нови материјали продолжуваме да го збогатуваме македонското историско и културно наследство. Во април 2026 година порталот „Македонска нација“ стана недостапен. Не знаеме со сигурност дали стануваше збор за хакерски напад или за друг проблем. За да продолжиме […]

Браќа и сестри Македонци, каде и да сте!

Оваа порака доаѓа од вашата татковина – од Македонија. Од земја со древна историја, богата култура и дух што никогаш не се откажал. Вашата врска со Македонија е крвна, духовна и семејна. Таа тече низ јазикот што го зборуваме, писмото што го пишуваме, песните што ги пееме и спомените што ги носиме со себе. Тоа е […]

To top