Дијаспора

Германист, славист, лобист…

natasa-stojkovska

natasa-stojkovska

Наташа Стојковска, славист, германист и предавач на Универзитетот Хумболт во Берлин, работи и на меѓу културната комуникација меѓу Македонија и Германија и е своевиден хоби-лобист за својата татковина.

Наташа Стојковска е една од се` поголемиот број млади Македонци кои по студирањето во Германија, тука го чекорат и својот професионален пат. Со научната титула магистер, стекната во 2010 година, Наташа во моментов како предавач го води семинарот „Славистите во политиката“ на Институтот за славистика на Универзитетот Хумболт во Берлин. Вели, станува збор за заеднички проект кој првично го започнала нејзината колешка Розвита Керстен Пејаниќ, која моментно е на породилно отсуство. Така да се каже до вчерашната студентка сега е предавач и како голем број млади луѓе од Македонија, кои живеат и работат во странство, е вистински лобист на својата татковина. Оваа патем лоби работа се наметна сама по себе, зашто гости на семинарот се политичари кои се слависти или имаат контакт со јужнословенските земји од регионот. А Наташа како домаќин, мора да се претстави и да каже дека e Македонка, по што нормално следуваат и прашања: како е сега во земјата, како таа се нашла во Берлин и од каде интересот токму за славистиката?

Запознавање со македонскиот менталитет

„По завршувањето на гимназијата во Берлин каде привремено живееше моето семејство, се запишав на катедрата за јужно словенски јазици и германистика на Универзитетот Хумболт. Родителите се вратија во Македонија, а јас останав да ги завршам студиите. И не ни помислував дека тука ќе останам и дека токму онаму каде што студирав еден ден и јас ќе работам“, вели скромно Наташа Стојковска.

Студентските денови, а и оние потоа за неа биле полни со предизвици. Се сеќава дека пред пет-шест години имало големо интересирање на германските бизнисмени за Македонија. Полека почнала да ги придружува менаџерите на германските фирми кои имале интерес да ги запознаат можностите за инвестирање во Македонија. Притоа едно од главните прашања кои се поставувале било: како да се однесуваат со македонските паретнери? Така, користејќи ги сознанијата од сферата на современата наука за комуникации и владеењето на двата јазика, Наташа почнала да држи интер-културни тренинзи, така што интер-културната комуникација станала и главна тема во нејзината магистерска работа. За што всушност станува збор?

natasa-stojkovska2
На Хумболт Универзитетот се учат јужнословенските јазици!

„Моја задача како тренер е да ги запознаaм германските менаџери со бизнис културата во Македонија. Да ги подготвам на што треба да обрнат внимание, како треба да комуницираат со партнерите, каков е македонскиот менталитет. И тоа од она – дали на првата средба може да се смеат или треба да бидат сериозни, преку начинот на давањето визит картички, до потребата од воведен „смол ток“. Разлики во комуникацијата кај Македонците и Германците нормално дека има. Можеби не онолкави како, на пример, меѓу Германците и Азијатите, но различната култура си го прави своето. Така во Македонија ги нема оние типични мали разговори во кои Германците се прилично умешни, туку нашите луѓе веднаш се отвараат, па кој е бизнис партнер, истовремено е и пријател. А, кај Германците се знае – работа си е работа и нема мешање на деловното со приватното“, објаснува Наташа Стојковска.
Втора работа која е различпна е поимот за времето и точноста. Ако на пример во Германија доцнењето на возот од две минути се соопштува со извинување, во Македонија и половина час доцнење на некаква сердба не е катастрофа.
„Обидувајќи се и на двете страни да им укажам за навиките на партнерите имав ситуации во кои Германците поради сознанијата за македонското донцнење биле релаксирани и си дозволиле да не бидат точни, а Македонците поучени од германската прецизност стигнувале навреме и потоа тие биле оние кои ги чекале точните Германци“, го кажува Наташа своето искуство.

