Дијаспора

Се очекува помош и од интелектуалното Македонско иселеништво

pustec3

pustec3
Г-дин Лук Симпкинс од Австралија со македонците и градоначалникот  Темелко од Пустец, Албанија

Пишува: Јанко ТОМОВ

“…што ке се пишува денес и во следните недели ке биде позитивно поглавје  во историјата  на земјата, а вашите граѓани, вашите деца кога ќе учат од учебниците  по историја  во иднина, да можат да кажат: “Да, ова беше многу позитивно поглавје  вонашата историја”. Оваа изјава е од Евроамбасадорот Иво Орав, во написот од Среда 30 Јануари 2013 во “Нова Македонија,”ОРАВ: ЛИДЕРИТЕ ЗАЕДНО ДА НАЈДАТ ИЗЛЕЗ ОД КРИЗАТА”.

Сведоци сме на најновите реакции, од странските политичари и дипломати, пријатели на македонскиот народ, со цел да ја убедат опозицијата на Република Македонија, составена базично од македонската  лево ориентирана комунистичко-социјалистичка партија СДСМ, за да продолжи диалог со актуелната власт во Собранието на републиката, а не од улица. Такви протести од политички партии, кои со сила сакаат да ги решаваат  и донесуваат законите, како што се случи на 24 декември 2012 година, во законодавната институција-Собранието на  Република Македонија, се нема случено ниту во една демократска држава во Светот.

За да ги користиме искуствата, односно позитивните реакции на поедини политичари и дипломати на Еврпоската Унија  и на  поедини пријателски земји на Р Македонија, да ги погледнеме следните неколку актуелни примери и веднаш да организираме средби со нашите членови на Парламенти (МП), во земјите каде што живееме, во западната хемисвера, да и тие на сличен начин дадат свои коментари и соодветна помош и сугестии.

Лидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски, кој ги отргна своите пратеници од Собранието,  со начин и со цел да настане криза во владата и со цел да се створи неред во Собранието, иако очигледно не сака да биде опозиционен лидер, туку лидер на власта,  со повеке ургенции и примери како што ке ги прочитате, подолу во текстот, барем ке се убедат, поедини негови пратеници, а со сигурност повекето од сегашните послушници, заведени со проблематични  ветувања, од  овој гладен за власт, извикан лидер.

Сегашната ситуација, во која се наоѓа Република Македонија, пред добивање на позитивен извештај од комисијата за проширување на ЕУ,разговорите на медијаторот  Метју Нимец во Вашингто и сл., ако не се оствари позитивниот извештај, кој се очекува, ке настапат уште полоши денови, не само за граѓаните на Македонија, кои го дале својот глас за своите пратеници,кои ја водат актуелната власт, туку повекето ке страдат тие од опозаиционите партии и нивните подржувачи.

Ке се послужиме со суштинската содржина  од  насловот, во “Нова Македонија”, од 22 Јануари 2013: Мињон:”Бојкотот на опозицијата не е добра политика”.

Господинот Жан-Клод Мињон, претседател на Парламентарното собрание на Советот на Европа ПССЕ, смета дека  “бојкотот и политиката  на празна столица не е добра политика”.Мињон ги спореди сличните  проблем, кои се случувале  во Албанија и Молдавија, почесто. Тој е категоричен и вели: “Ние само можеме да ја охрабриме  опозицијата од Парламентот, да го почитува  мандатот кој и беше доверен од народот  на земјата , да заседава вонего  и да си врши своја парламентарна работа”.

Кога ПССЕ во моментот интензивно работи на завршувањето на извештајот  за ПОСТМОНИТОРИНГ диалог со Македонија, кој наскоро треба да  се најде на дневен ред во Собранието. Овој извештај е најдобар досега кој ја инспирира економијата . Но, што ако опозицијата  сеуште ја провоцира актуелната власт на Република Македонија и води улични демонстрации, кои несамо што влијаат на редот  туку и ги води своето членство  и дел од заведени Македонци во комунизмот, кон негирање на македонската битност, без која  не може да постои било каква наречена Македонска држава.Прогресивните сили на Македонија, високо ја ценат јавната, со примери,демократска порака од Г-дин Жак-Клод Мињон, до заслепената Македонска владина опозиција.

