Дијаспора

Кратка историја за создавањето на ВМРО-ДПМНЕ – активности во Европа и Австралија (18)

janko-tomov

janko-tomov
Пишува: Јанко ТОМОВ

Негативни реакции од поедини основачи на поранешни политички македонски организации и бивши лидери кон ВМРО-ДПМНЕ, пред, за време и по неговото основање.

Да кажам уште неколку збора за поедини ограноци на ДООМ, од кои се очекуваше да прераснат во ограноци на ВМРО-ДПМНЕ во Австралија. Прилично активни  ограноци на ДООМ, беа во Порт Кембла, во Нов Јужен Велс, Порт Хедландс, во Западна Австралија, а и во Канбера (АТТ) сите од Австралија. Причината беше од себичност, на поедини челници и раководства, од не почитување на принципите на Македонското движење во дијаспората, како и од влијанија од про-комунистички и про-социјалистички идеи, кои и во минатото ја потискаа активноста на ДООМ. За изненадување беше објавената информација за Македонската православна општина на Аделаид, Јужна Австралија, дека од нивна страна е основан огранок на ВМРО-ДПМНЕ, а не од поранешниот огранок на ДООМ, кој функционираше во согласност со контактите на Михаил Шариновски – Солунски. Исто така овој огранок, немаше доволна активност и на самиот почеток згасна. Во Мелме Шведска, Миле Илиевски основа огранок на ВМРО-ДПМНЕ, а исто така се основа и огранок во Берлин, Германија, од страна на Гојко и Маке Јаковлески, како и по други метрополи на Европа, за што постојат повеќе податоци и архивскии материјали. А сега да се вратиме на реакциите, по основањето на ВМРО-ДПМНЕ.

Бидејќи НОФМ престана со активност, почнаа да се основаат национални организации во дијаспората, од кои една од нив беше „Обединети Македонци“ од Канада. Панко Стамкоски во весникот „Македонија“ од Мелбурн, во тоа време (1988-89 година), додека и тој не се поврза лично со Драган Богдановски, напиша една статија како повик за одржување на Конгрес, со цел основање на една организација „Обединети Македонци“ во Австралија.Потоа во Сиднеј, Австралија, се основа таа организација, каде претседател беше Ристо Попов. Подоцна на 24 август 1990 година, Спасе Трпоски, кој имаше полномошно од Драган Богдановски, заедно со Ристо Попов, основаа огранок на ВМРО-ДПМНЕ, во Сиднеј. Но, овој огранок згасна уште на почетокот, поради недостаток на образувани раководни кадри, кои го прифаќаат лидерот Драган Богдановски и членовите на Координативниот Совет за Австралија. Испратените документи однекои  патриоти за Основачкото Собрание,кои Координативниот Совет на ВМРО-ДПМНЕ на Австралија ги сметаше за помош, не стигнаа во рацете на организаторот на овој огранок. Напротив, тие влијаеја да не се омасови, ниту да зајакне овој огранок во Сиднеј, иако според мене беа бранители и промотори на Шеснаетзрачно сонце-античкото знаме на Македонија.

Од Женева Д-р Драгољуб Андоновски, еден од основачите на ОМК, кој небеше вклучен во основањето на ДПМНЕ и покасно во ВМРО-ДПМНЕ, поради инат, пратил писмо до сите македонски организаирани субјекти во дијаспората за формирање на  Народен Демократски  Фронт на Македонија (НДФМ), на 14 април 1990 година, каде како раководство на Иницијативниот Одбор ги одредил: Драгољуб Андоновски, Димко Нечевски и Љубчо Јовановски.

Богдановски, уште во првите месеци од Оснивачкото Собрание на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје, СР Македонија, реагирал во централата за некоректната активност на Борис Змејковскиво врска со финансиското раководење на благајната на ВМРО-ДПМНЕ и за самостојно назначување за Генерален секретар на партијата. Во таа прилика, Богдановски почувствувал дека погрешно го избрал Змејковски за да раководи и посакувал тоа да биде Љубчо Георгиевски, кој подоцна го исклучува од лидер и основач на ВМРО-ДПМНЕ од централата на Република Македонија. Во тоа време постоелсомнеж од страна на Богдановски, кој ми го пренесе Панко Стамкоски во 2002-3 година во присуство на Драган Брчков во Квинсланд,при посета на мојот дом во Нуса, дека Змејковски, кој му бил личен шофер на Константин Димовски-Динката, познат патриот, кој во  Јануари 1990 година починал од срцев удар, за штопостоелсомнеж за односот на Змејковски кон Динката.