Дипломати – ученици

И педагошката работа на Наташа не и` е новина. Таа била учителка по македонски уште пред да магистрира и тоа на повеќемина германски дипломати кои се подготвувале за служба во Скопје, но и на експерти од различни фондации.
„Македонскиот јазик во принцип и за Германците е тежок, зашто пред се` мора да се научи кириличното писмо. Но, мои ученици беа луѓе кои одлично владееле не еден, туку два, и повеќе светски јазици, така што да совладаат уште еден не им беше тешко. Проблем беше единствено времето. Обично во многу краток рок требаше да се подготват, но главно сите беа солидни ученици“, подвлекува со насмевка Наташа, со која македонскиот јазик го учела и поранешната германска амбасадорка во Скопје Улрике Кноц.
Работата со студентите и политичарите, како што вели Наташа, сега целосно ја исполнува. Иако нема време за патувања и тренинзи од типот на интер-културната комуникација, тие и натаму остануваат актуелни за некои подруги времиња. Во моментов, Наташа силите ги вложува во организирање на секојдневието кое за жал, без помош од баби и дедовци, е вистинско „жонглирање“ меѓу Институтот за славистика, домот, детската градинка, грижата за ќеркичката – екстратемпераментна „лавица“ и повременото хоби – лобирање!

Превземено од DW

Најново од: Дијаспора

Вратени 16.952 текста објавувани од 2009 до 2026 година на порталот „Македонска нација“

Зачуван е најголемиот дел од богатата архива на порталот — текстовите повторно се достапни за читателите, а со нови материјали продолжуваме да го збогатуваме македонското историско и културно наследство. Во април 2026 година порталот „Македонска нација“ стана недостапен. Не знаеме со сигурност дали стануваше збор за хакерски напад или за друг проблем. За да продолжиме […]

Браќа и сестри Македонци, каде и да сте!

Оваа порака доаѓа од вашата татковина – од Македонија. Од земја со древна историја, богата култура и дух што никогаш не се откажал. Вашата врска со Македонија е крвна, духовна и семејна. Таа тече низ јазикот што го зборуваме, писмото што го пишуваме, песните што ги пееме и спомените што ги носиме со себе. Тоа е […]

Академик Ферид Мурат – американски нобеловец и пријател и Македонија

Академикот Ферид Мурат е познат лекар и фармацевт во Соединетите Американски Држави. Најголемиот дострел на полето на науката го постигнал во 1998 година, кога ја добил Нобеловата награда за физиологија и медицина. Тој е роден во Вајтинг, Индијана, мајка му е Американка родена во Алтон, Илиноис, а татко му е Албанец од село Лакавица, Гостиварско. […]

Македонските православни верници во Салцбург добија нова црковна општина

Со првата Света Архиерејска Литургија, отслужена по повод празникот Рождество на Пресвета Богородица, на 19 септември беше означен почетокот на организираниот црковен живот на македонските православни верници во Салцбург и околината. Новата црковна општина ќе дејствува во рамките на Македонската православна црква – Охридска архиепископија. Македонските православни верници во Салцбург и околината добија нова црковна […]

Реџиналд де Бреј – угледен славист, поет, научник и македонист

Д-р Реџиналд Артур де Бреј беше составувач на новиот „Македонско-англиски толковен речник“. При посетата на главниот град на Австралија во 1992 година, авторот на овие редови, Славе Катин, го посети и домот на професорот д-р Реџиналд Артур де Бреј, член на Македонската академија на науките и уметностите надвор од работниот состав и професор на Австралискиот […]

Патот до успехот на Македонецот Роб Спасевски од Мелбурн

Од врвен фудбалер до успешен фудбалски тренер – тоа е пат исполнет со талент, дисциплина, жртви, искуство и постојана желба за победа. Додека кариерата на теренот бара физичка подготвеност, инстинкт и фудбалска умешност, преминувањето на тренерската клупа носи нови предизвици: тактичко знаење, психолошка зрелост, способност за мотивирање и, пред сè, лидерство. Таков пат изодел Роб […]

Соопштение на Централниот совет на Македонците во Германија против актуелните антимакедонски напади во бугарскиот парламент

Берлин, 13 септември 2026 Централниот совет на Македонците во Германија (Zentralrat der Makedonen in Deutschland e.V.) најостро ги осудува најновите историско-ревизионистички и шовинистички изјави, како и официјалната парламентарна иницијатива на бугарскиот пратеник Костадин Костадинов, поднесена на 11 септември 2026 година. Под изговор на спортски настан, Костадин Костадинов ја искористи говорницата на Народното собрание на Република […]

Академик Виктор Фридман – американски лингвист и бранител на македонската вистина

Пријатели на Македонија Виктор Фридман е американски лингвист, славист, македонист, балканист, граматичар и социолингвист, еден од најпознатите балкански слависти во светот. Ученик на Збигњев Голомб, еден од основачите на американската македонистика, Фридман работи во рамките на функционалната структуралистичка теорија на јазикот. Тој е надворешен член на Македонската академија на науките и уметностите од 1994 година […]

Најнови вести

To top