Демонстрациите на улиците по градовите на Република Македонија, нанесуваат штета, покрај економијата, меѓународнит углед, а најповеќе за стварање услови за уцена од албанскиот политички блок, за добивање на права кои и следуваат и кои не и следуваат,од страна на опозиционата партија ДПАипосебно од коалиционата партија на власта ДУИ.

Со следните пораки и слични коментари,од диаспората, од нашите Парламентарни пратеници, како што е подоле во текстот, од Г-дин Лук Симпкинс, од Западна Австралија, очекуваме да се запознае подетално меѓународната заедница (ЕУ,ОН,НАТО и други тела), како иподржувачите на Бракно Црвенковски, за да се спречи уценувањето идоведување до положба, републиката да стане “Банана република”.Најважно, во овие моменти, повеке од потребно е да се заштити македонската националност и сувереност,под водство на актуелната демократска влада на Република Македонија:

Лук Симпкинс:

Албанците во Македонија ја злоупотребуваат толеранцијата на државата!

Aлбанците во Македонија својата иднина ја гледаат во голема Албанија и ја злоупотребуваат толеранцијата која им е дадена во земјава, а албанската влада води асимилирачка политика кон македонското малцинство, вели австралискиот пратеник Лук Симпкинс и голем лобист за Македонија кој престојуваше во земјава во минатата недела, а ги посети Вевчани и Пустец. Силен печаток остави со својата непосредност и скромност – пратеникот Симпкинс заигра македонско оро среде Пустец.

Тој е пратеник во Долниот дом на федералното собрание на Австралија од редовите на опозиционата Либерална партија и еден од најголемите австралиски поддржувачи на Македонците.

Јас уживав во мојата посета на Македонија. Но, сепак сум загрижен за иднината на Македонија и за иднината на етничките Македонци во Албанија. На патот меѓу Скопје и Охрид можев да забележам дека има многу села на чии куќи се веат албански знамиња, а нема ниту едно македонско знаме. Таквите постапки се доказ за непочитување на Македонија и показател дека Албанците во земјава својата иднина ја гледаат во Голема Албанија. Од друга страна, Македонија е прекрасен пример на толеранција и почитување на правата на малцинствата и убеден сум дека албанската заедница ја злоупотребува толеранцијата која и е дадена во земјава, изјави Симпкинс.

Најново од: Дијаспора

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

Македонците во Њујорк го кренаа знамето среде дожд и невреме за 35 години независност

Можат да се обидуваат да нè избришат. Но, и во еден ваков бурен и мрачен ден… ние сме тука. Над сто Македонци и пријатели на Македонија се собраа во срцето на Њујорк, покажувајќи дека љубовта кон татковината е посилна од дождот и невремето. На 26 септември 2026 година, и покрај дождот и силното невреме што […]

Никола Тесла – светски научник чии пронајдоци ја променија модерната цивилизација

Големиот научник Никола Тесла се почитува и слави и во Хрватска и во Србија и во Соединетите Американски Држави и во целиот свет. Тоа го потврдуваат современите проучувачи на ликот и делото на Никола Тесла, кои го нарекуваат “Човекот што го измислил дваесеттиот век“ и “светецот – заштитник на модерниот електрицитет.“ Никола Тесла беше научник, […]

Вратени 16.952 текста објавувани од 2009 до 2026 година на порталот „Македонска нација“

Зачуван е најголемиот дел од богатата архива на порталот — текстовите повторно се достапни за читателите, а со нови материјали продолжуваме да го збогатуваме македонското историско и културно наследство. Во април 2026 година порталот „Македонска нација“ стана недостапен. Не знаеме со сигурност дали стануваше збор за хакерски напад или за друг проблем. За да продолжиме […]

Браќа и сестри Македонци, каде и да сте!

Оваа порака доаѓа од вашата татковина – од Македонија. Од земја со древна историја, богата култура и дух што никогаш не се откажал. Вашата врска со Македонија е крвна, духовна и семејна. Таа тече низ јазикот што го зборуваме, писмото што го пишуваме, песните што ги пееме и спомените што ги носиме со себе. Тоа е […]

To top