За илустрација на лошата организација во основањето и првите активности на  ограноците на ВМРО-ДПМНЕ, раководени од Љубчо Георгиевски и Борис Змејковски, ќе спомнеме само малку, поради просторот. Така, кон крајот на јануари 1991 година Спасе Трпоски со група активисти на ВМРО-ДПМНЕ во Охрид, му го растура Основачкото Собрание на Владо Голубовски, кој претходно бил отфрлен од раководството на централата (раководена од Змејковски и Георгиевски), каде требало да се прогласи неговата нова партијаВМРО-ДП. Во наредниот месец 26 февруари 1991 година, од страна на Владо Трандаловски и Спасе Трпоскинасредбата со Драган Богдановски, во Минхен, Германија,констатирана е загриженост за некоректните односи на Борис Змејковски и Љубчо Георгиевски, кон пратениците на ВМРО-ДПМНЕ. По враќањетоод Германија во Охрид, Спасе Трпоски на состанокот на тамошниот огранок на ВМРО-ДПМНЕ, закажан за 1 март  1991 година, бил потполно разочаран. „Во Одборот, кој предвреме бил испланиран, се изнапикале разни шпиуни, кодоши и лизурковци, кои се претствувале дака се овластени од Змејковски“ (Од нигата на Иван Трпоски: „Спасе Трпоски  живот и дело“, Сиднеј, 2008 година, ИСБН 978 0 9804813 2 7). Или еден од разочарувачките факти, е дека пред одржувањето на Првите Парламентарни избори во СР Македонија,пред и по 11 декември 1990 година, каде ВМРО-ДПМНЕ освои 38 пратенички места во Собранието, Борис Змејковски не ни одговараше на телефонските повици од страна на  Јанко Томов и на Јонче Трајчевски, членови на Координативниот Совет на Австралија. Наместо  него се јавуваше неговата малолетна ќерка или неговата супруга, која се изразуваше со лоши зборови за својот супруг,како: „Не му верувајте ништо, тој ве лаже сите вас“!? Прекинатите контакти со Змејковски и Георгиевски, влијаеја врз постојното членство, кое почна да се намалува. Тоа се случи и покрај големиот број членови на огранокот на Перт, З.А.,што беше околу 400 (Четиристотини) учесници на прославата во Ванеру Парк, по повод победата на ВМРО-ДПМНЕ на Првите Парламентарни избори.  Посебно се одразија влијанијата на противниците (од левото политичко крило), кои се откриваа меѓу раководството на огранокот.

Македонско оро во Ванеру Парк, Перт, за прославата на првите Прламентарни избори на Р.Македонија, со 300 (тристотини), членови и помагачи на ВМРО-ДПМНЕ во декември 1990 година.

Исцрпен од големата активност на огранокот и од Координативниот Совет за Австралија, како и разочаран  од  полуписменоста, односно примитивноста, со тогашната централа на ВМРО-ДПМНЕ, Јанко Томовподнесува неотповикана оставка од функцијата претседател на огранокот на ВМРО-ДПМНЕна Перт, З.А. и од Координативниот Совет. Неотповиканата оставка јаподнесува со образложение од здравствени и домашни причини на 6јануари 1991 година за да се зачува огранокот на Перт. Од оставката, до денес, Јанко Томов ја поддржува сегашната гарнитура на централата на ВМРО-ДПМНЕ, на чело со Никола Груевски во дипломатска борба против антимакедонските активности на  комунистичката – социјалистичка СДСМ, како и за дипломатските акции, за зачленување во ЕУ и НАТО, единствено со уставното име на Македонија, со име Република  Македонија или само со Македонија.

Основачот на огранокот на ВМРО-ДПМНЕ во Западна Австралија, со поголемиот делод своето раководство, кое како во 2000 година, на свеченоста за јубилејот на Македонската Армија, така и при 20 годишниот јубилеј на Огранокот, му одаваат почит, односно свечена признаница.

