Дијаспора

ПРАЗНИЧНИ ВИДУВАЊА Во СИДНЕЈ

_1-001

_1-001За време на Божиќните празници осетлив е пулсот во Македонските заедници насекаде во светот. За Бадник, ден пред Божик, во Сиднеј допатуваа Јанко Томов, член на ДООМ и дописник во веб страницата „Македонска нација“ и неговата сопруга Маргарет Томов, директорка на основно училиште во Бризбан.

Со нив, најпрво ја посетивме Македонската библиотека „Григор Прличев“ во Сиднеј каде гостите беа запознати со улогата на библиотеката и активностите на Друштвото „Григор Прличев“. После тоа ги посетивме црквите „Св. Петка„ во Рогдаел и „Св. Кирил и Методиј“ во Розбери, каде присуствувавме на богослужбите кои ги извршуваа свештениците Митко Митрев (поставен од владиката Петар) и Наум Деспотоски. По опелата верниците беа послужувани со нафора, бадникови гранчиња и посна закуска. На овие простори се сретнавме со многу видни и значајни личности од македонската заедница меѓу кои беа: Ристо Лангов, Жаклина и Ѓорѓи Михајлови, Роберт Деспотоски, Киро Илиески и други.

_1

На денот Божик бевме во црквата „Св. Кирил и Методиј“ да запалиме свеќи за здравје, живот и духовен мир и да присуствуваме на богослужбата посветена на Христосовото раѓање. Убаво е да се биде верник на Христос и да се биде во храмови. барем за време на Христосовите раѓања и воскреснувања, кога се полни со верници. Квечерината бевме на „Македонското сретсело“ кое се одржа во просториите на ФК „Илинден“ во Рогдаел, каде присутните ги забавуваа познатите македонски естрадни уметници Сузана Спасовска и Спасен Силјановски. На високите температури кои ја зафатија цела Австралија, кутрата „Сузе национале“, пеејки се пафкаше со кинеско ладалце. Се поздравивме како стари пријатели, со која познаството ни датира од одржувањето на „Деновите на македонската култура“ во 1988 година. На Сузана тоа и беше првиот настап надвор од Р. Македонија. Имав за чест да и ја дадам ТВ снимката од тој настан, на кој, јас со Вера Бошевска ја водевме програмата. За жал, од нејзиниот тогашен состав со Гане Тодоровски, Петранка Костадинова и Симе Гугуловски, уште таа е останата жива. Нејзе и на Спасен Силјановски, младиот пеач со Античко-македонски глас им подарив по две мои најнови збирки со поезија.

_2

_4

_5

_3

Иван ТРПОСКИ

Најново од: Дијаспора

Македонците во Њујорк го кренаа знамето среде дожд и невреме за 35 години независност

Можат да се обидуваат да нè избришат. Но, и во еден ваков бурен и мрачен ден… ние сме тука. Над сто Македонци и пријатели на Македонија се собраа во срцето на Њујорк, покажувајќи дека љубовта кон татковината е посилна од дождот и невремето. На 26 септември 2026 година, и покрај дождот и силното невреме што […]

Никола Тесла – светски научник чии пронајдоци ја променија модерната цивилизација

Големиот научник Никола Тесла се почитува и слави и во Хрватска и во Србија и во Соединетите Американски Држави и во целиот свет. Тоа го потврдуваат современите проучувачи на ликот и делото на Никола Тесла, кои го нарекуваат “Човекот што го измислил дваесеттиот век“ и “светецот – заштитник на модерниот електрицитет.“ Никола Тесла беше научник, […]

Вратени 16.952 текста објавувани од 2009 до 2026 година на порталот „Македонска нација“

Зачуван е најголемиот дел од богатата архива на порталот — текстовите повторно се достапни за читателите, а со нови материјали продолжуваме да го збогатуваме македонското историско и културно наследство. Во април 2026 година порталот „Македонска нација“ стана недостапен. Не знаеме со сигурност дали стануваше збор за хакерски напад или за друг проблем. За да продолжиме […]

Браќа и сестри Македонци, каде и да сте!

Оваа порака доаѓа од вашата татковина – од Македонија. Од земја со древна историја, богата култура и дух што никогаш не се откажал. Вашата врска со Македонија е крвна, духовна и семејна. Таа тече низ јазикот што го зборуваме, писмото што го пишуваме, песните што ги пееме и спомените што ги носиме со себе. Тоа е […]

Академик Ферид Мурат – американски нобеловец и пријател и Македонија

Академикот Ферид Мурат е познат лекар и фармацевт во Соединетите Американски Држави. Најголемиот дострел на полето на науката го постигнал во 1998 година, кога ја добил Нобеловата награда за физиологија и медицина. Тој е роден во Вајтинг, Индијана, мајка му е Американка родена во Алтон, Илиноис, а татко му е Албанец од село Лакавица, Гостиварско. […]

Македонските православни верници во Салцбург добија нова црковна општина

Со првата Света Архиерејска Литургија, отслужена по повод празникот Рождество на Пресвета Богородица, на 19 септември беше означен почетокот на организираниот црковен живот на македонските православни верници во Салцбург и околината. Новата црковна општина ќе дејствува во рамките на Македонската православна црква – Охридска архиепископија. Македонските православни верници во Салцбург и околината добија нова црковна […]

Реџиналд де Бреј – угледен славист, поет, научник и македонист

Д-р Реџиналд Артур де Бреј беше составувач на новиот „Македонско-англиски толковен речник“. При посетата на главниот град на Австралија во 1992 година, авторот на овие редови, Славе Катин, го посети и домот на професорот д-р Реџиналд Артур де Бреј, член на Македонската академија на науките и уметностите надвор од работниот состав и професор на Австралискиот […]

Патот до успехот на Македонецот Роб Спасевски од Мелбурн

Од врвен фудбалер до успешен фудбалски тренер – тоа е пат исполнет со талент, дисциплина, жртви, искуство и постојана желба за победа. Додека кариерата на теренот бара физичка подготвеност, инстинкт и фудбалска умешност, преминувањето на тренерската клупа носи нови предизвици: тактичко знаење, психолошка зрелост, способност за мотивирање и, пред сè, лидерство. Таков пат изодел Роб […]

Најнови вести

To top