Дијаспора

Македонски проект во Националниот музеј на Австралија

Aleksandar_Razmoski

Aleksandar_RazmoskiАлександар Размоски

Дека дигиталната уметност предизвикува голем интерес меѓу младите во Австралија потврдуваат информациите добиени од Австралискиот национален Музеј во Канбера. Доволно мотивирани и спремни за предизвик, истражуваат во сферата на рударската индустрија. Еден од нив е и 20 годишниот Александар Размоски. Тој е од македонско потекло и  вели дека е прв Македонец запишан на Australian National University, во Камбера. Ова му е веќе втора година како студира Диплома на дигитална уметност на Австралискиот национален Универзитет во Канбера. Негова цел е да создаде високо квалитетен визуелен материјал, кој би можел креативно да се изрази преку анимација, звук и визуелни ефекти.

Користејќи ги големата карпа, лопата и кофа како инспирација, се претстави со свој видео проект во Австралискиот национален Музеј во Канбера. Видео проектот, наречен Под земја го прикажува историскиот развој на рударската индустрија во Aвстралија, пронаоѓањето на јагленот но и опасностите од работа во рудник.Многу впечатиливо е и тоа што како позадина ја користи македонската музика. Во текот на снимката јасно  се слуша македонскиот традиционален инструмент – тапанот.

Неуморно работел 5  месеци на овој проект  за да докаже дека вложениот труд се исплатува. Посебна чест за него претставува што е прв Македонец избран во Националниот Музеј на Австралија.

Александар има голема мотивација и знаење и неговата цел е во иднина да создава вредни уметнички дела интересни за јавноста  но и преку кои би го осетиле неговиот вложен труд и емоции .

“Уметноста е совршен начин да се претставам пред луѓето за тоа кој сум јас како личност. Многу сакам да истражувам и тоа е мој главен интерес во уметноста“

Му посакуваме многу среќа во студирањето и остварување на неговата цел да создава високо квалитетни визуелни материјали. Националниот музеј се здобива со нов кадар а  Македонската заедница во Австралија вбројува уште една млада личност која со нескриен ентузијазам ги афирмира и македонските вредности во своите дела.

Инаку Австралискиот национален музеј, Камбера е основан во 1980 година и  главно се фокусира на истражување на домородното население, европските доселеници, нивната историја, култура и интеракција со животната средина.

Линк од профилот и видео проектот на Александар Размоски на веб страницата на National museum, Australia.

http://www.nma.gov.au/online_features/digital_landmarks_2012/digital_media_student_work/alexander_razmoski

gordana-dimovska
Гордана Димовска

Најново од: Дијаспора

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

Македонците во Њујорк го кренаа знамето среде дожд и невреме за 35 години независност

Можат да се обидуваат да нè избришат. Но, и во еден ваков бурен и мрачен ден… ние сме тука. Над сто Македонци и пријатели на Македонија се собраа во срцето на Њујорк, покажувајќи дека љубовта кон татковината е посилна од дождот и невремето. На 26 септември 2026 година, и покрај дождот и силното невреме што […]

Никола Тесла – светски научник чии пронајдоци ја променија модерната цивилизација

Големиот научник Никола Тесла се почитува и слави и во Хрватска и во Србија и во Соединетите Американски Држави и во целиот свет. Тоа го потврдуваат современите проучувачи на ликот и делото на Никола Тесла, кои го нарекуваат “Човекот што го измислил дваесеттиот век“ и “светецот – заштитник на модерниот електрицитет.“ Никола Тесла беше научник, […]

Вратени 16.952 текста објавувани од 2009 до 2026 година на порталот „Македонска нација“

Зачуван е најголемиот дел од богатата архива на порталот — текстовите повторно се достапни за читателите, а со нови материјали продолжуваме да го збогатуваме македонското историско и културно наследство. Во април 2026 година порталот „Македонска нација“ стана недостапен. Не знаеме со сигурност дали стануваше збор за хакерски напад или за друг проблем. За да продолжиме […]

Браќа и сестри Македонци, каде и да сте!

Оваа порака доаѓа од вашата татковина – од Македонија. Од земја со древна историја, богата култура и дух што никогаш не се откажал. Вашата врска со Македонија е крвна, духовна и семејна. Таа тече низ јазикот што го зборуваме, писмото што го пишуваме, песните што ги пееме и спомените што ги носиме со себе. Тоа е […]

To top