Иако сневеселен,Драган Богдановскиод Шведскасе врати во републиката,по изборите на митингот беше примен со овацииод жителите на Охридкаде одржал говор, аза неговото присуство во Македонијапренесуваа македонските весници, радија и телевизии. За разлика од тоа, преовлада љубомора кон Богдановски, наоѓајќи му мали незначајни недостатоци, кои секој од нас, на било каков начин ги поседува. Не беше, ниту одблиску добро примен од тие кои тој ги одрери да ја раководат оваа најмасовна демократска партија на Македонците и на Македонија. Напротив, иако беше добро примен на Првите Конгреси на ВМРО-ДПМНЕ во Прилеп и во Кичево од делегатите, иако беше избран за доживотен почесен претседател, во 1992 година беше отстранет од партијата, бидејќи пробал да основа нова политичка партија,со што се огрешил конВМРО-ДПМНЕ!?

На 28 јануари 1991 година во Селбестборг, Шведска, Драган Богдановски објавиПрокламација на ВМРО-ДПМНЕ во дијаспората, кој се прогласува за независен политички субјект.

Вомеѓувреме, да видиме некои од случките и реакциите на поединци, бивши лидери во Македонското движење во Австралија и Европа. Писмо од Балкански (Шариновски-Солунски) на 22 ноември 1990 годин од Женева, до Ристе Ристески од име на НОФМ (Шариновски се` уште не го спомнува ВМРО-ДПМНЕ, иако на 19 Август 1990 година е избран за потпретседател на Задграничниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Перт за Западна Австралија). Михаил и тука го напаѓа Драган Богдановски дека се откажал и го растурил НОФМ.

Претседателот на ДООМ, Михаил Шариновски од Австралија, за време на затворската казна на Драган Богдановски во СР Македонија, не соработувал доволно со поранешните членови на ДООМ, како и со претходните членови на раководствата на другите претходни организации од кое било и последното НОФМ. Шариновски-Солунски во периодот од Четвртиот Конгрес на ДООМ до 1993 година, кога го пишува и последното писмодо Миле Илиевски од Шведска, со цел да продолжи Народно Ослободителниот Фронт на Македонија (НОФМ) кој прераснал со згаснувањето на ДООМ, користел анонимни имиња и презимиња. Познати се тие пезимиња на Шариновски, како Вишински, Горно селски, Солунски, Балкански и други. Имајќи мал број на раководно членство на ДООМ, со тие имиња биле потпишани некои писма. Се претпоставува дека Михајло (Михали) правел манипулации, дека наводно соработувал со повеќе личности, кои му ги “одобрувале“  неговите планови.

Исто така, Вишински (Михаил Шариновски),кој не бил вклучен во врвното раководство на ВМРО-ДПМНЕ во писмото од јуни-јули 1993 година до Доне Донев, пишува за ПАНКО Стамкоски и за Ангеле Вретоски, дека се` уште биле сепаратисти. И пишува дека сенадевана следен Конгрес на НОФМ, кој смета дека би се одржал на 2 или на 10 август 1993 година. Михаил многу добро знаеше дека НОФМ веќе не функционира со години и дека за тоа го обвинува Драган Богдановски, дека наводно го растурил. Бидејќи Михаил Шариновски се` уште се чувствува комунист-инфорбировец, не му се допаѓаат идеите за формирањето на ВМРО-ДПМНЕ. Особено не му годеше тоа што за заменик на Богдановски, наместо него е поставен Панко Стамкоски.

Михаил Шариновски-Солунскиво едно писмо до Миле Илиевски пишува против посетата на Јанко Томов на состаноци на управите на поголемите македонски општини во Перт. Томов, како лидер специјално присаствуваше на званични состаноци на управите, каде ја промовира новата политичка партија и бара помош и вклучување на нивното патриотско членство во неа. При тие настапи на водството на огранокот во општините, со повеќе факти, јасно и убедливо се информираше нивното членство за комунистичките и социјалистичките злодела, во односна спечување на создавање,обновување на суверена самостојна македонска држава. Михаил Шариноваски, како комунист е навреден зошто и тој не присуствува на тие промоции на ВМРО-ДПМНЕ, наводно за да се избегнеисмејување на делегацијата на огранокот и нивниот лидер од страна на поголемиот дел комунисти и прокомунисти, членови на македонските општини на Западна Австралија.Шариновски е препотентен и лукав, цврсто стои на своите комунистички позиции, кои му донесоа и оддалечување од управата и поголемиот број на членови на Задграничните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во Австралија.

Оваа кратка историја за создавањето на ВМРО-ДПМНЕ даим послужи на младите македонски историчари и научници за проучување и со подетални вистински факти создавањена историски дела, промовирање на активноста за Македонското движење во дијаспората и во Македонија – наследник на Илинденските идеали од 1903 и 1944 година.

К р а ј

Најново од: Дијаспора

Македонските православни верници во Салцбург добија нова црковна општина

Со првата Света Архиерејска Литургија, отслужена по повод празникот Рождество на Пресвета Богородица, на 19 септември беше означен почетокот на организираниот црковен живот на македонските православни верници во Салцбург и околината. Новата црковна општина ќе дејствува во рамките на Македонската православна црква – Охридска архиепископија. Македонските православни верници во Салцбург и околината добија нова црковна […]

Реџиналд де Бреј – угледен славист, поет, научник и македонист

Д-р Реџиналд Артур де Бреј беше составувач на новиот „Македонско-англиски толковен речник“. При посетата на главниот град на Австралија во 1992 година, авторот на овие редови, Славе Катин, го посети и домот на професорот д-р Реџиналд Артур де Бреј, член на Македонската академија на науките и уметностите надвор од работниот состав и професор на Австралискиот […]

Патот до успехот на Македонецот Роб Спасевски од Мелбурн

Од врвен фудбалер до успешен фудбалски тренер – тоа е пат исполнет со талент, дисциплина, жртви, искуство и постојана желба за победа. Додека кариерата на теренот бара физичка подготвеност, инстинкт и фудбалска умешност, преминувањето на тренерската клупа носи нови предизвици: тактичко знаење, психолошка зрелост, способност за мотивирање и, пред сè, лидерство. Таков пат изодел Роб […]

Соопштение на Централниот совет на Македонците во Германија против актуелните антимакедонски напади во бугарскиот парламент

Берлин, 13 септември 2026 Централниот совет на Македонците во Германија (Zentralrat der Makedonen in Deutschland e.V.) најостро ги осудува најновите историско-ревизионистички и шовинистички изјави, како и официјалната парламентарна иницијатива на бугарскиот пратеник Костадин Костадинов, поднесена на 11 септември 2026 година. Под изговор на спортски настан, Костадин Костадинов ја искористи говорницата на Народното собрание на Република […]

Академик Виктор Фридман – американски лингвист и бранител на македонската вистина

Пријатели на Македонија Виктор Фридман е американски лингвист, славист, македонист, балканист, граматичар и социолингвист, еден од најпознатите балкански слависти во светот. Ученик на Збигњев Голомб, еден од основачите на американската македонистика, Фридман работи во рамките на функционалната структуралистичка теорија на јазикот. Тој е надворешен член на Македонската академија на науките и уметностите од 1994 година […]

Лиана Коњарски од Мелбурн – најдобра одбојкарка во Премиер 1 лигата на Викторија

Македонката Лиана Коњарски од Мелбурн постигна голем спортски успех во Австралија. Со својот клуб „Yarra Ranges Volleyball Club“ ја освои шампионската титула во женската Премиер 1 конкуренција, а нејзините одлични игри беа крунисани со две големи индивидуални признанија – за највреден играч (MVP) и за најдобар техничар (Best Setter) во лигата. Гордост и радост владеат […]

Дијаспората заборавени од историската слика за 8-ми септември

Идејата за самостојна Македонија не се роди непосредно пред референдумот во 1991 година. Таа долго живееше меѓу македонците во дијаспората, дури и кога јавното залагање за независност можеше да донесе прогон, затвор и уништен живот. По повод 8 Септември – Денот на независноста и 35-годишнината од создавањето на самостојната македонска држава, под покровителство на претседателката […]

Европратеничката Ирена Јовева – бранител на македонскиот јазик и македонскиот идентитет

Европската Унија е наднационален и меѓувладин сојуз на европски држави. Под ова име е основана во 1993 година, со Договорот за Европската Унија, познат како Договорот од Мастрихт. Сепак, голем број нејзини институции и механизми постоеле и претходно, врз основа на договорите што датираат уште од 1951 година. Активностите на Европската Унија опфаќаат бројни области […]

To top